Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Noose

Глава 15. – Генералка Мобилизација Во 1947 година илјадници мобилизирани деца

Од Стојан Кочов · Дел 17 од 27 · Околу 6 минути

Читај на English

Глава 15. – Генералка Мобилизација Во 1947 година илјадници мобилизирани деца на возраст од 16-17 години се најдоа во единиците на ДАГ и станаа жртви на најсуровата герилска војна.

Бегство од суровата смрт.

1.

Денот беше топол, задушлив, како и сите пред тоа, но во движењето дувкаше и можеше убаво да се размислува.

Владината грчка армија под команда на прославениот американски генерал Ван Флит – специјалист за герилска војна со 60.000 војници, организирани во 6 дивизии од сите родови, 200 тенкови и блиндирани коли, околу 100 авиони од сите типови, почнаа офанзива против ДАГ на планината Вичо со која командуваше Вландас кој располагаше со 9.863 борци и 40 топови.

На 13 и 14 август ДАГ беше поразена со загуби од 1.859 (мртви, ранети, исчезнати и заробен). Владината војска имаше само 256 мртви и 1.336 ранети. На 15 и 16 август единиците на ДАГ се повлекоа во Албанија, но во наредните денови беа префрлени околу 6.000 борци на ДАГ да ја продолжат борбата на Грамос. Во тие мигови беше исфрлена паролата дека Грамос ќе стане гробница на монархофашистите.

* * * Големата армија, под команда на американскиот герерал Ван Флит, веќе наколку дена настапува жестоко на нашите позиции, но без она класично пукање и рафали, туку од авионие фрлаа запаливи бомби и целата фронтовска линија беше во пламен. Бевме во паника, како исплашени дивинки. Сме се претвориле во опасни животинки.

Не се боревме, туку се браневме од огнот да не бидеме изгорени. А бомбите како да не паѓаа за да не убијат, туку смртно да не исплашат.

Од ваздухот што го дишевме, не мачеа стомаците, ни гореа табаните, а од жолтеникавите облаци, кашлавме, толку многу што на сите ни се чинеше дека цревата ќе си ги истуриме од уста.

Од некои позиции на фронтовската линија се јавија илјаднице запалени војници што бегаа. Страв и ужас…

Нашите борбени линии под команда на партискиот работник Вландас, чиниш распукаа како стари обрачи, а тој самиот, не со стрелба туку од една карпа, преку инка викаше: “Ако тука, ние комунистите доживееме пораз, за нас тоа ќе биде повеќе од смртна казна. Борете се! Ве повикувам од името на Партијата и на нашиот водач Захаријадис”.

Никој никого не слушаше. Чувствувавме некаква безумна разбеснетост и се надевавме на некоја божја сила. Во целото темно пространство, колку што можеше да се види, не трепнуваше никаков сончев зрак. Не се слушаше не артилериска стрелба ни истрел од пушки, само тропот на копита од разбеснетите коњи.

Леонидас, пред мене, чекореше без цел, кажувајќи ги молитвите што ги имал учено уште како дете.

По фронтовските битки на Вичо, Буковиќ, Бела Вода, Мали Мади и Лисец, неколку дена глуво талкавме, со изгубена сила и здив.

Немоќни и омразени. Не гонат и сакаат да не убијат. Трчаме од врв кон подножјето, а надолу глетка на бездна со остри карпи. Тука имаа паднато две големи запаливи бомби.

Во нашиот секојдневен живот, во нашата ужасна борба за опстанок, во неподносливата самотија, гладот не мори. Се засолнавме во густата шума и во еден миг се струполивме под едно дрво. А нашите другари се мртви и ние не можеме да им помогнеме. Во текот на ноќта видов нешта што нема можам никогаш да ги заборавам.

Пладне е. Сонцето пече, потта не гризе за очи, ја бришеме со валаканите раце на кои има и крв. Дните се жешки, а мртвите лежат незакопани. Ме ежи болка немирна. Одеднаш се стресувам од страв дека може уште полошо да не снајде.

Леонидас ме довикува и ми покажува кон една далечна силуета. Ја набљудувам темната силуета и ме обзема тажновина и се повеќе ми се јаснеше жената што во прегратката стискаше разбушавено дете, а мене небаре срцето почна да ми пее загледан во силуетата.

Му велам на Леонида:

-Зар е можно... да е Роксана? Медицинската сестра.

Кога излеговме од темната шума, пред нас се појави слика на суров предел од гол крастав рид, а токму под карпите имаше длабок, но многу широк ров и овенати гранки, веројатно за камуфлажа. На педесетина метри од влезот на една земјанка се наоѓаше едно митралеско гнездо. Наоколу беа расфрлени големи купишта земја измешана со муниција и разно оружје, но овде-онде се гледаа и делови од човечко тело.

Кога стигнавме до крајот на долгиот ров, наидовме на едно голобрадо момче со ампутирана лева нога, лежеше бо завирена крв.

Зајдено, со подгорени усни изустуваше: ”Вода, вода...” Испи неколку голтки вода од мојата матарка и живна, а покрај него имаше и еден цел врзоп од тркалезни плочки со ликот на генерал Маркос, а од другата стоеше број.

Трајко Богданов го праша:

-Кој си ти?

-Тоа одговори:

-Јас сум камандант на младинската чета и овој врзоп плочки се од сите мои соборци.

-А какви ти се тие броеви?

Младото момче, командант, гледа вџасено во нас, а Трајко Богданов, вознемирен, вели:

-Зар на нашите деца им обесија броеви? Бог да чува, бројки на човечки суштества? Леле! А бре луѓе, во кој век живееме?

Молкот го прекина младиот командант.

-Треба е да знаете дека сите овие трупови, што ги прескокнувавте, се од младинската чета, што беше формирана од новомобилизираните постари деца и избрани по сите домови во Р. Романија, Р.

Чехословакија, Р. Полска, Р. Унгарија.

Леонидас небаре му го зеде зборот на Трајко Богданов и возбуден рече:

-Па тоа не е човечки, ако тоа го сторија со знаење на Партијата, а Трајко Богданов нестрпливо додаде:

-Па тоа е трговија со човечки судбини. Тоа се нашите деца, за кои Партијата и Захаријадис ни велеа дека ги земаат за да ги спасат...

Всушност ова претставува болна агонија и нов период на беспоштедено жртвување на младата македонска генерација. Ако продолжи, ова ние Македонците ќе се најдеме во ситуација првпат во светската историја луѓето како нас сами да си ја уништуваат сопствената нација.

Лагата секогаш била пред времето, а вистината секогаш доцнела.

Замислите колку време на ни требаше нас Македонците да ја сфатиме вистината? Толку колку што сега си ги видовме нашите деца безимени, со бројки од партијата, како лежат мртви во овие ровови.

Се сврте на исток и се крсти:

-Замислете, од битката се извества штобот дека денес на бојното поле, борејќи се храбро, загинаа следните брци со броевите: 13, 34, 24, 29 итн... о Боже мој...

Го молам севишниот да ни помогне да престанеме да талкаме пред овие политички ветришта и уште да им веруваме на излитените пароли на Захаријадис. (11)

Но ветувањата се погазени:

На 7. 03. 1949 година ЦК на КПГ објави соопштение во кое се демантира одлуката на КПГ за заземениот став за македонското прашање на Петтиот пленум и ставовите на Вториот пленум на НОФ од 3.2.1949 година. Значи, историјата не учи дека ветувањата дадени во време на војна не се секогаш тоа што требало да бидат.

Второ оптимистичко сценарио: се создава комунистичка партија на Македонците под Грција.