Таа припаѓаше на средната класа
Имала сопруг и шест деца.
Нејзиниот сопруг како и секогаш бил во македонските села Лерин-Леринско.
Работеше таму, сликаше.
Таа беше дома во кревет болна
Имаше висока температура и болки во стомакот.
И тој ден, како и секогаш, вратата се отвори со удар
Влегоа грчките полицајци кои со омраза ги гледаа.
Нејзините деца, како и секое утро, таа минута му се молеа на Господа
И се распрснаа, преплашени од тој упад.
Некои се сокриле под креветот
Други трчаа да ја прегрнат мајка си со солзи во очите.
Грчките полицајци направија хаос во куќата.
Фрлеа чинии, тенџериња, а се служеа со гнасни зборови.
Се качија на поткровјето од куќата.
Таа се прашуваше „Што бараат?“
И тој ден не најдоа трага со која би ги обвиниле.
Тоа семејство ги следи стапките на Господ.
Грчките полицајци ја напуштиле куќата
Не покажаа ни најмало чувство на вина.
Тоа беше нејзиниот начин на живеење
Нејзиниот живот во Грција беше мачеништво.
За жал, Македонците под грчка власт
И денес живеат на истиот начин, напаѓани и мразени.
Денес таа и нејзиното семејство живеат во Канада, канадско македонско семејство
Дарен од Господ, Идеолошки.
Ова се настаните запишани во хрониката
И ќе бидат забележани во светската историја.