Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Literature of Fact in Petre Nakovski's Novels (Master's Thesis)

Front Matter

Од Татјана Пеливанова · Дел 1 од 14 · Околу 17 минути

Читај на English

Р Е П У Б Л И К А М А К Е Д О Н И Ј А Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје Литературата на фактот во романите на Петре Наковски

-магистерски труд- Ментор: проф. д-р Кристина Николовска Кандидат: Татјана Пеливанова Скопје, 2013 г.

Во наведените романи се опишани многу суштинските историски и општествени настани пред и во текот на Граѓанската војна со посебен осврт на учеството на Македонците во неа.

Основната карактеристика на спомнатите романи се состои во тоа што во нив е содржана вистината за историските автентични настани за кои низ факти, сведочења, историски документи, автентични настани и места, треба да се осознае вистината за опстанокот и истрајноста на Македонците со потекло од Егејскиот дел на Македонија. Романите ја носат трагичната поединечна и колективна вистина за Македонците под Грција и низ литературно прикажување ја изнесуваат вистината за уништување на човековата психа. Романите се литература за горчливата вистина, литература на херојството на македонските борци на ДАГ, за особините на борците на ДАГ, за егзодусот на децата и мобилизацијата на нивните родители, за учеството на македонската жена во Граѓанската војна и за трагичниот пораз кој доведе до искоренување и преселување од родните места без можности за нивно враќање.

Со магистерскиот труд „ Литературата на фактот во романите на Петре Наковски“, подлабоко аналитички се навлегува во суштината на литературата на фактот каде најважна е вистината, историскиот факт, автентичниот настан.

Една од целите на работата на овој труд е да се согледаат вредностите на книжевното дело на Наковски чии романи раскажуваат за трагичните судбини на тие кои страдаа и настрадаа во Граѓанската војна, од едната страна ја покажуваат нивната издржливост пред страдањата и смртта, а од другата страна бескрајната доверба, верба, хероизам и надеж. Оттука се налага, можеби, и потребата да се одговори на прашањето:

- Дали завршиле и траумите на Македонците кои го доживеале егзодусот?

Клучни зборови: граѓанска војна, документ, факт, егзодус, страдања, вистина, верба, надеж.

SUMMARY The novels of Petre Nakovski, “A Bed fo r the Sorrowful”, “The Great Decline”, “And the Stone is Soil”, “The Great Lie”, “On the Road of Time”, are thematically dedicated to the position of the Macedonian minority in Greece during the Civil War (1946

– 1949), the years preceding this turbulent and tr agic period, and also the consequences to the destinies of individuals and the collective.

Many important historic and social even ts before and during the Civil War are described in the mentioned novels, special atten tion being given to the participation of the Macedonians in them.

A basic characteristic of the mentioned novels is that they give the truth for authentic historic events through facts, tes timonies, historic documents, authentic events and places and speak of the existence and the perseverance of the Macedonians from the Aegean part of Macedonia. The novels contain the individual and the collective truth of the Macedonians under Greek ruling, and through literary presentation bring the truth about the destruction of the human psyche to light. The novels speak of the bitter truth, the heroism of the Macedonian DAG fighters, the characteristics of the DAG fighters, the exodus of the children and the mobilization of their parents, the participation of the Macedonian women in the Civil War and the tragic defeat resulti ng in an eradication and dislocation from the birthplaces, without an opportunity to return there.

The Master’s dissertation “Non-fiction in the Novels of Petre Nakovski” goes further in the essence of non-fiction, in which the truth, the hi storic facts and the authentic events are the most important.

One of the goals of this work is to present the values of the literary work of Nakovski, whose novels speak of the tragic de stinies of those who suffered and got killed in the Civil War. The novels present their perseverance when exposed to suffering and death and also the endless faith, heroism and hope. Hence the need to answer the question:

- Have the traumas of the Macedonians who survived the exodus ended?

Key words: civil war, document, fact, exodus, sufferings, truth, faith, hope.

1. ВОВЕД Состојбата на македонското национално малцинство во Грција по Втората светска војна и во текот на Граѓанската војна (1946-1949) во македонската историографија и во современата македонска книжевност претставува мошне интересен, но и се` уште недоволно истражен период од националното живеење на Македонците под Грција. Во македонската современа литература овој период најде одраз во романите на Петре Наковски:

- „Постела за чемерните“ (1985);

- „И каменот е земја“ (1988);

- „Големата удолница“ (2003);

- „Големата измама“,(2007);

- „На пат со времето“ (2010);

како и двете истражувачки дела „Македонски деца во Полска 1948-1968“ и зборникот документи „Македонските бегалци во Полска 1948-1975“ .

Романите на Петре Наковски без сомнение можат да се наречат свидетелство на Граѓанската војна, документ на времето, ама исто така и свидетелство за луѓето кои истраеле. Во случајот, и покрај другото, се свидетелство на злосторства и на антихуманизмот. Во нив е опишана трагедијата на Македонците во текот на Граѓанската војна во Грција и го претставува историското и житејското беспатие, во истото национално и идеолошко мачилиште, во истото психолошко огниште на изгубените и изневерените илузии на индивидуата. Претставена е историската трагика и реалната животна агонија на македонските беломорци и голготата и годините на саможртвување во името на слободата, националното и индивидуалното достоинство.

Сите романи на Наковски се поттикнати од целта да го претстават целото зло што војната им го наметна на Македонците, и изобилуваат со описи на сцени и хроники на суровост, насилство, безочност, понижувања, предавства во историското касапење што „прокомунистичките грчки генерали и тогашните комунистички земји им ги наместија на македонските егејски испосници кои мечтаеа по својата татковина и по својот олтар на афтоќефалноста“.

1 Романите се литература на Граѓанската војна, својствен суд за луѓето, слика за однесувањето на единката и колективот пред чинот на загрозата.

Тоа е литература за уништување на човековата психа, литература за горчлива вистина. Литература за особините за борците на ДАГ, момчиња и девојки.

Литература за македонската традиција претставена низ елементите: фолклор, вера, колективни симболи, топоними и сл.

Литература за учеството на македонската жена во Граѓанската војна.

Литература за еден од трагичните настани - егзодусот на децата и мобилизацијата на нивните родители.

Од романите на Петре Наковски, читателот има шанса да ја дознае вистината за Македонците под Грција и да најде одговор на прашањето:

Каква е вистината за Македонците во Граѓанската војна и што знае современиот Македонец?

И оттука во романите ќе бараме одговор на следниве прашања:

• Дали авторот во романите можел да ја одмине судбината на луѓето кои беа актери во тие трагични настани?

• Дали Македонците во Егејска Македонија во Граѓанската војна влегле како комунисти, т.е. како дисциплинирани членови на КПГ или влегувајќи во војната барале нешто друго за разлика од тоа што со себе го носела комунистичката идеја?

1 Види: Рецензија на романот Големата удолница. - Петре Наковски: Скопје, Макавеј, 2003 год.

• Колку т.н. „ бел терор“2 повлијаел на поединечниот и масовниот отпор на Македонците?

• Кои биле мотивите грчката држава да го спроведе „ белиот терор“ врз Македонците?

• Што ги мотивирало Македонците масовно да се приклучат и да учествуваат во Граѓанската војна?

• Дали КПГ во текот на именуваниот период ги остварила националните права на Македонците?

• Што барале?

• Што добиле?

• Што изгубиле?

• Дали биле злосторници или херои?

• Дали нивното однесување и држење заслужува да бидат осудени post factum морално гледано од аспект на времето во кое настанале романите?

• Дали ние современите Македонци треба од нашата лична и национална меморија да ја избришеме сликата на Граѓанската војна во Грција?

Низ анализа на романите преку: факти, сведочења, историски документи, автентични настани и места ќе произлезат и последиците од Граѓанската војна која завршила со пораз на националните стремежи и физичкото истребување во овој регион - уништено македонското стопанство во костурско-леринскиот регион, уништени села, иселено и раселено искрадено, истепано, пљачкано население, уништено македонското семејство со собирањето и одведувањето на децата во источноевропските земји.

И оттука повторно ќе дадеме одговор на прашањата:

- Колку Граѓанската војна придонела за опстанокот на Македонците?

- Какви последици оставила врз културното, обичајното живеење?

- Кои форми и начини биле применувани од официјалната грчка држава за асимилација на македонското население и нивниот став во однос на образованието, 2 Види: Ετσι αρхισε ο εµφυλιος, Εκδοσεις Γλαρος, 1987 (Така почна граѓанската)

администрацијата, забраната на употреба на мајчиниот македонскиот јазик, негирањето на националниот идентитет, принудното менување на личните имиња, презимиња и топоними.

Во комунистичката пропаганда со која требало да биде привлечено македонското население најчесто биле употребувани два збора: фашизам и монархофашизам. Фашизам како остаток од италијанската, германската и бугарската окупација, а монархофашизам од обновувањето на монархијата плус белиот терор и антикомунизмот.

Одговорите на наведените прашања лежат во основата на романите на Наковски, кои ќе бидат и предмет на истражување.

Романите раскажуваат за трагичните судбини на тие кои страдале и настрадале во Граѓанската војна, од едната страна ја покажуваат нивната истрајност пред страдањата и смртта, а од другата страна бескрајниот хероизам.

Граѓанската војна завршила со пораз.

- Дали завршиле и траумите на Македонците кои го доживеале егзодусот?

Насловот на магистерскиот труд „Литературата на фактот во романите на Петре Наковски“, се наметнува од потребата подлабоко, аналитички низ: факти, сведочења, историски документи, автентични настани и места, да се осознае вистината за опстанокот и истрајноста на Македонците со потекло од Егејскиот дел на Македонија.

Наведените романи на авторот Петре Наковски ги обработуваат мошне суштинските историски и општествени настани пред и во текот на Граѓанската војна со посебен осврт на учеството на Македонците во неа.

Основната карактеристика на спомнатите романи е дека сите се однесуваат на Граѓанската војна во Грција; значајно е тоа што можат да послужат како извор за нафрлениот терор на грчката држава врз македонското население, како и за учеството на Македонците во Граѓанската војна, нивната посветеност, храброст и самопожртвуваност за национално ослободување и одбрана на идентитетот и човековото достоинство. Најсуштински во нив е вистината, историските автентични настани, и даваат широка можност читателот да ја осознае вистината за тоа тешко, драматично и несреќно време.

2. МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРНА КРИТИКА ЗА „ЕГЕЈСКАТА ТЕМА“ И ЗА ТВОРЕШТВОТО НА ПЕТРЕ НАКОВСКИ Во традицијата на документарното (мемоарско) сведочење пред се` опфаќајќи ја „ егејската тема“, темата за откорнатиштвото и егзодусот, тема која бара релевантност во историските факти и развиена историска меморија, тема за историјата, идеологијата, политичките и моралните идеи на времето, во македонската книжевност се јавуваат неколку автори кои во дел од своето творештво посветуваат внимание на дела во кои се опишува судбината на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

Според професорот Миодраг Друговац, во делото „Историја на македонската книжевност XX век“, автори кои преземале извесни истражувања при обработка на оваа тема се: Ташко Георгиевски, Петар Ширилов, а освен овие автори за оваа тема меѓу другото пишувале и: Ката Руменова-Мисиркова, Иван Чаповски, Паскал Гилевски, Ристо Јачев, Коле Мангов.

3 Оттука, како автори кои во своите литературни творештва внеле елементи според проф. Миодраг Друговац, познати како „ проза на документот“4, се: Ташко Георгиевски, за кој проф. Друговац вели дека: „за книжевната историја е од важност и податокот, дека тој преземал извесни истражувања (...), коишто треба да ја засилат автентичноста“5, а поетот Раде Силјан во рецензијата на циклусот романи под заедничко име „ Црно семе“ меѓу другото вели дека Ташко Георгиевски во своите дела внесува „искрен документарен опис“.6 Проф. Друговац исто така го издвојува и писателот Петар Ширилов за кој вели дека е „ документарист, којшто и низ легендата ангажирано сведочи за историските голготи на својот народ“.7 3 Миодраг Друговац: Историја на македонската книжевност XX век. - Скопје: Мисла, 1990, стр. 572-

576

4 Исто, стр. 625

5 Исто, стр.572

6 Ташко Георгиевски: Црно семе; Змиски ветар; Време на молчење. - Скопје: Матица македонска,

2008, стр. 378

7 Миодраг Друговац: Историја на македонската книжевност XX век. - Скопје: Мисла, 1990, стр. 576 Исто така би ја споменала и Кица Барџиева-Колбе, чие дело „ Егејци“8 од литературен, историографски и социјален аспект има исклучително значење бидејќи изобилува со сведоштва и лични драми за егзодусот на стотина илјади Македонци од Егејскиот дел на Македонија, насилно прогонети во виорот на Граѓанската војна во Грција.

Познатиот поет, Раде Силјан, при едно свое обраќање по повод 70 години од грчко-италијанската војна на изложбата на книги и фотографии насловена како „Исповед на проколнатите“ во организација на Сојузот на Македонците од Егејот „МАКЕДОН“, истакнал: „ Преку богатото културно наследство, преку усното творештво и особено преку високите книжевни остварувања на современите македонски писатели, македонскиот народ ја задржа својата автономност и вековна препознатливост. И покрај сите индивидуални и колективни трагедии, тортури, прогонства, застрашувања, бегства, носење на закони за промена на личните и на фамилијарните имиња и на топонимите, ние благодарение на литературниот влог на писателите родени во Егејска Македонија, во нашата свест ја задржавме целосноста на просторот отсликана уверливо, со чувство на литературна инвенција и богата лексичка изразеност. Преку делата на Ташко Георгиевски, Петар Ширилов, Иван Чаповски, Паскал Гилевски, Ката Мисиркова, Петре Наковски, Методија Тошевски, Ристо Јачев, Петре Бицевски, Стојан Кочов, Кица Барџиева-Колбе, Јован Парлапанов, Коле Мангов и други, во нашата меморија ги имаме прадедовските имиња на градовите, селата, реките, планините и на сите места и белези што се нарекувале со нашите вековни имиња. Ги имаме автентичните имиња на Кронцелево, Сетина, Крушодари, Крчишта, Свети Герман, Горничево, Сетома, Чеган, Пожарско, Костур, Воден, Родево, Пела, Кукуш, Баница, Лерин, Д`мбени, Бапчор, Кајлари, Ранци, Трсје, Жупаништа, Шестеово, Загоричани, Габреш, Черешница, Овчарани, Тиолишта и многу други населби населени со етнички Македонци. Творештвото на оваа група писатели е еден вид препознатлив амблем за македонското опстојување и визит-8 Кица Б. Колбе: Егејци. - Скопје: Култура, 1999 карта за препознавање на географските имиња, на топонимите и на личните имиња и презимиња во Егејска Македонија“.9 Несомнено, го издвојуваме писателот Петре Наковски, за чии дела се напишани рецензии од академик Гане Тодоровски, Димитар Солев, Бранко Цветковски, Раде Силјан, а ќе бидат предмет на анализа во овој магистерски труд, како автор кој целото свое литературно творештво го посветил на една историска временска рамка, Граѓанската војна во Грција (1946-1949), разработена низ призмата на македонскиот идентитет, борбата за негово зачувување и одржување, и сите негови пишани дела содржат елементи на литературата на фактот, така што во неговите истражувања, сведоштва, документи внесени во делата, можат да се најдат многу одговори за прашања кои и денес се актуелни за Македонија и Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

Авторот во романот „На пат со времето“ забележал: „ ... нашето опстојување и постоење кое, како што рекле мудрите умови, е составка од многу минато и малку сегашност“.10 Во оваа смисла карактеристично е и тоа што авторот го задржува вниманието на публиката со пораката дека записите при живот, се сведоштво за минатото и на младите им остава аманет да го проучуваат и пренесуваат и на идните генерации тоа што било да се памети, да не се заборави, на хартија да се стави за трајно да остане незаборавено.

9 radiolav.com.mk › Вести › Македонија, Сојуз на Македонците од Егејот „МАКЕДОН“ 70 години 10 Петре Наковски: На пат со времето. - Скопје: Матица македонска, 2010, стр.10

3. ДЕФИНИРАЊЕ ПОИМИ Поимот литература на фактот го вовела литературната критика меѓу двете светски војни како замена за наративната проза од триесеттите години; тоа е всушност современа наративна литература чија главна цел е веродостојно претставување на автентични настани која применува репортерски или мемоарски искажувања карактеристични за современиот роман.

Дефиниција наоѓаме во Речникот на литературни поими (S łоwnik terminów literackich) под редакција на Јануш Славински, кој литературата на фактот ја дефинира како: „Современа наративна литература која се засновува врз документот и ги содржи литературни видови, како: роман, репортажа, автобиографија, биографија, мемоари“. Во основата на литературата на фактот лежи романот - репортажа, кој е дефиниран како „роман кој низ креацијата на романсиерската фикција се стреми кон создавање тукуречи документарна релација за настани, појави, доживувања во одредена средина или историски процес“.

11 Во „Општа теорија на литературата“ од Љубен Андреев е истакнато дека:

„литературно-научен вид е таков вид творби кои по своите внатрешни и надворешни одлики имаат тесна врска со лирските, епските и драмските творби, како и со научната литература. Во литературно-научниот вид спаѓаат: патопис, репортажа, дневник, мемоари и др“.12 Во своето дело „ Општа теорија на литературата“, Љубен Андреев поимот патопис го дефинира како: „ Творба во која се опишуваат впечатоците и доживувањата од патувањето по непознати, малку познати или многу познати населени места, краеви и земји“.13 (1991:277) Тој смета дека во патописот се дава опис на природата, на патувањето, начин на живеење на луѓето, како во минатото, 11 Janusz Sławiński, M. Głowiński,T. Kostkiewiczowa: Słоwnik terminów literackich. - Warszawa; Kraków:

Zakład Narodowy im. Ossolińskich -Wydaw, 2008 12 Љубен Андреев: Општа теорија на литературата. - Скопје: Просветен работник,1991, стр. 274

13 Исто, стр. 277 така и во сегашноста. Во патописите се опишува нивната култура, обичаите, историските податоци и впечатоците што ги оставиле на патописецот.

Поимот репортажа, Љубен Андреев го толкува како „творба во која на жив, динамичен, разновиден стил се опишуваат впечатоците за луѓето и настаните од реалниот, секојдневен современ живот“. (1991:284) Тој разликува два вида репортажа: новинарска и уметничка. Во новинарската репортажа со новинарски стил, фактите се изложуваат со куси црти и се опишуваат впечатоците за луѓето и настаните, а во уметничката впечатоците се опишуваат сликовито, поопширно, со емотивен стил.

Целта на двата вида репортажа е да се претстават впечатоците поживо, повпечатливо, за да го привлечат интересот на читателот.

Дневникот се одликува со богати фактографски податоци кои можат да послужат како извор за проучување на историјата на еден народ, на едно општество или пак на определен временски период. Во него се запишуваат впечатоците и настаните според хронологијата на збиднувањето. Според Љубен Андреев „дневник претставува таков вид творба во која вистинито се забележуваат по хронолошки ред денот, месецот, годината на најважните настани што се случуваат“. (1991:279)

Во мемоарите низ сеќавања се изнесуваат настани кои авторот ги доживеал, настани во кои тој учествувал и во нив се запишуваат и сеќавања на некои значајни личности од општествениот живот. Оттука во делото „ Општа теорија на литературата“ од Љубен Андреев ја наоѓаме следнава дефиниција: „ Мемоари се литературно-научни творби во кои, по сеќавање авторот го опишува не само својот живот, туку и спомените за животот на другите луѓе, настаните и времето во кое живеел и работел“. (1991:280) Карактеристично за мемоарите е тоа што тие имаат не само историска, туку и уметничка вредност.

Роман е долга епска творба во која се обработуваат теми од историјата или од секојдневниот живот на луѓето, на општеството. Во романот се опишуваат повеќе личности, меѓу кои има главни околу кои е сконцентрирано дејството. Тие се носители на насоките на главното дејство и го привлекуваат вниманието на читателот, а во романот има и споредни ликови.

Писателот при сликањето на личностите, се стреми да го опише живописно, пластично и релјефно нивниот надворешниот изглед и внатрешните доживувања, нивните мисли, емоции, постапки и сл. Во романот се обработува една тема како главна, но има и споредни теми кои се поврзани со главната тема. Тој опфаќа широк временски период и има општествено-историска основа. Оттука, романот според Љубен Андреев е дефиниран како: „голема епска творба во проза или во стих, во која сеопфатно се обработуваат настани и животот на една или повеќе личности, или цело општество, во долг временски период“.14 (1991:213)

Хронотоп буквално значи „ време-простор”,15 односно е претставена суштинската поврзаност на временските и просторните врски кои во литературата се уметнички изразени. Хронотопот во книжевноста има суштинско, жанровско значење. Според делото „ Поимник на книжевната теорија“ на Ката Ќулафкова,

„книжевниот хронотоп е модел на свет персонифициран во една препознатлива, стилски и културно кодирана целина од простор, време, лик и приказна“16.

Во Дигиталниот речник на македонски јазик, под поимот симбол наоѓаме:

„предмет, дејство и сл. што служи како условен знак за некој поим, идеја, уметнички лик што предава условно некоја мисла, условен знак, оличување на сите карактеристики“.

17 Тој е мотив или група од мотиви кои извршуваат функција на значење за да се постигне поголема сликовитост во изразувањето и на конкретниот предмет му даваат пошироко значење.

Фактот претставува вистинит податок, настан, неоспорна вистина.

14 Љубен Андреев: Општа теорија на литературата. - Скопје: Просветен работник,1991 15 Mihail Bahtin: Teorija romana. - Ljubljana: Cankarjeva zalozba, 1982 16 Приредувач: Ката Ќулафкова: Поимник на книжевната теорија. - Скопје: МАНУ, 2007, 616 17 http://www.makedonski.info/show Во Речникот на литературни поими (S łоwnik terminów literackich) под редакција на Јануш Славински, поимот факт е дефиниран како: „тоа што се случило во стварноста, настан, појава, одредена состојба што се случува во одредено време и простор“.18 Овие поими се клучни во анализата на литературата на фактот во романите што се базирани врз конкретните настани, историски документи и документарна литература.

18 Janusz Sławiński, M. Głowiński,T. Kostkiewiczowa: Słоwnik terminów literackich. - Warszawa; Kraków:

Zakład Narodowy im. Ossolińskich -Wydaw, 2008