„Жено, се јавија по телефон—
доаѓаат малечките.
Подготви го меленото месо,
ќе правиме ќофтиња.“
Едното сака зелник со праз,
другото со спанаќ.
Убави црвени пиперки—
нив ќе ги полниме.
Потоа расчистивме малку простор
за никој да не се повреди.
Бабата лета од радост
а дедото оди по неа.
„Излези сега од кујната,
оди донеси го виното
и големата тепсија
за зелникот со сирење.“
Дедото ги носи состојките,
но сака и да помогне.
„Излези сега од кујната—
оди среди ја куќата.“
Куќата се полни со мирис
од сите ароми:
зелниците, салатите,
и полнетите пиперки.
Ѕвончето на вратата ѕвони,
и двајцата трчаат.
Куфери насекаде,
со пелени и марамчиња.
Донесоа играчки,
украси и ситници,
мали шишенца и големи шишиња—
шишиња млеко за малечките.
Куќата се полни со радост;
самотијата исчезнува.
Четирите малечки трчаат
кон дедото и бабата.
„Те сакам, бабо“,
се слуша ситно гласче.
„И јас, и јас“,
вели другото малечко.
Сите трчаат кон нас
силно да нѐ прегрнат,
за дедото и бабата
да ги заборават болките.
Родителите се жалат,
„Еј, и ние сме тука.“
„Да, да, знаеме—
пазете го она малечко.“
„Бабо“, велат поголемите,
„многу убаво готвиш.“
Бабата скока од радост—
„следниот пат ќе биде уште поубаво.“
А кога сите ќе си заминат
и куќата ќе се среди,
остануваат само дедото и бабата
до следниот пат.
Но им ги оставаме малите траги—
отпечатоците од ситните дланки
врз огледалата,
со смеа и радост.
Му благодариме на Бога
што ни даде да го дочекаме овој ден.
Да имаме уште многу убави години
за пак да го правиме сето тоа.