Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Macedonians Through the Whirlwind of the "Red" Waste

ЗВУКОТ НА ВОЈНАТА - Part 02

By Стојан Кочов · Part 7 of 17 · About 20 minutes

Read in English

Наместо НОФитите да се соочат со реалноста, тие, како креатори на македонските организации се обидуваа да создадат реалност (за превземање против Македонците најстроги мерки од владините иснтитуции терор, апсења и легитимни миграциони процеси), ситуација каква што им требаше на проектантите за нашето искоренување.

(Види-Извештај од главното раководство на НОФ од 9 февруари 1946 година, за организационата структура на НОФ во Егејска Македонија: Ам. Збирка “Егејска Македонија во НОБ 1945-1949”, АЕ: 86 и 87. Објавени во едицијата: “Егејска Македонија во НОБ 1946”, Т. Ш…, док 42 и 43. Стр. 97, 100,

103-106. )

Села / член на КПГ /член на НОФ/ НОМС/ СКОЈ/ АФЖ Костурски округ

1. Преспанска околија А. реон Герман... ... ... ... ... ... .. . 16 села Б. реон Африка... ... ... ... ... ... ... .. 7 села

2. Околија Корештата А. реон на Д’мбени... ... ... ... ... ... .. .9 села Б. реон на Дреновени... ... ... ... ... . . 14 села В. реон на тиолишта... ... ... ... ... ...14 села

3. Околија Полето А. реон Жупаншта... ... ... ... ... ... .12 села Б. реон Рупишта... ... ... ... ... ... ...10 села В. реон на Кастенаријата... ... ... ... . 18 села Г. Подреони на Калевишта... ... ... ... . 5 села Лерински округ

1. Леринска околија А. Буфски реон... ... ... ... ... ... ... . 13 села Б. Которски реон... ... ... ... ... ... . . 15 села В. Банички реон ... ... ... ... ... ... . .. .6 села Г. реон Овчарени... ... ... ... ... ...... .9 села Д. реон Турје... ... ... ... ... ... ... ... . 6 села

2. Совичко-Кајларска околија А. реон Екши-Су... ... ... ... ... ... . .. .5 села Б. реон Ајтос... ... ... ... ... ... ... ... 8 села В. реон Мокрени... ... ... ... ... ... . .. 16 села Воденски округ

1. Мегленска околија А. реон на Кронцелево... ... ... ... ...13 села Б. реон на С’боцко... ... ... ... ... ... . 11 села

2. Островска оклија А. островски реон... ... ... ... ... ... . . 7 села Б. реон на Месимер... ... ... ... ... ... .11 села В. реон на црно Мариново... ... ... ... . 8 села Во извештајот се нагласува, дека состаноците се одржуваат редовно во месец јануари. Повеќето села ја прифаќаат нашата линија и се борат под наше раководство. Во извештајот се наведуваат точно колку им припаѓаат на секоја од овие организаци, а бројката е фрапантна и се добива претстава дека македонското население е целосно под влијание на овие организации . Има и други деталји.

За Организационото раководство Секретар, с. р.

ЗНАЧИ, НОФ И АФЖ БЕА ОФОРМЕНИ И ОРГАНИЗИРАНИ ОД КПЈ/КПМ, И СЕ ПОКАЖА ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ТАКВАТА ЕМОЦИОНАЛНА ЗАРАЗА СТАНАА ЖРТВИ ЗА ТУЖИ ИНТЕРЕСИ Но и историчарот Лазар Лазаров, (1998/62), не упатува на извештаите испратени до француската влада на 26 септември 1945 година од страна на францускиот генерален конзул во Солун Жерар Раул Дувал, во кои вели: “...Седиштето на организацијата НОФ се наоѓа во Скопје, на југословенската територија... посе ми се чини дека пропагандата на НОФ на Славофоните е остварување на идејата за автономна Македонија, а југословенската влада ја контролира ова организација и ја гледа грчка Македонија како сопствен дел на југословенската територија...” (стр.62).

Иторичарот Ванче Стојчев (види: фељтон “Силите што го спречија обединувањето на Македонија” (Н. М од 8. 9. 2001), потврдува: “...Во Скопје на 23 април 1945 година по иницијатива на КПМ било конституирано основачко биро на Народно-ослободителниот фронт (НОФ за Егејска Македонија.

Со ова биро раководел ЦК на КПМ. Основна задача на оваа македонска организација била да застане на чело и да ја предводи борбата на македонскиот народ во егејскиот дел на Македонија. Во составот на НОФ биле формирани НОМС и АФЖ и сите нивни членови биле префрлени во егејскиот дел на Македонија. Покрај монархофашистичките и британските сили, присуството на НОФ го отфрлиле и ЦК и КПГ и ЕАМ кои тоа го прогласиле како загрозување на територијалниот интегритет на Грција. НОФ го покренал македонскиот народ во борба но, не успеал да се зацврсти како раководен орган. КПЈ и КПМ исто така не биле во можност да им пружат позначајна помош на Македонците во Егејскиот дел на Македонија, додека КПГ ги штитела грчките интереси. Изјавата на Тито за “Њујорк тајмс… Ако Македонците од грчките области изразат желба да се обединат со другите Македонци, Југославија ќе ги почитува нивните желби… дејствувала потикнувачки за македонскиот народ и во ЦК КПМ но, исто така, и на противничките сили кои против силите на македонскиот НОФ во Грција применувале злосторнички мерки...” Значи, жртви на таквите состојби беа Македонците. И затоа, голема илузија е некој уште да мисли дека во меѓународните односи па и во југословенско-грчките односи важеа некои определени принципи. Принципите беа во форма на гола политика, со цел да се замаглуваат очите на светската јавност и на жртвите. Ние Македонците, не бевме во состојба да сфатиме дека посилните секогаш се раководеа од правилата на нивните стратешки државни интереси не водејќи сметка за интересите на помалите-во случајот ние Македонците. По влегувањето во нивната мрежа, ние можевме единствено да се надеваме само на божја помош.

Ова е период кога овие организации дејствуваа надвор и независно од КПГ и беа исклучиво раководени од КПМ/КПЈ (Види:Кирјазовски 1995/10).

Нема сомнение, дека оптималната цел на НОФ и АФЖ, (КПМ/КПЈ) и беше да ги опфати тотално сите Македонци под Грција и да ги стави во функција на сенароден фронт за реализација на програмската цел. Но, се поставува прашањето:

Ако таквата стратешка цел беше прифатена како грижа од КПМ/КПЈ, тогаш, зошто само пред неполни три месеци овие највисоки тела на Југославија беа против паролата: “Да го свртиме оружјето кон Солун!”, односно: “ На Солун, не на Сремскиот фронт?!” Од таквата стратешка цел на КПМ/КПЈ, организацијата НОФ и АФЖ, беше организирано во 5 окружни, 10 околиски, 3 градски и 32 реонски раководства со 120 професионални кадри на НОФ, АФЖ и НОМС и беа организирани 220 села (половина од овие села се унуштени во времето на Граѓанската војна-м.з ), а функционираа 170 селски и градски организации. Во тој период биле создадени и воени формации-до баталјони.(Види:

Кирјазовски 1985/143).

Од историски аспект, самите слогани (НОФ и АФЖ) си ја имаа завршено функцијата уште кога се прогласи пред светот победата над фашизамот, но за нас Македонците изгледа тоа не важеше. Но, со тоа грчката влада го озакони (донесе специјални закони, кои исклучиво важеа само за нас Македонците)

насилството против таквите организации (НОФ и АФЖ) во Грција и власта се одзва со невиден терор до крајот на Втората светска војна. Ова, се правеше, уште пред да почне Граѓанската војна, бидејќи официјално таа е прогласена на 31 март 1946 година,со решение на Вториот пленум на КПГ, одржан на 12 февруари 1946 година.

Соодносот меѓу силите на левицата и на десницата во времето кога беше донесена одлуката за почнување на оружената борба беше следниот:

Владини сили-44 баталјони национална стража со вкупно 30.

000 лица 8. 800 офицери и војници на ридски армиски бригади.

Жандармеријата беше првата државна воена сила која беше реорганизирана пролетта 1946 година. Таа тогаш броеше 27.

000 луѓе, од кои 14. 000 во Северна Грција (во Македонија:

Костур, Лерин, Воден и др. Покрај регуларните единици, беа организирани и паравојни воени формации, какви што беа:

МАИ-(единици за заштита на внатрешноста). МАД-(едницици за прогон) со околу 35. 000 луѓе. Сите тие беа командовани од искусни армиски офицери. Истовремено, во цела Грција дејствуваа околу 166 вооружени терористички банди, организирани и раководени од најекстремната десница.

СТАВОТ НА ЗАПАДНИТЕ СИЛИ БЕШЕ ЈАСЕН, НО РУСКИОТ-СТАЛИНОВИОТ Е ЧУДЕН: “НЕКА СЕ БУРИЧКА ВО КАПИТАЛИЗМОТ, НО НЕ ЗА ПОБЕДА” И ПОДРШКА -САМО НА ЗБОРОВИ, А ЈУГОСЛАВИЈА ИМАШЕ ДВОСТРАНА ПОЛИТИКА - ЈАВНА, СО КОЈА ГО ПОЧИТУВАШЕ ИНТЕГРИТЕТОТ НА ГРЦИЈА И ТАЈНА - СО КОЈА ГИ ПОТИКНУВАШЕ МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ВООРУЖЕНА БОРБА.

Значи, накратко, неправедниот поредок, наметнат во Јалта, го следеше еден неред, исто така суров и без сомнение уште по крвав за нас Македонците под Грција, кои се најдовме поделени во четири држави. Идејата за светскиот комунизам беше празна во значењето од кога и да било порано, и зачудувачки е да се констатира пред ова немоќ. Но, спрема нас по Втората светска војна, идеолошката пропаганда на тугинците успешно си го стори своето со нас кои толку многу им верувавме на сите тие наши стратези.

Реакциите на КПГ и на владата во Атина-против формирањето на НОФ и АФЖ Како организациите: НОФ, АФЖ и НОМС, создадени во СФРЈ-Скопје, беа пречекани во Грција од левите сили, на кои НОФ и АФЖ не натера да им бидеме верни и им го поверивме сиот македонски потенција, па дури и децата?

Два месеца по формирањето на НОФ, раководителите на КПГ, преку 12-от Пленум на ЦК КПГ (јуни, 1945) во резолуцијата грчките позции, односно границите на север, ги прогласуваат несигурни и загрозени:

“Решително се спротивставува на секое територијално барање од која и да е страна против Грција. Зачувувањето на територијалниот интегритет на државата е првостепена задача на секој грчки патриот”. Види: (ТО ККЕ АП ТО 1931-1952, с.

110). Понатаму, се вели дека Англија како „голем пријател” на Грција, односно воено - политичкото присуство на Бротанците го прогласуваат како неопходно нужно за да бидат осигурени нашите позиции и нашите граници на север”.

Ете, сега е сосема јасно како го прифативме ритамот на глобалното индокринирање и од тоа немаше назад. И, тогаш ја изгубивме историската шанса за остварување на националните права во Грција, кои беа утврдени со меѓународното право.

Нели сево ова беше туѓински аршин за Македонците под Грција?

Грижата на Колишевски како секретар на КПМ спрема кадрите на НОФ и АФЖ Интервју: “Со чисто срце и со мирна совест” Но, многу непобитна и интересна е и изјавата на Колишевски 15 во неделното списање “Старт” година 2, бр 62, стр 21, дадено на писателот Јован Павловски во интервју насловено “Со чисто срце и со мирна совест!” Во него Колишевски вели:

Старт: Кога сме веќе кај Ранковиќ: Неговото име тесно е поврзано со помошта што Југославија им ја пружаше на грчките партизани по завршувањето на Втората светска војна во 1945 15 Врз основа на одлуката меѓу Тито-Захаријадис од 14 октомври 1946 година на КПЈ и КПГ, претставени од Караиванов и Јоанидис ја остварија следната спогодба: “Македонската организација НОФ (АФЖ и НОМС) и нејзиното раководство поминува во целост под КПГ, а вооружените единици на ДАГ под раководство на генерал Маркос. По постигнатата спогодба меѓу КПЈ и КПГ, по извесено време, членовите на Главниот одбор на НОФ на чело со Паскал Митревски беа примени од секретарот на ЦК на КПМ Лазар Колишевски, на кои им го рекол следното: “Вие сега одете долу (во Егејска Македонија), раководител сега на вашата борба ќе ви биде КПГ. Линијата на КПГ е исправна. Да имате доверба во неа. Борете се со сите расположливи сили против шовинизмот, сепаратизмот и локалните тенденции...” година. А познато е дека меѓу партизаните имаше голем број Македонци од Егејска Македдонија.

КОЛИШЕВСКИ: За тоа малку е зборувано од автентични извори. Можеби за првпат, еве, сакам да кажам: Се работеше за опстанок на егејските Македонци, на кои им се закануваше иселување, па се залагавме таму, во Егејска Македонија, да се формираат партиски организаци и партизански одреди. Заедно со Ранковиќ и со неколку генерали, во крајна дискреција, ја водевме таа акција. Да, формиравме Покраински комитет и вооружени формации за одбрана на селата во Егејска Македонија. Ги снабдувавме со оружје партизаните и ги примавме нивните ранети. Ги храневме, ги облекувавме, ги вооружувавме, ги префрлавме со камиони од оваа страна на границата, кога беа потиснувани. Објективно, тие во 1946 година водеа војна под мошне поволни услови: им го дадовме се она што нам, како партизани, во војната, ни недостигаше. Ќе раскажам една мала сторија, за која не сум зборувал досега:

Кидрич во првата година по победата раководеше со стопанскиот живот на Југославија, па, во таа рамка, и со прехранувањето на луѓето во земјата. Беше одличен математичар и не можеше, а да не забележи дека јас, постојано, му барам следување на храна за Македонија, повеќе отколку што ни припаѓа-вишокот го дававме на Македонците од Егејска Македонија. Кидрич знаеше да се налути на моите постојани барања храна, и лут, знаеше да рече: “Аман, бе Лазо, па колку во Македонија има Македонци, кога постојано бараш толку храна!” Ми стана не непријатно, па му реков на Ранковиќ дека треба да му ја откриеме тајната на Кидрич. Ранковиќ се согласи.

А кога му раскажавме за што се работи, тој со смеење ја прифати нашата тајна и не правеше проблем, кога баравме повеќе брашно и друг вид следување. Дури откако му објаснивме и се избакнавме тој и јас. Групата за снабдување со оружје на македонските и грчките партизани ја раководеше генералот Јово Капичиќ.” И ова акција на Колишевски со генералите ни покажува дека таа војна беше нечиста за Македонците под Грција и со тоа се потврдува дека НОФ беше заведана од туѓи цели и интереси од воинствениот Генералштаб на ЈНА и политиката на КПЈ.

Но, да се запознаеме со уштен еден став на Колишевски:

“...Прашањето за обединување на Макдонија повторно било актуелизирано во месеците непосредно пред донесувањето на уставот на Федеративна Македонија и одржувањето на Париската мировна конференција. За одржувањето на Првиот конгрес на Народниот фронт на Македонија одржан од 2-4 август 1946, Ф. О. (Форин Офис) бил известен на 13 август. Во извештајот се нагласува присуството на конгресот на Колишевски, како претседател на Народна Република Македонија и секретар на територијалниот одбор на Народниот фронт на Македонија, М. Нешковиќ претседател на српската влада, Фране Фрол, министер за правда на федеративната влада, делегација од делот на Македонија под Бугарија на чело со Крсто Стојчев, делегат на бугарското собрание, делегати од Грција”или како што овде се веле Егејска Македонија” и делегат од Трст, Еу ќен Лауренти. Она што му дало посебен белег на конгресот била манифестираната желба на “македонскиот народ да биде слободен и обединет во Република Македонија во рамките на Федеративна Народна Република Југославија.” Остварувањето на таа идеја, можела да се оствари само со зајакнување на културните врски со Пиринската област и националното осознавање на народот што во тој дел на Македонија би создало услови за остварување на желбата за обединување на овие области со Република Македонија. Во однос на идејата за обединување се нагласувало дека дотогаш во печатот “малку или скоро никаков публицитет не им било дадено на тие идеи во Југославија до појавувањето на Манифестот” а “односот кон грчка Македонија е неодреден и е нешто повеќе од платонска симпатија. Но како и да е јасно што лебди во воздухот”.

Во својот говор Колишевски во Битола и тој се спротивставил на идејата за обединета и независна Македонија надвор од рамките на Југославија или под протекторатот на големите сили. Тоа според Колишевски би преставувало “уништување на сегашната македонска федерална единица”. (Види: Т.

Чепреганов, 1997/152).

Темпо, со нови политички пораки:

Светозар Вукмановиќ: во својот говор во предизборниот говор во Куманово на 16 октомри 1945 година како кандидат на кумановската околија, решително се спротиставил на сите оние кои обединувањето на Македонија го гледаа надвор од рамките на Југославија или обединета Македонија под покровителство на големите сили. Според Темпо сите оние кои ја подржувале таа идеја биле истите оние личности кои биле одговорни за бугарската окупација на Македонија од 1941-1944.

Значи, македонскиот фактор го нема, и се е во склад со политиката на КПЈ која имала огромно влијание на македонските комунисти во вардаскиот дел на Македонија...

Значи, во ваквиот еволутивен историски процес, се роди и Македонското движење со пројугословенска ориентација и го официјализира ставот: Обединета и независна Македонија НЕ!, туку обединување на другите делови на Македонија (Пиринска и Егејска Македонија) во рамките на Југославија (кон мајката земја). Значи, вардарскиот дел да се прогласи за пиемонт на обединувањето во составот на СФРЈ 16 На што не упатува таквиот јасен став на Југославија?!! Значи, дека сега тој исконски национален македонски набој, некој посака да го насочи проблемот на сосема попримамлива национална рана.

Тој став, колку беше реален и остварлив во таквите меѓународни состојби на Балканот ,сега без никакво историско маскирање во анализите од многу автори е реално прикажан како невозможен.

РАЗВОЈОТ НА НАСТАНИТЕ ВО 1946 16 Од многу аналитичари се цени, дека по повеќе години упорно градение југословенското единство, по 1980 годна, се јавува криза во југословенскиот идентитет, значи националниот идентитет на СФРЈ станува многу слаб за да биде прифатен за сите народи во СФРЈ. Македонија веќе имаше поминато низ слични фази кога Бугарија и Грција не го признаваа постоењето на македонската нација, но сега се виде дека формирањето на нов национален идентитет не е лесно остварливо што го докажа и примерот со Југославија и со Македонија по осамостојуванието.

Развојот на левите сили (КПГ и ЕАМ), низ политичките настани во почетокот на 1946 година се одвиваа спрема концептот за неомасовување на населението во вооружен отпор и од таквиот став беа враќани илјадници војници и офицери сите симпатизери и членови на КПГ и на ЕЛАС, кои беа жестоко прогонувани од новата власт на Атина.

Но, зачудува концептот на НОФ (КПМ//КПЈ ) по кој уште во 1945 година беше реализиран и изврши масовна мобилизација на македонското население, зачленувајќи го во НОФ и АФЖ.

Очевидно тоа покажува дека е внимателно испланиран идниот и другите концепти преку стратегијата и тактиката на тугинците.

Тоа го покажува и следното дека по предупредувањето и спречувањето на левите сили низ цела Грција да учествуваат во масовноста, а подоцна тие леви сили се преорентираа и настана наводно проблемот со резервите на воените сили на ДАГ. И, не е чудо тие од 25. 000- илјадитата армија на ДАГ, во нејзините редови се најдоа насилно мобилизирани и ја сочинуваа 50% Македонци борци, а другите беа Грци. Тоа значи, од осуммилионското грчко население во единиците на ДАГ имаше неповеќе од 18-20 илјади борци на ДАГ, а од 300 илјдите македонско население во Грција имаше околу 15-20 илјади Македонци борци на ДАГ, низ целиот периот на Граѓанската војна (1946-1949).

Спорд истражувањата на генералот Зафиропулос, силите на партизаните, во текот на 1946 година се развиваа по следната динамика.

- До април 1946 година... ... 950

- Мај... ... ... ... ... ... ... 1. 300

- Јуни... ... ... ... ... ... ... 2. 700

- Јули... ... ... ... ... ... ... 3. 500

- Август... ... ... ... ... ... . 3. 600

- Септември... ... ... ... ... 4. 490

- Октомври... ... ... ... ... . 5. 930

- Ноември... ... ... ... ... . . 7. 450

- Декември... ... ... ... ... . 9. 285 Што значи односот на владините сили е 10: 1, а военото наоружување е неспоредливо.

Развојот на силите на партизаните и андартите и итрата тактика на генерал Маркос за неомасовување на вооружените сили.

“…Кога пристигнав во Белград, вели Маркос… одма се сретнав со другарот Иоанидис во една канцеларија каде ме дочекаа и двајца лидери на Комунистичката партија на ЈугославијачТемпо (Вукмановиќ) и Ранковиќ. Ме прашаа што ќе треба за неопходно да сторат за да помогнат (за ДАГ). Им реков дека потребно е наоружување за 18. 000 борци. Само што слушна Иоанидис, дека барам наоружување за 18. 000, стана и ми вели:

Маркос, да ли си во добрите: што ќе правиш со тоа наоружување за 18. 000 борци. Доволно е само за 4-5 илјадии ниту за еден повеќе не треба”. (Стр. 94. Кисавос). Понатаму тој објаснува:

“…Тогаш јас го прашав Марко: -Зошто другар Марко, по враќањето од Белград во Грција, ја променивте линијата на Партијата. Беше присутен и лекарот Сакеларију. Ми одговори: - Ми ја промени партиската линија Иоанидис кога бев во Белград, другар Георги.” Најсигурно е дека, таквата линија ја променија Југословените и Иоанидис и од тогаш Марко се здоби со особени симпатии од југословените и лично од Тито, кои се до ден-денес се забележливи тие симпатии.

Кисавос, во неговата книга потврдува дека Маркос, по враќањето од Белград во Грција, во својот штаб, реши да ги враќа во своите домови сите што доаѓаа како доброволци во редовите на ДАГ, така на пример: околу 1. 500-2. 000 доброволци беа вратени и по нивното враќање непријателот безмилосно ги уништи како “кучиња”. Исто така, наведува и други примери, како што е со секретарот на Политичката Комисија на градот Трикала, Костас Аридас кој заедно со поголема група кадрови кои имаа цврсто донесено решение во Околиската област на Тесалија дека треба да излезат во планина и да се борат, беа вратени и сите беа арестовани и стрелани.

(Стр, 88. )

Кисавос, пишува за уште еден потрагичен, па дури и срамотен случај.

“Една група, околу 250 млади и наоружани доброволци, од околијата на Каламбака-Кастраќу, кои се обидоа да ги вратат, тие се спротивставија. Но, тие по своја иницијатива се организираа во 2-3 чети и решија сами да се борат против непријателската владина војска, во време на најголемите воени операции што ги имаше преземнео владината војска на тој терен.

На чело им беше Спирос Царас од с. Кастраки -Каламбака. Се покажаа најдобри борци (во тие жестоки борби) и без да имаат жртви во таа тешка и жестока борба. Раководството на маркосовите штабови, наместо да им честита за нивната храброст, тие беа изгрдени за непослушност, а долго време го имаа за сомнителен Спиро Царас.

Значи, ако политичката стратегија и тактика на Маркос била за не омасовување на вооружениот отпор и тоа со искусни борци од ЕЛАС, тогаш каде да ја бараме логиката на таквите политички процеси. Тоа што го правеше НОФ со невидено галопирање во омасовувањето на македонците селани:

(Москва - Белград- КПГ)

(Следните факти се клучни моменти во целата историја на НОФ

- од воените архиви: СССР, Јгославија и КПГ)

На 20 март 1946 година Захаријадис ја напушти Атина и замина за Прага. Патувањето, едновремено, било искористено и за разговори со комунистичките лидери, од кои Захаријадис побарал подршка за вооружуваното дејствување од повеќе лидери на европските комунистички партии, но скоро од никого не добил одобрење, туку на тоа гледале како на незрел потез. Најзначајните лидери - Торез на Франција и Тољати на Италија му укажале “дека е опсано да се прибегнува кон оружје.” Посебно Георги димитров, му укажал дека “меѓународната ситуација не дозволува избувнување на нов вооружен конфликт, кој фактички би им овозмужил директно мешање на западните сојузници на БАЛКАНОТ”.

Но, сите тие лидери, добро знаеа дека Захаријадис, по девет години заточеништво во мај 1945 година се врати од контрециониот логор Дахау, во Атина од Германија и им остави чуден впечаток со својот најнов став. Тој со британски авион пристгнал во Грција и веднаш по враќањето ги презел своите поранешни должности на генерален секретар на КПГ и започна со работа.

Тој во весникот „Ризоспастис”, ги изложил стремежите на Партијата, истакнувајќи дека КПГ „никогаш не настојувала да ја освои власта против желбата на народот и дека никогаш немала да се стреми кон курсот на дејствување заговори само од Троцкистите, од анархистите и од идиотите.” Истовремено знаеле дека, Арис Вилухиотис, „Симболот на грчката герила” бил јавно прекорен од Захаријадис, како „авантурист” кој со своето „однесување” ја помагал десницата во нејзините напади против левицата. Последователно, уследило неговото исклучување од Партијата, а набргу потоа, било убиен од спротивните сили.

Но, Захаријадис на тие средби во Прага добил и доста информации за марашалот Јосип Броз - Тито дека „по успеход на герилското движење во Југославија, Тито бил насочен кон проширувањето на “револуциите” насекаде на БАЛКАНОТ.” Захаријадис, посебно вознемирен, на враќање од Прага го посетил Белград каде барал да биде примен од марашалот Тито.

Захаријадис, бил примен од Тито и тие разменува на руски по некој збор без тумач и Тито пасакувајќи да наздрави, му се обрати:

– што мислите за иднината на БАЛКАНОТ?

Захаријадис му одговори:

– Маршале, токму затоа сум дојден кај вас по инсистирање на многу лидери кои многу Ве почитуваат по успехот на герилското движење во Југославија. И детално му објасни дека политичката положба и народодт е спремен да се бори и да ја преземе власта од англо - американските империјалист.

Тито, неможејќи да го сокрие задоволството, расположен со своите соборци: Ранковиќ, Кардел, Џилас, Темпо, Колишевски и други, му рече:

– Животот не оди назад. Револуциите носат прогрес, развој на општеството и на производни сили. Јас во името на комунистичката партија и народдот, ви ветам широка помош што е потребно за една организирана народна армија.