Во Петтото основно училиште во Лерин
Мојот учител ми рече со сарказам:
„Твоето име звучи како бугарско,
Ќе го променам за да звучи грчки.“
Секој македонски ученик во училиштето
Имаше прекар со живи бои.
Учителот без срам
Употребуваше вулгарен јазик.
Денес јасно ја гледам причината
Зашто грчките просветни работници ги мачеа децата.
Ние бевме македонска етничка припадност,
Народ без идентификација.
Во слободниот свет на Канада
Образовниот систем се разликува од грчкиот систем.
Образовните работници не обрнуваат внимание на името или потеклото на детето.
Правата на ученикот се еднакви со правата на учителот.
О, Канадо, ти си величествена земја.
Мојот живот се промени, не е како што беше.
На твојата земја живеат вековни култури,
Тие блескаат и ќе блескаат со векови.
О, благословена Канадо,
О, славна Канадо,
Нашето наследство е македонско,
Ние ја пронајдовме нашата вистинска идентификација.