Стануваш туѓинец во своето место
Туѓинец и во туѓа земја
Ни ги сменија имињата
Па личат на кутии

„За да добиеш дозвола за работа“,
Ми вели еден вујко
Старите мора да ги сменат
Пред сѐ, имињата

Илјада горе-долу во касичката
Ме викаа Бокс
Не ми пречеше многу
И онака немав да останам

Првата работа во Канада
Миење садови, цели планини
Требаа многу тури работа
„За да соберам три илјади“

„Каков работник си ти!“
Ми вели еден вујко
А јас само тријам
За селото да не ме напушти

„Пред да соберам три илјади“
Не помина многу време
Станав келнер
А наместо да послужам

Настана врева
Три кафиња во рацете
Со сето внимание
Се сопнав од сопствените нозе

И право врз муштеријата
О Боже, Мајк, велам
Ќе се вратам во селото
„Штом соберам три илјади“

Кога потонав
Во канадското секојдневие
И се удавив во вечерните солзи
Помислив на оние што ги оставив
На оние што толку ги сакав