Камбаната свечено ѕвони,
Есента четириесет и деветтата.
Војната заврши,
Но нашето село се смали.

Многу деца беа убиени,
Други исчезнаа.
Напуштени куќи,
Куќи во урнатини.

Деца ги загубија мајките,
Ги загубија другарите;
Безброј непогребани тела
Лежат по планините и ридовите.

Се вративме во селото,
Во нашите убави маала,
Пак да спиеме во своите домови,
За да ни зараснат раните.

Една рана никогаш не зараснува —
Раната на мајката;
Ја носи со себе до гробот,
Онаа што го загубила детето.

Да се сетиме на сите
Што никогаш не се вратија.
За нас што се вративме,
Животот мора да продолжи.

Малото училишно ѕвонче
Повторно почна да ѕвони,
А нашето мало село
Како најпосле да престана да го боли.

Тоа беше почеток на мирен живот
Во изминатите шеесет години,
И од дното на душата
Се молиме да трае вечно.