Црниот превез на ноќта е раширен
И оваа вечер имам горчина во срцето.
Деструктивната граѓанска војна
Сѐ уште живее во моето срце.

Се сеќавам на рапав глас на сирената
Тоа нѐ натера да трчаме без здив за да најдеме засолништа.
Воените авиони
Убиваа цивили и деца.

Се сеќавам на гнасните засолништа под планината
Темниот подрум на нашиот дом
Во него се собраа три до четири семејства
Секој од нас се молеше посебно.

Се сеќавам на слепите деца и на децата без раце
Нивните лица засекогаш секнаа.
Од очите на сите течеа црни солзи
Други хистерично плачеа.

Се сеќавам на мојата молитва кон Господа
Да ни го даде дневниот леб и да ги избрка воените авиони од небо
Да ни дозволи да вдишиме чист воздух
И тој црн облак да исчезне од воздухот.

Се сеќавам на моите солзи во ноќта
Се слеваа по мојата перница како поплава.
Не можев да ги затворам очите
Мислејќи дека воените авиони повторно ќе нѐ бомбардираат.

Се сеќавам на крајот на граѓанската војна
Деструктивните резултати.
Главите на мртвите млади мажи беа обесени за коса на жичена ограда од затвор.
Нивните кутри родители...

Војната е катастрофална, бездушна и шокантна.
За овие злосторства се одговорни лошите политичари.
И треба да бидат казнети поради тоа.
Нивната цел е слава, а нивните имиња да бидат запишани во Историските книги.