Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Macedonians Through the Whirlwind of the "Red" Waste

ЗВУКОТ НА ВОЈНАТА - Part 03

By Стојан Кочов · Part 8 of 17 · About 19 minutes

Read in English

Вие знаете дека ние по Втората светска војна одма мислевме на една револуција и неслучајно денес во егејска Македонија дејствуваат токму такви револуционерни снаги од граѓани на Грција - Македонци. Тие се раководени токму од нашите опитни центри кои имаат долга револуционерна традиција. Ние сме спремни тие сили и силите кои се во логорот Булкес да ви се стават под ваша команда.

Тито, се сврти кон Колишевски и му рече:

– Лазо, прибележи, и направи се, тие снаги под мотивот

„братство и единство” да се стават под КПГ во корист на револуцијата.

a) НОФ и АФЖ да бидат приклучени кон КПГ и да се прекинат врските со вас (КПМ) и да не им се мешате и наредувате што и како да се борат за некаква обединета Македонија - тоа сега е анахроно пред ова револуција. И секако да им се изменат програмските цели на борбата и да се прифатат програмските цели на КПГ;

б) НОФ да формира Централен орган кој ќе одговара пред покрајнскиот комитет на КПГ;

в) Вооружените Македонци во егејска Македонија да се стават под целосна: организациона, политичка и акционо единство под команда на воените раководители што се под команда на КПГ.

Вие гледате, како тоа го прават Англичаните и Американците во Грција.

Но, сето тоа другар Никос, ќе треба да го одобри Стариот -Генералисимусот Сталин за еден таков чин на револуција. Но, Тито, добро го знаеше ставот на Сталин: „Нека се буричка во капитализмот!” и беше сигурен дека ќе го прифати предлогот на Захаријадис.

Захаријадис, возбудено му рече:

– Јас сум спремен сето ова да му го пренесам на генералисимусот и од него да барам подршка.

– Да наздравиме за иднината револуција!, - рече Тито и продлжи: – Бидете решен, не се плашите, не се плашите на некакви жртви и совладувајќи ги сите тешкотии, па ќе успеете во својата намера. Револуцијата тоа го баара.

Се треба цврсто да се зграби во своите раце и со голема сигурност сметајте на нас!

*** По престојот во Југославија, прикрајот на март 1946 година, Захаријадис заминал за Златоглавата престолнина - Москва на разговор со советското раководство.

При средбата, Сталин, Молотов и Андреј Жданов ги одобриле одлуките претставени како од КПГ, додека на втората тајна средба со Захаријадис, Сталин дал препорака процесот на вооружунато дејствување да започнел „Градуелно од селата кон градовите, со цел да се спречи прераната воена интервенција на Британците, и да се издејствува начин за изнаоѓање конпромис.” Сталин, полнејќи го лулето, го погледна Захаријадис во очи и го праша:

– Дали заележавте кај марашалот Тито дека тој се гледа како лидер на една идна Балканска федерација?

Захаријадис, збунет, посака да го одбегне прашањето, но сепак му одговори:

– Маршалот е голем стратег и интернационалист. Од него добив согласност за прифаќање на 20. 000 лица кои беа „прогонуваи од монархофашистичките војски.” и се спремни за оружје.

Сталин му рече:

– Како што сум известен, маршалотт Тито, веќе една година во егејска Македонија во Грција има формирано македонски организации и тие имале голем успех во организирање на Македонците и херојски се борат. Како што се НОФ -Народноослободителен фронт и АФЖ - Антифашистички фронт на македонските жени и се раководени директно од КПМ?КПЈ. Сите тие борци, по Втората светска војна биле прогонувани од Маркос. Сите тие што ја сочинувале „Егејската бригата” сега се во Грција и водат борба за обединета Македонија. што ќе правите со тие македонски воено и политички формации? Кај нив старата свест за обединета Македонија ќе опстојува се додека не преовладее новата: „За социјалистичка револуција во Грција”, а на нив и таму ќе им биде добро. Социјализамот е насекаде ист…

Захаријадис извадил еден лист на кој пишувало:

„Договор помеѓу КПГ и преставниците на македонската држава” Според овој договор: „Слоавомакедонците од грчка Македонија, од една страна, се обрзале да ја подржуваат КПГ на изборите во нејзиниот обид да ја освои власта, од што зависела единствената надеж за поволно решавање на македонскиот проблем, а од друга страна, да и дадат вооружена помош на КПГ, во случај на инциденти помеѓу левицата и десницата во текот на изборите”.

Сталин рекол:

– Ну харашо. Ето очен правилно. Македонци харошие борци, они показалис војаки народ.

Захаријадис, потврди дека „тие се изманипулирани жртви на историјата”. Го извести Сталина дека сите ти воени формации и политички организациитиеч по предлогот на маршалот Тито ќе прогласиме „братство и единство” и ке бидат ставени под раководството на КПГ.

– Посебно маршалот Тито покажа интернационални погледи за борба против англо - американскиот империјализам.

– Ви уже договорилис за ревољуцију! Ето харашо. Постапете онака како што мислите дека е потребно, - му рече Сталин и продолжи: – Подготвите нацрт - решение на ЦК на КПГ. Со тоа посака да изгледа умерен, добар, ненаметлив, великодушен и почитува на револуционерните размислувања на другите лидери од лагерот на социјализмот.

По ова средба Захариадис изјавил:

„КПГ престанала со оружената форма на борба да ја користи за мирољубиво решение на Грчкото прашање и се определила за заземање на власта со силата на оружјето!” Сталин, добро знаел дека со Тито биле договорени: „Основната грижа за Тито му била да ја заштити новата федерација. “. Овој нов развој на настаните на Сталин му бил јасен ставот на Тито.

Тито, знаејќи дека Југославија е 50% под влијание на Запад, цврсто настојувал да ја задржи југословенската федерација за што многу пати тоа го истакнувал пре службата за безбедност на Југославија и генерал штабот на ЈНА дека: „…најдобро е да се води војна надвор од границите на Југославија и да ја помагаме сесрдно, отколку во Југослваија” Таквиот став и за Сталина бил прифатлив за зачувување на социјалистичкиот лагаер кои беше создаден по Втората војна.

Но, ниту на Сталин, ниту Тито, барем според развојот на настаните, ни од далеку, не биле подготвени да ги ризикуваат стекнатите позиции за победа на комунизмот во Грција или за обеденување на Македонија.

Сталин во блиска иднина не предвидувал „силна воена акција” и ништо, можеби е особено забележливо дека тој „не давал ветување за воена подршка на таа средба. “ но тој му дал препорака и на Захаријадис кога станува збор за формирање на народноослободитела војска и каква концпција за водење на борбата, најдобро е да се почитуваат Титовите совети.

Захаријадис, следниот ден отпатува за Белград, каде требаше со Тито да ги усогласат деталите за организирање на борбата, помошта и соработката. Тито, требаше да му ги изнесе сите проблени и да го дефинират карактерот и перспективите на Демократската армија и мерките што треба да се преземат за идната војна.

На Захаријадис во Москва му било приредено испраќање, како на храбар револуциорен лидер.

Сталин седеше во големата сала во плетена фотеља, со расмеано лице и павкаше со лулето, а Молотов, Жданов, Маленков, Микојан, Каганович, Суслов, Берија, Булганин и другите членови на Политбитото на КПСС пиееја водка„перцовка”. Келнерите, се сновеа и им нудеа од првокласната закуска.

Сталин, расположен, на Захаријадис му пожела револуционерни успеси.

Захаријадис, на заминување застана мирно и покорно пред Генералисимусот Сталин и одвај на измешан руски јазик ги изговори следните зборови:

- Глубокоуважаеми товариш Јосиф Висарионович, бољшое спасибо. Желају Вам крепкое здоровие и уште многие лета да не водите во социјализмот кон победата на комунизамот.

Вашите совети, ќе ни бидат патоказ и ќе ги спроведиме на дело во борбата против англо - американскиот империјализам, се до конечната победа на работничка класа во светот.

*** На 8 април 1946 година, Захаријадис се врати во Белград и беше примен од Тито. Кога застана пред марашалот со страхопочит.

Маршалот Тито, на Захаријадис му рекол:

– Ако веќе сме револуционери и интернационалисти, долг наш е да помагаме „ревулуции” и не гледам зошто да бидеме против револуцијата во Грција, кога веќе се зафативте да ја реализирате. Можам само да ви чститам другар Никос.

Соберете ги секого што може да држи пушка. Во сите револуции, тоа е нормално и народот тоа го бара.

Тито ја запали пурата и го продолжи шетањето низ пространиот кабинет заобиколувајќи ја масата, праша:

– А какво е расположењето на младината?

Захаријадис одговори потврдно:

– Одлично!

Во книгата „Југословенскиот комунизам и македонското прашање” од Стив Е. Палмер и Роберт Р. Кинг, Арцхон Боокс, 1971, стр. 117 пишуваат:

„Заинтересираноста на КПЈ за грчка Македонија постепено избледела Печатот што бил под контрола на Партијата, со исклучок на еден напад против владата на Папандреју во ноември 1944 година поради „теророт врз Македонците” и еден огорчен уводнил во „Политика” на крајот на декември, во текот на неколку месеци не преземале иницијатива во однос на она што вриело во грчкиот котел (во тоа време имаа голема активност организациите НОФ и АФЖ под раководство на КПМ/КПЈ м. з). Неколку фактори стаеле зад оваа промена кај КПЈ. Тито, којшто во тоа време бил во тесен контакт со Москва, можеби заклучил дека е поважно грчките комунисти да дојдат на власт отколку тој во тоа време да ја добие Егејска Македонија. Исто така, сите борбени единици на грчките македонци остро биле наклонети кон автономија, а Тито бил донекаде ограничен со постоењето на ривалската влада на Шубашиќ којашто се уште уживала извесна подршка од страна на западните сили. Се уште било нужно да се биде претпазлив.

Само кога овие околности се измениле КПЈ ја реактивирала својата гржза за грчка македонија.” ТАКА СЕ ЗАТВОРИ ТРИЈАГОЛНИКОТ ПО МЕЖУ:

СТАЛИН, ТИТО И ЗАХАРИЈАДИС. ОД ПОЛИТИЧКА ИГРА ДО ВОЕНА КАТАСТРОФА.

НО, ЗОШТО НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ ОД 1945 ДО ДЕН -ДЕНЕС НЕ МОЖИМЕ ДА ИЗЛЕЗЕМЕ ОД ТОЈ НАЈСТРАшЕН КОМУНИСТИЧКИ ТРИЈАГОЛНИК?

Тие си водеа своја, сопствена светска политика, се мешаа во туѓи работи, постојано планираа револуции и штрајкови, но ние и по геноцидот станавме единствени жртви - светски ТАЛКАЧИ.

Сега: Политичка и воена помош од Југославија за КПГ, а не за НОФ и АФЖ.

Захаријадис, за време на престојот во Белград одушевен од средбата со маршалот и за одредувањето на централната оперативна група на чело со Александар Ранковиќ за помош на демократската армија, со своите соработници, меѓу кои беа генералот Јово Капичиќ, заменик на сојузниот министер на внатрешните работи, потполковникот Слободан - Уча Крстиќ, потполковникот Миле Врбица, жуза Радовиќ и машал Милутиновиќ, мајорите Драго Мијовиќ и Обрадовиќ Трниниќ, капетан журо журица, поруниците Јован Поповиќ, Раде Космановиќ, Крсте Пенговски и шиме Бенчиќ, војнниците Лазар Сеферовиќ и Бошко Јовановик. Посебна екипа ја сочинуваа медицинските лица, потполковникот Велимир -Браца Мајсторовиќ и д- р Јован Бијелиќ. Тие требаше да го организираат сместувањето и лечењето на ранетите што ќе доваѓаат од боиштата на Граѓанската војна. Помош во раковањето со оружјето требаше да им пружат на борците на Демократската армија мајрите Владимир Декиќ и Света Стефановиќ, поручниците Јован Поповиќ и Петар Лучиќ.

Оружјето било наброено во една ипресивна бројка: топови, митралези, автоматски пушки, панцер - фауста, пиштоли, рачни бомби, радиостаници, шинели, коњи и многу храна и сето тоа во вредност од пет милиони тогашни динари.

Захаријадис, реши да го посети и логорот Булкес, Војводина, каде веќе се вршеше воена обука на повеќе од 5. 000 борци.

Тој во својот говор им нареди на сите политемигранти да употребат „железна тупаница” против англо - американскиот империјализам и монархофашистички режим во Атина. Тој им рече: „Вие сте должни да пристапите кон извршување на решенито на КПГ. Во Грција вратетесе само со оружје в рака што ви го дава братската партија начело со марша лот Тито, затоа што монархофашистичкиот режим има за цел да ги уништи демократските сили и да спроведе фашистички режим.” Види: Драган Кљакиќ „Советизација Балканске зоне” - Исповед на Лазар Колишевски, Београд, 1992 година, издавач„Радничка штампа”.

Кога Захаријадис, на 9 април, се вратил во Грција, во Солун, пред неговите следбеници, одржал говор, во кој нападот на селото Литохоро - Катернско, ноќта на 30/31 март 1946 година, спроти одржувањето на изборите, што од некои се сметаа за почеток на Граѓанската војна, го претстави како предупредување на владата и сугерирал „дека народот ќе се принуди во самоодбрана да се фати за оружјето!” Захаријадис, по враќањето од Белград, со цел да ги придобие Македонците на 14 април 1946 година, во Солун изјави: „Со посебен и терор се насочува врз Славомакедонците (власта)…

Зошто таков терор се врши врз Славомакедонците од монархофашистите? Прво, тие имаат за цел да ги скршат нивните сили (мисли на НОФ и АФЖ) народно демократски убедувања и второ, сакаа да посеат неслога меѓу Грците и Славомакедонците…”

*** Захаријадис, не остана само на зборови, туку во почетокот на јуни 1946 година, без никакви консу - лтации, го избрал Маркос Вафијадис, член на Политбирото на ЦК на КПГ и поранешен капетанјос на ЕЛАС, за иден водач на Демократската армија, и го задолжил да замине во планините за да го преземе раководството на „партизанските групи кои веќе дејствуваа таму.” Според британскиот амбасадор Нортон:

„Согласно предвидениот план, на 25 август 1946 година, Јоанидис и Росос преминале во Белград, а на 1 септември, во белград пристгнал и Вафијадис за да ги изврши потребните консултации за конкретните воено - политички прашања. По престојот во Белград, Вафијадис се префрлил во егејскиот дел на македонија, каде на 28 октомври, го формирал Главниот штаб на герилските сили. Тој, воедно, именувал и регионални команданти, кои започнбале да ги организираат нивните следбеници во вооружените единци. Во декември 1946 година, овие единици го добиле името Демократска армија на Грција (Демократската армија). За главен командант на Демократската армија бил именуван Вафијадис, кој станал под псевдонимот генерал Маркос.” Авторот, Евдокија Фотева – Вера ја нарекува Втора фаза од развојот на НОФ – ПРИЗНАВАЊЕ ОД КПГ.

Арно ама, не е така. Кај нашите Македонците под Грција (кои беа лидери на НОФ иАФЖ), барем сите „случајности” зад себе кријат јасно видлива причина. Клучниот збор во таа формулација е „кријат. “ Која е вистината? Дали „ПРИЗНАВАЊЕТО ОД КПГ” е договарено со Македонците? Со организациите НОФ и АФЖ!?

Или со тие на кои до вчера манипулираа со нас и им станавме слуги?

Историските фактите кажуваат дека: „Врз основа на одлуката меѓу Тито (КПЈ) – Захаријадис(КПГ) од 14 октомври 1946 година, набрзо пристигнаа претставени: Караиванов од КПЈ и Јоанидис од КПГ и ја прогласија следната спогодба:

„Македонските организации НОФ (АФЖ и НОМС) и нејзиното раководство поминуваат во целост под КПГ, а вооружените мали македонски единици во ДАГ под раководство на генерал Маркос”.

Значи , се е договорено на рамниште на државност: Југославија и Грција. Тоа значи, строго се придржуваа спрема Букорешкиот договор 1913 година.

ПОСЛЕДНАТА ГОЛЕМА ИЗМАМА (Врвот на македонската држава без чувство за национална свест за судбината на Македонците под Грција)

По постигнатата спогодба меѓу КПЈ и КПГ, по извесено време, членовите на Главниот одбор на НОФ на чело со Паскал Митревски беа примени од секретарот на ЦК на КПМ Лазар Колишевски, кој им го рекол следното: „Сега вие одите долу (во егејскиот дел на Македонија). КПГ е вашиот раководител.

Да имате верба во нив. Нејзината политика по македонското прашање е јасна. Какво било прашање што ќе ви се појави ќе го решавате со раководството на Партијата. Внимавајте, не одите како фракција во Партијата, туку да се ставите под нејзино раководство. Борете се за зацврстување на борбеното единство со грчкиот народ, и борете се сите и со сите ваши сили против шовинизмот, сепаратизмот и локалистичките тенденции.” Ете, кој на врат ни го обеси и добро ни го затегна идеолошкиот синџир на комунизмот. Токму тој синџир (направен од КПЈ, сега врзам од Колишевски) во Граѓанската војна беше најсуров, најкрвав и најбезбожен. Ропски синџир - не разјаснет до ден - денес. Меѓу Македонците настана ново пребројување: чиј си и кој си? Борба за ново престројување и од Македонците се бараше сервилно и ропско расположење.

Но, согледувањето на причините и мотивите на Тито за таквата инволвираност во Грчките работи по Втората светска војна бара опстојно истражување. Објаснувањето на југословенските раководители дека тоа го правеа само од интернационалистички побуди не е многу убедливо. Зошто?

Затоа што, проблемите почнаа да се зголемуваат околу есента 1948 година, кога Југославија почна да влегува се повеќе во прегратката на западните сили.

По ова, во нова верба со стари болести раководителите на НОФ и АФЖ, наместо душмански пречек, пред КПГ направија „Другарска критика како нејефикасно оружје на партискиот апарат” и се здадоа да пропагираат дека „Со ова се поставени темелите за новото единство”. И така не беше далеку времето, кога веќе се отвори простор за демакедонизација. Но тоа беше и конфронтација, со народот и со сите членови на КПГ (Македонци) кои немаа пребегано во Југославија со егејската бригада и Партијата во нив имаше поголемо поверење. Тие до вчера за НОФитите и за АФЖитите беа гркомани или како што ги нарекува Евдокија Фотева - Вера: „народни изроди.” Кога денес човек размислува што рекоа некои мислители за историското минато: „Народ кој не црпе искуства од своето минато, тешко може да ја планира својата иднина”, ќе се запраша: што не научивме од историјата? Ние не го научивме автентичното македонско опстојување на прадедовите огништа.

Да, вистина е, посебно ние Македонците под Грција, допрва ќе треба да ја отвориме книгата на проблемите и ќе треба еднаш јавно да се извиниме за минатото а тоа да им биде поука на младите во иднината. Да не заборавиме на најелементарното нешто: дека пред се нашиот народ тука (во Македонија под Грција) имаше корени и со векови човекуваше со свое достоинство! Ако продолжиме сите наши неодговорности, неспособности, некомпетентности, несовесно да ги прославуваме тие настани искри - воколчени со„случајности”, или да се оправдуваме со„судбина од која не се бега”, никогаш нема да се ослободиме од случајните луѓе, кои доведоа македонскиот народ до ископачување.

И факт е дека тие што сакаа да не уништат знаеја (знаат) многу повеќе од нас, ние за нив речиси ништо!! Ние и ден - денес им ги криеме нивните зафати. Зарем, тоа не го објаснува ФЕНОМЕНОТ HA НАШАТА ПОДАНИЧКА CBECT?

Зарем тоа не е ВАЗАЛСТВО? Зарем тоа не е вистина дека сега македонските организации добија нов господар на кого треба да им бидат слуги?

Тоа ли е, како што пишува Евдокија Фотева - Вера - ПРИЗНАВАЊЕ ОД КИ?

Да, токму сега македонските организации станаа ВАЗАЛИ:

потчинети, зависни и слуги на новиот господар со невидени отстапки:

Ако еден од основните национални атрибути е јазикот, тогаш како можеле организациите НОФ и АФЖ, по т, н „Братство единство" (1946), да се „откажат“ од националниот идентитет.

Дали тие Македонци во единиците на ДАГ кои беа регрутирани и испратени во длабината на Грција можеа да зборуваат македонски ? Тие таму беа предупредупредувани дека: „Името и презимето, нужно треба да бидат на грчки, а треба да се говори само на грчки јазик".

После некој ни е виновен што КИЈ/КПМ и КИТ, не фрлија во идеолошкиот отпад! Како да ја изцелиме таа болка, таа наша постојана и трајна болка: по нашиот дом, по нашите блиски што ги оставија своите коски на бојштата во Граѓанската војна?

Како да заздравиме?

Захаријадис, генерален секретар на КИТ, во Белград co маршал Тито кога разговарал околу одлуката за поведување на оружена борба против десницата во Грција.Тој од Тито добил целосна поддршка, односно, ветување за морална и материјална помош и дека патот на слободата води токму низ Македонија. На оваа средба било дословно договорено и за следното:

1. Македонското национално ослободително движење во Егејскиот дел на Македонија, предводено од НОФ, кое од април 1945 година се наоѓаше под раководство на КПЈ-КПМ, да помине под раководство на КПГ, а учеството на Македонците бил услов за победа на една таква револуција.

2. Дел од составот на Политбирото на ЦК на КПГ на чело со Јанис Јоанидис, да се префрли во Белград со задача да раководи со оружената борба, да ја претставува во странство, да се грижи за снабдувањето на партизаните со оружје, облека , храна и други материјали.

3. Слободна регрутација на борци од редовите на македонската и грчката политичка емиграција во Југославија организирање болници за ранетите и болните борци на ДАГ Југославија да ја преземи улогата на организатор и координатор на помошта од други земји за ДАГ.

Уште на 24. 08. 1946 година, еден дел од составот на ПБ на ЦК на КПГ на чело со Јоанидис Јоанис и потребниот апарат, илегално се префрли од Атина во Белград. Маркос Вафијадис кој во јуни 1946 година од Захаријадис беше назначен за генерал и за организатор и раководител на партизанските групи илегално ја напушти Грција и се префрли во Белград каде што доби конкретни директиви и ветувања од делот на ПБ на ЦК на КПГ.Во септември се префрли во Егејска Македонија каде што на 28 октомври го формира Главниот штаб на партизанските единици, односно ДАГ.

Се раскажуваше дека нофитите и афежитките за ова случајно дознале, ама не се осмеливме да се спротивстават на наредбите на маршалот Тито и другите богови. Но, не поминало многу време еден есенски ден, кога ги построиле пред генерал Маркос, тој им рекол: „од денес сте војници на Демократската армија и ќе ви бидат команданти, по учени и поверни луѓе на КПГ.” Студена пот на јаве ги облеа. И како студ, и како мраз, и морници ги полазија.

Ужасно збунети (сега како продадени робови), распламтените лица им се стемнија, покорно дадоа партиска обрврска дека се ќе сторат со своите авторитети Македонците да ги внесат во редовите на Демократската армија, па дури еден од нив рекол:

„ќе ги разбудиме и умрените ако треба, нека дојдат и тие во оваа света револуција, да јуришаме сите заедно, живи и мртви!” Да си спомниме на она што го раскажува Раковски:

„…На средбата со Колишевски, во текот на нашето подготвување да заминеме во егејска Македонија за да ги удриме темелите на револуцијата, Колишевски на неговиот првокласен циничен говор ни рече: Ќе... Дека ние Македонците сме биле многу надарен народ, со ептен видна интернационална и револуционерна настроеност, со голем усет за стратегија тактичност и дека Тито му рекол: токму сега е моментот...” Можеби, еден ден ќе се разјасни се… Какви сили се криеја зад тие наши луѓе кои им служеле на туѓите богови.

На 10 ноември Захариадис од Сталин доби директива вооруженото движење зимата 1946-1947 година да не се омасови (а Македонците беа и старо и младо во редовите на ДАГ), бидејќи тоа наводно го налага меѓународната ситуација, КПГ на политичката борба да и даде примат и слично.

Зарем ние Македонците и во историјата треба да оспоруваме дека овие политички директиви - фундаменти не беа поставен од тугинците (КПЈ-КПГ)?!

Овоа е еклактантен доказ за отсуството на македонската свест за поведението на НОФитите и АФЖитите. Овие луѓе, не само што не им се извинија на македонскиот народ за довчерашните пропагирања за „македонските позиции”, туку тиа со уште поголема бруталност го туркаа масовно народот во борбените позиции на Граѓанската војна.

На туѓинците, целта им била од некои свои послушници да направи херои, таков лик, преку кого ќе се идентификува цел еден народ, а другите да ги сведе во најголема мера негативци (комитаџии и др.) и во такви услови да проработи кодошењето (што подоцна и се почесто и се случуваше меѓу членовите на НОФ 17 ) и така настана најпогубниот момент за Македонците под Грција.

ЗБУНУВАЊЕ НА НА НАРОДОТ, ИЛИ…?!

ПО ОВА, ДОСЕГАШНИТЕ ПОЛИТИЧКИТЕ ПОРАКИ НА НОФ И АФЖ (ВО ИЛЕГАЛА) СТАНУВАА НЕ ЈАСНИ, ИАКУ НЕКОИ ОД МАКЕДОНЦИТЕ УШТЕ ГИ ДОЖИВУБАА КАКО НАЦИОНАЛНИ. ПО ПРЕПОРАКАТА НА КОЛИШЕВСКИ, ВЕДНАШ СЕ РЕЛАТИВИЗИРАМЕ, И ОД СЕ, ПУСТОШ НАПРАВИМЕ. НОФ И АФЖ, НА МЕСТО ДА ПРЕСТАНАТ СО (САМО) ЖРТВУВАЊЕТО И ДА ЈА НАПУШТИ МАСОВНАТА ПОЛИТИКА КАКО БОРБА НА ЖИВОТ ИЛИ СМРТ, ТИЕ СО ПОКОРНА ПОСЛУШНОСТ УШТЕ ПОВЕЌЕ ЈА ЗАСИЛИЈА МОБИЛИЗАЦИЈАТА, НО СЕГА СО НЕВИДЕНА ЕМОЦИОНАЛНА ЗАРАЗА И СЕРВИЛНОСТ СПРЕМА КПГ.