Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Literature of Fact in Petre Nakovski's Novels (Master's Thesis)

5.3. „ГОЛЕМАТА УДОЛНИЦА“ - Part 02

Од Татјана Пеливанова · Дел 8 од 14 · Околу 4 минути

Читај на English

Авторот во делото користи македонски литературен јазик, но делото е збогатено и со зборови од костурски говор за да ја долови автентичноста на местото и јазикот: чупи, зборвам, братја, нимнио, греј, дој, ести, пренесвате, рекое, ојте, дојду, туа, ќе ојме, пулиш, зевајте, опитвам, чендо, влегва, људјето, избегае, де (каде) мнученишча ( внучиња), звее, воловојте, колее, тепае, палее, поганее, седе, нашче, чуж, врне ( врати), ројнини ( роднини), пушваше, сендуци, љуљка, череша, нишчо, опуљ, чрно, фтаса, езико, реку, зошчо, кадро, ено, р`ка, д`лга, покажва, космата, чезма, женцко, церкви, сполајти, фасуљ, Во говорот на населението се употребуваат грчки зборови со завршеток од македонскиот јазик, зборови од административната, правната, судската терминологија кои се навлезени и се прифатени во локалниот говор и условно речено ги македонизираат: астиномот -началник на полициска станица, корофилаци - полицајци, нипја - деца од претшколска возраст, епитеоритијата - инспектор, ендопји - староседелци, аподикци - потврда.

Анализираното дело е облагородено со симболика: скршена лулка - која означува напуштеност; осаменост; жарче во огништето - постоење; оган - ја симболизира вечноста, топлината, животот. Авторот со употреба на боите црвено и црно како симболи се поврзува со македонската традиција чии бои употребени во везот се симболи и во познатата песна „ Везилка“ од Блаже Конески. Црвeно-црн конец ( црно - симболизира зло, страв, жал, катастрофа, уништување121 ( црвено -120 Петре Наковски: Големата удолница. - Скопје: Макавеј, 2003, стр. 185 121 Wladislaw Kopalinski: Slownik simboli. - Warszawa, 1990, стр. 53 храброст, борба) црна шамија - тага, молитва - лично верско доживување во чија основа лежи навраќање со мислата кон Бога или кон друг предмет на култ во состојба на обожување и восхит.

Наковски е творец на уметничко сведоштво кој на оригинален начин навлегува во срцевината на војната и во болката на населението поединечна и колективна, поврзана со колективно иселување и раселување. Неговиот роман е осуда на војната и на нејзиниот уништувачки карактер, изобилува со сцени на суровост, жестокост и грозотија. Мошне сликовито следи еден хронолошки пат, едно исто место, внесува драматичност во описите и низ нив нижи градација на чувства.

Ова е книга натопена до гуша со трауматични емоции и тешки вистини. Со овој роман авторот ни го откри и доближи времето, ни ја доближи тогашната воена, политичка, социолошка и психолошка состојба. За овој роман академик Гане Тодоровски напишал: „... ова дело не е летопис, ова е крвопис со доловен до сите сетила звук на претсмртна издишка на Македонија... И добро е да се знае дека на крајот на романот авторот ставил забелешка во курзив - наместо остра предупреда -„ова не е крајот“ - точно така. Ова не е крајот, бидејќи македонските црнила немаат крај“.122 Исто така во него можат да се најдат многу одговори за прашања кои и денес се актуелни за Македонија и Македонците и за нашата вековна борба на себенаоѓање, почитување и опстојување.

Еден од одговорите наоѓаме и во рецензијата на издавачот Бранко Цветковски, кој на последната корица меѓу другото напишал: „ Петре Наковски со своето дело „ Големата удолница“, на неповторлив начин, со високо чувство за хармонизирање на историската трагика и реалната животна агонија на македонските беломорци, ја романизира голготата и годините на самопожртвување во името на слободата, националното и индивидуалното достоинство... Овој роман, исто така, е респективна авторска реплика на историското касапење во 1948 и 1949 година, морален бунт против „ стапицата“ која прокомунистичките грчки генерали и 122 Стожер, јануари-март 2004, стр. 44 тогашните комунистички земји им ја наместија на македонските егејски испосници по својата мечтаена татковина, по својот олтар на автокефалноста“. 123 Нашето внимание посветено на романот „Големата удолница“ би го завршиле со оценката на академик Гане Тодоровски ... „не се ова панични прашања што можат да никнат по едно прво или едно второ читање на впечатливи дела каков што е романот на Петре Наковски насловен умислено со престрога симболика. Добра е онаа книга што нема да те остави мирно да спиеш. Грозоморен не е само насловот на книгата за сликовит пат прудолу. Грозна нам ни е историјата, со која, како што ни се чини, на само по прочит на оваа книга, командува, наложува, заповеда менталитет врамен во непоправлив наивитет, во историско проклетство и во хередиторно хазардерство со среќата. (...) треба да се соопшти дека македонската современа литература во областа на прозната белетристика, се здобила, се зголемила, се збогатила со дело од посебно значење“.124 Професорот Гане Тодоровски за овој роман смета дека македонската книжевност добила белетристичко дело што се извишува на самиот врв на критичкиот реализам во нашата прозна белетристика и порачува да се чита и да се препрочитува овој роман кој е пренатрупан со македонски болештини.

123 Види: Рецензија на Бранко Цветковски за Големата удолница од Петре Наковски, Скопје: Макавеј, 124 Стожер, јануари-март 2004, стр.42-44