Во црквата „Св. Пантелејмон“ во Лерин
Одев да ја примам господовата благослов.
Црковниот хор пееше слатко,
Црковниот хор пееше тивко и ангелски.

Секоја недела во црквата
Чувствував посебна радост.
Чувствував спокој
Бидејќи ги сакам
Христијанските верувања.

Се восхитував на иконите, на фреските.
Какви живи изрази беа тоа!
Ликовите на светите беа насликани со вештина,
Која се нарекуваше највисока уметност.

На иконите забележав поинаква буква.
Буквата Ѕ ми го привлече вниманието.
„Буквата Ѕ не е грчка буква“, си реков,
„Кое е значењето на Ѕ?“, се прашував.

Секогаш ја гледав буквата „Ѕ“ со восхит.
Буквата „Ѕ“ имаше големо влијание во мене.
Остана жива во моето сеќавање
Како светла ѕвезда.

Во Канада, мојата нова земја,
Научив дека буквата „Ѕ“ живее и ќе живее вечно.
Буквата „Ѕ“ е македонска буква,
Осмата буква од македонската азбука.

Грците ја срушија црквата „Св. Пантелејмон“ во Лерин,
И непроценливите икони, македонската уметност исчезна.
Буквата „Ѕ“ ќе живее со векови.
О, ти благодарам Господе, дел од Македонија денес е слободна нација.