Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Literature of Fact in Petre Nakovski's Novels (Master's Thesis)

5.5. „НА ПАТ СО ВРЕМЕТО“ - Part 02

Од Татјана Пеливанова · Дел 12 од 14 · Околу 20 минути

Читај на English

„ Која ли од овие куќи е куќата во која ме прифатија непознати луѓе од кои секогаш зрачеше топлина, блага насмевка и многу добрина. На која врата да тропнам?

Авторот дознал дека куќата во која бил згрижен како дете била урната и дека таму на тоа место поминува улица, па во својот роман ја искажува својата благодарност кон тие, како што ги нарекува „моите добри ангели“180 и жали што не успеал да им се заблагодари, велејќи: „ Во себе ја носев големата желба да одам во Корча и на тие луѓе на нивниот јазик да им речам - faleminderit и на мојот:

благодарам!“181

177 Петре Наковски: На пат со времето. - Скопје: Матица македонска, 2010, стр.105 и 106

178 Исто, стр. 10

179 Исто, стр.12

180 Исто, стр.136

181 Исто, стр.136 Трет елемент со кој се потврдува дека делото има елементи на литература на фактот, покрај авторот и неговата сопруга, се и вистинските ликови на: Коле, Мита, поп Стерјо, Лена, Стојна, Стефо, Доне, Лефтерис и други.

Сведоштвата на овие ликови се документ за неразумната војна, за трагичната судбина на растурените семејства, за раздоменоста, за човечко достоинство и издржливост. Романот е компониран како систем од раскажувања, кои заемно се надополнуваат, а дејствијата се поврзуваат низ преплетените искажувања на сведоците на овие бурни времиња. Низ овие ликови се претставени децата одведени и одделени од родителите, раздомените и учесниците во војната. Секој од нив носи свои сеќавања, носи преотоварени спомени кои се длабоко врежани, преку чии судбини е претставена и судбината на колективот. Во романот ги откриваме психолошките длабочини на овие ликови кои се носители на мачни судбини, прогонети, разделени, меѓутоа продолжуваат да траат во и низ времето. Авторот сликовито ги гради ликовите, а тоа се темели врз нивните сведоштва, конкретни животни ситуации, драматика, и е доследен на вистината.

Коле е дете одведено и одделено од своите родители и детството и дел од животот го поминал во Полска. Низ потресното сведоштво не` запознава со неговата судбина која е судбина на сите деца одведени за време на Граѓанската војна.

„ Кога ја преминавме границата и кога до нас не допираа експлозиите на бомбите и не се слушаше бучавата на авионите, тогаш почувствував голема празнина. И болка. Тогаш сфатив колку боли принудното напуштање на сопствената куќа... И сфатив дека за нас патишта веќе не постоеја, освен патиштата што водеа кон нашето искоренување...182 Коле, некогашно овчарче од Герман, раскажува дека во Полска бил сместен во дом, дека таму државата му овозможила да се образува, и дека завршил основно, гимназија и факултет и како градежен инженер се вратил со семејството во Македонија и учествувал во изградбата на многу објекти, како: Архивот на Македонија, Институтот за национална историја, Народна и универзитетска библиотека и други, со што и се потврдува дека Република Полска се вложила во воспитување и образување на децата кои биле сместени во детските домови. За ова,

182 Исто, стр. 44 опсежни податоци наоѓаме во политиколошката студија „Македонски деца во Полска (1948-1968) од д-р Петре Наковски.

Од сведоштвата на Мита и Лена, партизанки која се бореле во редовите на ДАГ, дознаваме за борбите на Грамос, за херојството на борците, за тешките климатски и воени услови, за силниот дух и големата физичка издржливост на Македонците. Тие низ солзи му раскажувале на авторот за изгубената младост, за сликите кои длабоко во себе, во својата свест и паметење ги чувале како неизлечива рана.

„ Си спомнувам, шеесеттиот ден падна наредба да се повлечеме на нови позиции. Беа последните. Зад нас веќе беше Албанија. Вечерта се изброивме. Од 460 борци, момчиња и девојчиња на возраст од 16 до 22 години, колку што броеше нашиот баталјон пред да почне битката, живи останавме само 95 од кои 60 беа ранети. Кого прво да преврзеш, кого да пренесеш? Некои ни се оладуваа во прегратките...“183 Со ова се потврдува високото чувство, величината, храброста и решителност на македонските девојки во извршување на борбените задачи.

На стр.108-109 наоѓаме список на села со наведено бројки на мобилизирани и загинати борци, што многу сликовито зборуваат за големината на дадените жртви.

Од сведоштвото на деведесетгодишниот борец и шофер Стефо дознаваме за тешката судбина на ранетите борци кој ги превезувал во болниците. Тој секојдневно се соочувал со лицата на тие млади борци, осакатени од борбите.

„ Скришум бришев солзи кога по некој ден, по некоја недела, ретко по некој месец, многу од тие исти момчиња и девојки ги носев во истите болници и од нив дознавав кого веќе нема. Дали се жалеа? Дали се превиткуваа од болка? Дали молеа?184 Одговор на овие прашања деведесетгодишниот Стефо не добил. Но, во неговите сеќавања никогаш не избледеле сликите од лицата на ранетите борци и на оние кои не ја преживеале војната.

Доне е дете одведено во романскиот град Синаја и сместено во детски дом.

Тој сведочи дека бил едно од триста и педесетте деца кои биле вратени во Прењес

183 Исто, стр. 87

184 Исто, стр. 221 како деца борци за потребите на ДАГ. Сеќавањата на тоа време воопшто не избледеле и тој на авторот многу подродбно, со многу чувства му ги пренесува настаните. Во војната не учествувале благодарение на протестот организиран од страна на родителите.

„ И сега, во одминати години, честопати се потсетувам на тоа што го доживеав во Прењес. И ги гледам камионите, толпата растрчани, развикани и расплакани луѓе, ги слушам викотниците, лелеците, плачот, колнежите... Се гледам себе како чувам стража. Како ноќе во ниедно време ги изнесувавме мртвите од бараките и коњушниците и во мракот ги закопувавме во плитки гробови... Точно, токму така беше...Така беше и добро е да е запишано...“185 Да забележиме дека и Доне и другите деца од Прењес биле префрлени со авион во Полска. „ Таму Полјаците не` седнаа во школска клупа и ни рекоа дека со учење ќе го совладаме светот“.186 Сликовито, но и трагично е раскажувањето на костурскиот селанец, долгогодишен затвореник, кој отвора душа и раскажува за полициските малтретирања и од запрашените рафтови извлекува исечоци од грчки весници во кои се опишани заклетвите што под принуда морале да ги даваат Македонците пред официјалните власти дека нема повеќе да го зборуваат македонскиот јазик, туку само и единствено грчкиот.

Од сведоштвото на поп Стерјо дознаваме за селото и настаните од неговото минато, поточно за настанот за кој како што вели: „ само старците потајно зборуваат“.187 Имено, тој сведочи дека 1905 година на 17 март грчките паликарја влегле во селото да бараат војводи, но удриле да ги пљачкосуваат куќите и да бараат злато.

Поп Стерјо раскажува дека земале шестмина мажи, ги мачеле, им ги посекле вратните жили и ги оставиле да искрвават до смрт. Селаните ги погребале ноќе и никој надвор од селото не го кажувал местото на нивната вечна почивка: „ Како се викаат секој во селото ќе ви кажи, а за тоа каде се погребани, секој во уста држи вода.

185 Петре Наковски: На пат со времето. - Скопје: Матица македонска, 2010, стр.180

186 Исто, стр.179

187 Исто, стр. 90 Слика 15. На ова место се погребани селаните кои на 17 март 1905 биле заклани од страна на грчките полицајци (На сликата: поп Стерјо и неговата ќерка Дитта)

Не се кажува зашто некој ќе дојди и ќе го испогани местото на вечната почивка. Ете, сто години поминаа и никој не им го помати сонот“.188 Во долгиот разговор на авторот со поп Стерјо и многуте сведоштва за тоа време, а особено за одведувањето на децата карактеристичен е исказот на поп Стерјо: „- А што си мислеше дека ако не би ги собрале децата, зарем во Езерец немаше да има гимназија?

Ќе имаше и тоа поголема од таа во Ошени, туку некој умеше тука да нема гимназија“.189 И за споменување се секако долгите разговори на авторот и размислувањата на поп Стерјо за сегашната состојба на Македонија и за нејзиното опстојување: „-Ами како ќе живее таа држава која е толку малечка и сиромашна?... Ами, дедо попе -му велам полека и тивко - таа сега ти е како едно малечко осамено и сиромашно мече... - Што?! - подвикна со тон на големо изненадување. - Велиш малечко мече?

Мече, а? Па тоа ќе порасне и еден ден ќе биде мечка!... - Ами што да се прави, дедо попе, и мечињата си растат...“190

188 Исто, стр.91

189 Исто, стр. 92

190 Исто, стр. 92 Лефтерис е бегалец, донесен заедно со неговото семејство од Турција во костурскиот крај. Тие се „ просвиги“191 и им била доделена земја за работење која некогаш припаѓала на некое македонско семејство. Овој вистински лик е за споменување затоа што и тој за куќата во која живеел со семејството не викал дека е дом: „... како да градиш куќа на не свое место“.192 „ Имено, за некои групи луѓе – како што се жртвите, бегалците, мигрантите, субалтерните – сеќавањата играат особено важна улога во легитимирањето токму на нивниот прашален (оти е стриктно транзитен) идентитет. Но, правото на сеќавање, за жал, не се стекнува праволиниски, здраво за готово, туку оди во корелација со социо-политичката, односно социо-културната моќ да се зборува за нечие искуство со својот сопствен глас и во свое име!“193 Низ поединечните раскажувања и сведоштва се гради колективното сведоштво. Животните приказни врз чија основа се темели и овој роман се претставени како патување низ времето и просторот со почетна и крајна точка.

Крајот на нивното патување не е враќање дома во родниот крај. Со ова се потврдува дека Наковски е неуморен истражувач во разоткривањето на трагичноста на судбините на овој дел од македонската нација.

За споменување се и ликовите на Тахир и на Исмет и Марјета од Албанија, на кои наишол авторот и кои му помогнале да ги пронајде местата кои се поврзани со настаните од Граѓанската војна во Грција.

Четврт елемент со кој се потврдува дека делото има елементи на литература на фактот е заеднички код на Македонците, „традиционалното што се именува како симбол“194, а тоа е славење имендени и слави на традиционалните македонски православни празници: Велигден, Голема Богородица. Карактеристично е тоа што иако раздомени, Македонците и во туѓите земји не ги заборавиле адетите и ги почитувале празниците и белезите на македонската домашна традиција. Ова се забележува и од сведоштвото на Стојна која вели: „... како по нашиот домашен обичај, во набрзо соплетените сапетки, стававме варена пченица, лепчиња, по нешто

191 бегалци

192 Петре Наковски: На пат со времето. - Скопје: Матица македонска, 2010, стр. 67 193 http://www.blesok.com.mk/tekst.asp?lang=mac&tekst=1033( Елизабета Шелева: Романот како философија на сеќавањето)

194 Види: Венко Андоновски: Абдукција на теоријата. - Скопје, Галикул, 2011, стр. 176 од овошјето и одевме од човек до човек и раздававме за душа... ги оплакувавме нашите, ги оплакувавме и мртвите и живите и себе си. Немавме поп да отпее, а црквите и гробиштата беа католички...“. Со ова се потврдува трогателниот автентизам на животот и обичаите. Како вреден доказ за борбениот дух на Македонецот се македонски народни борбени песни: Во борба, во борба македонски народе, Напред, напред Македонци!

И во овој роман целта на авторот е да го сочува најмалиот детаљ за вистината и трагиката на тоа време. Сведоштвата на ликовите претставуваат извор на факти, реалност земена од секојдневниот живот и од времето во кое живеат со што се потврдува битот на Македонците.

Во романот среќаваме и презимиња на фамилии: Нановци, Дамовци, Наковци, Пудовци, Ласкини, Поповци, Доновци, Љаповци, Пеновци, Шкокловци, Трајковци, Пандовци, Фиљовци, Гуљовци.

Авторот во делото користи македонски литературен јазик, но делото е збогатено и со автентични искази и зборови од костурски говор, односно тој веродостојно ги презентира исказите на сведоците и сведоштвата врз кои се темели и овој роман , се` со цел за да ја долови автентичноста на местото и јазикот: кадро, грцки, пееш, пули, зак`лнаме, зборваме, ка поминате, шо сторите, клај да јајме и други. За да ја долови автентичноста на просторот, на времето и на приликите авторот во романот користи и грчки и албански зборови и изрази: Стин патрида тус пигенун... Сто патрико тус хома! Еци, ден ине? Вале, триа кафедаќа, Милате елиника? Едо ине Елада... Авто то глоса на ми то милате. На милате то елиника. Мир дита, фалеминдерит, нане, мир.

Анализираното дело е облагородено со симболика: насловот на романот и на сликата на насловната страница на која е претставен запален оган во фенерчето ја симболизира вечноста, топлината, животот, а авторот ја поврзува со судбината на колективот, каменот - родната земја, иконата, зборот, говорот, изнесени во делото се симбол на траење, опстојување на нацијата и молитвата - лично верско доживување во чија основа лежи навраќање со мислата кон Бога или кон друг предмет на култ во состојба на обожување и восхит. Симболика наоѓаме и во исказите на авторот и поп Стерјо кога зборуваат за Македонија: „ Велиш малечко мече? Мече, а? Па тоа ќе порасне и еден ден ќе биде мечка!... - Ами што да се прави, дедо попе, и мечињата си растат...“195 Во врска со симболиката Роланд Барт има истакнато: „... симболот останува, трае, но тоа што се менува - со промената на општествената структура - е неговото толкување“.196 Авторот се карактеризира со прецизност во неговото искажување. Романот е исполнет со сензибилни доживувања: емоции и рефлексии, преку кои би рекле идеално ја изразува литературата на фактот изнесена во делото.

Наковски е творец на уметничко сведоштво во кое тој на оригинален начин навлегува во срцевината на вистината, открива конкретна, вистинита слика за раздомените, исполнети со спомени и со празнина во душите. Поврзано со претходното Раде Силјан во рецензијата за романот „На пат со времето“ ќе напише:

„ Низ документарен отслик, Наковски ги расветлува настаните и прикажува широка слика на судбоносните денови, а преку вткајување на судбините на одделни личности успева да ги протолкува внатрешните доживувања, траумите и страдањата кои стануваат збир од колективната трагедија“.197 Елементите на литературата на фактот носат најмногу знаења за животот на Македонците и нивната судбина што се потврдува со содржината на анализираното дело. Овој роман на Наковски трајно и преку записот на неговите страници за да остане незаборавено, ја фиксира вистината и претставува заклучок на сите негови претходни романи.

На крајот од романот авторот прашува:

„ - Што ни остана нам и на идните поколенија? Само ли неизгаслива желба и пораката тоа што се случило на тие патишта во времето-невреме да не се избрише од нашето паметење?“

198

195 Петре Наковски: На пат со времето. - Скопје: Матица македонска, 2010, стр. 92 196 Зоран Константиновиќ, Увод у упоредно проучавање књижевности, Београд, 1984, стр. 149 197 Рецензија од Раде Силјан за романот На пат со времето од Петре Наковски 198 Петре Наковски: На пат со времето. - Скопје: Матица македонска, 2010, стр. 260 Слика 16. Петре Наковски (со сопругата Дитта Наковска) повторно се вратил во Полска 1995 година како прв амбасадор на Република Македонија во Република Полска Авторот на идните генерации, им остава аманет да си го знаат коренот, да проучуваат и пренесуваат понатаму, тоа што било да не се заборави, со една единствена цел: никогаш да не се повтори.

6. СТАТУСОТ НА ТВОРЕШТВОТО НА ПЕТРЕ НАКОВСКИ ВО КОНТЕКСТ НА МАКЕДОНСКА КРИТИКА И СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА Со пишување Наковски почна да се занимава како средношколец. Своите поетски творби ги објави на страниците на емигрантскиот весник „ Демократ“ што излегуваше на македонски јазик во Вроцлав, а во Република Македонија првите избори поезија му беа објавени во „Современост“ (1957) и во „Разгледи“ - пет песни под еден наслов (1962). Потоа, објавуваше раскази во дневниот печат и периодиката (прв расказ „Таа не дојде“ - објавен во „Нова Македонија, 1963 год).

Како автор на првиот свој роман „Постела за чемерните“, Наковски се јавува во 1985 година. Во 1987 му е објавен докторатот „ Македонските деца во Полска 1948-1968“, во 1988 романот „ И каменот е земја“, во 2003 романот „ Големата удолница“, во 2007 романот „ Големата измама“, во 2008 двојазичното издание на документи за Македонски бегалци во Полска 1948-1975 и во 2010 романот „На пат со времето“.

Покрај звањето дипломиран професор по македонски јазик, Наковски е доктор по политички науки. Докторатот на тема „Македонски деца во Полска 1948-1968“ го одбрани на 22 ноември 1985 година во Институтот за политички науки при универзитетот „Болеслав Бјерут“ во Вроцлав – Полска.

Наковски е член на Друштвото на писателите на Македонија од 1989 година.

Добитник е на наградите: „Златно перо“ и „Кирил Пејчиновиќ“.

Романите „ Големата измама“ во 2011 година и „ На пат со времето“ во 2012 како и двојазичното издание на документи за „ Македонските бегалци во Полска 1948-1975“ се преведени на англиски јазик од Ристо Стефов од Канада.

Посебна популарност, значење и книжевно - историска тежина Наковски понесе со својата преведувачка работа. Истовремено активно работеше на преводи од полски на македонски јазик.

Во изминатите години Наковски упорно и доследно ја афирмираше македонската литература во Полска. Во полската литературна периодика има објавено преводи од поезијата на: Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Матеја Матевски, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Јован Павловски, Трајан Петровски и други македонски поети. Во неколку наврати по негова иницијатива и активно учество како медијатор и преведувач, реципрочно се објавени целосни броеви на полски и на македонски месечни литературни списанија, меѓу кои „Современост“ и „Културен живот“.

Во 1974 година во негов избор во Краков беше објавена антологија на македонската современа поезија под наслов „ Песни од Охрид“. Со негово ангажирање и негови лингвистички преводи од македонски на полски јазик (филолошки обработени од голем број полски поети) беа објавени избори од поезијата на Блаже Конески, Матеја Матевски, Анте Поповски, Петре Бакевски, панорама на македонската поезија „ Црвени гроздови“ и во негов избор и превод на полски - песни од Раде Силјан „Траги на времето“. Треба да се одбележи и фактот дека Наковски беше и иницијатор и посредник при воспоставување контакти и соработка меѓу македонските и полските театри. Значајно е да се истакне, дека во негов превод, а во режија на Љубиша Георгиевски во театарот Виспјањски во Катовице - Полска, во 1973 година беше поставена драмата „ Црнила“ од Коле Чашуле.

Тој во моментот се` уште е најплодниот преведувач на полската литература на македонски јазик. Во неговиот преведувачки опус се вбројуваат четириесет дела од полската класична и современа литература, меѓу кои се полските литературни творци, како: Мицкјевич, Сјенкјевич, Прус, Жеромски, Рејмонт, Домбровска, Гомбрович, Шимборска, Војтила (Папата Јован Павле Втори), Твардовски, Ружевич (добитник на Златен венец на Струшките вечери на поезијата), Мрожек, Гжешчак, Херберт и др.

Севкупната преведувачка и афирмативна активност на Наковски полската држава високо ја оцени, наградувајќи го со редица признанија и одликувања, меѓу кои:

• Орден заслужен за полската култура ( Министерство за култура на Народна Република Полска, Варшава, 29.9.1976);

• Почесно одликување на Здружението на полските автори “ZAIKS” ( Варшава,

1. 10. 1980);

• Орден за заслуги – Krzy ż Komandorski Orderu Zas ługi Rzeczypospolitej Polskiej

(Варшава, 9.9. 1999);

• Орден “BENE MERITO” (Варшава, 12. 5. 2010).

Во својот вознесен творечки пат Наковски со подеднаков жар, знаење, возбуда и прелест им се посвети на романот, преводот, публицистиката и дипломатијата и остави дела за почит и за пофалба на целата македонска литература, како и за нејзина афирмација надвор од границите.

Трпелив и прониклив, љубопитен, понесен од магијата на јазикот и од трагиката на историските собитија, посебно од траумата што ја остави Граѓанската војна во Грција, Наковски со своите книжевни дела веќе има освоено високо и заслужено место во македонската современа литература.

Овој темелен автор на современата македонска литература и` остави завидна височина на книжевниот израз, стил и литературно-историска уверливост за што се огласија редица македонски литературни критичари меѓу кои: Димитар Солев, академик Гане Тодоровски, Трајан Петровски, Паскал Гилевски, Бранко Цветкоски, Евтим Клетников, Раде Силјан, Петре Бакевски.

Професорот Гане Тодоровски во далечната 1962 година за почетоците на поезијата на Наковски напишал дека тој е еден од многуте Македонци, кои виорите на Граѓанската војна во Грција ги расфрла по светот уште како деца, за да се талкаат како туѓинци, без родна стреа, за да го загнездат во себе како вечен копнеж непресушното тагување по татковината, таа нивна непреболка, таа жива рана на срцето, тој незбиднат сон. При тоа истакнал:

„ И поезијата што ја пишува овој млад човек показ е на таа болка, нестивната и врела и мошне актуелна токму денеска кога од многу страни се поткрева како зловесто сениште повампирената стрв на недобрососедските антимакедонски акции (...) Фактот што еден млад учител од Полице кај Шчечин во Полска и уште многумина чинат сериозен напор да се остварат на тој јазик и како постоење и како прилог кон литературата на својата земја, доволен е да биде и одговор и доказ за непоколебливоста на Македонецот (...)“199 199 Разгледи: Кон песните на Петре Наковски. - Скопје: Нова Македонија, 1962 г. стр.561 За романот „ Постела за чемерните“ професорот Гане Тодоровски дал висока оценка. Имено, тој во дописот до Наковски, напишал:

„Другарче, Го дочитав пред некој ден твојот прекрасен роман „ Постела за чемерните“ -ми се допадна горчината на финалето!...200 За романот „Постела за чемерните“ професорот Гане Тодорвски се произнел и во подолгата расправа под наслов „Егејска тема во современиот македонски роман“ како предавање, одржано пред слушателите на 20. Семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид , на 12 август 1987 година во која за романот на Наковски меѓу другото, го искажал следново:

(...) „ Горчлив и тажников е зборот на оваа изворна проза. Пак ни открива драгоцен белетристички потенцијал и како дебитантска книга на овој автор не` убедува дека ова не е само најава на нов романсиер во нашата литература, туку дека е резултат со кој можат да бидат задоволни и читателите со попрефинет вкус (...) “201 Димитар Солев во својата рецензија за романот „Постела за чемерните“ дава посебен осврт на ликовите во романот кои ги претставува како раскажувачи, преку текот на нивното искажување, при што множењето на раскажувачите може да продолжи додека авторот останува исто неприкосновен, а затскриен.

„Со такви планови или степени во раскажувањето, во кои се сместени сите раскажувачи освен авторот, Петре Наковски како романсиер постигнува еден релативно хармоничен систем на кажувањето или раскажување по систем армоника.

Таа организација на нарацијата, свртена кон одредена тематика и одреден период, а врзана со една единствена идеја, го одржува овој роман во една специфична композициона кохерентност (...)

(...) При ова, треба да се одбележи дека Петре Наковски е очигледен приврзаник на литературата на фактите. Тенденција во современата раскажувачка култура, која бара нова рамнотежа меѓу фактографијата и имагинацијата. Поаѓајќи од животниот податок, кој има карактер на документ или на факт, таа си ја дозволува 200 Види: Белешка во ракопис од Гане Тодоровски, напишана на 21.1.1986 год.

201 ДПМ: Стожер. - Скопје: РИ-Графика , 2004, стр. 42 слободата нив да ги реди, да ги преплетува, да ги вкрстува, да ги комбинира - се` околу основната идеја. Но, и во литературата на фактите, фактот е повод, а авторот е творец.

Што се однесува до фактографијата, во „ Постела за чемерните“ се чини дека се` е автентично - од имињата на местата, преку именувањето на времето, писмата на војниците и пусулчињата на до раселените, до имињата на луѓето. Што се однесува до идејата, таа е симболично кажана и во самиот наслов, а и на неколку други изричити или метафорични места: „ Нашинците, Македонците, имаат повеќе татковини или барем се бијат под туѓи знамиња„ (Нуме). „Нашиот камен се истркала и трева веќе не фаќа“ (Пандо).

Надоврзувајќи се на егејската тема во современата македонска литература, првиот роман на Петре Наковски се чини дека вградува свој придонес во нејзината инспиративност и во нејзината вредност...202 За романот „Големата удолница“, професорот Гане Тодоровски под насловот Успешна епска синтеза го искажува своето размислување за содржината и пораката што ја носи романот: