Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Literature of Fact in Petre Nakovski's Novels (Master's Thesis)

5.5. „НА ПАТ СО ВРЕМЕТО“ - Part 03

Од Татјана Пеливанова · Дел 13 од 14 · Околу 19 минути

Читај на English

„ Големата удолница“ на Петрета Наковски е една страотна алегорија за историскиот наш пад прудолу – паѓање ли ни е во некоја метафорична бездна или е тоа само грд привид на историски преплашен народ кому никој од се` срце не му подал рака за прикрепа, барем досега? Не се ова панични прашања што можат да никнат по едно прво или едно второ читање на впечатливи дела каков што е романот на Петре Наковски насловен умислено со престрога симболика. Добра е онаа книга што нема да те остави мирно да спиеш. Грозоморен не е само насловот на книгата за сликовит пат прудолу. Грозна ни е нам историјата, со која, како што ни се чини, на само по прочитот на оваа книга, командува, наложува, заповеда менталитет врамен во непоправлив наивитет, во историското проклетство и во хередиторно хазардерство со среќата. (...) Оттука првиот коментар во нашиот краток разговор за романот „ Големата удолница“ на Петре Наковски треба да се држи јасна категоричност и треба да се соопшти дека македонската современа литература, во и 202 Петре Наковски: Постела за чемерните. - Скопје: Култура, 1983 год.

областа на прозната белетристика, се здобила, се зголемила, се збогатила со дело од посебно значење! (...) добивме белетристичко дело што е извишува на самоти врв на критичкиот реализам во нашата прозна белетристика. (...) Добро е да се чита и препрочитува овој роман, ова прекрасно литературно четиво, пренатрупано со македонски болештини (...) Мошне успешни се проникнувањата во психологијата на Македонецот од костурскиот крај. Наковски е суптилен опсерватор на душата и на резоните на нашите луѓе. Супериорноста на неговата нараторска грациозност се надополнува со умеењето да ги стеснува во една жива рамка и иронијата и горчината и грубата вистина за луѓето и времето што ги опишува (...) Романот на Петре Наковски е дело на даровит и добро подготвен литерат низ кое се ткае допадлива и успешна епска синтеза на литература, публицистика и историографија. Но, ова дело не е летопис, ова е крвопис, со доловен до сите сетила (како низ синестазија) звук на претсмртна издишка на Македонија (...)

(...) И добро е да се знае дека на крајот од романот авторот ставил белешка во курзив - наместо остра предупреда - „ ова не е крајот“- точно така. Ова не е крајот, бидејќи македонските црнила немаат крај (...) 203 Во рецензијата по повод излегувањето од печат на романот „ Големата удолница“, Бранко Цветковски смета дека Петре Наковски со своето дело „Големата удолница“, на неповторлив начин, со високо чувство за хармонизирање на историската трагика и реалната животна агонија на македонските беломорци, ја романизира голготата и годините на самопожртвување во името на слободата, националното и индивидуалното достоинство.

Тој го издвојува овој роман како најуспешен роман на Наковски, кој изобилува со сцени и хроники на суровост, насилство, безочност, понижувања и предавства... со импресивни ликови и драматични собитија.

„Овој роман, исто така, е респективна авторска реплика на историското касапење во 1948 и 1949 година, морален бунт против “ стапицата” која прокомунистичките грчки генерали и тогашните комунистички земји им ја наместија 203 „Стожер“ , ДПМ, РИ-Графика, Скопје,2004, стр. 44 на македонските егејски испосници по својата мечтаена татковина, по својот олтар на автокефалноста...“204 Бранко Цветковски дал висока оценка за романот „Големата измама“ од Петре Наковски. Имено, тој смета дека со овој роман Наковски ја започнал романсиерската сага за трагедијата на Македонците од Егејот во текот на Граѓанската војна во Грција. Романот ја продолжува тешката рана на поразот и ја возвишува писателската храброст за откривањето на вистината. „ Романот што го имате в раце е книжевно продолжение на истражувањата во истото историско и житејско беспатие, во истото национално и идеолошко мачилиште, во истото психолошко огниште на изгубените и изневерените илузии на индивидуата...

Страниците на ова белетристичко сведоштво го цементираат сознанието дека комунистичките челници на ДАГ и на тогашните највлијателни компартии целосно го изманипулирале и безочно го искасапиле македонското верување во елементарната човечка и Божја волја на суштестувавањето според принципот на самоопределување. Наковски ги жигосува историските протагонисти на злосторот и им заблазнува на безимените воини кои остануваат во длабоките јами на егејската земја. Крајот на ова дело најавува ново продолжение кое можеби ќе ја заокружи најуверливата трилогија за оваа непреболена тема во македонската историја“.205 Во рецензијата за романот „На пат со времето“, Раде Силјан истакнува дека делото е проткаена со личните доживувања на авторот, како и со сведоштва на бројни живи сведоци и го опфаќа времето од крајот на Граѓанската војна во Грција, па се` до денешни денови. Тој смета дека авторот со едноставни описи ги опишува времето и луѓето кои се принудени да ги остават родните огништа и по разни патишта осакатени визички и психички да се прашуваат каде ги водат и каде им е татковината. „ Низ документарен отслик, Наковски ги расветлува настаните и прикажува широка слика на судбоносните денови, а преку вткајување на судбините на одделни личности успева да ги протолкува внатрешните доживувања, траумите и страдањата кои стануваат збир на колективна трагедија.

204 Петре Наковски: Големата удолница. -Скопје: Макавеј, 2003 год.

205 Петре Наковски: Големата измама. - Скопје: Макавеј, 2007 год.

Во оваа возбудливо дело авторот говори за трагични настани поврзани со преселбите. Плипот од тревожни спомени проблеснува во оваа документрна проза, со автентичните кажувања на лица кои лично ја доживеале голготата на Граѓанската војна во Грција“.206 За Наковски и неговите дела доста е пишувано и зборувано во пишаните и телевизиските медиуми. За темата која ја обработува и за издавањето на неговите дела сведочат и зачуваните исечоци од дневните весници: „ Вечер“, „ Нова Македонија“, неделниот весник „Огледало“, списанието на Матицата на иселениците од Македонија - „Македонија“, неделникот „Екран“, „Стожер“, „8 Novosti (31.10.1985 година) весник во кој се издвојува книгата „Постела за чемерните“ како бестселер за Скопје, Македонија, српскиот весник „ Борба“ (6.7.1988), полскиот весник „ Да и не“(1985) во кој е објавен фрагмент од романот „Постела за чемерните“ во превод на Ева Свижевска, како и гостувања во Радио Скопје и ТВ Скопје.

Исто така во весникот „ Нова Македонија“ од 18.2.1986 година, во статијата „Најбарани книги... и плочи“ пишува: „ Како што не информираа во книжарницата бр.1, на „Култура“ најбарана книга во текот на јануари беше „Постела за чемерните“ на Петре Наковски (700 динари)“.

207 Покрај застапеноста во пишаните медиуми, романите на Наковски се поставени и на театарска сцена.

На 4 јули 1988 година во Салонот 19.19 при Центарот за култура и информации во Скопје, во чест на манифестацијата „ Средба на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија“, беше изведен монодрамскиот приказ „ Егејска фуга“, работен според романот „ Постела за чемерните“ на Петре Наковски. Улогите ги толкуваа артистите: Вукан Диневски и Душко Ѓоргиоски.

На 11 септември 1989 година во режија на Душко Ѓорѓиоски, на првата програма на Радио Скопје во 21.03 часот е емитувана радиодрамата „ Постела за 206 Петре Наковски: На пат со времето. - Скопје: Матица македонска, 2010 год.

207 Види: Нова Македонија, 18.2.1986 год.

чемерните“, а во главните улоги настапуваа: Вукан Диневски, Јоана Поповска, Петар Арсовски и др.

За творештво на Наковски сведочат материјалите во ракопис сочувани во 20 тетратки во кои авторот четириесетина години ги запишувал своите размислувања и оценки за опишаните настани; извадоци од воени мемоари чии автори се поранешни команданти на ДАГ и на Грчката национална армија; извадоци од архивски материјали, белешки од разговори со живи учесници во настаните, врз чија основа се конструирани сите романи.

7. ЗАКЛУЧОЦИ Сумирајќи ги на крајот од овој труд најважните сознанија од проучувањето на литературата на фактот во романите на Петре Наковски, истите можеме да ги систематизираме во вид на заклучоци:

1 . Сите романи на Наковски содржат елементи на литературата на фактот.

Неговите романи се однесуваат на периодот пред и за време на Граѓанската војна во Грција, во нив нема литературна фикција. Најсуштински во нив е вистината базирана врз историски настани, сведоштва, документи и документарни знаења преземени од архивски, медиумски или историографски извори. Романите како претставници на литературата на фактот се раскажани од авторот кој учествувал во настаните и изворно е информиран. Во романите на Наковски се испреплетува документот и уметничкото раскажување во литературниот отслик на Граѓанската војна.

2. Петте романи на Наковски тематски се однесуваат на националната, историската, воената, политичката и егзистенцијалната драма на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Сите се книжевни хронотопи и ги претставуваат временските и просторните врски низ кои се проткаени дејствата. Опишаното време во кое се случуваат настаните е сместено во временски граници. Сите факти и опишани настани во романите се подредени хронолошки, освен во романот-репортажа „ На пат со времето“, каде што фактите и настаните се подредени ретроспективно. Временски, романите го опфаќаат периодот од мај-јуни 1947 до август 1949 година, освен во романот „ На пат со времето“, дејството временски се одвива во сегашноста и претставува соочување со спомените по 61 година.

3. Во однос на содржината, во романите се опфатени сите клучни моменти во кои се опишува големото зло што на Македонците им го донела граѓанската војна.

Наковски е одличен познавач на приликите и со многу знаење на оригинален начин навлегува во срцевината на војната и во болката на населението, поединечна и колективна, поврзана со колективно иселување и раселување. Неговите романи се осуда на војната и на нејзиниот уништувачки карактер. Мошне сликовито следи еден хронолошки пат, внесува драматичност во описите, сцени на суровост, жестокост и низ нив нижи градација на чувства. Тој ги преточува во емотивни слики вистините од сведоштвата и ги опишува реалните факти и случувања за тешките доживувања и личните трауми на селаните од костурскиот крај. Неговите романи ја носат тешката и сурова вистина за Македонците испадени од родните огништа, за систематската и организирана акција за одведување на децата во источните земји која довела до урнисување на македонското семејство, за учеството на населението во војната, за загинувањето на борците, за мобилизацијата на децата на возраст од 15-16 години како резерва на ДАГ, за мобилизацијата на младите во редовите на ДАГ, за воената и политичка измама за искоренувањето на Македонците од Егејскиот дел на Македонија...

4. Во сите романи е застапена автентичноста на просторот, имињата на населените места, топонимите, како елемент на литературата на фактот.

Дејствата во романите се случуваат во Егејска Македонија, во костурскиот крај и во Јужна Албанија. Авторот ги употребува македонските ( вековните) имиња со невообичаено точна топографија на селата, градовите, планините, реките, ги употребува македонските имиња со единствена цел да останат како сведоштво во поединечната и во колективната меморија. Иако денес сите овие села, планини, топоними, реки, грчката држава со закон ги има погрчено, односно ги има преименувано со грчки имиња, од романите ги дознаваме вистинските имиња на местата во Егејска Македонија со што го збогатуваме своето знаење за минатото, за историјата и само така запишано ќе биде сочувано во олтарот на националната меморија.

5. Авторот преку својата нарација во романите хронолошки ги изнесува сите вистински настани кои се случувале и оставиле траен белег врз судбината на Македонците. Прецизно го запазува хронолошкиот ред на романсиерското дејство и ги опишува случувањата кои довеле до уништувањето на македонското семејство и присилното иселување од родните огништа, ја потврдува големата измама што била направена врз македонскиот народ, ги опишува настаните кои се клучни за расветлување на судбинските превирања и текови на Македонците од Егејска Македонија. Сите опишани настани Наковски ги темели врз: документи, мемоари, сведоштва на живи учесници, архивски документи, исечоци од весници и списанија, белешки, со што се потврдува дека неговите романи се базирани врз вистински настани и истите се автентично претставени. Исто така, со наведувањето на имиња на: логори, на историски личности, воени и политички организации, весници, химни и песни се потврдува тезата за литературата на фактот.

6. Романите се сведоштво, учебник по историја за македонското минато, документарен приказ, бидејќи низ долгогодишно истражување, авторот прецизно во своите романи ги внел воени позиции кои се однесуваат на борбениот сектор на чии коти се одвивале најтешките и одлучувачки борби, дал целосна слика на подготовките на дивизиите, бригадите, баталјоните, резервите, борбените активности на артилеријата, тенковите, военото воздухопловство на владината војска за напад на војската ДАГ.

7. Сите ликови во романите се вистински и авторот дејствата покрај историските факти ги темели и врз сведоштвата на опишаните ликови кои се претставници на одведените деца, на раздомените и учесниците во војната. Секој од ликовите носи свои сеќавања, а преку нивните судбини авторот ја претставува судбината на колективот. Сликовито ги гради ликовите, а тоа се темели врз нивните сведоштва, конкретни животни ситуации, драматика, и е доследен на вистината. Ги претставува во сета нивна автентичност, со длабоки и доживотни лузни и длабоко исполнети со тага. Овие ликови кои се носители на мачни судбини, прогонети, разделени, продолжуваат да траат во и низ времето. Продолжуваат низ времето со својата мака, стравови, очекувања и најважното - надежта.

8. Во нарацијата се забележува стил на уметничко изразување. Делата се напишани на македонски литературен јазик, но се збогатени и со костурскиот говор и токму со употребата на богатата лексика ја сочувува автентичноста на местото и јазикот, а преку тоа и белегот на идентитетот на Македонците. Покрај македонскиот литературен јазик, авторот во делата користи и грчки, руски и албански јазик и на овој начин ја потврдува автентичноста на настаните, времето и просторот. Впечатливите дијалози на исказите на сведоците и сведоштвата за најпотресните случувања се искажани низ емоции и рефлексии преку кои се изразува литературата на фактот изнесена во делата.

9. Во романите ликовите на македонските жени се претставени во сета своја автентичност, со длабоки и доживотни лузни и длабоко исполнети со тага. Но, македонските жени во романите се столбот на семејството. Величината и храброста се гледа и во учеството во борбите во редовите на ДАГ под тешки климатски услови, најчесто гладни, жедни, истоштени од маршеви, неспиење. Тие се пример на храброст, јунаштво и посветеност со високо чувство и решителност во извршување на борбените задачи.

10. Низ страниците на анализираните дела, со цел да го сочува и најмалиот детаљ за вистината и трагиката на тоа време, автор ја доловува традицијата на Македонците со автентични описи на домот и семејството каде што во услови на војна, домот станал место на страдање и трагично живеење, бидејќи било уништено семејството како основна клетка на општеството. Низ описите на ентериерот на македонската куќа, селските улички и бавчите, ја претставува душата на македонскиот селанец која секојдневно била уништувана од воените настани. Во романите авторот особено се осврнува на одбележувањето на христијанските православни обичаи: славење имендени и слави на традиционалните македонски православни празници, искажување на вистинската верба во Бога преку молење пред иконата на Богородица, палење свеќи и раздавање храна за покој на душите на мртвите со што се покажува трогателната автентичност на животот и обичаите. Како вреден доказ за битот на Македонецот се македонските ора и македонски народни песни, македонската облека, македонските селски јадења, обичаите по дома.

Романите претставуваат извор на реални факти земени од делничниот живот и се знаења за луѓето и времето во кое живееле.

11. Анализираните дела се облагородени со симболика. Сите наслови на романите се симболични, претставуваат симбол на траење и опстојување на единката, колективот - нацијата.

Насловот „ И каменот е земја“ симболизира приврзаност кон татковината, родната земја, каменот е трајност, постоењето, гласник на вистината ( Божјата вистина била напишана на камен) стражар на сопственоста, каменот е земја и ја претставува татковината; насловот на романот „Постела за чемерните“ симболизира неизлечива тага кон родното место, чемер на душата на изгонетите и раздомените; насловот „Големата удолница“ - симболизира губење на идеалот; „ Големата измама“ ја симболизира измамата на Македонците, а насловот на романот „На пат со времето“ и симболичната слика на запален оган во фенерчето ја симболизира: вечноста, топлината, животот, а авторот ја поврзува со судбината на колективот. Во романите се среќава и симболиката на: иконата, зборот, словото, говорот, дабот што во делата се симболи на траење, опстојување на нацијата.

12. Овие романи носат пораки за сегашните и идните генерации. Авторот порачува и остава аманет историјата на Македонците, траумите и страдањата кои се збир од колективната трагедија на нацијата, да ја проучуваат, да ја знаат и да ја пренесуваат и на идните генерации. Тоа што се случило на тие патишта во времето-невреме никогаш да не биде избришано од нивното паметење. Пораката на авторот е јасна: да не се заборави, со една единствена цел: никогаш да не се повтори. Затоа и автор порачува на хартија да се стави за трајно да остане незаборавено, бидејќи како што истакнал професорот Гане Тодоровски „... македонските црнила немаат крај“.208

13. Наковски заслужува посебно место во македонската книжевност од аспект на познавањата на „егејската тема“ кои се обележје на неговото творештво. Неговите романи се свидетелство на Граѓанската војна во Грција, документ на времето. Од романите на Петре Наковски, читателот има шанса да ја дознае вистината за Македонците под Грција и да најде одговор на прашањето:

- Каква е вистината за Македонците во Граѓанската војна и што знае современиот Македонец?

Затоа романите на Наковски треба да бидат „учебник по историја“, извор на знаење за сегашните и идни ученици кои низ литературата, реалните факти и убавиот пишан збор ќе ја сочуваат и ќе ја дознаат вистината за тоа тешко и драматично време, која ќе биде сочувана во поединечната и колективната меморија.

208 Стожер, јануари-март 2004, стр.44

8. БИО-БИБЛИОГРАФСКА БЕЛЕШКА ЗА ПЕТРЕ НАКОВСКИ Слика 17. Авторот Петре Наковски Петре Наковски е роден на 17 јули 1937 година во село Крчишта, Костурско, Егејска Македонија, како петто дете во многучленото семејство на родителите Фимка и Раде.

Во текот на Граѓанската војна во Грција, на единаесетгодишна возраст, заедно со околу 1500 деца од костурските села, на 25 март 1948 година бил одведен во Албанија, каде во градот Драч ( Дуреси) останал до 28 ноември 1948 година. Преку тогашна Југославија бил префрлен во Романија, во градот Орадеа, каде останал од 1 декември 1948 до 29 март 1949 година.

На 2 април 1949 бил префрлен во Полска во гратчето Солице - Здруј каде го продолжил основното образование на македонски јазик започнато во ноември 1947, во услови на војна. Од 1 јануари 1950 до 30 јуни 1951 престојувал во Државниот воспитен центар во градот Згожелец каде го продолжил основното образование на полски, македонски и грчки јазик. На 1 јули 1951 Државниот воспитен центар бил пренесен во гратчето Полице, северозападна Полска. Тука Наковски останал до 22 февруари 1953 и во второто полугодие на учебната година 1952/1953 бил префрлен во градот Шчечин каде во полско училиште го завршил основното образование.

Од 31 август 1953 до 30 август 1959 живеел во детски дом во градот Вроцлав, каде матурирал во педагошкиот лицеј. По завршувањето на средното образование се вработил како наставник по македонски јазик во основното училиште број 4 во Полице, каде со својата сопруга Дитта, исто така наставник, со која стапил во брак на 29 јуни 1959 година, живеел и работел до 5 февруари 1962 година.

Брачниот пар Дитта и Петре Наковски на 7 февруари 1962 година се преселил во Република Македонија и во Скопје живеат до денес.

Во ноември 1966 година Наковски се вработил како новинар во весникот „Вечер“, а од 1 јануари 1973 до 1 јули 1977 во весникот „ Нова Македонија“. Во август истата година преминал на работа во Уредот за информации на Извршниот совет на СР Македонија, а од 1 август 1978 до пензионирањето во 2001 година работел во Министерството за надворешни работи, извршувајќи задачи на разни одговорни функции.

Од 8 март 1995 до 8 октомври 1999 година бил амбасадор на Република Македонија во Република Полска. Во текот на извршувањето на функцијата амбасадор развил забележителна активност за афирмација на Република Македонија во Полска и меѓу дипломатскиот кор. Организирал бројни официјални посети на републички делегации на ниво на министри и претседатели на парламенти во двете насоки, официјална посета на Претседателот на Република Македонија, г. Киро Глигоров, настапи на културно-уметнички друштва и професионални хорови, туристички презентации, уметнички изложби, литературни средби, бројни интервјуа на полската телевизија, радиото, периодиката и дневниот печат, како и реципрочно објавување антологии на македонската, односно на полската поезија и бројни преводи на поезија од македонски поети на полски јазик.

За покажаната и многу успешна дипломатска активност, ширењето и зацврстувањето на македонско-полските врски и односи, претседателот на Република Полска, Александер Квашњевски го одликува Наковски со високо државно одличие.

9. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА Белетристика:

1. Георгиевски, Ташко: Црно семе; Змиски ветар; Време на молчење. - Скопје:

Матица македонска, 2008

2. Колбе, Кица Б: Егејци. - Скопје: Култура, 1999

3. Денфорт, Лоринг М: Децата на Граѓанската војна во Грција. - Скопје:

Фондација Отворено општество, 2012

4. Наковски, Петре: Постела за чемерните. - Скопје: Култура, 1985

5. Наковски, Петре: И каменот е земја. - Скопје: Огледало, 1988

6. Наковски, Петре: Големата удолница. - Скопје: Макавеј, 2003

7. Наковски, Петре: Големата измама. - Скопје: Макавеј, 2007

8. Наковски, Петре: На пат со времето. - Скопје: Матица, 2010 Теорија:

9. Ајановски-Оче, Вангел: Егејски бури. - Скопје: Институт за национална историја, 1975

10. Андоновски, Венко: Структура на македонскиот реалистичен роман. - Скопје, Детска радост, 1997

11. Андоновски, Венко: Абдукција на теоријата. Т.1, Жива семиотика

(лингвистика, семиотика, семантика, стилистика). - Скопје: Галикул, 2011

12. Андреев, Љубен: Општа теорија на литературата. - Скопје: Просветен работник, 1991

13. Гогов-Црноречки, Раде: Лекување на борците на ДАГ во Македонија. - Скопје: Здружение на децата бегалци на Македонија, 2010

14. Гушева Мојсиева, Јасмина: Имагинарни татковини. - Rijec, 2006, бр. 3

15. Друговац, Миодраг: Историја на македонската книжевност XX век. - Скопје: Мисла, 1090

16. Егејска Македонија во НОБ 1948, том 5. - Скопје: Архив на Македонија,

1981

17. Егејска Македонија во НОБ 1949, том 4. - Скопје: Архив на Македонија,

18. Киселиновски, Стојан: Егејскиот дел на Македонија 1913-1989 . Скопје:

Култура, 1990

19. Кочов, Стојан: Идеолошкиот активизам над Македонците под Грција. - Скопје: Матица македонска, 2000

20. Кочов, Стојан: Битките на македонските генерации под Грција низ туѓите идеологии. - Скопје: Матица македонска, 2013

21. Кристева, Јулија: Токати и фуги на другоста. - Скопје: Темплум, 2003

22. Мојсова-Чепишевска, Весна: ( Чинот на пишување како чин на ослободување), Игра и симулации. - Скопје: Галикул, 2011

23. Мојсов, Лазо: Околу прашањето на македонското национално малцинство во Грција. - Скопје: Институт за национална историја, 1954

24. Мундушев, Коста: Преспа во пламен. - Ресен, 1988

25. Мухиќ, Ферид: Мотивација и медитација. - Скопје: Наша книга, 1988

26. Наковски, Петре: Македонски деца во Полска. - Скопје, Млад борец, 1987

27. Наковски, Петре: Македонските бегалци во Полска (документи) том 1 и 2.

- Скопје: Државен архив на Република, 2008

28. Пејов, Наум: Македонците и Граѓанската војна во Грција. - Скопје:

Институт за национална историја, 1968