Поминаа многу години
и побелевме и остаревме.
Нашето убаво село
никогаш не го заборавивме.
Зелено село, мој Зелениче,
не си како што беше некогаш.
Толку многу ти се смени лицето
додека бевме далеку од тебе.
Се сеќаваме на вечерите
кога улиците се полнеа со деца,
а стариците на столчињата
седеа заедно и си зборуваа.
Твоите калдрмисани патишта
сега се покриени со асфалт,
а со столбовите на далноводот
ноќите се силно осветлени.
Двете селски реки
се претворија во шеталишта,
соединувајќи ги селаните
кои некогаш живееја малку разделени.
Малите вади ги нема,
а ги нема ни магарињата.
Магарињата заминаа далеку
да си најдат малку трева.