Во секоја куќа во селото
Имаше бунар.
Кај некои беше поплиток,
Кај други тонеше во длабока темнина.
Водата не ја пиевме,
Ниту ја стававме во јадењето.
Со неа само ги миевме нозете,
И го полевавме дворот.
Лете беше студена,
И внатре ги спуштавме лубениците.
Зиме беше млака;
Со неа ги поевме магарињата.
А во некои, како што велат,
Имало дури и пијавици.
Често ги користеле
За младите девојки да станат поубави.
А постарите,
Кои знаеја многу повеќе,
И тие ги користеа
За да го избркаат ревматизмот.
Како сите селани,
И ние имавме бунар.
Беше широк два метри,
А водата ни беше над глава.
И додека ние тројцата си игравме
На еден ситен дожд,
Одеднаш дојде мајка ни
И ѝ викна на Димитрула:
„Димитрула моја, те молам,
Трчај бргу до бунарот —
Донеси ми малку вода…“