Front Matter - Part 09
Сите натамошни обиди на мајката и сестрата на Марија, останаа без одглас... Мајка и се обиде и со силно плачење... Не помогна.
По половина час сестра и се врати со болничка ко- ла. Сега плачеше и другата сестра. Болничарите мо- раа насилно да ја отворат вратата. Марија седеше на крајот од креветот, сосема отсутна... Не беше ни свес-на дека вратата се отвори... Дека луѓе во бели манти-ли ја одведоа и ја качија во болничката кола... Дека го остави детето... Дека ја поведоа в болница...
На глас плачеа сите три, мајката и сестрите... То-гаш сфатија колку силно плаче избезумениот Карл.
Престанаа. Грижата за него, да го измијат, облечат, успокојат, им помогна да се соземат. Под перницата на креветот од Марија ја најдоа пресудата. Прочитаа дека бракот меѓу Хелвиг и Марија се разведува. Дека поради лоши материјални услови, детето Карл се до-делува на гледање на таткото. Се додека материјал-ните услови на мајката не се подобрат...
Кога го слушна тоа, мајка и на Марија почна да ре- ди клетви...
— Мигоуништија девојчето... проклети да бидат!
Сите беа свесни - тоа што се случи со Марија беше страшно. За неа. За Карл. За нив... Знаеја - ништо не можат да изменат...
За некои од овие моменти, Наде, помалата сестра на Марија, и раскажа и на Елена. При нивните сред- би. Елена му ги прераскажуваше на лекарот на Ма- рија, при нејзините не ретки посети во болницата.
Тие за него беа скапоцени во насочувањето на тера-пијата и заздравувањето на Марија.
Дента, кога тргнаа во болницата, заедно со Елена, во автобусот, Наде рече:
- Што мислиш, дали да и ги покажам на Марија фотографиите на Карл и писменцето, што ги испрати Хелвиг?
- Можебие подобро да го прашаме нејзиниот ле- кар.
Иако немаше претходна согласност од лекарите, Елена заедно со девојката застана пред влезната пор- та. Кај портирот. Тој категорички одбиваше да ги пушти. Без писмена дозвола.
Сепак имаа среќа... Доаѓаше попладневната смена на лекари. Елена го догледа лекарот на Марија. Го замоли да ги пушти да се видат со неа. Таа му објас-нуваше дека заедно со сестра и доаѓаат од друг град.
Лекарот застана малку, помисли и и се обрати на На- де:
- Добро... Влезете тука, во ходникот... Ќе им ка- жам на болничарите да ја доведат.
Откако го рече тоа, му кажа на портирот да им от- вори.
Уште по патот, во автобусот, Елена ја советуваше Наде, кога ќе се сретне со Марија, да се воздржи. Да не заплаче. Исто така, да не зборува ништо што ќе Ја вознемири. И двете се договараа да ја храбрат колку може повеќе да го слуша лекарот, за да излезе побр-зо од болницата. Да оздрави... Да си дојде дома. Ако Марија не го спомне Карл, и тие да не зборуваат за него.
- Верувам дека ќе праша за Карл... Сигурно ќе са- ка да знае кој го зел. Како го однесле во Германија.
Нема да можам да премолчам. А ти, еве, велиш дека кога си била последниот пат, ти рекла дека знае за Карл. Докторот и кажал дека е кај татко му.
- Се разбира дека ќе мора да и кажеш некои рабо- TH, но колку можеш пократко и... така некако, повеќе успокојувачки.
Седеа во собата за разговори. Беа нетрпеливи. Уш-те кога влезе Марија, Елена забележа дека е уште по-добра со здравјето од последниот пат кога ја посети.
Во тој момент не беше сигурна дали добро постапи што ја зеде и сестра и со себе. Но по избликот на ра-дост на лицето на Марија, сфати дека тоа многу Ke и значи. Кој знае, во целото ова време, колку и недос- тасувал контактот со домашните. Посебно последни-ве месеци, откако се чувствува подобро.
Се прегрнаа, само како што можат да се прегрнат сестри, по подолга разделба. Седнаа крај масата.
— Мамаи Лилемногуте поздравија. Те чекаат. Си- те те чекаме да си дојдеш дома. Мама ти замеси пита.
Таа најмногу што ја сакаш.
Наде ја извади питата. На Марија пак и се насол-зија очите. Мајка и навистина правеше најубави пи- ти. Таа предложи сите заедно да каснат. Елена и На- де малку се помислија. Но, набрзо сфатија дека Ма-рија сака да јаде со нив заедно, и се согласија. Таа са-ка барем малку да се почувствува во домашен амби- ент.
Уште додека јадеа, Елена по изразот на лицето на Марија почувствува дека таа сака нешто да праша.
Но, како да се плаши... Не е сигурна дали да го на-прави тоа... Тогаш се сврте кон Наде и рече:
- Имате ли некакви вести за Карл?... Ти, беше ли дома кога дојдоа да го земат?... Кој го зеде?
И Елена и Наде, иако го очекуваа тоа - се збуни- ја. Но, Наде прва се созеде и рече:
- Детето дојде да го земе Хелвиг, со кола. Со него имаше уште еден Германец. Кажа дека е од герман-ската амбасада од Белград. Зборуваше српски. Рече дека бил ополномоштен од амбасадата да постапи по одлуката на судот од Германија... Колата ја возеше Хелвиг.
- Карл, го позналитатко cu?...
- Мислам, него позна. Ние бевме толку збунети...
Но не плачеше... Во колата имаше многу играчки...
Се заигра со нив. И мал беше. Не ни разбираше што се случува... А може и да го препозна некако... што го гледал по сликите...
— И kako Taka, дојдоа без да ce јават?!
- Не. Неколку дена пред тоа дојде писмо од амба- садата. Во него имаше напишано дека на тој и тој да- тум, на барање на нивниот државјанин... беше наве-дено името и презимето на Хелвиг... извршувајќи ја одлуката на судот од Келн, ќе дојде службеник од ам-басадата, заедно со него, да го земат Карл. Лиле, со пресудата што ја најдовме кај тебе во собата, отиде во судот да праша - дали мораме да го дадеме дете-то? Тие и рекле дека, барем привремено, мораме.
Отиде и во некоја служба за грижи и воспитување на децата, и таму кога им ја покажала пресудата, крена- ле раменици.
- Сејави ли Хелвиг оттогаш?
Елена забележа дека неговото име го изговори со-сема обично, како на човек кого го познава. Рамно- душно.
- Уште утредента, Хелвиг се јави со телеграма. Де- ка пристигнале и дека Карл е добар, - рече Наде со тивок глас.
- Години поминаа оттогаш... Кој знае сега колкуе изменет... Пораснат.
На Марија и се наполнија очите со солзи.
Тогаш Наде извади од ташната коверт со три фо- тографии. Хелвиг што ги беше испратил, неодамна.
На сите три - Карл. На Марија, кога ги зеде, и сетре-сеа рацете. Со широко отворени очи, полни со солзи, со измешано чувство на радост и тага, Марија гледа-ше во сликите... Потоа, полевајќи ги со солзи, го бак-нуваше детето, своето дете, својот малечок син на нив... [Ia ги галеше... Го галеше Карл на сликите и шепотеше нежни зборови...
Елена најмногу се плашеше од овој момент... Не беше сигурна дали добро постапија што претходно не го прашаа лекарот дали да и ги дадат сликите...
Но нешто во неа и кажуваше дека е добро да го види детето. Барем на фотографија. Да види дека е живо и здраво... Веруваше дека тоа ќе ја охрабри. Ќе и даде волја за живот.
Наде и Елена ништо не зборуваа. Не се ни помрд- нуваа.
Марија потоа се прибра. Издвои една од фотогра-фиите и ја задржа. За другите и рече на Наде да ги чува. И ги подаде.Тогаш Наде се реши.
- Имаше иедно кратко писменце во ковертот од...
Без да го изговори името на Хелвиг, го извади писменцето од чантата и и го подаде. Беше напиша-но на германски јазик.
Марија првин не подаде рака... Како да се плаше-ше да го земе... Собираше сили. Колку долго време требаше да помине, додека Хелвиг се реши да и на-пише писмо... Што го натерало на тој потет?... Да не умрела во меѓувреме мајка му... татко му, или и двајцата?!... Не, не веруваше... Можеби грижа Ha со-веста... Сепак подаде рака кон писмото. Со очите бр-зо прелетуваше по редовите. Не можеше да поверува.
Хелвиг и пишуваше дека ќе и плати авионска карта и пари за престој во Келн. Кога ќе оздрави. Сигурно сака да го види Карл... Во моментот кога го дочита писмото, не беше сигурна дали е вистина или, пора-ди болеста, халуцинира.
Наде и Елена го следеа изразот на нејзиното лице, целото време додека го читаше писмото... Видоа дека лицето и се разведри... Радост забележаа во нејзини-те очи. Се ослободија. Им олесна. Ништо не прашаа.
Марија како да не знаеше што да рече... Што да пра-ви... Тоа не им беше чудно. Тогаш рече:
- Пишува дека ќе ми плати карта за авион и дека ќе испрати и други пари за по патот и за таму. Да му се јавам со писмо, кога ќе можам да одам. Да се ви-дам со Карл... Можеби му се нажалило што детето расте само, без мајка...
- Toa е прекрасно, - викнаа во еден гласи Надеи Елена. - Ете сега, оздравувај што побрзо...
- Да зависи тоа од мене, добро би било...
— Сигурно дека многу зависи од тебе... Сега, штом знаеш дека те чека Карл, верувам наскоро ќе не вик-неш да те земеме, - рече сестра и.
Марија погледна во сестра си со очи полни со на-деж... Потоа таа и го подаде и писменцето.
— Kaj тебе е на посигурно место, - и рече. - Чувај ro.
Ha испраќање, сите три ce прегрнаа. Марија, и Елена ја чувствуваше како родена сестра.
Елена забележа дека овој пат Марија не беше при-дружувана од медицинска сестра. Тоа беше добар знак.
Одејќи по ходникот назад, Марија си мислеше...
Зарем требаше да ја дотера до болница и да помине три години во неа, па Хелвиг да и го напише тоа пис-мо од пет реда? Но, во овој момент најважно е дека и се дава можност да го види Карл... Да го гушне... Да го бакнува... Добро вика Елена. Треба да биде силна.
Да се бори со болеста. Да ги брка лошите мисли. Да не им дава да и влегуваат во мозокот. Да ја мачат...
Марија знаеше веќе неколку месеци за Карл... дека го зел татко му... Лекарот разбрал, од Елена. Но, не-маше што да прави. Беше затворена тука. Меѓу чети-ри зида... Беспомошна... Не може да излезе оттука, се додека не каже лекарот.
* XK Уште вечерта, Елена му телефонираше Ha лека- рот. Не можеше да издржи до утредента. Беше не- спокојна. Сакаше да разбере како е Марија, дали се чувствува добро... Размислуваше за тоа дали сите возбудувања од посетата, што и без да сакаат со Наде, се надоврзаа едно по друго, нема да и ја влошат сос-тојбата... Уште кога го слушна ведриот глас на лека- рот, се успокои...
- Вие сте чудотворка, - и рече. Сте го погрешиле факултетот... Ќе ве земеме за терапевт.
- Не знаете колку ми олеснивте... Бев многу за- грижена. Иако, со сестра и сакавме да го избегнеме разговорот за детето, Марија самата почна да распра- шува.
- Напротив. Тоа е добро. Одлично. Значи самата таа се престрашила. Ја надминала пречката... Ние тоа го чекавме. Мора да се соочи со вистината... Со реалноста... За да оди понатаму. Ми ја покажа и фо-тографијата... Многу беше среќна што видела дека синчето расте како убаво, здраво момче. И за писмо-то од поранешниот сопруг ми кажа... И за него збору- ваше донекаде спокојно. Се радуваше дека ја пока-нил да го посети синот... Остана уште тој, најтешкиот за неа, дел - свекорот и свекрвата. Но, се надеваме дека, полека, и тука ќе преброди... Ве очекувам, на-скоро пак да не посетите. Дојдете право кај мене.
Елена, кога го затвори телефонот, набрзина се об-лече и тргна во куќата на Марија. Сите да ги израду-ва со најновите вести, што и ги кажа лекарот.
Мајка и на Марија, кога и отвори, уште на врата ја изгушна.
- Никогаш не ќе можеме да ти се оддолжиме, ќер- ко, - и рече.
- Да си дојде Марија дома - тоа сега е најважно...
за сите...
- Ми кажа Надеза писмото... Ја викал... Не сакам да слушнам за него. И овде, кога дојде по детето, не излегов. Не можев да го гледам. Ми го зеде на душа девојчето. Лиле, ќерка ми, отворено му рече - сигур- но нешто страшно сте и приредиле таму кај вас на сестра ми, за да побегне ваму сама, со детето. Без средства за живот. Потоа, преку судот, и детето и го зедовте. Се направивте за сестра ми да заврши во болница... Вие ја сместивте во болница...
— Ha сетотоа, Хелвиг ни збор не ми одговори, - се уфрли во разговорот Лиле. Бегаше со очите да не му го сретнам погледот. Бев свесна дека, што и да му ре-чам, ништо нема да изменам... Но ете, барем му ре-ков дека тој е виновен за трагедијата на сестра ми...
Елена сакаше што побрзо да им каже за убавите вести што и ги кажа лекарот во телефонскиот разго- вор. Кога слушнаа, сите се развеселија.
- Незнам, - загрижено зборуваше мајка и на Ма- рија - дали да брза да излезе од таа пуста болница?
И таму не е лесно. Знам. Туку, пак да не ја подврати болеста. А и ќе брза да оди кај детето. Ќе мора да се сретне со тој ѓавол... Со пустиов маж... Кај го најде, кај го витоса. Уплав имаше и од мајка му, и од татко му... Од нив најмногу побегна... Како нема да ги фати некоја небитница... та да ги снема... Зошто се по Зем-јава да газат такви лошотии... Чедото... внучето да не си го сакаат... а после за да ја изгорат до срце - да и го земат... Да ги земе чумата, да ги земе...
- Доста мамо, - се замеша Лиле. - Престани. Што и да зборуваме, сега ништо не можеме да и помогне- ме. А за тоа, кога треба да си дојде, да оставиме лека- рите да кажат... Ние не можеме да знаеме повеќе од нив... Важно оди на подобро, од ден на ден...
Мајка и се согласи, но без своја волја. Толку и се имаше насобрано во душата, што не можеше да истр- пи.
Елена вети дека пак ќе наврати. Ќе ги извести ако разбере нешто ново. Се поздрави и си замина. Сите три ја испратија до излезната врата.
* XK Kora виде дека е Bo подобра здравствена состојба, лекарот и даде на Марија да прочита нешто популар-но за идеологијата на национализмот и германскиот нацизам. На тоа го натера траумата што ја почувству- ва кај Марија, кога му раскажуваше за омразата на мајка му и татко му на Хелвиг, кон неа.
Откако ги прочита тие написи, Марија не можеше да поверува дека и сега, по повеќе од четири децении од нацистичката војна што ја водела Германија, мо-же да има луѓе што живеат во таква заслепеност. Не сфаќаше дека многу генерации, во семејства заблу-дени во таа идеологија, стануваат жртви... Дека нив-ните блиски, од најмала возраст, свесно им ги разо-руваат вистинските претстави за светот. Им ги всаду-ваат своите злокобни идеи за нации кои се достојни да живеат на Земјата, и такви кои треба да исчезнат...
И нив треба да ги уништи „надрасата“, „наднација-та“. Сите други се создадени да и бидат робови на таа нација. Да и слугуваат. Да бидат малтретирани, по- нижувани од неа, до исчезнување и на последниот...
припадник.
Марија водеше долги разговори со лекарот. Се на-оѓаше пред многу, не лесни прашања. Од него бара-ше помош во изнаоѓање одговор на нив.
- Хелвиг е трета генерација што живее во истата куќа. Како што кажуваш ти, неговиот дедо, па дури и вујко му, и животите ги дале за таа идеја. Нацис- тичката. А се разбира, неговите родители, родители- те на Хелвиг, ја понеле длабоко во срцето омразата поради таа жртва. Жртва за неостварена идеја, - во еден од тие разговори и рече лекарот.
— Твојот сопруг се борел да се оттргне од таквото воспитување, од најраното детство... Во еден момент, кога те сретнал тебе и ce вњубил во тебе, поверувал дека успеал во тоа... Но, очигледно, се излажал...
Иако, скитајќи некоја година по светот, бил опти-мист, а имал и можности да стане свој човек. Но, при првиот притисок од страна на родителите - бил скр- шен.
Марија се обидуваше да сфати некои работи, кои не зависеле од неа. Па дури ни од Хелвиг. Почнуваше да ги гледа поинаку. Тоа и помагаше да си го олесну-ва товарот што го носеше во душата. Од се што се слу-чи во нејзиниот живот овие неколку години. Знаеше дека нема да поправи ништо. Ни да измени. Но, се-пак... Како да и надојде некоја светлина во главата...
И се провидели...
Со секој нов ден, лекарот беше се позадоволен од нивните разговори. Тоа веќе не беа негови моноло-зи... Нејзино молчење.
Не помина ни месец од посетата на Елена и Наде, кога лекарот и навести дека треба да размислува за одење дома. Да не брза. Да размислува. Да му каже кога ќе биде подготвена за тоа. Сама да одлучи.
Марија беше ставена пред голем испит. Се раду-ваше од можноста да се врати во нормален живот. И се плашеше од тоа... Како ќе се снајде надвор од бол-ницата?... Како ќе живее без Карл?... Без Хелвит:?...
Сама... Со мајка си... Со сестрите... Нема да биде лес- но. Дали ќе и дадат некоја социјална помош?... Мо- жеби Хелвиг има некои планови во врска со неа... Со Карл... За ова последното, мали и беа надежите...
* XK Веќе подолго време, Марија помагаше Bo кујната...
Ја средуваше трпезаријата... Седеше и читаше во библиотеката. Се чувствуваше прекрасно во таа прос- торија со рафтови и големи прозорци. Тука најде книги што ги беше читала и во основното училиште и во гимназијата. Земаше по некоја книга, ја прочи-туваше и ја враќаше назад.
Тој интерес на Марија за книгите, лекарот го сме-таше за многу корисен за неа. Можеби тоа беше из-весно бегство од животот во светот на книгите... Но, и одмор од животните тегоби. Тој не пропушташе да провери која од книгите се наоѓа на читање кај Ма- рија. Разговараа за прочитаното. Многу често, се из- ненадуваше од нејзиното зрело размислување.
* XK Ha Марија и беше се потешко BO болницата.
Здравјето видливо и се подобри... Реши да му каже на лекарот дека сака да си оди дома.
Во вообичаениот термин за разговор со него, по неколку прашања и неколку одговори од нејзина страна, и рече:
- Ако сакаш, можеш да одиш дома на викенд...
Па, ќе ми се јавиш по телефон... Колку време Ke оста-неш... ти ќе решиш...
Марија, иако самата го посакуваше тоа, се возне- мири. Но, брзо потоа се среди. Дури направи и шега на своја сметка.
— Тоа му доаѓа некако како пробно отсуство. Како кај затворениците.
Кога го рече тоа, Марија гласно се насмеа... Но, на-вистина и се почувствува така. Затвореник...
Лекарот ја прифати шегата и рече :
— Паинекакотака My испаѓа.
Тој сакаше да додаде дека затворениците се таму поради некоја своја вина, за разлика од овие луѓе ка-ко неа, тука... Но, навреме се предомисли. Се сети де-ка Toa би ja гибнало во најосетливата точка.
— Не мораш веднаш да peru, - набрзо продол- жи.
Марија не одговори. Сепак си задржа отстапница.
Истиот ден, и се јави по телефон на Елена. Гласот и трепереше. Од возбуда. Елена, кога ја слушна, се исплаши. Но, веднаш потоа, се израдува кога разбра дека нејзината другарка ќе дојде дома во време на викендот. На Елена не и беше сосем јасно, како тоа — за викендот. Сеедно. Ќе дојде - значи добро се чув- ствува.
- Во колку часот да дојдеме да те земеме? - вед- наш праша Елена. Како да се плашеше да не се пре-кине врската. Кога повторно го слушна нејзиниот глас, се успокои.
- Во четири часот. Така рече лекарот. В петок.
Елена почувствува дека Марија го нагласи тоа „ле-карот“, веројатно за да каже дека сето ова е со негова согласност.
- Доаѓаме со сестра ти, сигурно. Сега веднаш ќе поминам кај твоите да им кажам, - со нескриена ра-дост во гласот рече Елена.
Таа почувствува дека Марија сака уште нешто да каже, но се воздржа. По мала пауза рече:
- До гледање.
Телефонот замолче.
Елена постоја малку со слушалката в рака. Потоа ја спушти. Како ќе ја примат оваа вест домашните на Марија? Зошто воопшто тоа прашање? - се прекори самата себеси. Сепак...
* XK Секогаш Kora Ke наминеше Kaj HUB, блиските Ha Марија очекуваа нови вести. 3Haeja дека можеше преку телефон да разбере како е таа. Забележаа дека Елена е повесела од друг пат. Таа немаше трпение.
Штом влезе во претсобјето, уште пред да седне, им кажа:
- Се слушнав со Марија. Имам најдобри вести. Ле- карот ја пуштил на викенд.
- На викенд?! - свикаа сите три речиси во еден глас. - Како на викенд?
- Веројатно за да видат како ќе се чувствува на- двор од болницата. Тоа значи дека лекарот веќе ја подготвува за дома.
Сите беа израдувани. И беа некако збунети. Дури на Елена и се стори дека мајка и се загрижи. Се 3a- мисли.
- Ајде мамо, чести нешто, - рече Лиле, и без да ја чека мајка им, стана и направи по еден сок за сите.
— Ke се обидам да обезбедам кола, — рече Елена. - Еден од колегите скоро купи, па таман малку да ја развози. А и, добри пријатели сме.
- Ќе можелии јас да дојдам? - праша Лиле.
— Се разбира, зар сама ќе одам? Таман да ја испла- шиме. Да помисли дека не ја сакате дома, - сакаше да направи шега Елена. Потоа стана и се поздрави.
- Битребало да тргнеме околу еден часот. Ни тре- ба два часа додека да стигнеме. Не е баш блиску, - додаде.
Сите три ја испратија.
Во петокот, Марија, речиси еден час стоеше до прозорецот од кој се гледаше главниот влез во дво-рот на болницата. Не им порача кој фустан да и го донесат. Сеедно. Зарем малку фустани има... Која од сестрите ќе дојде со Елена, не знаеше.
Кога ги виде Елена и Лиле како излегуваат од ко-лата, се возбуди. Се обидуваше да се контролира. Та-ка ја советуваше, посебно овие последни денови, ле- карот. Можеби Елена купила кола - си помисли. Но, веднаш виде. Од страната на возачот излезе млад чо-век... Кој би можел да биде? Да не е момче на Елена?
Или на Лиле? Долго не беше дома. Ништо не знаеше за нивните животи. Марија се почувствува непријат- но. Поради непознатиот. Но, веднаш си помисли колку е поедноставно да се оди со кола отколку со ав- тобус. Воз на оваа релација немаше.
Се сретнаа во собата за разговори. Се прегрнаа.
Лиле и подаде мала патна торба на Марија.
- Еве некои работи. Мислам, има се што ти треба за облекување, - рече.
- Е, добро што си се сетила, - одговори Марија, земајќи ја торбичката. Малку збунето, отиде да се подготви.
Елена и Лиле излегоа во дворот. Насекаде наоко-лу разодуваа болни. Доволно подоздравени за да ги пуштаат слободно да шетаат по дворот. И покрај тоа, двете девојки не се чувствуваа пријатно. Тогаш им се приближи една од сестрите.
- Ве вика лекарот на Марија, - им рече.
Лиле и Елена сакаа веднаш да тргнат кон негови-от кабинет. Елена и се обрати на сестрата:
— Ho, да не излезе Марија, ќе се чуди каде сме.
- Марија знае дека ќе бидете таму, - рече сестра- та.
Заедно со неа се упатија кај лекарот. Тој ги чекаше шеткајќи по кабинетот.
— О, здраво, - и се обрати на Елена.
- Ова е другата сестра на Марија, - рече Елена, - Лиле. Вие и се знаете.
- Здраво, - и подаде рака на Лиле, со извесно ко- лебање во гласот. Како да се обидуваше да се присети на нејзиниот лик.
Лиле се зацрвени во лицето. Беше свесна дека ле-карот и замерува, што во целиот овој изминат пери-од, откако е сестра и во болницата, домашните малку ја посетуваа. Но, се разбира само таа си знае зошто.
- Вие, работите? - ја праша лекарот.
- Да, - одговори Лиле, - од неодамна.
- Ве молам, строго да се придржувате на часот во кој Марија ќе ги зема овие лекови, што ќе ви ги да- дам. Пренесете и и на другата ваша сестра, и на мајка ви. Кој било од вас да и ги даде, мора да ги испие во ваше присуство. Да сте сигурни дека ги испила. Таа е во многу подобра состојба. Но, не можеме да кажеме дека е доизлечена сосема. Од неа и од вас ќе зависи натамошното нејзино лекување. Ја пуштам дома, ка-ко ние тука што велиме - на викенд. Но, ако таа од-лучи, и ако вие гледате дека се чувствува добро, не инсистирајте да се врати веднаш назад. Можеби на-двор од болницата побрзо ќе се стабилизира. Ве мо-лам да ми телефонирате како се чувствува. Ако има какви било промени што ве загрижуваат, јавете се веднаш. Камо среќа да не треба повторно да доаѓа, лесно ќе ги средиме документите.
Свежо измиена, внимателно исчешлана и во уба-виот фустан, кога влезе во собата на лекарот, Мари-ја беше сосем друга личност. Сите и направија ком- плименти. И таа самата се чувствуваше препороде- на. Со насмевка на лицето и неизмерна благодарност во очите, се поздрави со лекарот.
- Добар пат, — им посака тој.
Марија, запознавајќи го добро тој неискажливо хуман и сестрано образован човек во бел мантил, во сето ова изминато време во болницата, знаеше дека тоа „добар пат“ , кажано од него, не е само вообичае- ната изрека.
Пред колата ја чекаше една пречка, што требаше да се совлада. Запознавањето со прв човек надвор од кругот на болницата. Момчето што ги довезе Елена и Лиле...
На задните седишта од колата седнаа Марија и сестра и.
— Колегата cera ja купи колата... Па ете, ни излезе во пресрет... Дојде да не придружи.
- Сегледа декае нова, - рече Марија. - Ви благо- дарам, - продолжи, изговарајќи ги овие зборови со потивок глас.
Сите се почувствуваа поослободено. Разговараа за обични нешта. Тогаш Елена и нејзиниот колега поч-наа разговор од нивната служба. Ги оставија сестрите да си позборуваат намира. Во оваа нивна прва сред-ба по подолго време. Лиле и раскажуваше на Мари-ја за новото работно место:
- Некои мислат дека дактилографската работа е здодевна. Но, не е баш таква. Зависи во каква уста- нова работиш. Еве јас на пример, откако сум на ра-бота, многу научив. Всушност, од секој материјал ќе дознаеш по нешто ново. Ако не друго, нови изрази.
Марија и самата почувствува промени во изразу-вањето на сестра си. Тоа и беше многу драго.
- Сега добивме и нов секретар. И не само што е правник, туку изгледа дека е доста начитан. Право да ти кажам, уживам кога ми диктира, или кога чу-кам на машина негов материјал. Не е со секој мате-ријал од другите вработени, така. Но, сепак. Тоа ме натера и јас по нешто да прочитувам. Не сум поглу-пава од другите - си реков. Ми носат и по некоја кни- га. Кога ќе ја прочитам, им ја враќам. Ќе ја повиткам во хартија додека ја читам, да не ја извалкам. Ми ја дале луѓето, на доверба.
Елена одвреме навреме го заслушуваше разгово-рот меѓу сестрите. Првин и изгледаше чудно што Ли-ле зборува само за својата работа. После сфати дека таа го прави тоа намерно, за да избегне што било да се зборува за болницата.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/hatred-deep-mc/9 на 29 октомври 2026