Моето родно место е селото Невољани, Егејска Македонија.
Моето име е македонско и во нашиот дом зборуваме македонски јазик.
Мојот прв ден на училиште во Невољани
Учителот ме праша за моето име.
Мојот одговор беше: „Аспасија Босота“.
Учителот луто ме погледна и ми рече:
„Твоето име звучи како бугарско.
Од денес твоето име ќе биде Аспасија Босотакис.
Зашто не зборуваш на грчки јазик?
Сега, во овој момент ќе ти оддржам лекција,
За да не зборуваш повеќе на тој валканиот, низок јазик.“
Тој ме удира и удира по главата, по целото тело,
Ми го пукна тапанчето на едното уво.
Глува сум на десното уво
И ќе бидам глува засекогаш.
Физичкото мачење не му беше доволно,
Тој даде наредба и за психичко мачење.
Цела една година ниту едно дете
Не смееше да си игра со мене ниту да зборува со мене.
Одам да зборувам или да си играм со децата,
Сите деца ми го вртат грбот со гадење.
Седам секогаш сама,
Болка, неподнослива болка.
Сеќавањата од минатото живеат
И со минувањето на годините се разбудуваат.
Македонците што живеат под Грција до денешен ден живеат на истиот начин,
Немаат почитување, национални права и еднаквост.
Моето име е македонско со денешниот моќен глас,
Кој ќе се слушне низ целиот свет.
За македонскиот народ барам човекови права,
За Македонците што живеат под Грција да живеат во еднаквост.