О! Брат поет
Речит и надарен Македонец
Ти си мртов,
А од гробот никој не може да зборува.
Сепак! Ти зборуваш, твоите зборови оживуваат
Секогаш кога твоите песни се изговараат
Секаде каде што твоите песни се читаат
Тука во оваа земја, далеку од Македонија
Го прочитав она што го имаш напишано.
О, Војник поет, кога загина во војната
Бев дете на девет години
Немаше да можам да ја разберам твојата тажна песна
„Денови ли се – денови
бугарски црни теглачи!
Роди се човек – роб биди,
роди се човек – скот умри“
Сега о да сега, преку моето животно искуство
Ги знам и можам да ги разберам твоите зборови
Твоите зборови викаат кон мене
Тие викаат „Јас Kosta Racin бев Македонец“
„Јас Kosta Racin бев патриот, партизан“
„Јас Kosta Racin бев сладок пејач на зборови“
„Јас Kosta Racin бев поет“
О брат поет, нека зборовите од мојата уста
И мислите од мојот ум ти угодат
Како во традицијата на поезијата
Продолжувам да ѝ давам глас на македонската душа.
Спиј во мир, брат поет, спиј во чест
Додека Музата ме повикува да те восфалам.