Илинден бил денот избран за востание на народот
Кога, татковците на современа Македонија
Со нивните храбри сонародници
Се кренаа да го отфрлат турскиот јарем.
Формирана во огнот на револуцијата, самосвест како нација
Илинден — ковачница, Македонија — наковална, Слободата — чекан
Македонија за Македонците беше нивниот собирен крик
За нивната решителност за независност зборуваше нивното мачеништво.

За неколку историски денови беше прогласен Крушчевскиот манифест
Слобода за Македонците од сите култури
Самоуправа, свој јазик, своја Епископија
Часовникот на историјата ги буди од петвековното крепосништво.
Кај народот заживеа чувството за нација
Илинден беше родилна мака на современа Македонија
Тоа требаше да биде предолго породување и многу болка
Сѐ додека Илинден не го роди нејзиното дете наречено Слобода.

По Илинден, одмазда; Балкански војни и поделба со омраза
Опкружена од оние „некогашни браќа во окови“ со Турците
Сега се борат да бидат нивните нови господари и полоши асимилатори
Така Македонците како посебен народ повеќе нема да ги има.
Сепак, денес таа е: таа е Република, држава
Во земјата живеат децата на Илинден
Нејзините граници се смалени, но не и нејзиниот Дух
Во Бога, нејзината доверба и сила како никогаш досега.

Животот не е статичен, туку движење и промена
Поради времето многумина емигрираат
Од регионите на Егеј, Вардар, Пирин заминуваат
Им се даваат пасоши.
Тажна за нивното заминување, Мајка Македонија
Бидејќи беше сиромашна, ништо не им даде во рака
Сепак, бидејќи беше мудра,
Го запечати секое срце што заминуваше со зборот Илинден.

Не беше важно на кој брег
Брановите на дијаспорите ќе ги однесат
Тие го понесоа со себе нивниот национален карактер и етнички
Искован и обликуван од историјата.
Земајќи го и сознанието, дека освен Илинденското востание
Македонците ќе беа асимилирани во заборав
Илинден го обединува народот низ годините што следеа
На три континенти, секоја годишнина прогласува „ние сме Македонци“. *

Денес кој сум јас, роден и живеам во Канада
Македонец по потекло
Може да прашате
Што може да ми значи Илинден?
Ќе кажам, ова скапо купено наследство, јазик и култура
Го прими Татко ми од крвави патриотски раце
Тој тогаш во оваа земја далечна, ми ја предаде
Историја на луѓе кои се бореле да ја ослободат Македонија.

Давачите, по природа, а не земачите, Македонците биле блажени
И ја благословија секоја земја во која се населиле
Тие се патриотски, законопочитувачки и продуктивни граѓани, со побожен карактер
Почитувачи на другите култури, подеднакво на мажите и жените.
Сето македонско е мое по наследство од мојот Татко
Горд сум на неговиот јазик, култура и раса
Далеку од Македонија, а поминаа повеќе од сто години
Јас го тврдам своето наследство...Јас сум син на дете од Илинден.

* „Ние сме Македонци“