Во Лерин каде што пораснав има една планина
Затоа постојано пеам за неа.
На неа пеат стотици птичји гласови
И секој Први мај младиот свет и’ пее слатки песни.
Се чини како вчера откако ти реков збогум.
Во туѓата земја не те заборавив.
Твојот лик е во моето сеќавање
Како нијансите на шарената зора.
Моја убава планино,
Многу те сакам.
На твоите диви цвеќиња, на маргаритките и афионите
Слетуваат прекрасните пеперутки.
Моја убава планино,
Желеата ми е повторно да ти бидам гостин.
Некој ден со зората
Ќе се искачам на врвот.