Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Literature of Fact in Petre Nakovski's Novels (Master's Thesis)

5. АПЛИКАЦИИ - Part 01

Од Татјана Пеливанова · Дел 3 од 14 · Околу 19 минути

Читај на English

5. АПЛИКАЦИИ

5.1. „ПОСТЕЛА ЗА ЧЕМЕРНИТЕ“

„Што да речам јас?

Ништо... Се искоренивме и толку.

А за искоренетиот никој не сака ништо да знае и никој не го прашува каде му е коренот.

Нашиот камен Нумо, се истркала и трева не фаќа“.27 Романот „Постела за чемерните“ е објавен 1985 година и е прв роман на Петре Наковски. Ова е роман за националната, историската, воената, политичката и егзистенцијалната драма на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

Во симболиката на насловот на романот „Постела за чемерните“ низ опишаните настани е содржан само дел од трагедијата на Македонците во текот на Граѓанската војна.

Временски, дејството во романот се одвива од 22 јуни 1948 година до август 1949 година и конкретно започнува со преселување на населението од костурските села кои се нашле во непосредна близина на тешките борби водени во реонот на Северен Пинд, популарно наречен Грамос.

Слика 1. Насловна страница на романот „Постела за чемерните“ 27 Петре Наковски: Постела за чемерните. - Скопје: Култура, 1985, стр.56 Романот е книжевен хронотоп 28 и суштински ги претставува временските и просторните врски низ кои е и проткаено неговото дејство. Опишаното време во кое се случуваат настаните е сместено во временски граници. Така, според Роланд Барт во романот „се вселува „нов код“ , кодот на просторот и времето“.29 Опишаните настани во романот се подредени хронолошки и авторот низ искажувањата на ликовите не` запознава не само со текот на настаните, туку и со дејствијата што се случувале во минатото, а историски се поврзани со настаните што се предмет на обработка на романот.

Оттука, се изведува заклучок дека авторот хронолошки и ретроспективно допира до историографијата, до националната судбина на Македонците, до историската катастрофа на Егејскиот дел на Македонија, „... пораз што и` ја зацрни за во вјек и вјеков егзистенцијалната перспектива на македонската нација.30 Во содржинското јадро на романот „Постела за чемерните“, се обработуваат следниве настани:

• Преселувањето на населението во поранешната италијанска база Прењес во Албанија.

• Организираното заминување на децата од селата во источните земји.

• Мобилизација на децата на возраст од 15-16 години како резерва на ДАГ.

31

• Судбината на ранетите борци на ДАГ.

Романот започнува со опис на местото Прењес, 32 во кое во стари, истрошени бараки, коњски штали и магацини биле сместени околу 7-8 илјади иселени жители пред се` од костурскиот крај. Со одлука на Главниот штаб на ДАГ и во договор со 28 „ Книжевниот хронотоп е модел на свет персонифициран во една препознатлива, стилски и културно кодирана целина од простор, време, лик и приказна“.

29 Венко Андоновски: Структура на македонскиот реалистичен роман. - Скопје: Детска радост,

1997, стр.123

30 Стожер, јануари-март 2004, стр. 42 31 Демократска армија на Грција 32 Прењес - првото населено место во Албанија, по преминувањето на граничниот премин Ќафасан.

албанската влада, дел од населението од костурските села кое било најблиску до фронтот, било преселено во оваа поранешна италијанска база. Престојот во Прењес е сведоштво за тешките доживувања и личните трауми на селаните од костурскиот крај чија осама, напуштеност, разнебитеност и осакатеност во непознато се опишани на станиците на овој роман. Низ тешките и емотивни слики авторот дава опис на „вудвосаните старци, вдовици од шест војни и раскостени жени“33 кои одделени од синовите, мажите, ќерките, болно и со лелек, со колнење и со тивки молитви секојдневно чекале вест од своите најмили кои се наоѓале на боиштата или во болниците. Страотен е описот на тие стари и изнемоштени луѓе кои трчале по камионите кои превезувале оздравеници ранети на боиштата на Вичо и Грамос, а лекувани во албанските болници во Елбасан, Тирана, Драч и Сукт и ги барале своите најблиски или пак постојано биле во очекување да слушнат некоја вест за нив, кога:

„И во тој вик не се слуша ниту име, ниту презиме, туку само „ о-о-о-а-а-а!!!“ и плачење, и молење, и колнење, и проколнување, и пцости и лелекање“.34 Престојот во Прењес е тешка и сурова вистина за Македонците испадени од родните огништа, сами, без своите најблиски, без ништо свое, бедни, беспомошни, затапени од болка, а кои една мисла водилка тајно, скришно, ги држела постојано живи, мислата за родната земја, мислата за родното огниште.

„Меѓу двете поминувања на камионите, наспроти забраните и заплашувањата, некои скришум се искачуваат до горе, до превалот и оттаму, гледајќи ја големата вода, а преку неа високите врвови на сивите планини, си шепотат во себе и покажуваат со прст еден на друг, велејќи: - „Ене, онаму е нашата дома“.35 Во романот „ Постела за чемерните“, преку искажувањата на Кирче, мобилизирано дете, авторот не воведува во систематската и организирана акција за одведување на децата во источните земји. Целта била обезбедување посигурен живот за децата кои биле изложени на опасностите што ги носела Граѓанската војна. Во раскажувањето на Кирче трагични се сцените на разделбата: „ Мајка не прегрна и молчејќи долго не држеше во прегратка... не стегаше, а солзите и капеа, та и капеа по нашите образи. Ми се чинеше дека цел век останавме така, сите сторени едно. Мајка 33 Петре Наковски: Постела за чемерните. - Скопје: Култура, 1985, стр. 5

34 Исто, стр. 6

35 Исто, стр. 7 ја разлабави прегратката и, небаре плашејќи се да не се разбегаме ко пилиња, рашири раце и не` поттурна во толпата деца“.36 Слика 2. Мајките ги испраќаат своите деца Така, децата од костурските села Косинец, Лобаница, Крчишта, Долно Папратско, Езерец, Галишта, Брештени и уште од неколку села од Костенаријата, по несигурната ноќ во пограничниот појас со камиони биле пренесени во Корча, сместени во албански семејства, а потоа со камиони децата биле однесени во близина на Драч. За децата се грижеле жени кои биле нарекувани „мајки“37. По осуммесечен престој во Албанија овие деца биле пренесени од Албанија во Полска.38 За ова, поширока информација наоѓаме во предговорот на политиколошката студија „Македонски деца во Полска (1946-1968)“ од д-р Петре Наковски и во неговиот втор роман „И каменот е земја“.

Одведувањето на децата несомнено имало хуман карактер, меѓутоа, зад тоа се криеле и други цели со трагични последици. Имено, родителите биле искористени за

36 Исто, стр. 95

37 Види: Петре Наковски: Македонски деца во Полска. - Скопје: Млад борец, 1987, стр. 21

38 Исто, стр. 27 потребите на фронтот, одведувањето на децата довело до урнисување на македонското семејство, а учеството на населението во војната, загинувањето на борците и егзодусот на децата претставува почеток на искоренувањето на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

Наковски во романот „ Постела за чемерните“ не` запознава и со мобилизацијата на децата на возраст од 15-16 години како резерва на ДАГ.

Одведените деца во Романија биле соочени со нови предизвици.

Претставници на ДАГ барале од повозрасните деца, да се вратат за да се борат на фронт. Во тоа време претставниците на привремената влада, а посебно на НОФ и АФЖ, го искористиле еланот на повозрасните деца хранејќи ги со актуелните борбени пароли: „Драги деца на херојските татковци и мајки, борците за слободата и напредокот... паѓаа зборови за борбата, за водачот... се запишувавме, викајќи пароли, а најмногу дека ете, сега, веднаш, сме готови да одиме да се бориме“39.

Така, момчињата од Костурско, од Леринско, од Воденско, од Епир и Тесалија, преку Берковица (Бугарија), со камиони биле префрлувани во Преспа каде војнички вежбале. Овие деца го понеле големиот товар на возрасните што не останало без реагирања на роднините: „ Луди се! Штом децата ни ги облекоа така, штом ги вратија во бој, кучкините синови решиле да ни го искоренат коренот! - така велеше дедо ми“.40 Фактот на мобилизација и враќање на малолетните деца на возраст од 15-16 години за потребите на фронтот, како резервна војска да бидат вклучени во редовите на ДАГ, предизвикал бура протести41 кај родителите. Затоа, под притисок на родителите овие деца биле испратени во Прењес.

Во делото „ Постела за чемерните“, авторот ја обработува и темата за судбината на ранетите борци на ДАГ. Низ времето, просторот, емоциите, менталитетот ја прикажува биднината и небиднината на овие јунаци. Авторот говори за човечките судбини и за трагичните последици кои ги носела граѓанската војна. Во име на слободата, во име на копнежот по родната грутка, на надежта за подобро утре, 39 Петре Наковски: Постела за чемерните. - Скопје: Култура, 1985, стр.156

40 Исто, стр.166

41 Види: Петре Наковски: Македонски деца во Полска. - Скопје: Млад борец, 1987, стр. 23 претставена е голготата на Македонците кои земале активно учество во битките борејќи се на страната на ДАГ. Ранетите борци биле носени од борбите на Грамос во Албанија, во болниците во Корча, Тирана и Елбасан и од Сукт, а потоа недоизлечени повторно биле враќани на фронт. Таму почнува да се распаѓа и да се расткајува заедно плетената и ткаена горчлива и чемерна судбина - небаре е потсечена со срп.

Романот кој е предмет на анализа на најубедлив начин го опишува големото зло што на Македонците им го донела граѓанската војна. Лошо, чии извршители биле луѓе од разни идеологии. Тешко е да се одговори: Каков треба да биде човекот во условите што ги наметнала граѓанската војна – убиец или херој? Авторот не дава еднозначен одговор, туку остава отворен простор во кој читателот треба да даде оценка за тоа кои ликови и настани заслужуваат пофалба, а кои осуда.

Во романот наоѓаме сцена во која Македонецот успеал да го одбрани своето достоинство, почитта кон сопствената човештина која претставува највисока вредност. Во врска со ова, најмоќен е исказот на главниот актант, Пандо. Измачуван во полициските казамати тој изјавил: „... мене комунизми не ми требаат и не ги барам. Мене ми треба Македонија и неа ја барам. Ме нарекоа автономист и - на сув остров.42

„ Ме обвинија за комунизам“.43 42 Петре Наковски: Постела за чемерните. - Скопје: Култура, 1985, стр.66

43 Исто, стр.46 Комисијата за издавачка дејност при ЦК на СКМ во која членувале и петмина со потекло од Егејска Македонија (тие биле овластени да даваат оценка кои и какви текстови што се однесувале на Егејска Македонија смеат да се печатат) го оспориле печатењето на романот „Постела за чемерните“, поставувајќи услов реченицата да биде избришана. Авторот одбил и од издавачот на „ Култура“ побарал романот да му биде вратен.

На маргината од овој дел би сакале да го истакнеме поданичкиот и лакејски „ егејски естаблишмент“, кој по прочитувањето на романот не ја заборавил оваа реченица: „... мене комунизми не ми требаат и не ги барам. Мене ми треба Македонија и неа ја барам“. Тројца поранешни борци на ДАГ, инаку дезертери по битката за Лерин, го повикале авторот на разговор и во долгата расправија настојувале да биде избришана реченицата.

„- Избриши ја - му рекле на авторот, зашто тукашните ќе речат дека ние Егејците сме против комунизмот и дека сакаме некоја Македонија“, а тоа било спротивно на политиката на Сојузот на комунистите. На ова авторот им рекол дека откажува да ја избрише спомнатата реченица. Двајцата од соговорниците биле поранешни удбаши кои по поразот на Ранковиќ биле пензионирани, а третиот пописмен од нив работел како научен соработник во Архивот на Македонија, со само редовно завршено основно образование во Грција. Наковски револтирано ги напуштил соговорниците, а тие му довикнале: „- Остани и држи се со нас, а далеку и високо ќе стигнеш“.

По ова искажување низ страниците на романот ни се разоткриваат и неподносливите измачувања. Од истражувањата во врска со измачувањата на Македонците во казаматите на грчката полиција, авторот преку устата на Пандо ги бележи следните начини на измачување во чија основа лежел обидот за денационализација на Македонците.

Начини на измачување:

1) пиење рицинус

2) седење на мраз

3) тепање

4) откорнување нокти

5) ставање запален кибрит или жешки јајца под мишки

6) стегање железен обрач на главата

7) ставање жива мачка под кошула

8) тепање по стапала и гениталии

9) лута пиперка во уста

10. стрижење на крст

11. праќање во логори

44 По ваквото избројување, Пандо заклучил: „ Тие не тепаат, туку толчат... (...)

тие тепаат, но не убиваат. Правилото е: осакати ама не убивај. Осакати, посеј во нив Да одбележиме дека Наковски не останал со нив и без нивна помош стигнал дотаму каде тие не можеле да сонуваат, но останала одмаздата, бидејќи некои се препознале во неговите романи и ја ширеле нетрпеливоста, и поради тоа што Наковски повеќепати јавно во печатот, радиото и телевизијата се произнесувал против поимот „ егејци“ и поимот „ деца бегалци“. На ова хајка се приклучиле и некои душогрижници, некои поранешни затвореници, сега големи патриоти во Канада и Австралија. И токму за оваа реченица во текот на подготовките за печатење на романот „Постела за чемерните“, постоело мислење од ЦК на СКМ, овој роман да биде повлечен. Благодарение на храброста на писателите Димитар Солев и Бранко Пендовски, романот излегол од печат и постигнал невиден успех. Целиот тираж бил продаден за 2-3 месеци. Само за еден ден биле продадени 70 примероци. (Нова Македонија, 18.2.1986 год.)

Под притисок на актуелната политика, критиката го одмолчала романот „ Постела за чемерните“, патем и другите романи што следеле. Сепак, читателите го дале своето најдобро мислење, а актерите Вукан Диневски и Душко Георгиевски со наслов „ Егејска фуга“ одржале над стотина претстави. Но, независно од тоа и „Постела за чемерните“ и „И каменот е земја“ се нашле на црната листа. Триумфирала завидливоста и лакејството.

44 Петре Наковски: Постела за чемерните. - Скопје: Култура, 1985, стр.67 малодушност. Осакати за да се плашат од нив оскатените. Ете, тоа го имавме во грчката патрида“. И кој знае дали утре или задутре нема да ни обесат попогрдни имиња и да ги плашат со нас сопствените рожби. А ние, гледаш, мајката, траеме и сме... Како пирејот, нели?...“45 Авторот преку описите и однесувањата на ликовите всушност, укажува дека секој лик ја носи во себе судбината на колективот, судбина полна со трагични последици. Нивните карактерни особини се одликуваат со највисока доблест. Тие се носители на вистината и во нив се вградени најпозитивните човечки особини:

гордост, издржливост, опстојување, достоинство, чин на хероизам. Сликајќи ги нив, авторот го слика македонскиот народ од Егејскиот дел на Македонија, односно личности кои се типични претставници на македонскиот селанец. Авторот автентично го отсликува системот кој имал за цел уништување на семејството, раселување, разнебитување на семејството, на човековото достоинството, на вековното домашно огниште и роднокрајската македонска традиција.

Романот „Постела за чемерните“ кој е предмет на нашата анализа содржи низа елементи на литературата на фактот низ кои ја дознаваме вистината за местото, времето, настаните и луѓето.

Прв елемент со кој се потврдува дека делото има елементи од литературата на фактот е автентичноста на просторот, имињата на населените места, топонимите.

Дејството се одвива во Албанија, во Прењес, кој е првото населено место по граничниот премин Ќафасан, а во романот се спомнуваат градот Корча и селото Добрани и албанските градови Елбасан, Тирана, Драч и Сукт, во кои за време на Граѓанската војна во Грција биле лекувани ранетите борци на ДАГ.

Во романот авторот ги употребува македонските имиња со невообичаено точна топографија на селата, градовите, планините, реките, кои Грците со закон ги имаат погрчено, односно ги имаат преименувано со грчки имиња. При анализата на романот, читателот ги дознава автентичните имиња на топонимите во Егејска Македонија:

45 Исто, стр.69 Села: Врбник, Билишта, Крчишта, Долно Папратско, Новоселени, Езерец, Сничени, Лудово, Мантила, Долнени, Брештени, Галишта, Јановенските села, Смрдеш, Брезница, Винени, Косинец, Лобаница, Брезница, Желево.

Градови: Лерин, Воден, Негуш, Костур.

Области: Костурско, Воденско, Лериско.

Планини: Вичо, Грамос, Камна, Свети Илија, Копанче, Алјавица, Круша, Тумба, Бела Вода, Бигла, Горуша, Харо, Клефтис, Патомата, Орле, Одрето, Бел Камен, Главата, Кула, Јоргова Глава, Мали Мади, Буци, Јанова Глава, Плати, Кулкутурја, Буковик, Баро, Јамата, Полената, Врбица, Стените, Кајмакчалан, Шак, Синадев Рид.

Втор елемент со кој се потврдува дека делото има елементи на литература на фактот е временската рамка и вистинските настани кои се случувале во тој временски период.

Во романот „ Постела за чемерните“, авторот прецизно го запазува хронолошкиот ред на романсиерското дејство и ги опишува реалните факти и случувања кои довеле до уништувањето на македонското семејство и присилното иселување од родните огништа.

- Забележан е точниот ден 22 јуни 1948 година кога започнало преселувањето на населението од костурските села кои се нашле во непосредна близина на тешките борби водени во реонот на Северен Пинд, популарно наречен Грамос, а кои траеле 70 дена. Селаните од Крчишта, Долно Папратско, Новоселени, селата од т.н.

Костенарија: Езерец, Сничени, Лудово, Мантила, Долнени, Брештени, Галишта, Јановенските села тогаш биле преселени во, како што веќе погоре спомнавме, поранешниот италијански воен логор во малото населено место Прењес, на територијата на денешна Албанија.

- При заминување селаните со себе ја земале и стоката, но за потребите на ДАГ, стоката им била одземена, а за возврат им било дадено испишано ливче.46

- За време на Граѓанската војна во Грција, ранетите борци од битките на Грамос биле носени во Албанија, во болниците во Елбасан, Тирана, Драч и Сукт. За 46 Види: Петре Наковски: Постела за чемерните. - Скопје: Култура, 1985, стр. 243 опсежните истражувања за постоењето на овие болници, авторот се осврнува во својот роман „На пат со времето“, кој е исто така предмет на анализа.

- Во 1948 година била започната организирана акција за одведување на децата.

Децата биле одведени во Корча, и сместени во албански семејства, за што сведочат и авторот и неговата сопруга, како и многу други нивни пријатели кои детството го поминале одделени од родителите и одведени по домови во источните земји. Исто така вистинито било постоењето на „ мајките“ - претставени преку ликот на мајка Евгенија, кои се грижеле за одведените деца и одведувањето на децата во Полска.47 За ова, податоци наоѓаме во политиколошката студија „Македонски деца во Полска (1946-1968)“ од Петре Наковски.

Слика 3. „Мајка“ Евгенија и децата од с. Крчишта сликани во Солице-Здруј во мај 1949 година

- Мобилизацијата на децата на возраст од 15-16 години како резерва на ДАГ, вкупно илјада и двесте доброволци

48.

47 Види: Петре Наковски: Македонски деца во Полска (1946-1968), (политиколошка студија), Скопје:

Млад борец, 1987, стр.19

48 Исто, стр. 23 Факт е исто така и тоа дека иако Грците и Македонците се бореле под едно знаме, грчките власти во напорите за асимилација на македонското население административно со декрет49 забранувале и правеле напори да ги искоренат основните национални обележја на Македонците: јазикот, писмото, верата, уништување на човековото достоинство и одземањето на имотите и државјанството.

Во романот исто така, наведувањето на имиња на логори, како и на историски личности и воени и политички организации, химна и песни ја потврдуваат тезата за литературата на фактот:

Логор: Макронисос50, центар за превоспитување за време на Граѓанската војна во Грција каде биле интернирани 50 илјади војници осомничени како левичарски настроени. Основната поента на превоспитувањето била во ширење на омраза против комунизмот и словенството:

„Макронисос скромен, прегратка на пионери Ти си татковина на херои со голема слава Голема огромна татковина, но не на робови И страв и гроб на варварите Словени...

Првиот баталјон на Макронисос Сега го мрази словенството... “51 Историски личности: Метаксас, Велухиотис, Венизелос, Пангалос-генерал, диктатор и други познати грчки политичари.

Воени и политички организации: ДАГ ( Демократска армија на Грција), ЕЛАС ( Елиникос Лаикос Апелефтеротикос Стратос) Грчка народна ослободителна армија, УНРА (United Nations Relief and Rehabilitation Administration (UNRRA).

49 Станува збор за декретите 13 од 1947 и МН од 1947 и 1948 година.

50 http://en.wikipedia.org/wiki/Makronisos 51 Види: Петре Наковски: Постела за чемерните. - Скопје Култура, 1985, стр. 27 Песни: „Анакриси триту ватму“ - „Истрага од трет степен“ - песна напишана од логорашот Андреас Леондарис, во Макронисос (во превод на П. Наковски).

- „Емброс ЕЛАС ја тин Елада“ - химна на ЕЛАС со која ги почнувале своите емисии на радиостаницата „Слободна Грција“.

Трет елемент со кој се потврдува дека делото има елементи на литература на фактот се сведоштвата врз чија основа авторот ги темели исказите за судбините на главните актанти.

Романот е компониран како систем од раскажувања, кои заемно се надополнуваат, а дејствијата се поврзуваат низ преплетените искажувања на главните актанти, Пандо, Нумо и Кирче. Пандо - гробарот, кој се борел во неколку војни, се борел за својата земја, за родната грутка, и барајќи ја татковината бил наречен „смрдлив славофон“ и обвинет за комунизам. И дали било времето на Венизелос, или Пангалос, или Метаксас, во ликот на Пандо се опишани судбините на сите оние кои ја барале и ја сакале својата Македонија, оние кои не се пишувале дека се Грци, кои зборувале на мајчиниот македонски јазик. Казната за овие луѓе почнувала и завршувала со три чаши рицинус. И не само тоа: тепање, откорнување нокти, жешки јајца под мишки, и, до каде ли одела таа тортура и тие болни умови, до лутите пиперки или мачката под кошула?

Нумо Дамовски, Македонец, заради казна, бил донесен во Прењес од Сук. Тој бил без една нога, ја загубил во бој на Камна, низ раскажувањата за својот страдалнички живот, всушност ја раскажува судбината на Македонците кои се бореле за својата Македонија. Во неговите раскажувања тој го опишува и Харилаос, лик на сите оние Грци и Македонци кои мислеле поинаку, биле левичари, комунисти или едноставно биле Македонци, зборувале на македонски јазик, не се пишувале дека се Грци. Сите овие биле испратени во Центарот за национално превоспитување кој се наоѓал на островот Макронисос. Заедно со Пандо ги гледал судбините на луѓето, тагувал заедно со нив, и постојано му тежеле мислите: „Зар ова треба да биде плодот на нашите мечтаења, на нашите желби и убедувања? Каква слобода им донесовме на овие луѓе? Каква слобода имаат тие тука, протерани од своите огништа.

И кој е тој што може да ме убеди дека утре ќе се вратат и со радост ќе ги пречекорат местата каде што беа праговите на нивните домови? Зошто дојде до ова?“52 Карактеристичен е и ликот на Кирче, младо петнаесетгодишно дете, во чиј лик се претставени македонските деца од Егејскиот дел на Македонија одведени во источноевропските земји. Младите, штотуку замомчени деца со пушки на рамо, со трипати подвиткани, војнички панталони, со цокули долги и широки како лопата, но со цврст чекор ги подготвувале да се борат рамо до рамо со другите војници на фронт. Кирче бил само еден од децата кои во виорот на Граѓанската војна во Грција биле одведени и одделени од родителите и од родните огништа.

Слика 4. Авторот Петре Наковски (подготовка на децата за идни војници)

Авторот преку ликот на Кузе кој се јавува и во романот „И каменот е земја“ ги претставува и оние кои за време на Граѓанската војна профитираат од маките на 52 Петре Наковски: Постела за чемерните. - Скопје: Култура, 1985, стр.148 другите, се служат со измама, клевета, предавство, обвинувања, заплашувања. Тој е негативен лик кој опстојувал исполнувајќи ги наредбите на оние од НОФ и АФЖ, гуштерот како што го нарекувале луѓето, страшливец и понижувачки услужлив. „Зар не гледаш дека гори од желба некого да поткаже? И ќе рече некој дека е нашинец“.53 Во романот „ Постела за чемерните“, Наковски посебно место посветува на жените. Жени страдалнички, мајки останати без своите чеда, жени останати без своите стопани, осамени, избркани од родните огништа, млади девојки кои наместо да се подготвуваат за невести, биле мобилизирани и пратени на боиштата, од каде најчесто ранети, се лекувале во воените болници и излегувале осакатени со испосечени раце и нозе, со патерици под нивните мишки, а некои со се уште неизлекувани рани повторно ги враќале на фронт.

Какви ли соништа сонувале тие девојки?