Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Macedonians Through the Whirlwind of the "Red" Waste

ДАЛИ ВО ГОДИНИТЕ НА ВОЈНИТЕ (1940 - 1949) - Part 01

By Стојан Кочов · Part 16 of 17 · About 20 minutes

Read in English

ДАЛИ ВО ГОДИНИТЕ НА ВОЈНИТЕ (1940 - 1949)

СОЗДАДОВМЕ МАКЕДОНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВАА ОД НАЦИОНАЛНИТЕ СОСТОИБИ НА МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА ИЛИ НИ ГИ СОЗДАВАА ТУГИНЦИТЕ (КПГ И КПЈ) КОИ ИМАА КАКО ОСВОЈУВАЧКИ ПОЛИТИЧКИ ПРОЕКТИ!?

Навистина сега се е навидело дека сите од организациите СНОФ, СНОВ, (создадени од КПГ), па следи Граѓанската војна со организациите НОФ, АФЖ, НОМС (создадени од КПЈ), па КОЕМ и „Илинден” (создадени од КПГ) и во своите пропагирања правеа центар на масовниот култ на личностите од тие туги партии. Тие заботавија дека треба да се сака земјата и народот, а не само партијата и освојување на власта.

Многу прашања во врска со нашите раководители, но од никој не покажа доблест да каже дека тие навистина беа вовлечени во длабока погрешна и трагична политика, посебно во Граѓанската војна кога Македонците се доведени до национална катастрофа.

Дали раководителите на НОФ и АФЖ се однесуваа одговорно?

Тие македонски раководители во буквална смисла на зборот, жестоко поделени низ тугите партии, често прилегаа на фаланги собрани околу водачот на партијата, спремни да јуришаат на други фаланги (Македонци во друга партија КПЈ или КПГ) собрани околу други водачи. Тоа сега станува јасно дека политиката за тие наши луѓе била премногу сериозна работа оти оценката на македонската историја ќе биде строга и мора да ги именува за доблесни или за никаквеци. Но, факт е дека тие наши луѓе минувале од заблуда до заблуда, разочарување до разочрување!

Или и тие имале тешкотии комплетно да водат национално стратешки проекти надвор од опциите на КПГ и КПЈ, а камо да донесуваат крупни политички стратегии за развојот на војната.

Но, тие беа нашите преставници, нели? Меѓу другото и за тоа како да се сочува народот и прадедовото огниште ни требаше македонско ПРОСТУМЕЊЕ: конечно, многу јасно е бележит ФЕНОМЕНОТ НА НАшАТА ПОДАНИЧКА СВЕСТ и верувам дека ова може да ни биде поука да не кинисуваме по кадри кои ни ги избират тугинците.

И така егејска Македонија стана земја на несреќни луѓе.

Најверојатно, се беше со умисла замолчено и се покажа дека во овие 55 години, недостигот од критична мисла придонесуваше апатија и во историската наука. Се за трагедијата од Граѓанската војна, чиниш потона во живиот песок на историјата.

Во текстот, значи, се обидов да дадам прилог кон нашето многунејасно и замаглено минато и се уверив дека кај и да чепнеме, нешто чудно, тешко препознатливо, ококорено, не гледа низ тугиот одраз.

Се покажа дека човекот (заведен од идеологијата) е најголемо чудо на светот. Би сакале секој човек да има доблест да ја каже вистината в лице, да не лаже, да нема суета, да нема фрустрации, да не блефира, да не калкулира, да не измислува двојни вистини, да биде чист, да ги поставува вистинските прашања без разлика каков ќе биде одговорот и што потоа ќе се случи.Такви отворени прашања сретнавме од Евдокија Фотева -Вера но и имногу засенчувања. Мислам дека апсолутно секој човек заслужува да биде почитуван. Но светот се измени, а ние останавме неми набљудувачи. Молчиме, тешки и мачни ни се чекорите, сите овие 55 години се погледнуваме тајум, со неверица еден кон друг.

Товарот е веќе претежок, и тој повеќе не може да се носи. Не можам, а да не се присетам на многу илјадитите мои соборци кои коските ги оставија на боиштата на Грамос, Вичо и на секаде, а во интегралната македонска истоија ни збор... Мислам дека веројатно сме доволно казнети, доволно талкавме низ полавековниот период под наглед од подобните - „виновни”, чиниш сме сториле некакво зло, не објаснето...

Значи, дојде време и подобните да не веруваат бидејќи времето покажа дека; лагата и вистината се израмнија, но едно е сигурно точно. Во политиката не се случува случајно. Оваа студија може да вознемири и обеспокои, но знам колку не неправи среќни една таква здодевна историја која нема „казна” за гревовите од минатото. Македонците под Грција беа водени низ многу нејасни патишта. Но сите патишта имаат нешто да ни кажат. ИСТОРИЈАТА СЕ ПАМЕТИ. ИСТОРИЈАТА КАКО ПРАВДА ВО ИДНИНА ЌЕ ДАДЕ СУД ЗА СЕКОГО.

Ова беше само КРАЈОТ НА ИСТОРИЈАТА НА ПОСЛЕДНИОТ ЛИДЕР.

Што ни понуди времето после доживеаната катастрофа во Граѓанската војна: Некои се сметаа за единствани поклоници на вистината, други извршија своевидно насилство над историјата, а историјата не е ничија „Привелегија”. Но, полавековна невистина е дека сите учесници на ДАГ и бегалците, сме фрлени во идеолошкиот отпад, а историјата молчи, не кажува:

ЧИИ ЖРТВИ СМЕ НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА...!?

Во изминатите 55 години трпевме. Трпиме и сега. Троа па троа, ќе не жегне „непримерниот” збор што од нашите, што од тугинците.

Но, најлошото наследство кое ни остана од Граѓанската војна е:

Ни на соопствениот народ не им сме потребни. Тоа го потврдуваат следните ФАКТИ И АРГУМЕНТИ:

Отпишани: Како можело македонската влада да ја смени во уставот определницата за грижата на сопствениот народ (кој сега живее во Грција) и нивните културно историски вредности, зарем тоа не е уникатно насилство во Европа? Овој став е самоубиствен за македонскиот народ. Со него тој сам се откажал од сите 16 вековни борби за својаименска држава на генерациите Македонци, но и на своја држава (Р. Македонија)

сега и во иднина.

Со прифаќањето на ваков предлог, се потценети сите настојувања и борби на Македонците во соседните држави, па и во Грција за оставрување на елементарните човекови права за слободно искажување на идентитетот и негувањето на културната посебност како наше историско и цивилизациско право. Ние сите добро знаеме дека Македонија и Македонците не сме само име туку и не раскилив дел од идентитетот. Значи, главниот проблем на грчката влада не е бил само осамостојувањето на Македонија, туку потикот што ќе го даде на барањето на правата на македонскиот народ во Македонија под Грција. Значи за грчката влада проблемот не е Република Македонија, туку Македонците во Грција како етникум.

Барањето на грчката влада, на жалост беше прифатено под ужасниот притисок и во македонската конституција беше променета определницата за грижата на Македонците во соседните држави, а цел свет знае дека секоја (држава па и Р.

Македонија) народ е историски и цивилизациски обврзан да се грижи за својот народ кој подпадна под туѓа држава. . Со овој чин на политичка моќ во отсуство на духовниот, по правило, ги одвојува луѓето од реалниот живот и од она што може животот да го научи човека на човекување. Но тоа се случи...

Грижа по 55 години:

СОБРАНСКАТА КОМИСИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ПРАВНИТЕ ЕКСПЕРТИ ПРЕПОРАЧАА: ВРЕМЕ Е ДА СЕ ЗАТВОРИ „ЕГЕЈСКОТО ПРАШАЊЕ”!

Парламентот да го осуди геноцидот на Егејците Преставникот на Хелсинскиот комитет Христо Ивановски порача дека егејското прашање мора да престане да биде романтичарска тема за пишување романи. „За ова треба да расправа Собранието и да го осуди геноцидот врз македонците во Грција”, предложи ИВАНОВСКИ. Вторник 24 јануари 2006.

Мал коментар: Во колумната на Д - р Зоран Тодоросвски „Хуманоста на македонскиот комунизам” се вели: „Во периодот од 1945 до 1993 околу 50. 000 македонски граѓани се уапсени, депортирани, судени, затворани, осудени на смрт, стрелани, убиени, исчезнати или имале политички и затворски досиеја”.

На Трибината што ја организира „ВРЕМЕ”. Македонија и комунизмот - живеат ли уште заедно? Е речено: АМНЕСТИЈА -ДА, НО НЕ И АМНЕЗИЈА.

Се поставува прашањето: ќе има ли амнестија за Македонците од егејска Македонија кои жртви во Граѓанската војна? Ќе има ли место во матичната историја? Зошто КПМ на чело со Колишевски, дозволи НОФ да се најде во менгемето на КПЈ и КПГ и во положба да ја брани логиката на безумјето. Зарем КПМ не знаеше дека НОФ на КПГ и направи непроценлива услуга, но не помалка и на КПЈ. Зарем, фактите се забораваат дека комунистичкиот синџир на Егејците им беше обесен и затегнат лично од Колишевски (по директива од КПЈ). Се заборава дека фактите непобитно говорат: НОФ и АФЖ беа организирани од тој исти режим и испратени на 23 април 1945 година да се борат во ЕгејскаМмакедонија и беа раководени се до !946 година директно од КПМ/КПЈ , или и по 55 години сите тие жртви ќе останат во АМНЕЗИЈА?!

Откажани: ОСТАВЕТЕ НЕ САМИ ДА СИ ЈА ИЗВОЈУВАМЕ ВОЈНАТА

(Не машајте се во заштита на малцинството во Грција)

Ниту една македонска влада не може да ги реши проблемите на македонското малцинство во Грција. Тоа треба да го прават македонците во Грција, бидејќи живеат во држава што се обврза да ги почитува човековите права, рече Павле Воскопулос од „Виножито”.

Борбата не е само за правата на македонското малцинство. Се залагаме за подемократско и по европско општество во Грција.

Ние сме единствено малцинско движење на Балканот во чие раководство членуваат членови на мнозинскиот народ - рече Воскопулос.

Трибина: „Македонското национално прашање во Грција и грчкиот национален мит”, која ја организира „ВРЕМЕ” и „АЗ -БУКИ”, сабота, 28 јануари 2006.

5. март. 2006 ДОБЛЕСНО СООЧУВАЊЕ СО РЕАЛНОСТА НА МИНАТОТО Христо ИВАНОВСКИ, „Сеќавања и размислувања”, Самоиздавач, Скопје, 2001 Ивановски со овој исклучителен текст, се покажа како најобективен, автор - историописец. Тој, ни ја соопшти горчливата лекција и основната причина за феноменот на Граѓанската војна, која често ја карактеризираше диктатурата на тоталитаризмот и беше приврзана кон структурата на тогашната глобализација.Авторот, истовремено проговори у како критичар на секоја неодминлива вредност од нашето историско минато. Во своите автозаписи, Ивановњки е безмилосен кон себе, како што може да биде само чист човек.

Тој со аналитичен пристап кон едно хаотично време (од предполовината на 20-от век) на овие балкански крстопатичпрезентирајќи изобилство на историски детали,ни покажа дека минатото никогаш целосно не умира. Авторот е реален и на моменти неиздржливо суров, тој копа онаму, во оние рушевини кои на човака му ја даваат сигурноста да ја свати човечноста и (Само)жртвувањето на Македонците под Грција. Ивановски, знајбено и фактогравски го отвара проблемот за цврсто верување во темелите на тие рушевини, делејќи го светот на лош и добар, позитивен и негативен, на ужасен и прекрасен. Сите тие односи со реалниот свет и лично тој опфатен од прогресивната утопија, покажа како можело сето тоа да стане синоним за револуција. Објаснува дека утопијата, колку и да е нереална и фанатична, таа не можела да не влијаела толку во времето на неговата идејна размисла и патоводните исконски идеи што го натерале да оди во таа војна.

Моќта на овие лични сеќавања и размислувања токму тоа го говорат со убедлива знајба ги наслика сите ментални структури и идеали на тоа време во кое се манифестираше моќта на идеолошките активисти (1940 - 1949). Но се поставува прашањето ‘Зошто полавек се чекало да се бара клуч’, за да се проговори и оцени како да се прикаже животот, како да се прикажат луѓето на таков начин кој би ја допрел интимата на секој човек што минал низ тој непрекинлив, невозможен, контрадикторен и неединствен свет.

Авторот, со благородни сеќавања, вооружен со извонредна сила и мудрост, се реши да ја напише ова книга, „Сеќавања” исклучиво врзани за луѓето (роднокрајците - Костурчани) и за неговото минато што во целост не осведочи со еден поголем дел од историјата на македонците под Грција. Тој, исклучиво му се посвети на минатото, на возвиќеното чувство кое не го брише таѓата моќ или ужасот, туку се прафаќа и се претвара во сеништа, сеништа на минатото, одблесок на едно време, на една трагедија, на едно сеќавање, кое и природно бледее, не поради заборавот или поради изминувањето на времето, не, тоа можеби е нагризено единствено во возвишеното чувство на животот.

Ивановски, чепна по оние доживеани, а сега скривени, навидум непостојни, неприфатливи простори во сопствената душа, но и кај секој паталец. Авторот е поинаков во своето (не)

типизирање на жртвите и (не) пријателот, но човечкото и убавото ќе го види во секого, и во најнеуките, и во најсуровите, ќе го види каде што најмалку очекуваме, но толерантен со осудата и прифаќањето или непприфаќањето.

Најтрогателните исповеди во оваа книга на Ивановски се напуштањето на родниот крај:

„Јули 1944... се активираа гржките банди кои соработувале со германскиот окупатор кои досега грабеле и убивале низ македонските села... имотот ни беше разграбен... беше јуни 1944 година, начи кани во еден камион: со мајка ми и двете сестри и зедено со семејството на чичко ми заминавме за Битола. И така почна нашето скитање по светото.” Голема е болката и плачот на разделбата со родниот крај. Таму, му исчезна детството и сите кои ги сакаше, а не знае како, ниту каде да ги најде? Таму исчезна се од што некогаш беше искнаен неговиот живот, исчезна се без објаснување и оправдување, таму нема ништо, за тие Илинденци што се бареа и ги дадоа животите, ја нема надежда... Единствен отпор, надеж и суштина му останаа содржани зборовите на баба му Малма кои секогаш се присутни во неговите мисли: „... Ако каменот го истркалаш од своето лежишта повеќе трева не фаќа, така и луѓето...” (65).

Ивановски, посака доблесно да проговори пред судот на историјата за (Само) жртвувањето на Македонците во Граѓанската војна, која е најтрагичниот настан на македонскиот народ (но и за целиот етникум), бидејќи сите нас од таму не прави луѓе без корен и кај сите е всадено чувство на оттугеност со безмилосните миграции, со билет во еден правец. Говори за животот, за понижувањето и достоиството, за пеадвството и верноста, за презирот и одушевувањето, за стравот и храброста, за најголемото можно страдање во војните, постапно разоткривајќи ги нејзините ужасни одродувачки нечовечки димензии.

„Моето вараќање во Егејска Македонија... јавна тајна беше дека сите млади Егејци, кои беа пребегнати во Југославија ги мобилизираа како “доброволци” активистите од организацијата НОФ, и ги испраќаа во Грција да се борат во редовите на ДАГ.

Бев ученик во 7 - от клас... Така на 4 февруари 1948 година се најдовме на железничката станица во Битола... Неколку пати дневно, кадрите на НОФ ни повторуваа да не носиме ништо со македонски и југословенски написи, посебно ни беше наредено да ги предадеме сите документи и сите пари и скапоцености.

Бевме известени, исто така дека треба да си ги промениме имињата и презимињата од македонски на грчки, така јас станав Христос Јанакис... така на 17 годишна возраст јас станав војник (андартис) на ДАГ и директен учесник во трагедијата на мојот народ... “ (70 - 71).

Ивановски токму така ни ја прераскажа граѓанската војна како учесник, кој беше растргнат меѓу својот агресивен инстикт и анархистичката структура на една армија, која во општо немаше македонски белег, бидејќи нас Македонците не немаше во двата стоба што ја водат војната: политичкиот и воениот.

Имено, во таа војна македонските организации НОФ И АФЖ (нофитите и афежитите) живееа (се замислуваа) во виртуелен свет, со диригирана рефлекција и на македонскиот народ му пропагираа дека таа војна е револуција и продолжеток на славниот Илинден. Нофитскиот модел на политичкото дејствување, кој беше инсталиран уште во април 1945 година по сугестиите на КПМ/КПЈ беше проектира со крупни елементи од сите досегашни модели кој се покажаа дека биле насочени против нас Македонците. Токму таквиот политички концепт се виде дека имаше вграден конфликт помеѓу Македонците и Грците и тоа беше со различно целна национална програма, но нокогаш не официјализирана, туку со менлива насоченост. По извршените тотални мобилизации над Македонците, таквиот политички модел, се покажа дека НОФ беше теран да игра опсна игра спрема сопствениот надор - потоа се вдаде да агитира промена на рејтингот во интерес на КПГ а тоа му донесе постепено пропаѓање во длабочините на сопственото политичко функционирање. Под силата на диктатурата од КПГ како главен раководител на Граѓанската војна, сите македонски организации беа ориентирани во сервис за подобрување на воените ресурси на ДАГ. Стапици имало многу колку од владината реакција, толку од КПГ и од КПЈ), но дали НОФ имеше снага тоа да го воочи е прашање за кое се бара подлабоки анализи бидејши нашата историографија, „историјата за Егејците” е без многу детали (без тајните на тајните идеолошки активисти на КПМ?КПЈ и КПГ и вистината е бранета со тоталитаризам), натрупана со излитени идеолошки фрази, но ете и оваа книга кажува, дека доаѓа времето, кога од вистината повеќе не се бега и е нужна потребна ревизија на свеста.

Аворот ќе забележи дека по ликвидацијата на ДАГ на 28 - 30 август 1949 година, настапи братојадството не само по национална основа туку и по идеолошка: „...КПГ обвинува:

“Предавството на Тито и неговите агенти во ДАГ” ... А кои можеше да бидат агенти? Се разбира Македонците или Славомакедонците како што не викаа Грците. Се сеќавам на такви собири, на кои присуствуваа и членови на ЦК на КПГмногу наши македонци кои милум, или силум истапуваа во одбрана на овие тези и ги напаѓаасвоите соборци и раководители како агенти на Тито... Раководството на НОФ и АФЖ беше осудено и прогонето во Сибирските затвори, а македонските борци на секаде по светот останаа со билет во еден правец...” (130).

Но, Ивановски како вистински патриот, не по вокација историжар, но се потврди како еден од најупатените историографи, е и како вистински пријател: ни ја кажува вистината и кога не е пријатна и токму така тој напиша се за тоа што му се случи во неговиот живот (ама толку вистинита, како да важи и за илјадници Македонци кои беа учесници на ДАГ), посветени на апсурдот и на идеолошка несреќа што создаде нечуена апстракција кај човековите чувства и го осиромаши човековото чувство за реалност, но исто така ја осиромаши и човековата имагинација, посебно кај македонците кои беа насилно мобилизирани и ориентирани на оние анационални нешта (интер - национални) во чие постоње никогаш не посакале да веруваат бидејќи од нас направија жртви и цело време бевме во пресрет со смртта и како такви не оставија по светот. Ивановски не осведочи дека тој не бил поштеден ни миг од ужасот на војната, но па дури не изразивме ни сомневања во оправданоста на жртвите што ги дадовме во војната. Тој директно кажува за најстрашното и успева да ги опише тие психолошки мигови толку пластично што читателот ќе помисли: зарем би можело да биде толкаво обезвреднување на човечкиот живот, токму од оние што не го очекувавме во тие крајно сурови настани а ни возвратија со комунистичка иронија со давање и одземање на права и слободи, до самоопределување за формирање на „Обединета Македонија” во некаква балканска федерација (1949 година). Настани кои изненадуваат, збунуваат, кои саздаваат ужас паради немањето наша македонска јасна престава што всушност се кроело и случувало во таа војна. Настани во кои борците беа втурнати во тотална заблуда обезвреднети, без никаква причина и во кои полека и бавно сфаќавме дека единственито излез е сопственото наше непостоење (фрлени во идеолошкиот отпад).

На тој начин, Ивановски, прикажа и проговори за целата апсурдност на војната, но и за судбината на човекот, поединецот, чиј живот во војната нема никаква вредност.

Смислата на овие записи е во тоа што авторот ни го пренесе тогашното гледање на човекот (во војната) на животот кој се живееше на еден поинаков начин, начин кој сега неможеме да го замислеме, но тогаш човекот кога и самиот автор стана негов соучесник, беше обземен од националното чувство и затоа беше нормално: убаво е ихрабро да се умре за татковината Македонија или за идеологијата.

Навистина се раѓаат доста сложни прашања: дали е тоа другата страна на војната или нема друга страна?

Која е човечката вредност и среќа во иднина што не чека? Која е нејзината моќ? Има ли правда за нас македонците? Таква, каква ја добија нашите грчки борци!

Дали таквото (Само) жртвување, спротивставување на ужасите е базирано само на силата на соп - ственото идеолошко верување? Тоа верување е невидливо, а е сеприсутно и допира до најскриените предели на душата во најтојнствените простори на човековата душа. Но дали тоа останува во човека се до смртта? Кај некои - ДА! И не го признаваат (само)-ртвувањето и манипулацијата со нас Мкедоните што тогаш вешто го правеа политичарите на моќните центри. Но, тие почитувачи и денес иаку по пола век посакуваат да изигруваат војска на очајници.

Читајќи ги исповедите на авторот едноставно остануваш без здив.

„Битката на Лерин 13. 2. 1949 година... При спуштањето, по еден дол, неочекувано, како да изникна од земја, се појави непријателски војник кој не забележа порано отколку ние него, и од 8 - 10 метри испука рафал прево во мене. За моја среќа, повеќето куршуми го погодија автоматот, што ми висеше на гради, а само неколку куршуми ме погодија во горниот дел од бутот на десната нога... Во еден миг настана некакво изненадување војникот стоеше пре мене и се чудеше како тоа сум уште жив после цел истрелан еафал, а јас изненаден од неговата појава и дека уште стојам и сум жив. Не знам колку траеше ова зашеметеност, но кога се сетив на автоматот, видов дека е распаднат - падна шаржеот и држачот. Во меѓувреме, војникот извади нов шаржер со цел да ме докрајчи. Тогаш се сетив на мојот „Валтер”, кој ми спаси животот...” (110).

За десет минути се беше мртво, се измешаа лешеви на луѓе и животни. По грозна слика не може да си замисли човек. Низ рекичката во долот, во буквална смисла на зборот почна да тече крв. (111).

Ете, каква била силата на сопственото верување во идеологијата и утопистичката намера на еден млад човек кој излегол да се бори за македонија. Човекот кој носел униформа, кој газел цврсто и прецизно со снајперски истрел погодувал во слепоочницата на противникот и бил унапреден во офицер на ДАГ. Но, треба да се знае дека тоа го правел како идеолошки војник оти тоа време идеологијата, обично не хранеше со политички идеи инспирирани или подржувани од системот на власта во таа армија, но и не помалку утопистичката (нашата македонска) намера се повикуваше на оние ориентири што ја надминуваат реалноста. Тој покажа, дека ние македонците како идеолошки војници ги ризикувавме своите животи за чесно и морално прифатливо човекување. Говори за едно од најголемите зла на човекпвата историја. И се прашува: што е со татковината? Зарем, тоа е само место во кое се случило да се родиме и да порасниме? Зарем не ли е таа татковина на нашиѕе предци на кои и денденес таму им се гробовите? Да! Сакаме или не, ние таму сме родени. таму е нашата татковина. Се родивме од оние родители и на она место каде што сме решаваше со векови нивната судбина, а ние денес не го поставуваме тоа прашање пред цивилизираниот свет. Зошто!?

Тој остана да живее со чувство не целосен соммеж, со страв и трауми, или со уверување дека сите светски вредносни принципи, сите начела, сите основни хуманистички категории едноставно се компромитирани, оти тој и многу како него не добија накаква сатисфакција, туку по таа сурова војна добија билет во еден правец затоа што се Македонци и дури немаат право да се вратат да умрат на татковата земја.

Во своите сеќавања Ивановски го отвара и болното прашање (враќањето во Р. македонија под исти режими и патеки како и неговите предходни соборци): ,,... Повторно во татковината.

Неизмерна радост и воодушевување... Гоа беше почеток на април 1962 година... Во Идризово престојувавме 8 или9 дена, каде што секој ден по 4 - 5 часа еден инспектор со дактилогравка ме испитуваше и ми отвори досие... Овој престој во идризово имаше за цел да изврши психолоко дејство врз повратниците за моќта на УДБ".

Ивановски, за емиграцијата ни ја раскажува целата вистина, како се живеело и дека во прогонство, најсвето било да се остани македонец. А пак со враќањето во татковината, некако не јасно ни се налочуваше да прифатиме:не гледај, не слушај, не зборувај, туку прифати да бидеш наш соработник и доставувач. Toa беше полавековен живот и размислувања како да се излезе од маргините на политичката Југо - историографија во која се посакуваше да создаде од нас повратници, нова категорија на „затвореници на свеста". Соборците да се ценат по поделбата на „големи и мали Македонци" на ,,поголеми и помали предавници". Toa го потсеќало Ha паролите од НОФ во граѓанската војна: „Сакате навистина да бидете патриот?