Front Matter
ЈАМКА Роман Стојан Кочов ЈАМКА Роман Published by:
Risto Stefov Publications rstefov@hotmail.com Toronto, Canada All rights reserved. No part of this book may be reproduced or transmitted in any form or by any means, electronic or mechanical, including photocopying, recording or by any information storage and retrieval system without written consent from the author, except for the inclusion of brief and documented quotations in a review.
од Румелија и Тесалија............................................................................81 Глава 12. - Војска без компас: сурови пресметки меѓу комунистичките офицери........................................................................87 Глава 13. Факти и валкани цели .............................................................96 Глава 14. – Силата на срадањето..........................................................102 Глава 15. – Генералка Мобилизација...................................................109 Глава 16. – Крај на војната....................................................................119 Глава 17. - Преглед на военополитичката историска хроника ..........126 Глава 18. – Коррените на злото ............................................................135 Историски хроники................................................................................141 Преглед на разбојот на настаните во 1946 ..........................................145 Глава 19. - Првиот судир на судбините ...............................................153 Од воената хроника ...............................................................................165 Глава 20. - По враќањето од Голи Оток...............................................167 ПОГОВОР...............................................................................................178 За Авторот ..............................................................................................180 ПРЕДГОВОР Кој и како ја режирал судбината за геноцидот над Македонците во Грција? Како и за кого се (само)жртвувавме, па го изгубивме вековниот татков дом во кој беа всадани прадедовските и нашите души, па сега станавме талкачи по светот.
Македонците под Грција низ туѓите балкански јамки во Граѓанската воина (1946 – 1949)
ПАНИЛИ Ја посветувам за спомен на нашето семејство, кое по Граѓанската војна (1946-1949) се најде распарчено:
татко ми Танас во Австралија, мајка ми Јованка во Полска, брат ми Ѓорги в затвор во Грција, а јас со единиците на ДАГ во Советскиот Сојуз.
Во романот “Јамка” се опишани случувањата што му припаѓаат на минатото и кои веќе никој не може да ги измени:
Чистите факти и валканите цели.
Раскажани се со автентичност и со чувство за гневност спрема идеолошката моќ што не политизираше нас невините генерации. Сега го бараме одговорот:
“Кој и како ја режирал судбината за геноцидот над Македонците во Грција? Како и за кого се (само)жртвувавме, па го изгубивме вековниот татков дом во кој беа всадани прадедовските и нашите души, па сега станавме талкачи по светот.” Реалните настани се вовед во националната трагедија, со личности живи или мртви, не е случајно, намерно е, и земено се што е во Скаменета хроника:
За наредбите на туѓите богови и проектираното наше исчезнување од родината:
-Од октомври 1944 до 14 октомври 1946 година, во прегратките на КПЈ/КПМ.
-Од октомври 1946 до 27 август 1949 година (кога заврши војната), во прегратките на КПГ.
-Од 1950 година па се до денес – Талкачи по светот.
Авторот ВОВЕД Во периодот на Втората светска војна, низ Рудино имаа поминато луѓе од разни култури, дури имаше среќа со нив да се сретне и најсиромашниот човек во својата колиба. Поминаа канети и неканети, убијци и љубопитни, прогонети и луѓе со скриени намери.
Преживеаните зими низ војната беа студени, а летата беа толку жешки што воздухот трепереше и камењата се вжештуваа како вршник. Босоногите селани итаа низ полето со подзгорени гради и грбови да го соберат родот.
Но иако војната заврши, неспокојни и загрижени беа луѓето од Рудино, но не беше подобро ни во другите лерински, Костурски и Воденски села. Стравот остана меѓу селаните – потсетувајќи ги на ужасните безредија и насилства.
Луѓето беа ослабени, исушени од препечувањето на сонцето, студот и гладот, измачени.
По повлекувањето на германските армии, по целата должина на фронтот во Грција, партизаните, насекаде, каде што беше можно поставуваа своја власт. Селаните ѝ се радуваа на победата над фашизмот.
Војната тукушто заврши, но остави длабоки рани. Илјадници мајки забрадија црни шамии, илјадници млади жени и сестри се облекоа во црно, илјадници деца останаа сирачиња. Старите татковци, болно ги оплакуваа своите синови.
Сега без голем страв ги раскопуваа од визбите спастрениот чеиз и вредните работи, што ги имаа скриено од разни банди што шетаа по селата и вршеа злодела и грабеж на добиток и вреди предмети.
Германските и италијанските окупатори ги имаа конфискувано речси сите превозни средства и големи количества храна. Големите центри останаа без храна. Стотици илјади луѓе умираа од глад. Селата ги преплавија од гладни луѓе кои ја продаваа дури и сопствената облека за малку пченка или грав.
Окупаторите и нивните соработници варварски ги применуваа зборовите на Гебелс: “Европа ќе умре за да живее Германија!” Нацистичкиот режим во Германија создал логори на смртта за политичките затвореници. Тоа го пишуваат и кажуваат комунистите, и дека новата епоха сака да избрише векови германска традиција и да се врати во времето на варварството.
Непознати луѓе од терористите – пауџиди (1) упаѓаа во домовите на Македонците и крвнички тепаа се пред себе, стотици луѓе тие денови, гонети од смртен страв, бегаа од своите домови барајќи спас во планините. Имотите им беа насилно крадени и горени.
Пауџидите настојуваа да продолжи елинизацијата над Македонците во Северна Грција и грижата им беше во овој меѓувоен период да ги натераат Македонците да го задржат континуитетот на чувството за заедничка припадност кон грчкиот национален колектив, кон неговите историски традиции и кон низа грчки херојски жртви.
Коалицијата ЕАМ(2), односно левицата на чело со КПГ (буржоаските партии и политичари, едни беа со Германците други со Англичаните, против ЕАМ) успеа да остварат најшироко национално единство на грчкиот народ.
Со Либанскиот договор од мај 1944 година, КПГ, ЕАМ, ЕЛАС(3), доброволно и официјално се откажуваат од секаква претензија за заземање на власта, признавајќи ја бегалската влада на чело со Георгиос Папандреу како “легитимна влада на Грција”, како влада на “националното единство”.
Со договорот од Казерта во септември 1944 година, британскиот генерал Скоби беше прифатен и прогласен како врховен командант на вооружените сили во Грција и единиците на ЕЛАС го предаваа оружјето и веќе не можеа да се движат и да дејствуваат инаку освен по наредба од сер Роналд Скоби.
* * * Во текот на пролетта и летото 1945 и 1946 година, владата на Пластирас набргу со Уставниот акт 1, “За наметнувањето на казнени мерки за оние што соработуваа со непријателот”, закон што беше донесен од владата на Георгиос Папандреу, го замени со Актот 6. “За наметнување на санкции за оние што соработуваа со непријателот”.
Токму врз основа на Уставниот акт, во 1945 година во Солун беше формиан Специјалниот суд за колаборациолистите, на такви помали судови беа оформени во Серез, Драма, Лерин и Костур.
Новата власт ги заборави зборовите и обврските што ги искажа Венизелос: “Словеномакедонците не се чувствуваат ни како Грци ни како Бугари” и дозволи да се направи Абецедарот и пак потврди:
“Ако Словеномакедонците бараат училиште на својот јазик, јас ќе бидам првиот во Грција што ќе се заложам остварување на тоа барање”.
Но сега судовите во Македонија под Грција ги донесоа законите, во прв план, за Македонците (именувани како Славофони). Целта на судовите беа Македонците (Славофоните), особено оние чија национална свест беше негрчка. Тие беа доведени во тешка положба поради јазикот на кој зборуваа слободно за време на германската окупација. Обвинетите беа изведувани пред “народните судови” и, доколку беа прогласени за виновни, беа враќани назад во затворите.
Некои луѓе беа осудувани на смрт по итна постанка и погубувани, што предизвика силни протести дури и од командантот на британските сили во Атина, генерал Роналд Скоби и Еврипидис Бакерџис, командантот на генералниот штаб на група дивизии во Северна Грција.
Многу од обвинетите беа избегани и им се судеше во отсуство.
Тоа обично беа автономисти (членови на НОФ), кои беа за автономна Македонија и беа пребегани во 1944 година во Титовата армија, и менувани како “Егејска бригада”.
Во повеќе случаи им се судеше на македонските селани одеднаш на повеќемина токму од селата во кои во текот на 1945 година се спроведуваа активистите на НОФ и АФЖ и се поставуваа темелите на овие организаци – вовед во националната трагедија.
Списокот на обвиненијата обично беше многу долг и се однесуваше на повеќе членови од Уставот на грчката држава.
________
1 ПАО – пауџидес (Сегрчка ослободителна организација) што ја сочинуваа поранешни полициски началници и офицери на поранешната грчка армија (ЕС) и други разни националистички антинародни елементи кои секогаш беа за уништување на Македонците. Организацијата ПАО, посебно во Македонија, во соработка со еден дел од колонистите доселени по1924 година, кои живееја низ македонските села, им нанесоа големи неволи на Македонците.
2 На 6 април 1941 година Германија изврши напад против Југославија и Грција и сега во Грција се јави нов господар, со нови фашистички погледи, а на 27 септември истата година е формирана организацијата ЕАМ (народноослободителен фронт) која го повикува целокупното население на Грција на отпор против фашизмот.
3 ЕЛАС – ЕЛАСИТИ (припадници на оваа војска се викаа “андартес”) што кај Македонците асоцираше на злогласните дела против македонскиот народ од постилинденскиот период на грчките андарти организирани и вооружени во Грција и испраќани во Македонија со нож да го шират грчкото влијание. ЕАМ и КПГ на заедничкиот состанок на ЦК на КПГ, бараат да се организира ЕЛАС (Грчка народноослободителна војска) и дури на 15 февруари 1942 година се појавуват воените единици на ЕЛАС – Еласити. Во Костурско беше формиран првиот одред на ЕЛАС на 7. 12. 1942 година и сочинаваа 10 Македонци, 7 Грци и двајца власи.
ЕЛАС во цела Грција броеше околу 70. 000 борци, но на 16 јули 1943 година, раководството на ЕЛАС и шефот на англиската воена мисија, полковникот Еди Маерс потпишаа спогодба со која се потчинува грчката команда на ЕЛАС под англиската команда за Блискиот Исток, а на 12 февруари 1945 година, во Варкиза е потпишан договор со кој пректично левицата (КПГ и ЕАМ) и ја предадоа власта на десницата во Грција.
Глава 1. - Предвесници на злото Кон средината на април 1945 година. Политичката комисија (4) во Битола веќе беше распуштена. Наместо неа, при ЦК на КПМ во Скопје, на 23 април 1945 година се конституира, односно се формира Народноослободителниот фронт – НОФ (истовремено АФЖ и НОМС) на Македонците од Егејска Македонија и првата порака што им беше упатена гласеше:
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/jamka/1 на 29 октомври 2026