Нејзиниот средношколски живот
Беше неподнослив.
Гимназискиот професор
Сакаше да и’ го скрши моралот.

Ја навредуваше, често ја бркаше од училницата
И се чувствуваше многу среќен.
Тоа беше неговото издигнување,
Тоа беше неговата самоувереност.

Таа си одеше дома со плачење,
Му сежалеше на мајка си
Велејќи: „Оди и разговарај со професорот
За неговото неправедно однесување...“

Мајка и’ одговараше со тага:
„Овој проблем ќе живее со векови.
Нашето наследство е македонско
И за Грците нашата појава е омразена.

Татко ти и јас го напуштивме училиштето
За да избегнеме мачења.
Си го губиш времето одејќи во училиште,
Нема да имаш висока позиција, тоа е грчкиот систем.“

Нејзиното мислење беше различно:
Образованието за човечкиот живот е важно.
Запишаното ќе живее со векови
И ќе блеска засекогаш.