Секојпат кога поминувам покрај улица Niagara во западниот дел на Toronto, ми доаѓа на ум една приказна што ми ја раскажуваше татко ми.
Мојот дедо Tanas Radeff со неколку соселани од Oshchima дошол во Canada од Македонија во 1898 година барајќи работа. Тие не дошле да останат, туку да престојуваат неколку години и потоа да се вратат, со надеж дека со заштедените пари ќе купат фарма или ќе изградат поголема куќа.
Кога дедо ми се вратил во Македонија на крајот од деветнаесеттиот век, намерата му била да го испрати својот најстар син во Canada, бидејќи иднината на Балканот била мрачна.
Татко ми бил дете за време на Илинденското востание во 1903 година на Македонците против Отоманските Турци, кое било брутално и одмазднички угушено со уништување и палење до темел на над двесте македонски села.
Она што следело било политички пресврт и немир околу судбината на Македонија, додека неофицијални вооружени чети на Бугари, Грци, Срби и Албанци, избегнувајќи контакт со Отоманците, крстосувале низ земјата. Тие се натпреварувале меѓу себе настојувајќи да ги наметнат своите национални интереси врз народот. Ова бил периодот што ги предизвикал трите Балкански војни и Првата светска војна. Бугарија, Србија и Грција во неочекуван сојуз против Отоманците ги истерале од Балканот. А потоа се бореле меѓу себе за посед на Македонија, која била повеќепати прегазена и потоа поделена.
Татко ми израснал во оваа непријателска средина на непрекината војна. Во 1914 година за него се укажала можност да замине. Не губејќи време, неговиот татко го испратил сам во Canada на млада возраст од четиринаесет години. Неколку години порано, неговиот постар брат побегнал во Србија и таму нашол начин да емигрира во Canada.
Татко ми не се сретнал со својот брат долго време и за овој дел од својот раен живот во Canada тој никогаш не зборуваше. Не треба многу имагинација за да се разберат тешкотиите со кои се соочувал. Немало група за добредојде што ќе го научи англиски јазик как што има денес. Канаѓаните, претежно од британско потекло, не чекале во ред за да пречекаат кого било од Европа, иако Владата велела дека ни се потребни имигранти. Чувството кај просечниот човек било: повеќе странци да им ги земат работите, да работат за помалку и потоа да не ги трошат парите тука, туку да ги однесат или испратат назад од каде што дошле. Работите се променија од тогаш до сега, бидејќи Владата му помага на имигрантот со часови по јазик, пари за да се воспостави, субвенции за кирија итн. Тогаш не било така, бил сам, пливај или потони.
Татко ми, за мое големо жалење, не зборуваше многу за првите години во Canada, а јас не бев доволно зрел за да го прашувам. Некои приказни беа со мака извлечени од него, како на пример живеењето во две соби со четири македонски мажи на улица Niagara и готвењето и перењето за нив. Тој бил кралски платен со соба и храна и со кнежевска сума од еден долар неделно. (по дваесет и пет центи од секого од нив) Фаќал по некој збор англиски тука и таму и набрзо бил избран да оди во продавница за нивната храна.
Постојано ги молел да му најдат работа, не сакал готвење или перење.
Постојано велел дека е маж, а готвењето и перењето биле женска работа. Еден од мажите го однел на своето работно место во кланица (Abattoir) во областа. Зборувајќи со работоводникот, сограѓанинот Македонец рекол: „Ова дете е од мојата земја, знае неколку зборови англиски. Ќе му дадеш ли работа, тој е многу добар работник, плати му колку што сакаш. Навистина му треба работа!“
Работоводникот го погледнал татко ми и рекол: „прилично е млад.“
Постариот маж рекол:
„Не е толку млад, дојде тука сам.“ Какво и да имало тоа значење за работоводникот, се чини го трогнало да му даде шанса на татко ми. „Ќе го пробам без плата, ќе видиме што ќе биде.
Ако се покаже добро, ќе го задржам.“ Целиот тој ден на татко ми му ја даваа секоја валкана работа што работоводникот можеше да ја најде. Татко ми, ослободен од макотрпноста на тие две соби, скокаше на која било задача што му беше дадена, дури работејќи и за време на ручекот кога другите мажи седеа. Една причина беше што немаше ручек да јаде, а другата беше што работоводникот не го допре за да му покаже дека може да запре.
Кога Македонецот што го донесе татко ми да побара работа помина покрај неговото работно место на друго место во кланицата, работоводникот рече донеси го утре. I така татко ми ја доби својата прва работа во Canada или каде било.
По неколку дена му беше покажано како рачно да ја истиска содржината од говедските црева и потоа да ги измие. Тие се користеа како обвивки за производство на колбаси во тие денови.
Мирисаше многу лошо, облеката му замириса на измет и отпадоци. Остана сам да пешачи до дома и луѓето на улица му правеа широк пат. Неговите сожители во собата не беа многу среќни со него, иако тој сега плаќаше мала сума за својот дел од собите. Не переше повеќе, туку учествуваше во готвењето.
Еден љубезен постар Ирци го зеде настрана и му кажа со зборови и гестови да донесе друга облека за доаѓање и заминување од работа. Остави ја твојата смрдлива работна облека на закачалка во нивниот работен простор, потоа измиј се со цревото со кое ги чистеа цревата пред да одиш дома секоја вечер. Работите почнаа да се подобруваат за татко ми. Овој човек му покажуваше на татко ми мали нешта како подобро да ја врши својата работа, без зборови отпочетку со пример и климање со главата во знак на одобрување додека сваќаше.
Како што овој добар човек почна да го учи и да зборува со татко ми, тоа го зголеми неговото познавање на англискиот јазик. Му кажа на татко ми дека и тој самиот дошол во Canada на рана возраст. Можеби ова го објаснуваше неговиот интерес за напредокот на татко ми.
Татко ми никогаш не ми кажа многу повеќе за својот раен живот, но сега сфаќам дека бев премногу млад за да ја имам желбата што ја имам сега да знам сѐ за него. По извесно време тој воспостави контакт со својот постар брат кој изнајми куќа на улица Niagara, популарна локација кај полека растечката македонска заедница.
Тој, како и сите млади имигранти, го впиваше сѐ што можеше од својата усвоена нова култура. Токму во овој период тој ми ја раскажа оваа приказна.
На 30 август 1927 година (датум што го побарав) татко ми бил привлечен од толпа луѓе наредени од двете страни на улица King. Ги слушнал како зборуваат за доаѓањето на двајцата принцови од Англија, Edward Принцот од Велс и неговиот брат Albert, Војводата од Јорк, кој по абдикацијата на Edward подоцна ќе стане Крал George VI.
Порано браќата ја пресекле лентата за новиот источен влез на саемот Canadian National Exhibition, кој бил наречен The Princes Gates во чест на двајцата кралски посетители од Англија. Тие сега требало да поминат во автоколона до нивната следна јавна функција во зградите на Парламентот во Queens Park.
Останувајќи настрана од толпата, со грбот притиснат на стаклен излог од продавница, гледал како автоколоната се приближува. Поворката забавила и автомобилот што ги носел двајцата принцови целосно запрел директно пред местото каде што стоел татко ми на задниот дел од толпата. Што и да го предизвикало запирањето, било среќа за оние на тоа место.
I таму пред очите на татко ми бил престолонаследникот Edward Принцот од Велс, следниот крал на Англија. Можел да го види и другиот принц како седи до него.
Инстинктивно во тој момент сфатил дека сѐ што било добро во станувањето британски поданик било симболизирано во овој човек, принцот. Сега како британски поданик преку имиграција бил под закони што го штителе, а не го прогонувале, имал слобода на вероисповед;
Имал можност да работи и да се усовршува; исто така не мораше да се плаши од полицијата, тие беа таму за негова заштита. Како британски поданик имал еднаквост со сите други. Не бил граѓанин од втор ред како што биле многумина на Балканот. Тука немало постојана војна како таму каде што израснал. Полека почнал да размислува за себе како за Канаѓанец кој дошол од Македонија. На крајот на краиштата, сите други дошле од други места како Англија, Ирска, Шкотска и Франција, пред едно, две или три генерации, зарем не?
Тој бил млад човек, слободен човек, благодарен, признателен човек. Сето ова било предизвикано од тоа што пред своите очи го видел Принцот како оличење на сѐ што било добро за него со тоа што му било дозволено влегување во оваа голема земја на слободата.
Зафатен во моментот, бил совладан од голем брановиден бран на патриотска емоција што никогаш порано не ја познавал ниту искусил во својот млад живот.
Застанал во став мирно исто толку вешто како да бил обучен за тоа.
Раката како по сопствена волја полека му се кревала за да формира поздрав. Ми кажа дека не ја кренал тој раката. Се чинело дека дејствува сама од себе.
Тоа било несвесна форма на почит и верност што ја покажувала неговата благодарност и патриотизам кон Принцот на неговата нова земја.
Се доживеал себеси како вкочането стои и поздравува како да е тоа надвор од телото.
Токму тогаш Принцот од Велс, кој ѝ мавтал на толпата, го видел татко ми како стои сам во вкочанет поздрав на задниот дел од толпата.
Се завртел малку и го поздравил татко ми со брзо климање со главата, мислејќи можеби дека татко ми е млад ветеран?
На ова толпата се завртела масовно за да го види примателот на ова кралско внимание.
Сфаќајќи дека толпата зури во него, татко ми ја спуштил раката. Мислел дека знаат дека сум само имигрант, нов дојденец. Завртувајќи се да го скрие лицето, побегнал во страх од одмазда од оваа толпа.
Зошто овој страв? Времињата биле британски англо-саксонски и новите дојденци од Европа постојано биле потсетувани на тоа од Канаѓаните (не мултикултурното општество од денес). Мислел дека ќе си мислат: кој сум јас да го поздравувам нивниот Принц, како се осмелувам. Јас сум само зеленчук како што го нарекуваа многумина. Сѐ уште не го отфрлил имигрантскиот образец на размислување.
Трчал кон засолништето на својата соба и се заклучил до крајот на денот. I дури со страв и трепет се осмелил да излезе следниот ден.
Неговиот патриотизам за Canada заживеал во моментот кога го поздравил Принцот од Велс и никогаш не згаснал. Всушност, поради важноста на овој настан во неговиот живот, тој го крстил својот првороден син Edward.
Еднаш ми кажа дека неговата љубов кон Македонија била како на син кон својата Мајка,
А неговата љубов кон Canada била како на маж кон својата Сопруга.
Ова е една од многуте приказни што ми ги раскажа татко ми.