Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Macedonians Through the Whirlwind of the "Red" Waste

ВТОРАТА ФАЗА ПРИЗНАВАЊЕ ОД КПГ. ТРЕТАТА ФАЗА - Part 03

By Стојан Кочов · Part 4 of 17 · About 19 minutes

Read in English

*** Уште веднаш по своето создавање, Македонските баталјони добиле задача да пристапат кон ликвидирање на комитските формации. На 21 август 1944 година, Костурскиот баталјон нападнал неколку вооружени комитски села и успеал да разоружа поголем број комити. Кон крајот од август околу 300 комити од Костурско стапиле во Леринско - Костурскиот македонски баталјон, ценејќи дека се борат во македонска војска. Следело разоружување (и невидено братојадство), односно предавање на оружјето од страна на комитите.

За време и по братојадството, следеа обвинувања Македонските екстремни ЕЛАСити им се закануваа: „ќе ве уништиме комитски бугараши. Илинденски кучиња, затоа што сакате Костур и селата да им ги присоедините на Бугарија.“ Комитите бранејќи се им одговараа: „Вие сте андарти - грчки кучиња. Одродени сте од нашиот народ. Уништивте и прекрстивте се што е наше и црква и јазик и имиња и места и ора и песни, се погрчивте. ќе ве колни народот и господ ќе ве казни. ...Ние сме тие и ќе останеме чувари на нашето вековно простмење.“ Македонските умерени ЕЛАСити им одговараа: „Не, ние сме комунисти и овие Грци не се како оние андартите кои колеа и бесеа. Елате со нас. Ние сме македонска војска и се бориме заедно со Грците за доброто на македонскиот и грчкиот народ.” Казната и едните и другите по завршувањето на братојадствот ги стигна. Се откорнаа за навек.

Народот вели: „Тој што не си го сака и почитува своето, тој ќе биде искористен толку пати, колку им е потребен на тугинците!” Иаку македонските баталјони совесно си ја извршиле задачата, на 2 и 3 август 1944 година централните комитети на КПГ и ЕАМ, на барање од советската влада соопштено преку Советската воена мисија во Грција, решиле да го прифатат Либанскиот договор и да учествуваат со свои министри во владата на национално единство предводена од Папандреу. Со овој потег грчкото партиско раководство се откажало од претензијата да ја освој власта со употреба на сила.

Македонските бателјони станале пречка за реализација на оваа политика, бидејќи граѓанските партии што ја составиле владата не го признавале македонското национално малцинство во Грција. Глвниот штаб на ЕЛАС и КПГ, решија да ги расформираат македонските баталјони и повеќето од нив да ги распоредат (прекумандуваат) во длабината на Грција низ единиците на ЕЛАС и со тоа воопшто да не фигурираат македонски воени формации или било какви политички македонски организации. Таа вест Македонците ги вознемири и се создаде паника од разните гласини дека „Грците со тоа сакаат да ги ликвидираат.” Ете накратко, така Македонците беа измамувани по уништувањето на комититеи, односно по организираното братојадство меѓу Македонците.

*** Првата бркотница од ФЕНОМЕНОТ НА НАШАТА ПОДАНИЧКА СВСТ ( приклонување кон КПГ или КПЈ)

интересен е и податокот дека токму во таквиот расцеп се одвиваа сите тогашни парадокси. И едните и другите тврдеа дека се големи патриоти. Анализирајќи го феноменот на нашата поданичка свест, беа најдобри „Патриоти”, за кои сите други беа предавници и такви во СНОФ, НОФ, АФЖ, НОМС, КОЕМ, Илинден и целокупното македонското движење ги имаше како плевел. Тие беа патриоти по професија, за секое ура очекуваа награда, сеедно дали од Главните штабови или од Партијата, во спротивно тие би биле предавници.

Се покажа дека секоја идеологија без исклучок води до насилие на мислата и сега таквата идеолшка интимност и двојните стандарди на душогризниците, Македонците ги правеа со различни визии, со различни копнежи за завземање на некаков положај. Се разбира дека ги очекуваше во секоја нова партија - нов свет, помалку ред и поверење. Но, тоа преставуваше голема работа да се пренасочи и да се доведе својот народ во заблуда и да ја очекува од тугинците националната слобода.

НАРЕДБИТЕ НЕ ТУЖИТЕ БОГОВИ (Чепкање по воените архиви. Види: „Егејска македонија во НОВ септември 1944 - февруари 1945. Том 4 книга 3, 1996 година, стр. 173 и 1. 74)

Преглед на настани:

4 октовмри 1944 година Радиограма од Светозар Вукмановиќ - Темпо до ВШ на НОБ и ПОЈ за неправилниот став и однос на грчкото раководство на отпорот спрема Македонците од егејскиот дел на Македонија.

Радиограма бр. 35.

Грците повторно настојуваат да ги разбијат Македонците во Грција. Им забрануваат и со оружје им пречат да мобилизираат нови борци во македонските единици. Сменија Македонци од раководни места и поставија Грци. Апсат раководители, убиваат невини луѓе, забрануваат песни за Тито и други наши песни.

Ги советуваме Македонците да преминат кај нас (Југославија) и да не дозволат да ги разбијат и да ги апсат. Ќе примиме и некои раководни другари, авторитетни Македонци и ќе формираме делегација со доказен материјал за Гш на Македонија.

Темпо.

5 октомври 1944 година.

Радиограма од Александар Ранковиќ до Светозар - Темпо со која наредува да не праќаат единици на НОВ и ПОЈ на Југославија во Егејска Македонија.

Радиограма бр. 3.

За сега да не праќате единици во Грција. Доставете конкретни податоци за да вложиме протест кај претставникот на Грција (Преставник на ГШ на ЕЛАС и на ПЕЕА во Вш на НОВ на Југославија беше Андреас Џимас.)

6 октомври 1944 година.

Радиограма од Светозар Вукмановиќ - Темпо до ВШ на НОВ и ПОЈ, со која известува за репресиите на ЕЛАС врз Македонците од егејскиот дел на Македонија.

Радиграма бр. 43.

Поради тоа што повторно започна масовен терор на грчките партизани врз македонските единици во Грција, го проучивме прашањето за испраќање на наши единци во Грција со цел да се борат против Германците и заради заштита на нашето население.

Темпо.

*** Едно утро радио Лондон, емитуваш извештај од капетан Еванс, Хачисон Патрик. Написот беше посветен на македонското ослободително движење во областа на Флорина и Касторија, и забележува:

“Во октомври 1944 година на ГОЧЕ (Илија Димовски) како КАПЕТАНИОС и практично командант на Вториот баталјон на ЕЛАС- овиот 28 полк, му беше наредено од ЕЛАС да замине за ВЕРМИОН (Дурла), тој одговорил „не”, ние сме МАКЕДОНЦИ и нашето место е во МАКЕДОНИЈА, но тој, јас верувам дека Вермион е помалку СЛОВЕНСКИ отколку областа ВИЧО, каде ГОЧЕВИОТ баталјон тогаш беше стациониран и каде тој прво го пополни него и родното место на ГОЧЕ е ВИЧО. Тој тогаш се побуни и замина за ПРЕСПА, подоцна за МОНАСТИР (Битола) и неговиот баталјот беше со него.

На овој баталјон му се придружи и командантот на одредот „Лазо Трповски” Чакаларо (Наум Пејов), тој со оружје заробено од Германците се бори против андартите, се изјасни дека неговата цел е независна МАКЕДОНИЈА, а не голема БУГАРИЈА. Имаше и веројатно има големо влијание на селата во близината на неговото село Габреш. Неговата чета беше нападната и растурена од единиците на ЕЛАС во средината на летото.

Се истакнува дека ПЕЈОВ бил комунист од пред војната, но тој бил разочаран од односот на КПГ и ЕЛАС спрема Македонското прашање. Тој уште во мај со група свои соборци заминал за ПРЕСПА во ГШ на НОВ и МОМ во селото шулин со цел да праша дали можат сите Македонци што се во редовите на ЕЛАС да поминат во редовите на Титовата армија. ДЕЈАН го примил и му дал засолниште, но осрто бил прекорен од ТИТО.

ПЕЈО беше вратен назад од Титовите партизани, некои велат лично од ТИТО, во ЕЛАС кој го прати под амнестија во баталјонот на ГОЧЕ. Кога ГОЧЕ се побуни во октомври ПЕЈОВ му се придружи се до МАНАСТИРИ (Битола) и го подржа во сите акции.

На 17 октомври 1944 година”.

Кога дознал капетан Маркос, со старата омраза кон Македонците; се намршти и ги повикал сите штабови веднаш да донесат решение и да испратат елитни единци за прогонување и фаќање.

Тој рекол: „Сега… Јас би ги гонел како тоа го правам и со Германците. Тоа е многу сериозно прашање. Тие можат да се разбунтуваат во нашите редови и ние ќе понесеме големи загуби…” Во историјата на македонскиот народ, том петти стр. 483, се вели: „Четвртата дивизија решила да употреби воена сила за ликвидирање на баталјонот, во што ги ангажирала 27, 28и 53 полк на ЕЛАС и месниот резевен ЕЛАС. Пред големата надмоќ на ЕЛАС и да се избегна крвопролевањето, на 12 октомври 1944 година баталјонот ја напуштил територијата на Егејска македонија и се префрлил во Вардаска Македонија. Истиот ден и од истите причини тоа го сторил и Воденскиот 9 македонски баталјон. Вкупниот број на борците Македонци што се одделиле од ЕЛАС и се прафрлиле во другиот дел на Македонија изнесувал околу 2. 250”.

Според извори на КПГ, во редовите на активниот и Резервниот ЕЛАС се бореа повеќе од 25. 000 Македонци и Македонки.

Види: Ристо Кирјазовски „КПГ и македонското национално прашање”, стр. 347.

Расцеп и сите мекедонски парадокси.

Во тој период на време настана една страшна подела на македонските комунисти во Егејска Македонија, а таа подела се одрази и во Граѓанската војна. Тие комунисти кои останаа во редовите на КПГ беа и останаа да ја подржуват линијата на Партијата која гарантираше: „полна рамноправност на македонците во рамките на Грција.” Сега низ историјата нив ги стретнуваме како „изроди” и гркомани (како што ги именува и 9 По ова што се случи во костурско и леринско, на 10 октомври 1944 година, во Саракиново пристигна емисарот на Темпо, Рочко од Ваташа. Барал баталјонот да се стави под команда на Главниот Штаб на НОВ и ПО на Југославија. Види: Павле Раковски, Автобиографија - моите страдања, издавач АЕА, Скопје, 1995.

авторот на книгата), а тие што пребегаа со баталјоните во Титовата армиаја како „дезетери” и покасно во Граѓанската војна беа наречени „Титови агенти” и осудени од КПГ. Се се сведува на македонска работа. Но, во тој расцеп се одвиваа сите македонски парадокси. и токму тука, на тие ралации треба да се истражува ФЕНОМЕНОТ НА НАШАТА ПОДАНИЧКАТА СВЕСТ.

Сега со различни визии (за војна и безвојна - како мал и духовно необединет народ) и со различни копнежи.

Контролиран процес, условуван, преиспитуван од корен. Мачно докажување од сите: кој од кого повеќе ја сака Македонија и Македонците. И сосем различно сфаќанија за иднината и опстанокот Македонците под Грција на своите многувековни прадедови огништа И со различна љубов и омраза се топоревме врз судбина на Македонија и Македонците под Грција.

*** Раковски во својата книга„ КП НА ГРЦИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ” стр. 108 потрдува:

„Македонските единици на ЕЛАС беа прифатени од КПМ/КПЈ.

Фактички македонското Народноослободително движење (НОД) од овој дел на Македонија мина под раководството на КПМ/КПЈ. Се конституира ПОЛИТИЧКАТА КОМИСИЈА ЗА ЕГЕЈСКАМАКЕДОНИЈА. Се формира „ПРВАТА ЕГЕЈСКА УДАРНА БРИГАДА” 10 Се наметнува прашањето: дали со тоа поверувавме дека конечно и Македонецот ќе се почувствува достоинствено, ќе почне да ги остварува своите сониште за конечната победа на Егејска Македононија? Но, се до ден - денес никој не даде 10 Во слободна Битола на 18 ноември 1944 година беше формирана „Првата егејска бригада“, од борците на двата пребегнати баталјони. На 28 декември 1944 година беше распоредна во Западна Македонија: Кичево, Гостивар и Тетово, со задача да се борри против балистичките банди на Џемо и Мефаил кои биле формирани уште за време на италјанско - германската окупација.

Со специјална наредба под број 236 (строго доверлива) од марша лот Тито, на 2 април 1945 година побара расформирање на „Првата егејска бригада“ оцена: Каква национална и историска улога одигра фармирањето на Егејската бригата во Битола?

Со формирањето на Политичката комисија (на чии работни состаноци претседаваше преставник на ЦК на КПМ (раководеа Пекар и Минчев), како и на Првата егејска ударна бругада, македонскот националноослободително движење од егејскиот дел на македонија поминало под раководството на Комунистистичка партија на Југославија (КПЈ), каде што се организираа во бригада во составот на НОВ и ПО на Македонија - Југославенската народна армија (ЈНА).

Односно: „Македонските единици на ЕЛАС беа прифатени од КПМ/КПЈ. Фактички, НОД (националноослободителното движење) од овој дел на Македонија мина под раководството на КПМ/КПЈ”.

Значи, во ваквиот еволутивен историски процес, се роди и македонското движење со пројугословенска ориентација и го официјализира ставот: “Обединета и независна Македонија НЕ!

Туку обединување и на другите делови на Македонија (Пиринска и Егејска Македонија) во рамките на Југоцславија (кон мајката земја)”.

Значи, Вардарскиот дел да се прогласи за „Пиемонт„ на обединувањето во составот на СФРЈ. Таквиот став покасно го става во програмата и НОФ (организирана и оформена 1945 година од КПМ/КПЈ) и се вели: „Организирање на борбата на македонскиот народ за премостување на вештачкиот јаз помеѓу Македонците од сите делови на Македонија, а особено со Македонците од НР Македонија којшто претставува „Пиемонт„ за целосно ослободување и обединување на македонскиот народ”.

Основна суштина на тие цели била: тесно повржување народноослободителното движење во вардарскиот дел на Македонија со ослободителната борба на другите народи на југословенскиот простор. Но треба да се има предвид и политиката на КПЈ, која имала огромно влијание на македонските комунисти во Вардарскиот дел на Македонија.

Значи, ставот на ЦК на КПЈ настојувал тежиштето на националноослободителната борба да го канализира во заедничка борба со сите југословенски народи.

Официјалниот став на Југославија На средбата со грчката партиска делегација во Белград, предводена од членот на ПБ на ЦК на КПГ Анастасијадис, одржана на 12 ноември 1944 година, Јосип Броз - Тито рекол дека прашањето за обединување на егејскиот дел на Македонија со другите делови на Македонија не треба да се поставува и дека Југославија нема ништо заедничко со тоа. Главна задача на во моментот била да победи НОД во Грција. Види: „Историја на македонскиот народ”, том петти, стр. 482.

Понатаму се вели: Со поразот на ЕЛАС и по договорот во Варкиза на 12 февруари 1945 година, се создала нова ситуација во Грција и во егејскиот дел на Македонија. Анастасијадис, барал расформирање на Првата егејска ударна бригада, а тоа било сторено со наредба број на Гш на НОВ на Македонија донесена на 2 април 1945 година. Види: исто на стр. 483.

Не знам зошто, авторот Евдокија Фотева - Вера тоа прашање не го објаснува, дали цени дека не е од битно историско и политичко значење?

Зарем ова нели е колективен и масовен измамнички чекор кон ФЕНОМЕНОТ НА ПОДАНИЧКАТА СВЕТ?!

Се потсетувам на една стара народна приказна во која се вели:

„Земјата не му припаѓа никому, туку ние и припаѓаме нејзе.” Треба ли многу разум за да се разбере длабоката филозофија на оваа приказна. Знам, од полувековното искуство, ако човек ја напушти својата земја, тој веќе не и припаѓа нејзе.

Ставот на ЕЛАС и КПГ 11 11 Партискиот весник „Лаики фони” објавувајќи го фамозното интервју на Бакерyис му соопштува на светот дека се работи за “булгарофони Елини”, а врховниот командант на ЕЛАС, генерал Стефанос Сарафис, во својата

“На 16 октомври 1944 година, со наредба (потпишана од командантите на ЕЛАС: Еврипидис Бакирџис и Маркос Вафијадис) до армиските единици на ЕЛАС во Македонија и се однесуваше главно за уништување на германските армиски единици кои отстапуваа од југот на Грција, но се даваа и наредби за уништување на “Славомакедонските” баталјони кои имаа пребегано во Југославија. Тоа беше и ставот на КПГ. Тоа покажува дека во тој периот Маркос не беше “Титоист” и не ги симпатизираше идеите за Обединета Македонија, во рамите на една обединета Балканска федерација (Види: „Студиес ин тхе хисторѕ оф тхе Греек Цивил Њар, 1945 - 1949, едитед бѕ Л.

Баерентзен, ј. О Смитх, „Мусеум Тусцуланум Пресќ”, Цопенхаген 1987.

позната книга “О ЕЛАС”(1946, 331), за Македонците зборува како за “славофони Елини”. и уште нешто што треба да се знае: Грција, по балканските војни со Нејскиот 14 (27. 11. 1919) со Бугарија и во 1923 во Лозана (Шајцарија) мировен договор со Турција направи етнички промени со т. н. задолжителна размена на населението. Македонскиот народ веќе го имаше изгубено етничко-територијалниот статус. Грција, и во Втората светска војна ова прашање го елиминира кога командантот на ЕЛАС, ЕАМ и КПГ ги потпишаа догорите (во Либан 16. 07. 1943, Казерта 26. 09 1944, Варкиза 12. 02. 1945) со англискиот полковникот Еди Мајерс и со тоа Грција ја доби заштитата на териториалниот интегритетот на државата со границите- СТАТУС КВО. Понатамошниот развој на настаните покажаа нова БАЛКАНСКА ЗАБЛУДА (1945-1949), пак дело на КПГ и КПЈ и тие не турнаа во хаосот, во македонски нихилизам, грешки, поданство и реки крв и со губение на огништето - рамен на национален пораз. Сите овие демагози кои беа за “вистинитоста” на паролата за Обединета Макединија, беа свесни на лагата со која се служеа. Тие официјално остануваа на ставот дека македонското прашање е закана за мирот на Балканот. Но, за нас Макеонците, неоспорно беше дека ни остануваше само историското неприкосновено право на татковата земја, оти немаше смисла да се живее без идентитет, но дали под тугинската измама требаше токму така да се само жртвуваме?!

Впрочем, органот на ЦК КПГ, двонеделното тогаш списание КОМЕП број 16 од август 1943 година, убаво објаснува: “Во грчка Македонија нема национална испомешаност… Словенското и турското население се иселеми согласно конвенциите, а грчкото население е собрано од сите земји на Балканот и од Мала Азија во грчка Македонија… која станала толку грчка колку и секоја област на стара Грција!” (с, 331. ), а ние и денденес сме грлести па дури и во историјата и велиме дека тие ни беа најверните сојузници. Со право вели народот: „Од умот си страдаме!” Во преводот е на грчки.

Секој прогонет се прашува:

Зошто ЕЛАС посака да ги ликвидира македонските баталјони, како што сакаше тоа да го стори со германската армија, а сега откај таа гаранција ја имавме од генерал Маркос, кога тој лично ја потпиша горната наредба па сега НОФ и АФЖ влегува во заедничка борба во годините на (1946-1949)?!

На 16 јули 1943 година Командантот на ЕЛАС Сарафис и шефот на англиската воена мисија, полковникот Еди Мајерс, потпишаа заедничка декларација со која ЕЛАС се признава како сојузничка армија и се потчинува на командата за Блискиот Исток. Но, да видиме како се одвиваа работите. На 31 октомври 1944 година поголема група англиски војници со оклопни возила влегоа во Солун пред ЕЛАСИТИТЕ. ЗОШТО?

Три дена подоцна лондонската радио-станица на ББС објави вест дека британските трупи го слободија Солун. На 12 февруари 1945 година во Варкиза одморалиште близу до Атина, беше потпишан договор меѓу раководителите на КПГ и ЕАМ од една страна, а од друга-ладата на Пластирас и британскиот генерал Скоби. Со тој договор ЕАМ и ЕЛАС, практично, и ја предаде власта на десницата. Тоа беше крајниот резултат на ЕЛАСИТИТЕ.

Но, да видиме каква е оценката, дадена во резолуцијата на ПЕ на ЦК на КПГ од 15.11.1948 година и зошто таму баш така се вели: “Дека Маркос Вафијадис, како комесар на групата дивизии на ЕЛАС во Македонија, следел шовинистичка политика спрема Славомакедонските борци.” (Види: Сп. “неос космос” август 1950, “Десет години борба” стр.470). Но, зошто толку доцна тоа го вели овој орган, кога Маркос беше веќе отстранет, а Македонците им требаа за војници во Граѓанската војна.

Но голема работа е да се доведе својот народ во заблуда и да ја очекува од тугинците националната слобода, а македонското раководство да води јалови расправи за македонското прашање со локалните грчки раководители во Костур, Лерин и Воден, кои беа делегирани од КПГ и ЕАМ.

До сега, никој од авторите (Митревски, Раковски, вклучително и авторот на оваа книга Евдокија Фотева - Вера и други), кои најмногу буричкале во судбините на Македонците под Грција, не го објасниле прашањето:

Која му беше целта на Темпо што ги повикал баталјоните (Костурскиот, Леринскиот и Воденскиот) во Југославија!?

Дали со тоа беше исполнето барањето на владата на Папандреју во Каиро која бараше од КПГ и ЕЛАС, конкретно од секретарот на КПГ - СЈАНТОС:

„Да се ликвидираат сите негрчки (славофонски) политички организации и воени формации во северна Грција. Историска грешка на Грците и грчката држава ќе биде, ако и славофонските формации учествуваат во ослободувањето на градовите: Касторија, Флорина, Едеса и другите територии што сега се окупирани од Германците и Италјаните.”

*** Какво историско значење македонската историја му дава на пребегнувањето на батаљоните и формирањето на првата народно ослободителна ударна бригада на Македонците од Грција во Битола?

Да го проследиме говорот од прославувањето на 61 годишнината на оваа ударна бригада и да ја слушнеме вистинската врвна причинина и денешните оправдувања за нивното бегство. Во месечниот весник „ГЛАС НА ЕГЕЈЦИТЕ”, година 2, бр 4, декември 2005. Пишува:

„...Иаку македонските борци во Втората светска војна (1939 -

1945) се бореа во редовите на прогресивните сили на Р. Грција против странските окупатори, раководството на КПГ не дозволи исцело да се развие македонското движење во егејскиот крај. Таа со недозволувањето да се формираа посебни одреди во состав со грчките ослободителни еденици во околиита каде што живееше компактно македонско население, всушност покажа дека не сакаше целосно да се мобилизираат Македонците во борбата против окупаторите. Водејќи лујава (итро смислена) политика КПГ уште во зачетокот го елиминираше разгорувањето на македонските борбени единици. И покрај постигнувањето големи успеси на одредот предводен од Илија ДИМОВ - Гоче, истиот по наредба на грчките воени и политички структури беше прекумандуван да делува во внатрешноста на Грција. Од тие причини одредот премина да делува на територијата на Вардарска македонија.

Тука поточно во Битола под наредба број 1 од 18 ноември 1944 година со групирање на Костурскиот, леринскиот и Воденскиот батаљон, на тешкото оружје, беше формирана Првата народно ослободителна ударна бригада. Оваа бригада беше ангажирана во борбени активности за ослободување на западниот дел на Вардарска Македонија, и тоа претежно во тетовскиот, гостиварскиот, дебарскиот и кичевскиот крај...” Сепак, останува прашањето: Дали овие Македонци требаше да бидат претпазливи и да работат на прогресот на својот народ, токму на исконското татково место, внатре во Грција? Што значи, со напуштањето просторот на Егејска Македонија на двата батаљони, напуштен е вековниот стремеж за соопствено парче земја. Ние Македонците под Грција требаше да имаме сфатено дека бевме во Грција и таму ни беше коренот.

Како заклучок: Трајните револуционерни вредност секогаш се актуелни, но дали ние Македонците со напуштањето на својата земја оставивме такви историски вредности? Дали со таквото бегство го поставивме или посакувавме да го решиме македонското прашање, внатре во Грција? Имаше ли визија ударната бригада каде оди и зошто го остави зад себе својот народ?

Така што, на сите тие прашања (во полавековното празнување)

се става акцент што не им припаѓа никаква историска почит.

Зошто? Затоа што тоа не натера: неминовно да се движеме во светот на противоречностите повеќе од полована век.

Ако беспристрасно се размисли добро за бекството на батаљоните, зарем тоа не беше првиот политички егзодус на Македонците организирано да ја напуштиме својата земја? И најмногу му годеше на Грците!? Тоа е јасно како бел ден, иаку никогаш тоа во историјата остана недоречено. Оти, токму од тогаш тркалото на судбината на Македонците се сврти и чиниш се до Граѓанската војна се тркала како да полуде!? Тогаш, тие луѓе отишле во Титовата армија, отидоа во друга држава и таму да се борат за интересите на југословенската држава и сите тие довчерашни заклетви спрема КПГ, сега за нив во Титовата армија, немаа никаква историска или револуционерна вредност.

Тие Македонци (во Граѓанската војна) беа означени: како луѓе инструментализирани од југословените и сите тие сториле „предавство” и за интереси преминале во друга партија и држава. Ваквата одредница сама посебе отвараше и низ целата историја отвара многу прашања…

Значи, ние Македонците под Грција, сега имавме нова историска подела не само помеѓу македонските комунисти, туку и во народот.