Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Macedonians Through the Whirlwind of the "Red" Waste

КАДРОВИТЕ НА НОФ И АФЖ ПО НАЛОГ НА ЗАХАРИЈАДИС ДА СЕ РЕГРУТИРААТ ВО БОРБЕНИТЕ - Part 02

By Стојан Кочов · Part 14 of 17 · About 19 minutes

Read in English

Таквата духовна подела и негрижа за интегрално гледање на македонската судбина (низ матичната историја, литература, едукацијата и високите институции на Република Македонија), се покажа многу експлицитно низ историјата на минатиот век, па и се до ден-денес е таквото индифирентно гледање на судбината на Македонецот.

Аргументите што се истражувани во оваа студија, не се во прилог на напишаната историја за: “Егејците”. Тие сугерираат сосема поинаков критички однос кон историските настани, а не лицемерно однесување самите кон себе, затварајќи ги очите пред сопствената судбина. Нашата судбина е наша судбина и моравма да ја земеме во сопствени раце. Оти сурово е кога ако луѓето не сакаат сами да господараат со својата судбина, тогаш како што вели и нашиот народ: судбината загосподарува со нив.

Ова мора јасно да се каже барем по 50 години, оти со години тугинците не влечеа за нос. Аргументите говорат, дека навистина тоа се случи со нас Македонците под Грција.

Конфликтите по меѓу овие завојувани страни, исклучиво беа класните (но и немногу јсните, токму во таа насока, ставови на луѓето од врвот на КПГ: Маркос и Захаријадис, но на КПМ/КПЈ) и идеолошките прашања за уредување на грчкото општество т, е комунистите наводно водеа борба за социјализам, односно за глобалниот проект:

Советизација на Балканот. Но, во овој период на време од исклучителна важност е и улогата на организацијата НОФ и АФЖ, кои и служеја верно на комунистичката партија на Грција (спрема препораките на КПЈ), а таквата препорачлива приврзаност, КПГ ја искористи по “комунистически” до максимум и преку ова организација, успеа да го организира и мобилизира Македонецот во ова Граѓанска војна, а по ликвидацијата на ДАГ да замине заедно со соборец-Грк, надвор од Грција од своето родно место (по поранешните социјалистички републики и СССР), но Македонецот рамноправен борец во ДАГ и многу од Македонците, дури и членови на КПГ, со билет во еден правец. Грците со исти гревови: борба за социјализам во Грција, ем големи комунисти, се вратија во своите огништа, само затоа што им беше обезбеден повратен билет. Тоа е факт, се друго е во сферата на шпекулации, дилеми, небулози и фантазмагории.

Секој разумен човек, си го поставува прашањето:Какви последици имаше формирањето на НОФ 23 и АФЖ кај Македонците под Грција. Ако се знае дека еден дел Македонците под Грција, сега под влијание на македонската држава што се создаде во рамките на Југославија и на нејзиното раководство, (КПМ/КПЈ), се спротистави на ставот и практиката на КПГ спрема македонскотот прашање, се одделија од неа и побараа да им признае правото на самоопределување, а друг дел продолжи да го следи ставот на грчките комунисти за македонското прашање кој на Македонците им ги признаваше малцинските права во рамките на грчката држава. Со тоа Мекдонците се поделија на два табора: со КПГ и со КПМ/КПЈ и како крајна стратешка цел (во неа на мошне успешен начин беа обмислени и исконтруирани формите и содржините преку кои тие добиваа и соодветна конкретизација во практиката токму на тлото на Македонија под Грција) на тугинците им беше да го натераат НОФ со почетокот се повеќе да располага со судбината на Макеонците под Грција, а потоа да ги распоредуваат и регрутираат како што сакаат.

А пак, колку овие поглавија се со исполитизирани термини, тоа навистина е едно посебно и многу сериозно прашање во македонската историја. Например: “Македонското биро на КПГ”, а тоа е -Биро за областа Македонија под Грција. Па следат омилените атрибути: Егејци, Крвава епопеја на Егејците, Беломорци, четници и. т. н., а најверојатно е со единствена цел да направи полесен пробив во колективната свест, но очигледно е дека во овој труд преовладува перфидна жонглерска таткика-23 На 23.04.1945 година, во Скопје, во просториите на ЦК на КПМ, формирана е организацијата НОФ (Народно Ослободителен Фронт) на Македонците под Грција. Во составот на оваа организација се формирани АФЖ и НОМС. Од формирањето се до т.н “Братство и единство” помеѓу НОФ и КПГ, НОФ дејствуваше спрема директивите на КПМ/КПЈ, а по тоа помина под команда на КПГ се до ликвидацијата на ДАГ и нејзиното расформирање, а нејзиното раководство, беше интернирано во логорите на Сибир.

историска дивоградба, која зборува од (со) идеолошка пизма.

Но во друга прилика за таките проблеми, оти тоа навистина за странците преставува-анатомија на магла, а не историја на македонската нација.

Но, на овој овтор, најголем проблем му се фактите. Во оваа книга, токму фактите противречат на тоа што го пишува.

Фактите говорат, дека не сме браниле татковина со автоктон ум- македонски, туку со туѓо идеолошко проклетство и доказите се тука-недоброј. Видливи со голо око. Но семоќниот историограф-Кирјазовски не сака да се повини, туку се уште пишува утешни илузии и ја отфрла вистината. Посакува да остане чувар на државните тајни и фактите да ги прилагодува спрема дневната политика.

Значи, нешто кај овој автор полавек, појде наопаку се што напиша и пишува е ништо друго, туку конвенционална историја-нарачана. Алките што недостигаат и во овој историски опис “Македонското национално прашање и Граѓанската војна”, се искривоколчени фактите и аргунетацијата за целиот тој период на време (Граѓанската војна 1945-1949), а со тоа пак, не ги согледува национално политичките импликации од робувањето на НОФ кон КПЈ и КПГ, оти таа војна за нас Македонците под Грција е без никаков реален мотив за што се дадоа 20. 000 жртви и доживеаме тотален национален пораз.

Секој паталец од Македонија под Грција, пола век си го поставува прашањето: зошто историските факти никогаш не пристигнуваат до читателот „чисти”, туку тие секогаш се прекршуваат низ поданичката свест на овој историограф и посакува од нас да направи полавековни заробеници. До кога и која е смислата на молчењето, а истовремено ќе им се заблагодаруваме на КПГ и КПЈ, за тоа што не исподелија и не оставија по светот.

Ќе се објасни ли еднаш: Дали Граѓанската војна била револуција (продолжување на илинденските традиции) или па дури и се уште се поставува прашањето: „Дали можеше Македонија да се обедини?” - како што се сретнува таквата оцена во официјалната историографија или сето тоа е замаглување на историјата за измамата за Македонците под Грција?

Види: Книгата “Македонците и односите на КПЈ и КПГ (1945-19490, од 1995 година.

“На 23 април 1945 година, кога се уште не беше завршена Втората светска војна, а во Грција пак, десницата, со помош на Велика Британија ја спроведуваше својата власт, применувајќи остри репресивни мерки против движењето на отпорот, во егејскиот дел на Македонија, надвор и независно од КПГ и, спротивно на нејзината политика, стратегија и тактика, се појавија организации на КПМ, СКОЈ, НОФ, а во состав на НОФ и масовните политички организации НОМС и АФЖ.

Едновремено НОФ организира и свои вооружени еденици, кои развија герилска борба. Организатор на тие активности беше КПМ. Со овој чин, македонскот национално-ослободително движење во егејскиот дел на Македонија се институционализира. Целта на организацијата НОФ, која застана на чело на македонскот ослободително движење беше, со примена на сите форми на борба, да се бори за самоопределување и обединување на македонскиот народ. “, Стр. 10.

Исто. Види: книга “Правната дискриминација на големо- грчката политика во егејскиот дел на Македонија по втората светска војнае, Скопје, 1996 година:

“НОФ и другите наведени организации од нивното формирање до ноември 1946 година се раководеа од КПЈ-КПМ.”, стр. 181.

Види книгата:народноослободителниот фронт и другите организации на Македонците од Егејска Македонија (1945-1949), издавач „Култура”, Скопје 1985 година. Авторот вели:

“Првиот конгрес на НОФ (13 јануари 1948 година) претставува најсветла етапа во македонската поилинденската историја.

Раководството на НОФ, и покрај лошото искуство од минатото и разните појави на неискреност и опуртунизам на раководството на КПГ, стоејќи на интернационални позиции и со искрена намера да помогне во развитокот на грчкото движење, се согласува три четвртини од Македонците партизани да се борат во редовите на ДАГ јужно од Олимп, односно во сите краишта во Грција. Понатаму, за да се зајакне грчкото младинско движење, да се расформира македонската младинска организација НОМС и нејзините членови да се зачленат во грчката младинска организација ЕПОН, а за да може да егзистира, односно опстане Земјоделската партија на Грција, НОФ им поставува задача на своите членови да влезат во нејзините редовие. И уште еден мотив: дислоцирањето на македонските единици во длабината наГрција за превентива, да не се повтори случајот од 1944 година, кога мекедонските баталјони се одделија од ЕЛАС. Стр. 213.

Понатака вели: “Народноослободителниот фронт (НОФ) се појави како сенародно антифашистичко движење на македонскиот народ внатре, во условите на отворена интервенција на англо-американските империјалисти во внетрешните работи на нашата земја (сега не Македонија, туку Грција м. з) и варваскиот напад на монархофашистите против демократските сили во земјата, а особено против македонскиот народ”.

Ете, така не информира овој автор. Но, целиот учен свет се прашува: зашто зборува овој автор, за револуција или за измама? За какво македонско прашање по Втората светска војна? Тоа ни покажува дека овој автор не ја познава глобализацијата на светската идеологија и не сака да признае дека НОФ и АФЖ се најдоа во менгемето на КПГ и КПЈ и чекореа преку тенка нишка (токму по моделот на идеологизацијата е спроведен во практиката по Втората светска војна во Македонија под Грција), туку авторот го прикажува како воено политички фактор во Граѓанската војана и со тоа ги потхранува идеолошките активисти.

Ставот на СССР КАКОВ БЕШЕ СТАВОТ НА СССР ПО ПРАШАЊЕТО ЗА СОЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА ВО МАРТ 1949 ГОДИНА?

На 8 март 1949, Советскиот ополномоштен во Грција Чернишов телефонира во Москва, дека грчката реакција употребува невидена агресивна и активна пропаганда против Комунистичката Партија и андартското движење (ДАГ) за „македонското прашање” за кое станува збор, односно за донесените решенија на 5 -от Пленум на ЦК на КПГ и на 2 Конгрес на Народниот Ослободителен Фронт на Македонците.

Основната акција на пропагандата е насочена кон дејанијата на Комунистичката Партија и Андартите (ДАГ), кои наводно биле склони кон рушење на суверенитетот на Грција, односно кон целовитиот простор на дражавата. “Ставот по ова прашање за обединување на Македонија во овој момент”, продолжува Чернишов, “...Таквата пропаганда на владата Атина и дава повод да изврши регрутирање и пренесување на владините трупи со висока воена готовност кон овие делови што ги контролираат андартите (ДАГ). Грчкиот народ кон ова прашање за целовитоста на грчкиот просторен суверенитет има посебна чувствителност, но истата грижа се јавува и кај луѓето што сега живеат во градовите, а се симпатизери на комунистите и на андартите (ДАГ). Конкретно се очекува да се свика конгресот на Народно Ослободителниот Фронт на Македонците (НОФ), што е одреден да се одржи на 10 март во слободните територии кои се наоѓаат под ДАГ. По тој повод, државниот печат на англоамериканската лига и изјавува со провокативни намери дека Конгресот ќе се определи за припојување на грчка Македонија во една заедничка држава со бугарската и југословенската Македонија и дека Комунистичката партија на Грција “прави предавство на грчка Македонија”.

Согласно информациите што Чернишов (за ставот на СССР 24 )

ги доби од Москва, на организаторите на Конгресот им се 24 Политиката на Советскиот Сојуз спрема македонското прашање, беше во функција на глобалната политика и стратегија воопшто и спрема Грција посебно. Сталин, македонското прашање, како и односот на Англичаните, Американците и Грците спрема Македонците под Грција, го користеше како покритие за својата политика што ја спроведуваше во земјите кои паднаа укажува дека таквата намера е непромислена за да на Конгресот стане збор за такво прашање, па дури и за иднината на македонскиот народ во рамките на некаква Балканска Федерација. Но, им се препорачува дека делегатите на Конгресот треба да се свртат кон ориентацијата на населението во грчка Македонија да се ориентираат во борба против монархофашистичкото општество во Грција и да се борат за создавање на една слободна и демократска Грција”.

КРАЈ НА ВОЈНАТА - ЕГЕЈСКИОТ ПРОБЛЕН РЕШЕТЕ ГО СО ТРАНСФЕР НА МАЛЦИНСТВАТА!

Граѓанската војна национална икатастрофа за Македонците:

Остави крај на стравотните последици од неа, со илјадници човечки жртви, повеќе илјади осакатени и инвалидизирани лица, безброј растурени семејства. Изгубено за навек многувековното, најсветото-прадедовото огниште.

Еднаш засекогаш треба да се знае дека во годините на Граѓнаската војна нашите селани од Леринско, Костурско, Воденско и од другите делови на егејска Македонија, немаа намери за мотивиран егзодус, туку станува збор за осмислено етничко чистење на еден долгогодишен процес потикнуван со перфидни методи кои имаа и имаат далекусежни импликации за разнебитување на македонската нација.

под влијание по Втората светска војна. Во текот на Втората светска војна комуистижките партии во земјите меѓу кои беше поделена Македонија цврсто го почитуваа декларативниот принцип на големите сили за непромена на предвоените граници. Траба да се знае и тоа: На иницијатива на Сталин е донесена одлука за распуштање на Коментерна, со што формално е признато правото на самостојност на секоја комунистижка партија и е подржана тезата: Една држава една партија. Кога тој истиот Сталин со големите сили во Москва (октомври 1944) ја направи делбата на сфери на влијанија и на балканот границите да останар ‘Status Quo’. Ете тоа е беше одговор на сите нас кои гледавме спас во Русија. Тоа беше првиот удар и покажува како го изгубивме обединетиот духовен систем т. е.

нацијата остана без стратегија за духовен опстанок на својот етнички простор на Балканот.

Кога се знае дека НОФ и АФЖ во тој период немаа ниту политичка, ниту воена власт и не преставуваа никаков фактор, тогаш за кого го повикуваа македонскиот народ?

На 9 октомври 1949 година во Бурели, Албанија, беше одржан 6

- от пленум на ЦК на КПГ. Пленумот го напушти ставот за самостојување и за целосно национално самоопределување на Македонците под Грција, што беше прифатен на 5 - от пленум, одржан во јануари истата година, и се врати на ставот „целосна рамноправност на мекедонското малцинство во рамките на Грчката држава”. На пленумот, исто така, беше решено да се расформира организацијата НОФ и АФЖ.

На средбата на делегациите на раководствата на КПСС, КПГ и АПТ во Москава, во јануари 1950 година, свикана и раководена од Сталин по повод судирот меѓу КПГ и АПТ и писмото на генералот Маркос Вафијадис до ЦК на КПСС во кое го обвинува Захаријадис за агент на Интелиџенс сервис, стана збор и за политиката на КПГ спрема македонскот национално прашање.

Истотака беше оцената како грешка и формирањето на засебната партиска комунистичка организација на македонците под Грција - КОЕМ.

Постапувајќи по директивите на Сталин, раководството на КПГ од 14 до 18 мај 1950 година го одржа 7 - от пленум, на кој расправаше по две точки:

1. Укажувањата на КПСС и 2. Внатрешно - политичката ситуација во Грција и задачите на партијата.

Пленумот го прифати ставот на Захаријадис дека „предавставото на Тито со помош на неговата агентура во Грција-организацијата НОФ, одигра решавачка улога за поразот на ДАГ” Од целокупната анализа произлегува дека македонското национално прашање, со политичка умисла беше во игра и некој го држеше (истакнуваше на прв план по потреба) со цел да биде присутно низ целиот период на Граѓанската војна во Грција. Но, не за да се реши , туку да се искористи и максимално да се исцрпат сите национални потенцијали во остварувањето на политикта на сите сили кои беа инволвирани во грчкото прашање. Велика Британија и Соединените Американски Држави го користеа за оправдување на на својата интервенција во Грција во корист на атинскиот режим. Со почетокот, Советскиот Сојуз и Југославија го користеа за зачувување на ново создадените социјалистички земји.

Но, последиците од политиката на наведените субјекти беа катастрофални за Македонците од егејскиот дел на Македонија.

*** На крај се беше на маса:

Се вели во Стенограмите од надитрувањето меѓу Русите и Американците околу Егејскиот дел на Македонија во ООН.

Македонското прашање е закана за мирот на Балканот. Се предлагаше конвенција за размена на населението. Значи се предлагаше ТРАНСФЕР НА МАЛЦИНСТВАТА.

Во случај на македонското прашање, барањата не се истакнати пред Обединетите нации, туку во говорите на одделните влади или во органите на печатот контролирани од страна на владите.

Московскиот докумет:

На крајот од разговорите по меѓу Стали и Захаријадис, на 16 септември 1949 година беше подготвен еден документ што го потпиша самиот Сталин. Документот ги дефинираше причините за поразот на ДАГ, кои КПГ требаше да ги согледа како основа и патоказ за новата политичка линија и за формата на борбата што требаше да ја примени. Гласи:

„1. По поразот на ДАГ (демократската армија на Грција) во Вичо и Грамос ситуацијата во Грција се измени, што ја принуди КПГ да ја измени својата политичка линија.

Причините на поразот на ДАГ се следните:

а) Слабата на КПГ да го реши проблемот на резервите на ДАГ како и снабдувањето на единиците на ДАГ што се наоѓаа во подрачјата на Централна и Јужна Грција.

б) Помошта што му ја дадоа Американците и Англичаните на монархофашизмот.

в) Предавството на кликата на Тито и уште 6 точки дадено е образложење.

И овој документ дава доволно факти дека ние Македонците, во Граѓанската војна не поставивме македонско прашање, ниту бевме во можност да го поставиме, и ниту од нас зависеше дали војната ќе продолжи или се прекине...

Но, токму денес (25/26 февруари 2006), кога работам на овој текст, во весникот „Македонија денес”, екслузивно: читам фелтон: „Дали можеше Македонија да се обедини?” Извадок од книгата: „Македонското национално прашање и Граѓанскат војна”, од Р. Кирјазовски.

Што мие целта? што се сака со тоа?! Кога денес се бара некој да одговара за жртвите на комунизмот. Најверојатно целта му е да не се затвари и од време на време овоа прашање што повеќе да се засенчува карактерот на потчнинувањето и диригирањето (од КПМ?КПЈ) на македонското дејание преку НОФ, како и тешките политички и етнички последици на македонскиот народ под Грција. И како основно да докаже дека македонскот раководство направи се што тоа го бараше народот, но големите сили тоа го спречија.

Во октомври 1949 година беше затворено и подложено под истрага македонското раководство на НОФ и АФЖ.

Врз основа на одлуката на 6 - 0т Пленум на ЦК на КПг одржан на 9 октомври 1949 и споменатата партиска конференција во Бурели, Албанија, на 7 октомври 1949 година со наредба на Главниот штаб на ДАГ и на ПБ на цк на КПГорганите за безбедност на ДАГ, по добиената предходна согласност од надлежните албански органи и лично од председателот на албанската влада Мехмед шеху, во Бурели, Албанија, ги лишија од слобода раководителита на организацијата НОФ и АФЖ на Македонците од Егејскиот дел на македонија: Паскал Митревски, Павле раковски, Минчо Фотев, Евдокија Николовна

- Вера, Уранија Пировска, Михали Малиов, ташо хаџијанов, Ламбро Чолаков, христо Коленцев - Кокинос и Лазо Поп лазаров, кои по нивното апсение беа испратени во сибирските затвори како „Титови агенти.” Од Албанија борците на ДАГ и цивилното население во октомври - ноември 1949 година беа префрлени во источноевропските земиј.

Врз основана Московскиот договор во октомври 1949 година сите бегалци во Албанија со специјани руски бродови беа префрлени во следните земиј: Во Романија 9. 100; во Чехословачка 11. 941 во Полска 11. 475; во Унгарија 7. 253; во Бугарија 3. 071 и во Советскиот Сојуз 11. 997 борци на ДАГ.

Од октомври, 1950 до мај 1955 година настанаа измени. Само за пример како резултат на обединувањето на фамилите до 1955 година во Советскиот Сојуз - Узбекистан нараснаа и бројката се зголеми на 16. 000.

Во Узб. ССР Ташкент беа организирани т. н. „градчиња” за овие емигранти и живееа под режим кои беше организиран од КПГ и ги имаа задржано своите партиски организации и членуваа повеќе од 8. 000 Грци и Македонци.

На 3 март 1953 година, умре Сталин, крај на една епоха. За Сталин сега ќе суди историјата. Настана нова ситуација, а на 23 февруари 1956 година се одржа ХХ конгрес на КПСС и настанаа коренити измени, како во самиот СССР, така и во балканските комунистички партии.

Партија со две крила Помеѓу политичките бегалци во Ташкент од КПГ беа создадени две крила. Захаријдисовото беше подржано од првиот секретар на ЦК Кп на Узбекистан Нијазов, а антизахаријадисовото го подржуваше вториот секретар на ЦК КП Узбекистан Мелников.

Враќање во Н. Р Македонија Враќањето во Н. Р. Македонија, Евдокија Фотева - Вера, и нејзиниот пречек го опишува верно. Задомувањето и вработувањето беше максимална грижа на државата, како што досега било и за сите кои имаа пребегано во Југославија.

Конечно и помогнаа да поживее среќно. Таквата грижа и од држава (можеби и поголема) била сторена и за, „дезертерите”, која и самата многу искрено и отворено пишува во својата книгана стр. 204. На тие кои дезертираа од ДАГ, од НОФ, кои ја напуштија борбата, оставајѓи го народот на милос и немилос, без разлика што во нашаето отсуство овде протежирале (усно и писмено) лаги воопшто не им веруваме. Тие секогаш и долу, во Егејска македонија, во КПГ, НОФ, АФЖ, НОМС се служеа со интриги. таквите овде ја извртеале вистината за ДАГ и НОФ за

180 степени, мислејќи дека вистинските и доследни раководители не ќе се вратат живи.” Но, станува збор за враќањето на борците и бегалците!

Со враќањето на сите тие борци во татковината СРМ, сите тие храбри борци кои во таа епопеја (како што ја нарекува историчарот Р. Кирјазовски) го потврдија својот национален идентитет, минаа по „Идризово” и како такви беа подоцна рангирани, на подобни, неподобни, па дури и „руски шпиони” од кои повеќето и така умреа вклештени со тешка болка во срцето. Таквите борци беа сместувани во разни „Гета” - Автокоманда, Чаир, Кисела Вода и т. н, најверојатно со некаква цел, но ете природниот тек на животот направи младите да ги напуштат Гетата и да се размешат со матичниот македонски народ. Неподобните останаа во целиот период од 55 години како граѓани од втор ред, чувствувајќи ја болно таа потурнатос во своите сегменти на животот и од развојот на својот народ носејќи го до денденес името на подбивката „Ослободител” или

„Егеец”.

ВРЕМЕ НА ЖЕЛБИ И НА ИЗГУБЕНИ ИЛУЗИИ. ПЕКАЊЕ ПО РОДНИОТ КРАЈ По Граѓанската војна Македонците останаа да живеат со желби.

И покрај желбите, принудени беа во животот да не бараат ништо повеќе отколку што тој во моментот можеше да им даде.

Можеби тоа беше и единствениот начин да не се чувствуваат толку несреќни.

Македонците си го поставуваат прашањето: „Војував до крај на војната, но без да знам зошто. Никој ништо не ми признава: ме нема ниту во матичната историја, ниту во грчката што ја пишуваат комунистите”.

Товарот е веќе претежок и тој повеќе не може да се носи, но го носиме, чиниш недоволно сме казнети во овие изминати 55 години или недовлно сме сотрени во идеолошкиот отпад.