На четврти март го напуштив селото
И отидов во Атина
Оттаму требаше да дојдам овде
И убаво да си поминам

Кабината ми беше долу, во длабочината
На Queen Frederica
Јас и уште тројца
Затворени како глувци


Застанавме во Неапол
Тоа беше првата станица
Дотаму добро си поминувавме
Уште не нѐ беше удрило сознанието

Кога го минавме Гибралтар
На отворено море
Малкумина останавме на нозе
Сѐ се наполни со повраќаница

Кога пристигнавме во Халифакс
На тринаесетти март
Веднаш го почувствувавме
Студот на Канада

Таму имаше сѐ што е убаво
Дури и грозје
Но беше многу скапо
Со вода ги навлажнувавме усните

На Јунион стејшн се симнавме
Неизмиени, премалени
Го видов вујко ми како доаѓа
Во голем капут

Потрчав и го прегрнав
Со огромен копнеж
Се сеќавам дека го прашав
Дали има чешел