Macedonians Through the Whirlwind of the "Red" Waste
ВТОРАТА ФАЗА ПРИЗНАВАЊЕ ОД КПГ. ТРЕТАТА ФАЗА - Part 02
Со етничката промена на населението, т. е со донесувањето на колонистите од Мала Азија од кои, сега Макеоднците имаа посебно тероризирање од нивна страна и од страна на организацијата ПАО, во која членуваа исклучиво грчки националисти. Тие секојдневно организираа разни рации и пљачкања (на добиток, жито, сирење, маст и други продукти) и измачувањата над македонското население кое е од најнезаштитените, па дури ни од италјанските власти намерно обвинувани за Комунисти и кои биле апсени и тепани до смрт, за разлика од Грците кои биле затворани како Комунисти но сепак биле ослободувани. Во тоа време беше и проблемот со најдефицитарните неопходни продукти кои многу тешко македонските селани можеа да ги набават (Сол, шекер, Масло, газија и др.) и со години биле недостапни. Неколку преставници од селата, побараа од италјанските власти објаснение и подршка да бидат третирани како сите граѓани. Затаа цел барале да им се дозволи да оформат „МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ” за Костурско кои преку италијанските власти ќе ги остваруваат своите граѓански права. Така, на 5 март 1943 година во Костур е формирана првата вооружена воена единица
- Костурски Комити во Македонија под Грција. Тие набрзо се појавија во 54 села и нивнита бројка беше 9850 вооружени селани (само за отпор) наречени МАКЕДОНСКИ КОМИТИ за одбрана од вооружените грчки националистички банди, кои во 1943 година во Западна Македонија растураа летоци со застрашувачки пароли, против Македонците.
На кого најмногу им пречеа МАКЕДОНСКИТЕ КОМИТИ и со каква цел беше формирана СНОФ и од кого? Види: Историја на македонскиот народ, том петти, стр. 449.
Се вели: “...Втората македонска антифашистичка органиција што се појавила во егејскиот дел на Македонија во Втората светска војна била СНОФ.
Во тој период на време, настојувањето на Велика Британија во 1943 година да го стави под своја контрола грчкото движење на отпорот (ЕАМ и ЕЛАС), преку склучениот договор од 5 јули 1943 година со кој ЕЛАС ја прифатила командата на сојузничкиот штаб за Средниот Исток, неуспехот на преговорите во Каиро на делегацијата на КПГ и ЕАМ со владата во бегство за постигнување политичко единство и формирање коалициона влада во август 1943 година, беше конкретно: вооружувањето на еден дел од Македонските комити... По не успехот, обрврските што ги презел лидерот на КПГ, Сантос (побарал помош од Темпо). Во разговорите со Темпо во август 1943 година и упорните барања на Македонците, биле основните фактори што го потикнале раководството на КПГ да го дозволи формирањето на македонските политички организации и воени формации”.
Многу идикативно е прашањето: зошто генералниот секретар на КПГ Сјантос, не преговара со Македонците, туку бара да преговара со висок преставник на КПЈ - Југославија? Дали македонските комунисти на тоа реагираа? Не! Тие веќе беа влезени во вештите комбинации на Темпо, кој и самиот се покажа: како чувар на границите на кралска Југославија и ништо повеќе. Тој беше за новото: македонско движење со пројугословенска историска тенденција. Грците, сега, му веруваа на Темпо оти од КПЈ се беше потврдено со елиминирањето односно отстранувањето на генералниот секретар на КПМ Методи шаторов – шарло 6 и повеќе не постоеше можност за остварување на идеите на шарло за некакво духовно обединување на Македонците од целокупниот етнички состав на Македонија.
За нас Македонците (посебно од егејскиот дел), по ова стана јасно дека било каква акција да превземеме за обединета Македонија, ќе бевме дочекани на нож од КПГ И КПЈ.
Значи, сега се беше на политичко - партиско и државничко рамниште на Грција и Југославија. Но, со иста цел беше сторено и со Албанија, кога на 20 јуни 1943 година во Главниот штаб на НОБ на Албанија беше потпишан протокол „за тесна воено политичка соработка” од преставниците на Југославија (КПЈ) Светозар Вукмановиќ - Темпо, Албанија (КПА) Енвер Хоџа и Грција (КПГ) Верверис.
А токму, за таквото ниво на разговори инсистираше владата на Папандреју во Каиро. Имајќи предвид дека тоа ниво го има прифатено и решено Југославија со смената на шарло и целокупното партиското раководство на КПМ и новата платформа. Владата на Папандреју од КПГ и ЕЛАС, бараше да не прифаќат никакви компромиси со Македонците: било да се од Егејска македонија или од вардарска Македонија, оти би имало историски последици за грчката држава и нејзиниот 6 Шаторов, Методи - Шарло (Прилеп 1897 - Бугарија, септември 1944). Од крајот на Првата светска војна емигриант во Бугарија. Член на БКП од 1920.
Во 1929 емигрира во СССР. Од пролетта 1940 до септември 1941 секретар на ПК КПЈ за Македонија. Се застапува за формирање на сопствена македонска држава и обединување на Македонија. со потенцирање на македонска национална индувидуалност. Отстранет од функцијата секретар (по налог од Тито и го заменува Колишевски) по разрешувањето на спорот меѓу КПЈ -БРП - Коминтерна за припадноста на ПК сувренитет. Незнам, што уште требаше за да сфатат македонските комунисти од Македонија под Грција дека тие веќе за КПГ и ЕЛАС не преставуваат политички субјект (туку лажен привремен) и дека беа само намамувани од Темпо.
Значи, ТРЕБА ДА СЕ ПОДВЛЕЧЕ: решението го договорија преставниците на КПГ и КПЈ, пак во рамките на Букорешкиот договор Југославија - Грција.
Тоа за нас Македонците значеше: Бранејќи ја комунистичката идеологија, го изгубивме за невек идентитетот и дедовите огништа. Нашата судбина е наша судбина и моравме да ја земеме во сопствени раце, оти сурово е кога луѓето не сакаат сами да господараат со својата судбина, тогаш како што вели нашиот народ судбината загосподарува со нив.
Така и се случи: со првото братојадство
*** Конкретно СНОФ беше организиран, но не од Македонците.
Грижа или манипулација? Види: книгата „Паскал Митревски и неговото време (1921 - 1978), стр. 20.
„СНОФ - (Словеномакедонски народен ослободителен фронт)
формиран на 20 октомври 1943 година во селото Сничани, Костурско од секретарите на обласниот комитет на КПГ за Западна Македонија: Христос Клфас - Андреас и секретарот на окружниот комитет на КПГ за Костурско Андонис Андонопулос - Периклис, како и секретарот на Окручниот комитет на КПГ за Кожанско Танасис Карцунис. Сето тоа беше со умисла да ги разбијат и привлечат комитите со уверување дека веќе формирани се македонски организации. Но тие организации како СНОФ и други, беа расформирани на 26 септември 1944 година. Со потпишувањето на договорот во Казерта. Со овој договор, дефинитивно беше запечатена судбината на левите сили и Македонците во Грција, на кои најмногу се надеваа и им веруваа Македонците.”
„…Политичката програма на СНОФ, која преставувала платформа за заедничка борба на македонскиот и грчкиот народ. Мобилизација на македонските маси во единиците на ЕЛАС за оружена борба за полн разгром на окупаторите.(Стр.
450).” Во книгата „Југословенскиот комунизам и македонското прашање” од Стив Е. Палмер и Роберт Р. Кинг, Арцхон Боокс, 1971, стр. 94-95; пишуваат: „Во почетокот на месец мај 1943 година Темпо воспоставил контакт со грчките комунисти, во еден обид да ја воспостави доминацијата на КПЈ во Егејска македонија, што тлеел поради репресивните мерки на Матаксовата диктатура пред војната, бил распален со тоа што италјанските окупатори организирале специјална словенска жандармерија (се мисли на Костурските Комити, моја забелешка) што вршела напади против Грците. Бугарските агенти (Костурските Комити) добиле одврзани раце и бидејќи нивното влијание било опасно за плановите на КПЈ за Македонија во рамките на Југославија, Темпо сугерирал дека би било добро да им се дозволи на Титовите агенти (Македонците во редовите на ЕЛАС и на КПГ) да ги организираат и водат Словените во Грција. Грците одбиле. Но, Темпо сепак ја навел Врховната команда на грчката народноослободителна војска (ЕЛАС) да дозволи грчките македонски Словени да се организираат во Словенски народноослободителен фрон (СНОФ). Иаку командата на ЕЛАС веднаш се согласила да ги здружи воените акции со акциите на Југословенските партизани,таа, се разбира, не била воодушевена со формирањето одделни единици составени од грчки Словени, поради тоа што тој потег се чинело како да ги највува усилбите на Југословените да создадат голема Македонија. Прашањето за можноста Грција да ја загуби Егејска македонија била главната црна точка на грчките комунисти. Согласноста со еден таков предлог, без оглед колку тој да е камуфлиран со планови за некој вид балканска комунистичка федерација, најостро би ја довела во прашање нивната масовна подршка.
Во своето писмо до ЦК КПЈ од 8 август - Темпо го пренел и инсистирањето на грчките комунисти да се зачува дискреција во однос на ова прашање: „Грчката партија го има следниот став во однос на прашањето за македонија. македонија т. е.
македонското малцинство во грција ќе добие слобода и ќе биде обезбедено од секакво национално угнетување. Тие не му признаваат никакво право на самоопределување на овој народ.” Несфатливо е нашето братојадство (потикнато од Сјантос и Темпо), дури и до ден - денес, како сме могле и самите (учесниците во редовите на ЕЛАС) да учествуваме во уништувањето на една компактна целина организирана од 64 костурски села, со повеќе од 9. 800 вооружени македонски комити кои застанаа храбро и достоинствено против грцизмот и не сакаа да ја прифатат елинизацијата и да се откажат од националниот идентитет. Наместо да го валоризираме како национален отпор, во нашата историја го оцрнавме преку сите можни идеолошки етикетирања. Но, што е за чудо, во новиот поход, пак масовно ги ангажираме (од сите тие што останаа живи или нивните синови), но сега како добри синови на партијата…
Појавата на комитите е неверојатен миг на македонската стварност, на место да имаме почит и достоинство спрема сопствениот народ, ние поново влегуваме во политички игри со тие, кои најмногу го носеа гревот за уништување на костурските комити.
Ако земеме предвид, дека во светот, нема нација која срушила нешто што е било создадено (автоктоно) од сопствениот народ, тогаш ние Македонците сме први. Токму за гревот на македонските костурски комити.
Но, треба да знаеме, дека комитите се тие кои ја доживееа најстрашната дискриминација од грчката држава што ја спроведуваше спрема Македонците, дури и пред да се родат, а од родната (сопствена) историјата се заборавени, па дури и непро-мислено анатемисани. Поделбите на “…фили” или “…мани”, кои во повеќето случаи вештачки се одржуваат (потикнувани од тугинците) страмно и понижувачки зборуваа за нашиот народ.
Истотака во „Историјата на Македонскиот народ, том третти, стр, 450, се вели:
„Окружниот комитет на СНОФ за Костурско и официјално го постави македонскот национално прашање пред Комунистичката партија на Грција на основа „Атланската повелба”. 7 Тоа го сторил преку својот член Лазо Дамовски -Ошенски, кој на 24 јануари 1944 година упатил писмо до Западномакедонското биро на КПГ (Исправно треба да биде:
Биро на КПГ за западна Македонија). СНОФ барал КПГ да му го признае правото на самоопределување и обединување на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија, односно заедно со другите два дела на македонија, да формира своја македонска држава. Во писмото на Ошенски, во кое се изразува ставот на окружното раководство на СНОФ за македонското национално прашање, презентирани се две идеи: правото на самоопределување и правото на обединување на трите дела од Македонија”.
Понатака на стр 452 се вели: „И покрај тоа што раководството на КПГ и ЕАМ се до април го користеле СНОФ за свои политички и воени цели, пре се во пресметка со комитското движење, при што биле постигнати значајни резултати, кон крајот на април тоа го сменило својот однос спрема фронотот.
Имено, во почетокот на мај ПБ на ЦК на КПГ донело одлика за расформирање на СНОФ и неговите членови да влезат во редовите на ЕАМ.” Мал коментар: Македонските историчари (посебно Ристо Кирјазовски) пишуваат дека судирот бил меѓу македонското раководство и раководството на КПГ (ЕАМ, ЕЛАС и ДАГ). Тоа 7 Во 1941 година Британскиот премиер Вистон Черчил и председателот на САД Франклин Рузвелт се сретнаа на еден брод во Атлантикот,каде што ја фолмулираа и на 14 август ја потпишаа прочуената „Атланска повелба“,чии начела ги прифатија и Обединетите нации во својата Декларација во 1945 година. Во повелбата меѓу другото се истакнува дека територијалната промена мора да биде во согласност со слободното изразената волја на народодт, народите имаат право да си избираат за себе облик на владеење по волја и тоа право треба да им се врати на сите, и се предупредува дека народите во светот мораат да се откажат од употреба на сила.
не е точно: ние Македонците никогаш не разговаравме со високите органи на ЦК на КПГ, туку се расправавме со локалните грчки раководители во Костур, Лерин и Воден, кои беа делегирани од КПГ и ЕАМ. Ние Македонците, никогаш организирани не ги поставивме следните прашања кои имаа витално значение за опстанокот и зачувување на многувековната цивилизација на нашите предци. Ние Македонците, организирано пред грчката држава и меѓународната јавност не го поставивме проблемот на етничките промени со носењето на 640. 000 маџири од Мала Азија. Не го поставивме проблемот за обрските што ги имаше Грција по поделата на Македонија за грижата, правата и развојот на Македонското домородно население.
Но, уште еден од посериозните историографи што вели. (Види:
“Н.М.” 20.08.1994 година). “Кон половината на 1944 година состојбата во Егејска Македонија за македонските комунисти станала неподнослива. Грчките комунисти, насочувани од англиската разузнавачка служба, преземале бројни мерки за да го задушат македонското народноослободително движење:
Забраниле примање на нови борци во македонските баталјони под изговор дека таа војска била несигурна;
Го растуриле македонскиот национален-ослободителен фронт во Грција;
Забраниле секаква пропаганда на македонски јазик во Грција;
Го забраниле истакнувањето на правото на самоопределување на Македонците;
Наредиле македонските баталјони, кои веќе биле формирани, да се повлечат кон јужна Грција. Сите наведени мерки имале цел да се задуши македонското национално-ослободително движење.
Меѓутоа, таквите насоки на грчките комунисти биле насетени, па македонските баталјони успеале да се повлечат на територијата на Вардарска Македонија, барајќи заштита.
Истовремено, во Главниот штаб на НОВ и ПО на Југославија допатувала и делегација Македонци од костурската, леринската и воденската област, која донела бројни документи за теророт и злосторствата кои ги вршеле грчките партизани ЕЛАСИТИ над македонскиот народ во текот на минатите три години...” Текстот носи наслов: “Комунистот против комунистот.” ВТОРА ФАЗА: Вториот дел од кариерата на авторот Евдокија Фотева - Вера: Кога со поголема група Македонци кои ги напуштија редовите на ЕЛАС и поминаа во редовите на Титовата армија, од штабот на ЕЛАС беа прогласени за дезертери. Сега раководена од КПЈ/КПМ.
Највтетично за овие настани пишува Наум Пејов 8 - Чакаларо во својата брошура: КОСТУРСКИОТ БАТАЛЈОН ВО СОСТАВОТ НА ПРВАТА МАКЕДОНСКА НАРОДНО ОСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА , Декември 1985, Скопје.
Тој пишува: „…во егејска Македонија, беше оставерен маршот на единиците на НОБ и ПОЈ на Југославија пролетта 1944 година од Краџова за Караорман во средината на април (токму на ден Велигден). Една воена единица на македонските партизани со Главниот штаб беше одседната во селото Бапчор Костурско. Од истите борци беше организиран митинг на кој говореше преставникот на штабот жоре Белковски. Тој, во својот говор истакна дека со оглед на двоумењето на македонските селани од овој крај да стапуваат во редовите на ЕЛАС, тие можат да доаѓаат во единиците на НОБ и пој на Југославија во вардарска Македонија. Таквиот став веројатно беше продиктиран од оценката дека Македонците од Егејска Македонија со недоверба гледале во грчкото движење и не сакаат да стапуваат во неговите редови. Таквиот став кај Македонците од Егејска Македонија да можат да стапуваат во 8 Наум Пејов, роден е во селото Габреш, Костурско, во 1919 година. Член беше на КПГ од пред војната. Во 1939 година е уапсен од грчката полиција.
Во НОВ е од 1941 година. Командант е на партизанскиот македонски одред „Лазо трповски“. Член е на окруниот комитет на СНОФ за Костурско. Ја раководи групата борци што ги напуштија воените редови на ЕЛАС и преминаа во Вардарска Македонија во мај 1944 година. Заменик командант е на Првата егејска бригада. По војната зазема разни високи политички и државни функции во СР Македонија.
редовите на НОб и ПОЈ предизвика живо интересирање. По ова објава, веќе неколку селани од селото Трсје леринско, веднаш доброволно им се приклучија на овие единици.
На споменатиот митинг во селото Бапчор, со писмо од Анести Пановски бев поканет да присуствувам и јас Наум Пејов, тогашен секретар на организацијата СНОФ за Костурско. На тој митинг беа преставници ЕЛАС од одредот на Вичо, а преведувач на грчки, беше Анести Паносвски. Кога Грците дознаа, тие тоа го примија со големо незадоволство и бараа начин, тоа под итно да се спречи.
...По завршувањето на митингот Јас (Наум Пејов) се сретнав со преставниците на Главниотштаб и поширокото раководство на Главниоштаб Киро Гергиевски - Дејан и посакав да разговарам за мотивите на тој став на НОВ и ПОЈ на Југославија и особено да прашам: дали тоа важи и за активните припадници на македоските борци од редовите на ЕЛАС. Ми беше нагласено од Дејан... „дека тоа првенствено важи за нови борци кои сакаат да учествуваат во антифашистичките војски, а досега не сакаа да стапуваат во ЕЛАС затоа што немале поверение во грчкоро движење и не го одобрувале грчкиот став по македонското прашање. Целта на оваа акција е да се искористи антифашистичкото расположење на овој народ и да се изврши широка мобилизација на доброволни борци. Но доколку и припадници од редовите на ЕАМ и ЕЛАС посакат да преминат во нашите редови, ние ќе ги примиме”.
...Следниот ден, продолжува Наум Пејов и пишува: на пат за седиштето на СНОФ во селото Крчишта, го сретнав македонските борци од одредот „Лазо Трповски”; Никола шалваринов, Димитар шишковски и Сотир Андоновски и ги запознав со ставот изнесен во селото Бапчор од страна на жоре Велков дека е можно да се приклучат на НОВ и ПОЈ на Југославија. Истиот став го изнесе и пред Лазо Дамовски - Ошенски, Лазо Поп Лазаров и Паскал Митровски. Но тие пројавија двоумење и побара проверка на таквиот став и се согласија дека треба да се појди до Главниот штаб на Македонија во селото шулин - Преспа. За одење во јавката на селото шулин - Преспа заминале со Наум Пејов: Никола ши шковски, Спиро Лазовски, Ристо Јанкуловски, Благој Даскалов и Кича Балева.
Грута откако стигнала во селото шулин, се одржаа потребните разговори со Дејан, атоа беше во првата декада од (4 - 5 мај месец 1944 година) и групата се врати назад. Во шулин остана само Кича Балева (сега: Евдокиај Фотева - Вера), бидејќи се оцени дека на групата и престој многу деликатна задача, каде тербада се дејствува како поединци во строго илегални услови, па да не се изложува како женско на такви услови.
*** За создадената ситуација, комесарот на одредот „Вичо”, Харалабос Хараламбидис - Атанатос во тој период на време поднесе рапорт (со детален опис за одржаниот митинг и за ставот и повикот за мобилизирање на нови и стари партизани од редовите на ЕЛАС) до Главниот штабот на ЕЛАС, за:
„Политиката на српско - македонските партизани на НОВ и ПОЈ на Југославија во април месец на грчка територија: од Караџова - Преспа”. Види: Збирка Егејска Македонија во НОБ 1944/1945 , том 1 стр. 135 - 239.
*** Пејов, понатака објаснува: „…По враќањето од штабот на НОВ и ПОЈ, групата пристигна во Костурско со цел да им пренеси на сите Македонци кои сакаат да ги напуштат единиците на ЕЛАС и да преминат во единиците на НОВ и ПОЈ, во муграта во месноста „Киприеви ореви” кај селото Габреш на 8 мај беа арестовани и разоружани од единиците наЕЛАС: Наум Пејов, Спиро Лазаровски и Никола Шалваринов и спроведени во селото Д’мбени и им било речено дека треба да им се суди како на дезертери за предавство. На 9 мај под стража, групата била префрлена во седиштето на СНОФ во селото Крчишта.
Во Крчишта, биле пречекани од секретарот на окружниот комитет на КПГ, за Костурско Андонис Андонакис - Периклис и други преставници на ЕЛАС. Но, исто така пристигнале и голем број членови на СНОФ и многубројни селани, кои барале да ги ослободат. По долгите консултации, биле условно ослободени, но сега биле под силен надзор од активистите на КПГ и од единиците на ЕЛАС.
Ситуацијата станувала се по неподмнослива, особено кон Македонците кои служеа во редовите на ЕЛАС. Имало и такви реакции, од Еласитите со кои се бараше поново да ги уапсат и обезоружат сите сомнителни Македонци во редовите на ЕЛАС.
Под такви околности на недоверба, Пејов пишува:
„…Кверината на 15 спроти 16 мај 1944 година во селото Поздившта под драматични услови се издвоивме околу 30 -тина борци од одредот „Вичо” и се упативме кон планината Мали - Мади кон Преспа. Бројот на борци нарасна до 80 борци и продолживме до Главниот штаб на Македонија во селото шулин - Преспа. Тука не прими политичкиот комесар на бригадата Наум Наумовски - Борче, се направи план и добивме распоред за во Караорман и таму влеговме во составот на Првата македонско - косовска бригада.
Реакциите од штабот на ЕЛАС и КПГ, беа остри и тие прогласија итна потера по пребегнатите и таквите реакции биле упатени не само до Главниот штаб на Македонија, туку и до Главниот штаб на Југославија и КПЈ и лично до Јосип БРОЗ - Тито.
Со преминувањето на групата борци од редовите на ЕЛАС од Костурско во Караорман, кои и беа вклучени во единиците на НОВ во Вардарска Македонија, се судрија две тактики на две комунистички партии. Комунистичката партија настојува да и бидат вратени „дезертерите” за да бидат „примерно” казнети.
КПЈ, од друга страна, пребегнувањето на групата го сметаше за нивна лична желба и се сложуваше да се најде решение и да се вратат назад во редовите на ЕЛАС и КПГ да го дозволи формирањето на одделни македонски единици во составот на ЕЛАС во Воденско и Леринско - Костурско. Види „Македонците под Грција во борбата против фашизмот 1940 -1944), стр. 168: Во договорот со ЕЛАС и КПГ учествуваа делегати на Врховниот штаб на НОВ и ПО на Јгославија Добривое Радосавлевиќ - Орце, Петре Богдановски - Кочко и други. Тоа се случувало: во Воденско во селото Родиво на 7 јули 1944 година и во селото Поздивишта Костурско на самиот ден Илинден 1944 година, чија цел беше да се зацврстат уште повеќе врските за соработка и солидарност меѓу партизанските единици на Југославија и Грција.
*** По наредба на ПБ при ЦК на КПГ, Бирото на КПГ за Македонија ги задолжило командите на ЕЛАС да формираат, во рамките на својот состав, одделни македонски единици во Воденско, Леринско - Костурско. По наредба на лидерот на КПГ, Г. Сјантос, на 16 јуни 1944 година во с. Родиво се формирал Воденскиот македонски баталјон, а на 2 август 1944 година во с. Поздивишта (Костурско) Леринско - Костурскиот македонски баталјон.
Пребегнатите сега ги чекаше трансфер од Караорман во Костурско - Корештата.
Ете како тоа го опишува Наум Пејов: „…Костурскиот баталјон реши (или им било наредено?) од Караорман да замине за Костурско токму во последните денови од јули 1944 година и требаше директно да оди во селото Поздивишта - Корештата (Сега со баталјонот се врати и Авторот). Но баталјонот реши пред стигне во селото Поздивишта да помине низ селата во Преспа и потоа во селата В’мбел, Косинец и Д’мбени каде одржа и митинзи и го повикуваше народот да стапува во борба против фашистичките окупатори.
Во селото Поздивиште не очекуваше и преставникот на Главниот штаб НОВ и ПО - Југослвија Петре Богдановски -Кочко и преставникот на IX дивизија на ЕЛАС Ренос Михалеас.
Тука тебаше да се разговара и договора со грчките преставници за реорганизација на баталјонот и формирање на нов Леринско -Костурки баталјон. На 2 август (ден Илинден) 1944 година во селото Поздивишта, беше организиран голем митинг и народот се повикуваше да стапува во редовите на овие македонски баталјони, што беше во духот на спогодбата со КПЈ и ПОЈ и ЕЛАС и КПГ.
Имено, и покрај тоа што единицата од Караорман имаше стари комунисти (членови на КПГ), формирањето и командувањето на баталјонот не им беше доверено ним, туку на Козмас Аминдас (грцизиран арнаутин - арванитис) и Илија Димовски - Гоце. Тие едноставно биле деградирани.”
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/secrets-of-the-south-mac/3 on October 29, 2026