Неделни утра во катедралата Saint Clement Ohrid
Верниците се собираат во црковното светилиште
Таму, традиционалните византиски фрески на таванот и ѕидовите
Го прикажуваат Раѓањето, Животот, Смртта и Воскресението на нашиот Господ Исус
Во чиј спомен се слави причесната служба.
Стојте настрана, ненаметливо впивајќи ја целата сцена
Вдишете го мирисот на темјан и растопени свеќи
Набљудувајте ги луѓето, свештениците во нивниот простор со надреална сина светлина
Наслушнете ги богатите сплотени гласови на Хорот
Што се издигаат во хармоничен одговор на литургијата на свештеникот.
Ценете го овој Хор, кој прави музика со зборови
Обогатувајќи го нашето учество во заедничкото богослужение
Слушајте како Хорот со полн глас му пее слава на Бога
Прво за себе а потоа како наши претставници
Во песна, тие му изразуваат благодарност на нашиот небесен Отец.
Многумина доаѓаат со болка и тага, барајќи утеха
При смрт на сакана личност, болест или лична неволја
Хорот пее за оние кои немаат песна
Пее и за други, кои се среќни и работите се добри
Секоја недела со песна, тие ја потврдуваат благодетта на Христос за нас.
Како што се практикува во татковината, така и тука во Canada
Свети зборови испеани на саканиот македонски јазик
Се издигнуваат од Хорот кон просторот зад Иконостасот
И се враќаат, прелевајќи се над верниците како духовно освежување
Како што росата и дождот ја освежуваат земјата, овој Хор нѐ освежува нас.
Псалм 101. 1 „Тебе Господи ќе ти пеам“
Saint Clement of Ohrid Macedonian Orthodox Cathedral
Toronto, Ontario, Canada
Проф. Filip Angelovski Музички директор