Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Hatred - Deep

Front Matter - Part 02

Од Драгица Најческа · Дел 2 од 13 · Околу 23 минути

Читај на English

...Bo автобусот, Елена He можеше да ce поврати од шокот што го доживеа при средбата со Марија. Кој ќе и објасни што се беше случило толку страшно во нејзиниот живот за да ја доведе во ваква безнадежна состојба? До вакво растројство. Враќајќи се во мис-лите наназад, се сети на моментот кога за првпат ја сретна Марија со странецот.

..„Влегуваше во стоковната куќа во центарот на градот, и за малку ќе се судреше со Марија и со еден млад човек, со кого таа се држеше за рака. Застанаа.

Марија, без да ја крие својата среќа и радост, и го претстави на Елена младиот човек:

— Дате запознаам. Ова е мојот свршеник.

Елена му подаде рака. Збунето. Изненадено. Не можеше тоа да го скрие пред Марија.

Кога тој при ракувањето го изговори името, Елена сфати дека е странец. Механички, сепак праша:

- Нее наш, нели?

Откаде ли го нашла? - си помисли.

- Германеце - кусо одговори Марија. - Ти се до- паѓа ли?

Елена гледаше де во него, де во Марија. По нејзи-ниот израз, Марија веќе оцени колку и се допадна.

Очите не можеше да ги истави од него... Еленаја пре-грна, честитајќи и од срце.

Откако се разделија, на Елена не и се веруваше каква среќа и донесол животот на таа нејзина другар-ка! Само нека потрае, и посака во душата...

...Дали само во нејзиниот живот или и во другите животи е Taka - Марија не знаеше. Но, веруваше дека во судбоносните денови, за судбоносните одлуки, често, решавачки се некои мали настани. Токму то-гаш, во деновите во кои размислуваше што да прави

- да тргнели со Хелвиг, се да стави на коцка, или... да остане тука, дома, кај своите, без него - Марија се се-ќаваше, — ја сретна својата соученичка Елена, која многу ја ценеше. Единствена од класот со која се раз- бираше. Таа средба како да и помогна во нејзината одлука.

Кога се сретнаа пред стоковната куќа, по изразот на Елена, по тоа како го гледаше нејзиниот сакан, по се што не доискажа, Марија сфати дека Елена на него гледа како на прекрасен избор. Не само за Марија...

Каде и како ли го најде - зборуваше целиот израз на лицето на Елена. Можеби тоа ја натера Марија така да се однесува. Па и да рече - „свршеник“. Со целиот израз тогаш Марија сакаше на Елена да и каже - ете, баш мене, „грдото пајче“, ме засака овој добар млад човек. Таа, Елена, сигурно и не можеше да ја препо- знае тогаш Марија. Толку се беше изменила во из- гледот. Не само поради убавите алишта, фризурата.

Нејзината убавина доаѓаше од се прекрасно што до-живуваше овие месеци. Речиси цела година откако се зближи со Хелвиг. И други познати, кога ќе ја сретнеа, одвај ја препознаваа.

Марија се сеќаваше дека, откако се разделија со Елена, тој ја праша: што значи тоа - „свршеник“?

Таа со смеење му објасни. Тој беше пресреќен што таа така и го претстави на другарката.

Кога се сеќаваше на таа средба со Елена, Марија сфаќаше дека истиот тој ден ја донесе решавачката одлука: ќе замине со Хелвиг. Едноставно така. Нема да бара од него претходно „да ја венча“. Ќе тргне со него. По светот... Во заеднички живот. Му верува...

Ја придоби. Со целиот однос кон неа. Кон нејзините сестри. Кон мајка и. Најтешко од се и беше да ги ос- тави своите. И без тоа се толку беспомошни.

Кога им кажа на сестрите и на мајка си за својата одлука, сите плачеа. Не знаеше, дали повеќе од жал што ќе биде далеку од нив или од жал за себе. Од не- сигурност. По многупати на ден ги уверуваше дека ќе им помага. Каде и да биде. Дека нема да ги заборави.

Дека така ќе биде подобро за сите. Ќе им испраќа па- ри. Секако ќе најде нешто да работи. Таму каде што ќе живеат со него.

Дојде и тој ден. Дома владееше голема вознемире- ност. Марија своето неспокојство не го покажуваше.

Пред никого. Мајка и само еднаш тивко и рече:

- Арно беше да се венчавте...

Марија тогаш за првпат забележа загриженост во очите на мајка и.

— Тоа, мајко, не врзува, - и одговори.

- Колкудае, подруго е, - пак тивко шепотеше мај- ка и. Како да се плашеше „да не чуе злото“. Како што имаше обичај да рече.

— Ќерко, тебе нека ти биде добро, - додаде. - Со добро да те слушаме. Ние, за нас не бери гајле. Ќе кр-пиме некако. Го знам јас твоето срце. Ти нема да за-боравиш на нас. Ќе ни пишуваш понекогаш. Да ни кажеш како си.

...Ha разделба, повеќето од алиштата што и ги ку-пи Хелвиг, им ги остави на сестрите. Така и рече тој.

Се бакнаа со сите и тргнаа на моторот. Најразлични чувства се мешаа во нејзината душа... Се сети на 300-ровите на една свадбарска песна... невеста се од ко-рен корнеше... но не беше ни невеста... Не смееше да погледне во очите на мајка си, па и на сестрите...

Хелвиг го испрати моторот со товарен вагон. Со истиот брз воз со кој заминаа тие... Меѓународниот експресен воз. Во вагонот за спиење беше многу удобно. Во купето само тие двајцата.

Марија, самата на себеси, си личеше на Пепелаш-ка, а Хелвиг на Принцот. Дали сонува? Дали ќе се разбуди од овој прекрасен сон? Секакви чувства и се мешаа. Менувајќи се од час во час. И беше жал за нејзините. Се плашеше од помислата што натаму ќе се случува. На моменти чувствуваше како да треба да разјасни некои работи. Да договори. Со Хелвиг. На пример, зошто не одат прво дома кај него. Да ја запо-знае со неговите. Да види од какво семејство потек- нува. Каде, во каква куќа живее. Зошто ништо не спомна за венчавка?... Толку се беше набрзина. Тој само и рече дека веќе доцни. Мора до определен ден да стигне во Шведска. Датумот кога треба да се јави е фиксиран. За иста таква работа. И таму треба да монтира машини и да ги пушти во работа.

Истовремено ја обземаше голема возбуда што, ете, тргна во светот. Тој се отвора пред неа. Кога најмалку се надеваше. Нови градови, нови луѓе... И, што беше најважно, Хелвиг не ја остави. Не ја напушти. Како што се надеваа некои од злобните соседи, познати, па и роднини. За нив ова секако не е исто како да се омажила. Вака, ќе речат, - држанка. Докрај да ја ис- користи... Но, зарем беше тоа за неа важно? Почну-ваше нов живот. Со саканиот. Тој ја поведе со себе.

По патот се хранеа во вагон-ресторанот. Имаа и храна што ја зедоа со себе, на тргање. Хелвиг, вистин-ски Германец. Знаеше што е потребно за по пат. Не беше пропуштена ни една ситница. Кон неа, за време на целото патување беше нежен. Внимателен. Не знаеше како да и се изнарадува. Ја учеше зборови од германскиот јазик. Со секој нов збор што ќе го науче-ше, чувствуваше дека се повеќе се приближува кон него.

Допатуваа во градот каде требаше да поминат по- веќе месеци. Се сместија во луксузен хотел. Кој знае колку е скапо тука, во хотелот и во ресторанот на хо-телот каде што се хранеа. Но, тоа беше работа на Хел- виг. Таа не можеше да се меша.

Уште другиот ден, тој почна да работи на монти-рање на машините. Марија, за да не и биде здодевно, често шеташе по градот. Набргу се запиша на курс по германски јазик. Тоа и помогна полесно да ја совла-да мачнината и збунетоста од непознатото. Контак-тите со нејзините се сведуваа на писмата што ги испраќаше и што ги добиваше. Телефон нејзините немаа.

Како што врвеа деновите, едно прашање како црв ја разјадуваше Марија. Дали Хелвиг им пиша на не-говите за неа? Тој не и кажуваше што пишуваат тие во ретките писма што стигнуваа од нив. Би ја поздра-виле ако знаеја дека живее со него. Зошто би се пла-шел да им напише за тоа? Или да им каже кога зборува со нив по телефон?

Секогаш кога ќе се обидеше да разговара со него за тоа, Хелвиг ја прекинуваше. Едноставно не прифа-ќаше разговор. Од друга страна, толку и беше убаво со него што, и да имаше нешто што не ќе биде добро, не сакаше да го разбере сега... Кога еднаш се реши на овој чекор, ќе живее со се што ќе доаѓа натаму...

Кога заврши со монтирањето на машините, Хел-виг и покажа телеграма од фабриката, дека треба веднаш да одат во друга држава. Марија сфати дека барем засега ќе живеат скитнички живот. По хотели-те и рестораните. Тоа за некоја авантуристка можеше да биде многу привлечно. Неа почна да ја заморува.

Немаа познати, пријатели, роднини. Со никого не се дружеа. Па сепак, тоа што ќе отпатуваат во друга др- жава, во друг град, ќе биде некаква промена. Ке стане поинтересно. Барем Марија така мислеше.

* XK Елена, само два дена откако ja виде својата дру-гарка во такви несреќни услови во болницата, нами-на кај Марија дома. Зазвони на вратата од нивната куќа. Отвори помалата сестра. Се сети дека се вика Наде. Ја позна. Ја прегрна збунето. Влегоа во куќата.

Сестрата беше сама.

- Ја видов Марија, - рече.

Сестра и заплака.

- Случајно поминував покрај болницата. Не ни знаев дека е болна. Бев по сосема друга работа таму.

Во тој град. Не е во многу лоша состојба.

- Последниот пат кога ја посетивме, уште не мо- жеше да контактира со нас. А и не е толку блиску...

многу често да одиме... Грошок е. Дури беше во Гер-манија, - продолжи сестрата, но подзастана, - не...

во други држави, Марија многу ни помагаше. Ни ис- праќаше и алишта.

Елена почувствува дека сестрата на Марија не сака многу да објаснува. Како да се плаши да не каже не- што повеќе...

- Ти како си? - и се обрати на Елена. Сакаше да го смени разговорот... да не зборуваат за Марија. Да-ли сака нешто да скрие или така и се стори на Елена?

- Слушнав, си станала новинарка. Тоа е убава ра- бота. Интересна.

Елена беше нетрпелива. Сакаше пак да се врати на разговорот за Марија.

— Kora се врати Марија од Германија? - праша.

- Детето беше сосем мало. Имаше неколку месе-

- А нејзиниот сопруг потоа воопшто не дојде?

- Не... Тој остана таму... во Германија...

- Се разведоали?

- Не веднаш...

- Што точно ce случи?!... Нели се зедоа со голема њубов? - Елена беше упорна.

- Никому, па ни на мајка ми, ништо не кажа, - зборуваше девојката, па подзастана... Потоа сепак продолжи.

- Прво мислевме дека е дојдена на гости. За да го видиме внукот... И така изгледаше. Не беше нераспо- ложена. Извесно време. Така што сите и поверував- ме...

- Колку времее во болница? - праша пак Елена.

- Скоро три години, - рече сестра и, со пригушен глас.

- И мажотинитуеднаш не дојде да ja посети?!

— He, нее дојден воопшто. Ни кога беше здрава...

А и писма не и пишуваше... Можеби се чувствуваше виновен. Кога заминаа заедно, убаво живееја. Таа че- сто ни пишуваше. Од писмата не можеше да се разбе-ре дека оди на лошо. Дека меѓу нив нешто се јавило како проблем. Или некои кавги да има. Единствено што откако отидоа да живеат кај неговите во куќата, поретко пишуваше. Но, тогаш го роди и детето, па мислевме, зафатена е со него. Па и така е со мало де- те.

- Треба да и помогнеме на Марија, - се обиде Еле- на. - Таа и пред лекарите ништо не кажала... Разго- варав со нејзиниот лекар... Тој вели дека од неа не може да разбере што ја натерало да се врати од Гер-манија... Со толку мало дете... Вие нешто ако знаете, кажете ми мене. Јас пак ќе одам да ја посетам... ќе зборувам и со неа... ако таа сака, и ако може...

Сестра и на Марија извесно време молчеше. Елена не беше сигурна дали нешто крие. Или пак не знае.

Не и беше јасно која е причината за таквата воздржа- ност... Можеби некој вид примитивизам.

Тогаш, Наде, сепак се реши да каже дека Марија им се пожалила на домашните, на лошите односи со родителите на Хелвиг. Тоа влијаело и Хелвиг да го измени односот кон неа. Ila, сите ce искарале. Ho, ништо повеќе од тоа не им кажала.

Кога ја напушти куќата, на Елена и стана мачно.

Беше лута на домашните на Марија... Не и беше јасно како не можеле да најдат начин почесто да ја посету- ваат. Дури и се чинеше дека се неблагодарни... Ги по- магаше и кога беше тука, и кога замина. Елена мис-леше дека одлуката да се мажи за странецот, Марија покрај другото ја донесе и за да му помогне на семеј- ството. Секако дека тоа не било најважно. Таа го са- кала. Се решила да тргне во голема неизвесност. Во живот со големи ризици... И беше жал за Марија...

Кој знае дали ќе може да и помогне...

Не сфаќаше како докторите не успеале од неа да извлечат нешто повеќе за цели две и пол години. По-веќе за нејзиниот живот... таму, во Германија...

* XK Марија лежеше co широко отворени очи. bea ja префрлиле во соба со три кревети. И другите две бол-ни во собата, не беа во многу лоша состојба. Лекарите и сестрите почесто ја посетуваа. Одвреме навреме ја викаа во другите простории, каде што немаше болни.

Не зборуваа со неа за минатото. Не ја тераа да се се-ќава на лошите моменти од нејзиниот живот. Тоа и помагаше да се одмора од ноќните оптоварувања, што и доаѓаа наспроти нејзината волја. Сеќавањата и навираа до најмали подробности. Не можеше да се помири со се што се случи. Трагично за неа, за Хел-виг, за Карл. За нејзиниот малечок син. Дали треба-ше да го роди? Можеби избрза? Знаеше дека Хелвиг не беше подготвен за тоа. Тоа е нејзина фатална грешка. Изгледа, Хелвиг предвидуваше што ќе се случи.

...BO деновите на крајот од втората година Ha нив-ниот заеднички живот, самиот тој и предложи да се венчаат. Таа воопшто за тоа не му беше спомнала.

Колку беше среќна кога и соопшти за својата одлу-ка... Не личеше баш на некоја свадба. Никој од него- вите. Никој од нејзините... Но, имаше нешто пре- красно во самиот чин. Го зеде неговото презиме. Зеде и германско државјанство. Хелвиг ја убеди. Полесно ќе ги минуваат границите заедно. Ќе отседнуваат во хотелите... Со пријатна возбуда се сеќаваше на тие моменти. На домашните им испрати телеграма. Ги извести за венчавката. Знаеше дека долго чекаат на тоа. Мајка и со радост ќе може да се пофали на сосе- дите. На роднините. Ако има, нешто и ќе почести.

Животот продолжи како пред тоа... Без промени.

Имаше се што и требаше. Изобилство за јадење.

Најскапо за облекување. Слобода каде што сака да шета. Да излегува. Ако сака, да патува и во други зем- ји. Сама, или со Хелвиг. Што можеше да посака пове- ќе?! Виде многу дотогаш недостижни нешта. Сите би можеле да и завидуваат.

На домашните им испраќаше и облека и пари.

Хелвиг беше многу добар со неа. Иако, немаа време да се гледаат по многу часови. Речиси секогаш доаѓа-ше уморен, но за неа наоѓаше време.

Ја загрижуваше прашањето - зошто Хелвиг и на-таму не ја одведе кај неговите? Писмата што ги до-биваше од нив, не и ги покажуваше. Само ќе и рече-ше дека ја поздравиле. И таа му велеше да ги поздра- ви. Кога ќе им пишува. Секогаш кога ќе го почнеше разговорот за тоа дека е крајно време да ја одведе кај своите, да ја запознаат, да ги запознае - тој одгова-раше дека нема време. Зошто се плаши да им ја пока- же? Не ја смета за доволно убава? Или не е доволно паметна, па не сака да ја видат! Дали им пишал за тоа дека ќе се жени? И по венчавката, не стигна ни-каква честитка од нив! И веднаш потоа, по овие раз-мисли, некој студ И го обземаше телото. И ce намет-нуваше уште едно, потешко прашање: дали можеби кај неговите родители, во нивната куќа, или во нив-ниот град, или каде било, веќе постои негова жена?

Можеби и деца?

Исто така и беше чудно што Хелвиг немаше желба да одат кај нејзините. А колку се приврза со нив. Ако сака сама да оди кај нив, да ги посети, не и забрану- ваше.

Друг пат мислеше - можеби е тешко болен некој од неговите родители. Можеби и двајцата... Сето тоа и се вртеше во главата, но, од Хелвиг ништо не може- ше да разбере...

„Нејзин најтежок проблем, што најмногу ja THIII-теше, ја раскинуваше нејзината душа, беше - тој не сакаше дете. Таа повеќепати се обидуваше да го убе-ди да создадат и да изгледаат барем едно дете. Тој се-когаш имаше еден и ист одговор - немаме услови за тоа. Гледаш како живееме, - ќе речеше. Постојано на друго место. Таа дури се обиде да го убедува да ја сме-ни работата. Вака, навистина, многу заработува. Се-пак, не е добро постојано да се живее по хотели. Без свој дом. Тој тогаш ја потсетуваше дека однапред и кажал што работи и како ќе живеат. Дека сега нема право да бара од него да се откаже од оваа работа.

Но, некаде во себе, насетуваше... тоа не е вистин-ската причина. Чувствуваше како тој да не и припаѓа сосема. Како да постои кај него некоја недоискажа- ност. Некоја своја причина за тоа. Како да сакаше да има отстапница. Детето би го врзало. Многу повеќе.

Би се врзал со неа... Сето тоа постојано ја измачува- ше. Деноноќно. Во писмата што ги добиваше од до- ма, од своите, често имаше и прашање: нема ли не-што ново? Очекуваат ли дете? И... ако треба, да оди да се прегледа кај доктор, — и пишуваше мајка и.

Дента кога се посомнева дека забременила, се ис- плаши. Не знаеше што да прави и каде да оди. Свес- но го одлагаше одењето на преглед кај гинеколог.

Ако навистина е бремена?! Како ќе му каже на Хел-виг? Како ќе се однесе тој кон таквата вест? Што ако тој не сака таа да го роди детето? Што ќе се случи ме-ѓу нив? Каков ќе биде нивниот натамошен однос?

„Гинекологот и го потврди сомневањето... Ја на-пушти ординацијата. Одеше по улицата и плачеше.

Плачеше од радост. Но и од неизвесност... Што ако Хелвиг е решен... да немаат деца?... Ако ја напуш-ти?... Ако го раскине бракот?

Се ближеше ручек. Уста не и се отвораше. Од утро-то не беше каснала ништо. Хелвиг си доаѓаше околу пет часот попладне...

Седеа еден спроти друг. Вечерта. На меките фо-телји во хотелскиот апартман. Разговараа. И кажа де-ка е при крај со работата. Некои машини веќе проб-HO се пуштени. Таа претчувствуваше дека Хелвиг всушност сака да и каже оти ќе патуваат во друга др- жава. Писмото од неговата фабрика, известувањето, сигурно веќе му е во џебот... Не се реши да му каже.

Деновите брзо минуваа. Летаа. Дента кога веќе ги подготвуваа куферите за преселување во друга земја, таа одлучи: не смее да одлага. Можеби самиот ќе за- бележи. Ќе биде уште полошо. Значи - криела. При- седнаа крај масичката, со по една чашка сок пред нив. Одеднаш, несвесно, рече:

- Хелвиг, јас сум бремена...

Гласот, како на виновник. Веднаш потоа, грч. Од страв.

Виде како Хелвиг прво широко ги рашири очите.

Гледаше неподвижно. Не во неа. Крај неа. Пребледе.

Потоа, влезе во бањата. Сигурно сакаше да добие во време. Пред да каже што било.

Марија целата трепереше. Каква ќе биде пресуда-та?! Според првата реакција, не се надеваше на не-што добро. Влезе во спалната соба. Не сакаше да се сретне со Хелвиг. Сега. Веднаш. Подобро да му оста-ви време да се соочи со тоа што му го кажа. Нека се навикне на новата ситуација.

Таа ноќ Хелвиг не влезе во спалната. Првпат отка-ко беа заедно. Тоа зборуваше повеќе од се. Се што по-натаму ќе рече. Се што понатаму ќе направи.

Со денови Хелвиг не можеше да се смири. Ништо не зборуваше со неа. Не доаѓаше да вечераат заедно.

Остануваше до доцна в град. Не знаеше зошто, но и се наметна претпоставката дека за ова прашање ќе се советува со своите родители. Дома. Оваа негова не-сфатлива реакција, повторно и ги врати сомневања-та дека има некое друго свое семејство. Жена и деца.

Само тоа може да биде причина за ваквото однесува- ње.

Кога Марија остануваше сама, чувствуваше очај.

Од се најмногу ја плашеше помислата дека Хелвиг може да бара од неа да го абортира детето. Таа знае-ше дека нема да го стори тоа. По цена да го изгуби Хелвиг.

Страшна беше неизвесноста. Молчењето. Немаше никого пред кого да ce истажи. Да се советува - He и требаше. Беше решена. Никој нема да ја измени неј- зината одлука. Ни Хелвиг... Го сака тоа дете повеќе од се на светот.

Не можеше да поверува, колку тој не ја криеше лу- тината. Ни од неа. Бесот. Не се ни обидуваше. Не во- деше сметка за неа. За нејзината психичка состојба.

Доаѓаше дома. Излегуваше од дома. Отсутен. Замис- лен. Молчејќи. Во нејзината душа се вовлече голема напнатост. Студ. Сама. Во туѓина. Без никој свој.

„Беше вечер. Тој седеше во дневната соба. Гледа-ше во телевизорот. Се приближи до него:

- Сакам да зборуваме, - му рече.

Тој не гледаше во неа.

- Знам. Ти не мислеше дека треба да имаме дете.

Сега, во овој момент. Но, ете, се случи. Што натаму?

Беше решена да оди докрај.

Хелвиг не гледаше во неа. Ништо не одговори. Са-мо малку ги крена рамениците. Што му значеше тоа?

- Ако не го сакаш нашето дете, и мене не ме са- каш! - се слушна себеси како рече. Со болка. Огорче- ност.

— He... He e во тоа работата... - тивко и одговори.

— Јас ќе си одам дома... - прошепоти таа. - Нај- добро е да се разделиме. Сега.

Марија се уплаши од тоа што го рече. Што ако тој прифати? Таа ќе биде во вистински безизлез. Нема свои средства за живот. Не е вработена. Нема тука никого кај кого да се прибере. А дома каде? Кај неј-зините?! Немаат ни за себе.

Во вториот момент, сфати дека не е искрена со се- бе. Таа знаеше дека вистинската причина за стравот од разделбата е друга... Како ќе живее без него? Кога безгранично го сака?... Ќе може ли?... Без него... со неговото дете. Со своето дете, без неговиот татко...

Таа вечер не доби никаков одговор. Молчењето продолжуваше. Дали ќе го направи тоа, што го рече?

Дали ќе го напушти? Дали ќе си замине дома? Дла- боко во себе, чувствуваше дека нема да најде сили.

Не ќе може да го направи тој чекор. И се и изгледаше толку безизлезно. Безнадежно. И се чинеше дека из- лудува. Се будеше среде нок. Се стресуваше во сонот.

Лоши соништа не ја оставаа да спие...

На нејзините ништо за сета оваа работа не им пи- ша. Не сакаше да ги растажува. И да знаат, не можат ништо да и помогнат. Веќе ги губеше надежите дека меѓу неа и Хелвиг ќе се надмине тоа страшно што се случува. Тој длабок јаз што се отвори. Кога најмалку можеше да го очекува. Веќе чувствуваше дека сосе-ма ќе пропадне во таа длабочина. Во тој процеп.

...BpBea тешки денови. Мачни. Неиздржливи. Го расипаа најубавото што и се случи... Ke стане мајка...

..„.Мигот, кога го виде да влегува со тортата, цве-ќињата и насмевката на лицето, во очите, си помис-ли дека и се причинува. Или нервите толку и попуш-тија што не можеше да ги контролира работите. Се додека тој не дојде до неа и не и го даде в раце буке-тот со прекрасните пупки од бели ружи. Па тоа е вис-тина! Тој е! Хелвиг! Тука пред неа! Со цвеќињата! Бу-кетот веќе беше во нејзините раце. Тортата на маса.

Таа во неговата прегратка. Марија не успеваше да се одбрани од неговите бакнежи...

„Од тој ден се се измени. Таа сфати дека Хелвиг нешто преброди. Надмина. Дека можеби, пред се, се победи. Се победи себеси. Беше радосен. Зборуваше повеќе од кога било.

Но, зошто ваквата негова ненадејна и без какво било објаснување, промена, не и го врати мирот? И среќата? Не и го снема стравот. Од тоа што ќе се слу- чува натаму...

Месеците минуваа. Бременоста не и беше тешка.

Напротив, ја исполнуваше со прекумерна радост. И покрај сето низ кое помина. Ни во еден момент не се обиде да разбере што се случуваше со Hero. Всуш-ност, се плашеше од некоја вистина која тој сакаше да ја скрие од неа.

Изминуваше шестиот месец од бременоста, кога XeJIBUT и рече:

- Марија, ние наскоро ќе одиме кај моите. Кај мај- ка ми итатко ми. И таму ќе останеме извесно време.

Повторно почувствува дека неговата одлука за де-тето, за неговото раѓање, има некаква врска со него-вите родители. Можеби чекаше нивна согласност?

Ако е премногу поврзан со нив. И самото тоа што се ожени без нивно присуство, зборуваше дека тие не-говата женидба со неа не ја одобрија.

Како и да е, оваа вест за одењето кај неговите ро-дители, па и останувањето кај нив, ја онерасположи.

Порано многу посакуваше да отпатува кај нив, да се запознае со нив. Но, порано. Сега, како веќе да се беа оградиле на некој начин од неа. Таа беше речиси три години сопруга на нивниот син. А од нив само молк.

Сега, што е тоа што ги натера да и ги отворат вратите на нивниот дом? Не и се допаѓаше и тоа што за цела-та оваа работа Хелвиг ниту ја праша ниту се совету- ваше со неа.

Од друга страна, си мислеше, можеби таму ќе биде подобро. И 3a неа и за детето. Мајка му секако Ke И помогне. Таа нема никакво искуство. Кој знае колку ќе се израдуваат на детето. Хелвиг е сам. Нема ни брат ни сестра.

Навистина беше многу неправедно од неа што из-мислуваше секакви работи. Порано. Дека Хелвиг е оженет... дека има деца... Родителите дека му се бол- ни... Но, што да мисли кога толку долго ја држеа изо-лирана од нив? Да живееја во нејзината земја во овие години, Хелвиг ќе го запознаеше и најмалото дете од роднините. Ќе одеа насекаде на гости. Нели таа го доведе дома, набргу откако се засакаа? Но, ете, из-гледа кај нив не е така.

* XK Шетаа покрај реката. He голема рекичка. Крај Hea беа посадени прекрасни дрвја. Имаше големи парко-ви, уредени со најразновидни цвеќиња. Светлоста од многуте лампиони се истураше по брзите води на ре- ката. Светкаше во вид на многубројни змиести пла- менчиња. Ох, колку беше убава таа вечер. Ја тераше да заборави на сите грижи. На сето лошо што и се случуваше до скоро. На она неизвесно што претстои.

Се наближуваше времето кога требаше да отпату-ваат со Хелвиг во неговото родно место. Марија се помалку спиеше. Просто го изгуби сонот. Уште пове-ќе, кога почнаа да ги подготвуваат работите, за да ос-танат таму подолго време.

- Хелвиг, ме сакаат ли мајка ти и татко ти? - го праша едно утро, пред тој да замине на работа.

Хелвиг не одговори веднаш. Му требаше напор и време, да го оформи одговорот.

- Но, тие уште нете познаваат...