Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Hatred - Deep

Front Matter - Part 11

Од Драгица Најческа · Дел 11 од 13 · Околу 22 минути

Читај на English

На двапати Карл му се отпушти од рака. Во истиот момент, Марија потрчуваше по него. Откако ќе го фатеше, Карл ќе спискаше. Дотрчуваше Хелвиг.

Карл се чувствуваше ослободен. Дури се гордееше што татко му толку брзо го ослободуваше од рацете на таа непозната жена.

Спикерот ги повика патниците да пристапат кон пасошка и царинска контрола.

Хелвиг и Марија се ракуваа. Карл гледаше во нив со њубопитство. Веќе ce поднавикна на непознатата жена.

Во еден момент, Марија го оттргна Карл од рака-та на Хелвиг, и пред никој да сфати, се втурна кон из- лезот. Таму веќе немаше патници. Сите ја беа поми- нале контролата. Толку брзо се случи тоа, што никој од вработените службеници на контролата не сфати за што станува збор. Само го слушнаа избезумениот глас на мажот, кој очигледно немаше со себе пасош и не можеше да дојде до нив.

- Детето, ми го грабна gerero!... Таа жена е бол- на!... Одземете и го детето...

Дури и Карл не списка веднаш... И тој не сфати што се случува.

Контролорите, гледајќи ја забрзаната жена со ма-ло дете во прегратката, помислија дека таа доцни на авионот. Го отворија нејзиниот пасош, и во него ја видоа и сликата на детето. Бидејќи таа немаше ника-ков багаж, веднаш продолжи кон излезот.

Хелвиг потрча во канцеларијата на шефот на без-бедноста на аеродромот. Беше бесен што не му до-зволија да дојде до пасошката контрола... Објасни во што е работата. До сите контроли веднаш беше јаве-но, Марија да биде запрена.

Кога Марија веќе поверува дека ќе ја помине и по-следната пречка, вратата низ која се поминуваше на терминалот, службеникот и ги побара картите. Таа слободно ја покажа својата карта. Службеникот стро- го и се обрати:

- Ве молам, и картата за детето!

Марија, сфаќајќи дека токму тука ќе биде онево-зможена докрај да ја доведе својата замисла, го от-турна изненадениот службеник и истрча на терми-налот, не испуштајќи го детето од раце. Бидејќи ин-формацијата веќе беше стигната и до останатите службеници, неколку од нив потрчаа кон неа и и го одзедоа детето. Потоа ја фатија и неа, и ја одведоа кај шефот на безбедноста. Таму беше вознемирениот Хелвиг. Тој веќе го галеше и го гушкаше Карл.

Шефот на безбедноста, кому Хелвиг веќе му беше кажал за нејзината болест, и објасни на Марија дека не може да го земе детето со себе без согласност на нејзиниот сопруг, кому судски му е доделено.

Марија, со повисок тон, но и со некој израз на ви-на, се обидуваше да му докаже на Хелвиг дека треба да и го врати детето, штом таа веќе не е во болница.

Шефот беше во недоумица дали жената е во тол-кава криза за да не ја пушти во авионот и индирект-но се обиде тоа да го разбере од Хелвиг.

- Бидејќи авионот чека за полетување, не ќе мо- жам да го задржувам повеќе.

Хелвиг го разбра ова обраќање и рече дека, ако Марија сака, може да остане уште неколку дена... Таа нека реши.

Марија беспомошно погледна кон Хелвиг и кон Карл, и во истиот момент го замоли шефот некој да ја придружи до авионот.

* XK Штом Хелвиг стигна дома, го остави Карл Kaj Марша, и без ништо да и објаснува, истрча надвор од дома и замина со колата. Марша се обидуваше да разбере нешто од Карл, но тој само брчеше со устата имитирајќи го авионот... и ништо повеќе. Таа се за- грижи. Да не се случило нешто лошо со мајка му на Карл?!

Марша... најмногу е виновна за се ова што се слу-чи - се нервираше Хелвиг. Таа се измисли... Ha де-тето му треба вистинската мајка. По кој знае колку пати повторуваше, додека не го натера да ги преземе овие работи... Еве што испадна од тоа.

Во поштата стигна со најголема брзина. Се поврза со аеродромот во Скопје. Им објасни дека во авионот што ќе допатува по помалку од еден час патува жена што не е во добра психичка состојба. Била на лекува-ње во болницата за душевни болести. Состојбата и е влошена. Домашните сигурно ќе ја пречекаат. Но, ќе треба и амбулантна кола. Го кажа името и презиме-то на Марија. За среќа, службеникот на аеродромот во Скопје добро го знаеше германскиот јазик, па се разбраа.

Стјуардесата, за целото време на летот се обидува-ше да разговара со Марија. Во еден момент, Марија побара да го види Карл.

- Да ми го дадете детето, вие ми го зедовте. Каде е? Кажете ми каде е. Пред малку беше тука! - збору-ваше Марија, со повисок тон на гласот.

Стјуардесата сфати дека Марија е во уште поголе-ма криза. Од тоа најмногу се плашеше. Погледна на часовникот. Имаше уште десетина минути лет. То- гаш, за среќа, дојде стјуардот. Крупно, високо момче.

Марија како да се збуни. Таа одмавна со главата... Ка-ко да сакаше да каже дека не сака тој да биде крај неа. Стјуардесата го искористи неговото присуство и, сосем малку, се оддалечи.

— Можеби имате сестра... брат... Ke ве пречека, — it се обрати стјуардот.

- Сестри имам...

Додека Марија го кажа тоа, помина доста време...

Како да и требаше поголем напор да се присети...

Се обиде да стане... Стјуардесата веднаш се најде крај неа. Ја задржуваше со двете раце...

— Cera не смее да се станува... Авионот ќе слетува.

Опасно е.

Марија гледаше отсутно во стјуардесата...

Во меѓувреме, другата стјуардеса ги извести пат-ниците за слетувањето и ги предупреди да ги врзат коланите. Кога Марија виде дека човекот до неа сам се врзува, со колан, престрашено ги отвори очите. Ќе го носат во болница - си помисли. А кога стјуардеса-та се обиде да ја врзе и неа, Марија почна да се брани, да писка. Стјуардесата се обидуваше да и објасни де-ка сите патници така треба да постапат. Тоа беше уш-те пострашно. Значи, таа е повторно кај болните!

Патниците неспокојно гледаа кон непознатата же- на. Со сожалување. Не знаеја што да прават... Како да се однесуваат...

Кога авионот слета, во него брзо влегоа двајца болничари. Тие внимателно ја изнесоа Марија од авионот.

Елена и нејзиниот колега ја чекаа Марија на изле-зот од аеродромот. Кога ја видоа амбулантната кола и болничарите, се посомневаа. Но, Елена не сакаше да верува во таквата претпоставка. Кога излезе и по-следниот патник, а неа ја немаше, им стана јасно...

Кого да прашаат што се случило? Отидоа да ги поба-раат стјуардесите. Тие се им раскажаа.

Како ли ќе и кажат на мајка и и на сестрите? Тие одвај чекаат Марија да дојде и да разберат од неа по-веќе вести. Најмногу за Карл. Но, немаше каде да се бега...

* XK

— Уште кога Be видов да влегувате сами, без Hea, jaHsa ме изеде. Змија ме клукна. Ама си реков — да не ја задржа тој, на повеќе денови... Но ете, не било тоа... Пак дошло лошото... Ама знаев јас, велев... Ta-му ни на сон веќе не треба да оди. Не на јаве... Ете се-га пак отпочеток. И докторот згреши што и одобри...

Тој сигурно од жал... И тој е родител... И тој има жен-ска челад. Ништо, сега што и да зборуваме - нема фајде. Да се надеваме и да се молиме...

— Нимене, нилекарот, не He праша. Само ни кажа дека решила. Никој не можеше да ја запре, - како да се правдаше Елена.

— He Be кривам, никого... Судбина нејзина било, ќе се трга. Јас знаев дека дете на пет години, штом не те видело од толку малечко - две години дали имаше кога и го зедоа - не може да те памети... Но, како мо- жев такво нешто да и кажам? Уште пред да тргне, ова ќе ја најдеше.

Елена поседе малку и замина заедно со нејзиниот колега.

- Ако разбереш нешто од лекарот, ако се слушнеш со него по телефон, те молиме кажи ни. Да не му до- саѓаме сите.

— Нетреба ни да Me потсетуваш, - рече Елена и ja прегрна Лиле преку рамото. - Пак ќе се избори. Ќе видиш... Само, ќе помине време.

Лиле ги избриша солзите... Елена не погледна ни во Наде, ни во мајка им.

Натамошните разговори за здравствената состој-ба на Марија, Елена ги одржуваше со лекарот редов- но. Му се јавуваше по телефон речиси секоја недела.

Тој и кажуваше дека кризата сега е уште потешка.

Подлабока.

- Не знам како да разбереме точно што се има случено, иако можам да претпоставам, - велеше тој.

Поминуваше речиси третиот месец... Елена му ка-жа на лекарот дека во време на викендот ќе дојде да ја посети Марија. Тој ја разубедуваше... И рече дека нема да може да стапи во никаков контакт со неа. Се- пак реши даја види.

Овој пат отиде со автобус. Не му веруваше на лека-рот дека нема воопшто да ја препознае. Сакаше сама-та да се убеди во тоа... Немаше трпение да одлага...

По неколкуте неуспешни обиди да поведе разго-вор со Марија, на Елена и беше толку тешко, што не-маше желба да разговара со лекарот.

- Сите приоди кон Марија се затворени. Барем за- сега. Колку ќе трае тоа, ќе видиме. Само лековите ако помогнат, - зборуваше загрижено лекарот.

- Ако не отидеше кај детето и кај Хелвиг, можеби немаше да и се случи, толку брзо да и се врати криза- та.

- Можеби немаше. Но тоа беше во неа. Тој грч...

Не можеше да живее со него... Свесна беше што ри-зикува... Колку ризикува... Понекогаш и ние, лека-рите, се надеваме дека можеби, ете, еден таков мо-мент, средбата со детето, ќе помогне да се растова-ри... Ќе го види живо и здраво, и дека му е добро...

Но, не испадна така... Кого виде таму, со кого се срет-на, што се случи - не знаеме... Знаеме само за наста-ните на аеродромот, при враќањето.

* XK Оваа состојба Ha Марија траеше три и половина години. Сите речиси загубија надеж. И мајка и. И сестрите. И Елена. Само не лекарот... Тој испробува- ше најразлични лекарства. Други методи на лекува-ње... Не се откажуваше. Се караше со сестрите, со болничарите, ако ја оставеа неизмиена. Неисчешла- на. Водеше строга контрола дали е нахранета.

Подобрувањето дојде дури кон крајот на четврта-та година. Неочекувано за сите други, освен за лека- рот. Иако и самиот тој на моменти не беше сигурен дали да се надева во излез од темнината во која пото- на Марија.

Лекарот се беше решил дури ни на Елена да не и кажува за првите знаци... Само макар и да се насети подоброто. За кажување има време... Првин да се увери и самиот дека се тргнало од мртва точка. По-следните лекови што и ги даваше на Марија досега добро влијаеја само на двајца пациенти... Камо среќа да не се лаже.

Од прозорецот внимателно го следеше изразот на нејзиното лице. Имаше во него нешто што беше по- инакво од сите овие тешки месеци и години. Шеташе во дворот. Блиску до прозорецот од неговиот каби-нет... Можеби ќе има среќа - си мислеше.

По неколку дена и сестрите му пренесоа дека забе-лежале малку поприсебен израз на лицето од Мари-ја... Па и во очите. Сите се радуваа. Никогаш не ja „ОТ-пишаа“ - како што велеа тие.

Лекарот премина на зголемена доза од лекарство- то. Се разбира, според дозволеното. Подобрувањето, од ден на ден, беше се позабележливо. Тој чекаше. И натаму не ја повикуваше да разговараат во кабине- тот. Подобро ќе биде ако сама побара. Ех, колку сум смешен - си мислеше. Сакам да верувам во чуда!

Но, чудото, на очиглед на целиот персонал, се слу- чуваше. Марија почна сама да се мие, да се чешла, да се преоблекува. Сама да јаде.

Лекарот се плашеше од моментот кога таа ќе сфа-ти дека повторно е во болница. Колку долго време е во болница! Но, некои факти се немилосрдни. Колку и да сакаш, не можеш да ги измениш. Најважно е да се излекува. Барем донекаде...

Пред да почне да разговара со кого било, влезе во една фаза што беше тешка за сите наоколу. Плаче-ше... Многу често... Тивко. Безутешно. Најпрвин пла-чеше речиси безгласно. Потоа почна да плаче по- гласно. Со еден до неподносливост жален глас. Пове- ќето од болните тоа или не можеа да го забележат, или не и обрнуваа внимание... Но, сестрите и болни-чарите се обидуваа, отпрвин внимателно, да ја убеду-ваат да престане. Марија не престануваше. Плачеше толку често, што изгледаше дека плаче постојано...

И дење и ноќе. Тогаш многу од нив губеа трпение и се расправаа со неа.

По извесно време, тоа плачење на Марија се пре-твори во нешто што личеше на песна... Но, од оние тажаленки... Чиниш, сета тага што ја собирала во ду- шата, се излеваше од неа... Од време на време спом-нуваше и некои имиња низ песната... Потоа, сами од себе, неконтролирано, и потекуваа солзи... Кога и тоа помина, на сите им олесни... Единствено, се плашеа од нејзиното повторно повлекување во себе... Но, за среќа тоа не се случи.

Лекарот се колебаше... Да ја повика на разговор или уште да чека?... Да не го пропушти моментот ко- га ие потребен?

Минуваа денови...недели...

Тоа утро ја пушти сестрата да ја доведе. Се чув-ствуваше возбуден... Дали нема да згреши?

Марија влезе во неговиот кабинет. Тој стана од столот и и тргна во пресрет.

- Здраво, - и рече. - Многу време помина откако не сме разговарале.

— Колку? — ro збуни со конкретното прашање.

- Цела вечност! - се обиде да го избегне конкрет- ниот одговор.

- Година, две? - беше упорна Марија.

- Да речеме, толку...

Марија заврте со главата. Не му веруваше... Но, и не знаеше...

— Сега си добро? - прашањето на лекарот повеќе личеше на негова констатација.

Таа само одмавна со главата неодредено.

- И натамули сме другари? - праша тој.

Марија се насмевна одвај забележливо... Toa беше нејзина прва насмевка откако се врати во болница- та. Повеќе личеше на некаков обид да се насмее.

- Другар лесно не се добива, и не треба лесно да се откажува од него, - и рече тој. Ја фати за рамениците со двете раце, и ја протресе.

- Ајде, оздравувај побрзо. Имаме работа.

Марија го погледна и со чудење и со прашање.

- Треба даја средуваме библиотеката. Таму е вис- тинска збрка... А има прекрасни книги...

Изразот на лицето на Марија како да се смени.

Стана поблаг...

- Додека се не средиме таму, како што доликува, не те пуштам никаде да одиш! Виде колку многу кни-ги има... Но, никој ништо не може да најде.

Ова што го говореше лекарот, доаѓаше до свеста на Марија како ехо од некој многу далечен сон... Како да не знаеше зошто е тука... Што сака тој од неа...

Треба ли да зборува со него?

Тогаш, одненадеж, излезе од неговиот кабинет.

Не се ни поздрави.

Лекарот повика преку алармните сигнали да из-лезе некоја од сестрите или болничарите. Да ја пре-чека и да ја придружи. Тој сфати дека е прерано за разговор... Мораше уште да се чека... Дури ни на Еле-на не треба да и каже. Нека се подобри положбата, за разговори и за посети има време... Сега мораме да бидеме многу попретпазливи.

Откако се врати Марија во болница, поради неј-зината неизменета состојба, посетите на нејзините сестри беа ретки. Па дури и Елена, главно, се јавува-ше по телефон, за да разбере макар нешто од лека- рот. Неговите одговори беа толку слични, што веќе и самиот лекар, чувствуваше Елена, се нервираше при секое нејзино јавување. Токму затоа, при послед-ното телефонирање, кога и рече дека има некои вид-ливи знаци на подобрување, таа ќе го испуштеше те-лефонот од раце. Бараше од него макар нешто попо- дробно да и каже.

- Елена, да не брзаме со какви било прогнози.

Мислам дека работите ќе тргнат на подобро. Верувај, ова се само првите чекори. И на нејзините, ако поми-неш да им кажеш, баш така да им објасниш. Во оваа болест, од денеска до утре работите можат да тргнат на добро, и обратно. Те молам, никакви посети...

- Ho, jac немам трпение, баш поради тоа што MHO- гу време помина...

- Кога ќе може да дојдеш, јас сам ќе те повикам...

И тебе, и сестрите. Знам дека ми веруваш... Се изви-нувам, јас веќе морам да одам.

Елена ја спушти слушалката... Ќе има ли макар малку среќа кутрата Марија? Без да дочека да завр-ши работното време, добро обмислувајќи како ќе им пренесе, се упати кон семејството на Марија.

Кога им кажа, се израдуваа, но и се вознемирија...

- Барем малку да се подобри... Колку да не мора да биде таму... Дома, подруго е... - зборуваа сите три одеднаш. Потоа почнаа да сметаат колку време е та- му.

Елена ги храбреше. Им влеваше надеж.

Некој звонеше на вратата. Лиле излезе да отвори.

Со неа влезе, за Елена непознат, млад човек.

- Овае мојот пријател, - рече.

Тој подаде рака.

— Jac сум Чедомир, - се претстави на српски јазик.

Елена исто така ја подаде раката. Гледајќи со њу-бопитство во гостинот, сфати - не е Македонец... И тој ли?

Извесно време сите молчеа.

- Заедно работиме. Тој е возач на директорот. Са- мо со директори има работа... - Лиле се обидуваше нешто повеќе да каже за пријателот.

- Не само со директори, туку и со секретарки, - се пошегува тој.

Наскоро, Елена се поздрави и излезе. Лиле излезе веднаш по неа.

- Забележав дека се изненади... Претпоставувам, се чудиш што и мојот избраник не е Македонец. По се што се случи со Марија, и за чудење е. Мајка ми не може да се помири. Се плаши да не се повтори иста-та историја. Да не поминам и јас како Марија. А и по-ради овие работи што се случуваат во Босна... И не само во Босна... Но, како да има некаква судбина. Од првите денови кога дојде на работа кај нас, се повр- завме. Барем досега, не само со него, туку и со цело- то негово семејство, многу сум блиска. Тие нависти-на ме засакаа. Верувам дека работите ќе одат добро...

Сигурна сум дека на Марија нема да и се допадне це-лата оваа работа. Стравот и е влезен во коските...

- Нетреба да мислиш на тоа... Немој да се оптова- руваш... Не е важно откаде е. Важни се луѓето. Со лу-ѓето Марија немаше среќа. И таму не се сите такви како нив. Погрешно е така да се мисли. Ти гледај, твојот Чедомир да е добар човек. И њубов да има ме-ѓу вас. Тоа е најважно.

До првата посета на Марија, која им ја одобри ле-карот, поминаа речиси уште три месеци. Со Клена дојдоа и Наде и Лиле. Беа се договориле ништо да не зборуваат за Хелвиг и за Карл. Ако праша таа, можат само да кажат дека, одвреме навреме, Хелвиг се ин-тересира за неа дали е подобро со здравјето. Преку писма... Со по неколку збора. На некој извртен маке-донски јазик. Но, дека тие не му одговараат.

Во тие неколку реченици што ги разменија, Ма-рија ништо не праша. И самата како да се плашеше да ги спомене Хелвиг и Карл. Така, целата посета за-врши многу брзо. А толку пат поминаа. Но, најважно им беше што се видоа. Што веќе можеше да се разго-вара, барем за некои работи, со неа. Изгледаше дека наскоро сосем ќе оздрави. Набрзо почувствуваа дека ја измори посетата. На крајот праша за мајка и и ис-прати поздрав... Тоа што и го донесоа за јадење - ка-ко да не сакаше да го прими. Но, се предомисли. На одење, го зеде.

Во автобусот, кога патуваа кон дома, секоја од нив како да немаше желба за разговор. Сепак, Елена се обидуваше да ги охрабри.

- До следната посета кај сестра ви, ќе видите кол- ку Марија ќе не изненади. Силна е таа...

* XK Разговорите меѓу лекарот и Марија беа речиси ce- којдневни. Но, и тој избегнуваше да зборуваат за нејзиното патување во Германија. Многу време ќе треба да помине додека таа да биде во состојба да зборува за тоа... Ако воопшто дојде до таква состојба.

Марија самата, сакајќи да си разјасни некои рабо-ти, почна да се навраќа на настаните... На последни-те, пред враќањето во болницата. Тоа не му го кажу- ваше на лекарот.

„Карл беше многу мал, си мислете... Јас He тре-баше ни да очекувам да ме препознае... Цели три го-дини бил со другата жена на Хелвиг. Таа, а и Хелвиг, кој знае дали му кажувале дека мајка му е жива. Пред да им се роди детето. И кај може мало дете сето тоа да го разбере?... Сега е друго. Уште малку ќе наполни девет години. Сигурно веќе знае да чита и да пишу- ва...

Тука постојано и се запираше мислата.

Кога еден ден побара од сестрите коверт за писмо, со хартија, се зачудија. Му кажаа на лекарот. Тој им одобри да и купат. И дадоа и пенкало. Писмото долго ro обмислуваше. Со денови. Кога беше готова, го пра- ша лекарот како да го испрати. Му кажа дека е до си- нот во Германија.

- Ќе разбере ли тој на македонски? - ја проверу- ваше лекарот.

- На германски My ro напишав.

- Може да се знае што напиша? Не дека сакам се- каде да го пикам носот, туку онака. Од њубопитство.

— Така, обично... да му објаснам, да знае дека има мајка... Дека бев тешко болна, од жал за него... Сега сум подобро... Ако може, со помош на татко му, да ми напише неколку реда... Дали знае дека има мајка...

Дали му кажале... Ete тоа... Има нешто лошо?... Нели нема?

— Нема, ама баш ништо лошо, - и рече лекарот. — Ти ветувам дека ќе биде испратено. И тоа, лично јас ќе го испратам.

Марија го погледна со благодарност во очите.

- Дури и да He TH одговори сега, - ја предупреду- ваше лекарот, - ќе видиш дека кога ќе порасне уште малку, сам ќе те побара.

На лицето на Марија прелета надеж...

По ова ветување на лекарот, дека лично ќе го ис-прати писмото, при секоја средба, Марија како да са-каше да го праша - дали го испрати. Но, не се осме- луваше. Лекарот чувствуваше дека тоа сомневање ќе продолжи се додека Марија не добие одговор на пис- мото. Ако добие... И самиот тој беше нестрплив. Бе- ше сигурен дека е подобро за здравјето на Марија, што било да разбере за синот. Макар со неколку 300-ра... Уште повеќе, ќе биде поголема радост за неа, де-тето да и одговори. Не мажот и.

- Поминаа дваесет дена откако го испративме писмото, - рече, при една средба со лекарот.

Тоа тој го сфати и како констатација, но и како прашање. Немајќи друг одговор, ги поткрена раме- ната.

Дали татко му и маќеата на Карл ќе му го дадат писмото? Дали не ја заборавил? Дали во овие години ја спомнувале пред него, па сега да му дозволат тој да и сејави со писмо? Што би можел тој cera, по тол-ку години, да чувствува за неа? И дали баба му и дедо му нема да му го скријат писмото? Сите овие праша-ња Марија постојано си ги поставуваше, чекајќи го писмото од Карл.

* XK Всушност, Марија He знаеше BO каква незавидна положба се најдоа мајка му и татко му на Хелвиг, от-како тој се ожени за Марша. Наместо тие да ја изоли-раат, како што направија со Марија, Марша до таа мера ги игнорираше, што за да ги избегнат непријат-ните средби со неа, беа принудени да си отворат по-себен влез на куќата... Хелвиг беше под такво нејзи-но влијание, посебно откако таа го роди синот, што комуницирањето со мајка му и татко му беше вистин-ска реткост. Дури не можеше да ја согледа вистин-ската причина поради која неговите родители напра-вија посебен влез, бидејќи Марша изглуми навреде-ност... Почна да му сугерира дека, ете, тие старци толку се лоши, што и сопственото дете, него, Хелвиг, а и неговите синови, не можат да ги поднесуваат.

Токму поради оваа новонастаната ситуација, пис-мото до Карл од Марија не можеше веќе ни во кој случај да дојде во рацете на родителите на Хелвиг. И, како што не ретко, случајностите во животот носат непредвидливи настани, поштарот му го даде писмо-то в раце токму на Карл. Тој се враќаше од училиште.

Се сретнаа на влезната порта. Кога Карл виде дека на ковертот е напишано неговото име и презиме, го от-вори писмото со њубопитство. Го прочита двапати...

Не влезе дома. Во близина имаше мало паркче. Сед-на на една од клупите... Тивко плачеше. Марша и татко му понекогаш ќе му спомнеа за тоа дека него-вата мајка е во друга држава.

- Бидејќи е болна мајка ти, те чувам јас, — My 00- јаснуваше Марша.

Се до ова писмо, тоа што му го кажуваше Марша, за таа друга мајка, на Карл му изгледаше сосем не- вистинито. Како дел од некоја приказна... Марша, ис- то така, му зборуваше дека, ако некогаш, таа, него-вата мајка што го родила, посака да се сретне со него, да го види, тоа ќе биде сосем разбирливо...

Карл не можеше да поверува дека мајка му, што е во друга држава толку долго, толку години е болна...

Како низ сон се сеќаваше за единствената средба со неа, кога беше многу мал. Како да го измислил сето тоа. А не таа навистина да дошла и тој да не ја по- знал. Да бегал од неа. Во моментите кога мислеше на тој настан, сакаше да го заборави. Но, понекогаш ка-ко да чувствуваше и жал за неа.

Сега, ова писмо, сосем го уплаши... Неколкупати го разгледа ковертот и се увери дека писмото е од друга држава. Токму таа, што му ја спомнуваа татко му и мајка му, кога му зборуваа за неговата друга мај- ка.

Еднаш си помисли дека е најдобро да не им каже на мајка му и татко му за писмото. Ако разбере за ова, мајка му Марша можеби помалку ќе го сака... А итат-ко му. Да не речат - оди си кај таа другата мајка...

Толку се уплаши од таа помисла, што целиот трепе-реше... Тогаш некој одзади го прегрна... Тоа беше Марша.

- Еј, што правишти тука?! Што седиш како избр- кан од дома?

Карл се обиде набрзина да го скрие писмото. Но, од очите и ушите на Марша ништо не можеше да по- бегне.

Во моментот кога Карл беше сигурен дека успеал да го стави писмото во џебот на панталоните, тоа ве-ќе се наоѓаше во раката на Марша.

— Така значи, веќе криеме писма од девојчиња! — свика Марша шеговито.

Камо да беше од девојче, си мислеше Карл, целиот во паника...

Марша брзо прелета со погледот по ковертот од писмото, и пак свика:

- Итоа, си фатил женска од странство!

Карл поцрвене, па пожолте и не можеше ни збор да проговори.

Тогаш Марша стана многу сериозна. Дури лута.

- Нее можно! Се допишуваш со мајка ти, криејќи од мене и од родениот татко. Ти, дериште едно... Toa ти е благодарност што те чувам како да сум те роди-ла, како вистинска мајка. Со ништо не те делам од моето дете! Многу ќе биде среќен татко ти кога ќе разбере за ова! Каде ти доаѓаат писмата?! Е, се можев да верувам, но вакво нешто дека ќе доживееме од те- бе, ни на сон!