Моето сеќавање ме враќа
На оние години што немав говор.
Ги сакав македонските песни.
Немилосрдните Грци ни ја забранија културата.
Зошто, зошто, одзедоа
Обичаите што ни припаѓаа?
Зошто, зошто, одзедоа
Јазикот и писмата што ни припаѓаа?
Дискриминацијата е смртна болест.
Таа ги труе умот и душата.
Бараме човекови права
Му се покоруваме на Светото Слово.
Станете, о македонски деца
За да чуете колку милозвучно пеат птиците.
Цутат бадемите и цветовите.
Најсреќните и најсветлите денови се пред нас.
Станете, о македонски деца
Барајте го нашето историско наследство.
Вашето образование зборува како гром.
Живееме во цивилизирано и блескаво доба.
Станете, о македонски деца
Сега имате глас фортисимо.
Сите луѓе бараат човекови права.
Тие живеат низ целиот свет.
Станете, о македонски деца
Барајте ја нашата култура
Писмото на светите Кирил и Методиј
Преданија на Филип, скриеното вистинито.
Станете, о македонски деца
Држете ги главите високо со самодоверба.
Чесни сме, со Господ во нас
А светот ни испраќа топли желби.
Станете, о македонски деца
Барајте го архимандритот Никодиме Царкњас.
Долг живот за тебе, архимандрите Никодиме Царкњани
Тивко пеј ги своите псалми во Македонската црква.