Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Hatred - Deep

Front Matter - Part 08

Од Драгица Најческа · Дел 8 од 13 · Околу 22 минути

Читај на English

Нејзе и на синот. Во моментот кога и кажа за разво-дот, сето тоа, за миг, уште еднаш и помина низ глава- та.

- Хелвиг, ако сакаш побарај си го и детето, - му рече. - Немој после мене да ме окривуваш дека, ете, јас сум причина што ти се откажуваш од синот...

Хелвиг и погледна на Марша право во очите. Вед-наш му стана јасна причината за оваа нејзина рече- ница. Го обзеде студенило. Одвај ја преболе својата одлука да се откаже од синот при бракоразводот.

Одеднаш ново, тешко, мачно прашање: има ли право да и го одземе на Марија единственото и најскапото што и остана од нејзината њубов со него? Треба ли да оди дотаму?

Марша беше свесна дека Хелвиг не ќе може лесно да донесе одлука. Се обиде да му помогне:

- Детето е родено во Германија. Носи твое прези- ме... И... машко е... Ја продолжува твојата лоза...

Не му се веруваше дека Марша се реши на овој че- кор. Му се стори дека зборува уверливо.

— A ити, Хелвиг, еднаш спомна дека мајка му е од многу сиромашно семејство. Самата таа, невработе- на. Какви услови за живот ќе има твоето дете? Сигур- но не можеш да се согласиш твојот син да расте и да биде воспитуван таму, во таква немаштија.

Сето што го зборуваше Марша, беше вистина.

Почна да ја поткопува неговата суета. Да го повику-ва неговото чувство за одговорност, во однос на него-виот син. Пред очите му се враќаа сликите за сиро-маштијата во куќата во која живееше Марија. Нејзи-ната мајка. Нејзините сестри. Одеднаш, како и сами-от да почна да се осудува: како се помири и неговиот син да ја дели таа беда?

- Марша, ако се согласуваш ти... Но, немој да се предомислиш понатаму... Тогаш нема да знам што да правам со детето...

Таа го прегрна, покажувајќи ја на тој начин своја-та подготвеност да го прифати детето. Да го негува.

Хелвиг се плашеше и од моментот кога за оваа своја одлука ќе им каже на мајка си и татко си. Оче-куваше жестока реакција од нив. Но, беше цврсто ре-шен - нема да им дозволи да го предомислат.

Истовремено, за да ја смири својата совест, се оби-дуваше да размислува дека тоа што тој се решава да го земе детето, да го издржува и да го одгледува, мо-жеби ќе дојде и како олеснување за Марија, поради безизлезната материјална положба во која се наоѓа.

Но, тоа не му помагаше многу. Се чувствуваше како последен подлец, кон неа...

Другиот ден, отиде кај мајка му и татко му, да раз-говара за разводот и за синот. Сам. Без Марша. Како што очекуваше, првата реакција на двајцата старци беше жестока. Тоа што и законски ќе се ослободи од Марија, беше во ред. И крајно време беше. Но, ако го побара синот, и ако го добие, пак ќе си ја натовари Марија на вратот - го предупредуваше мајка му.

- AKO иго земеш синот, таа нема да те остави на спокојство. А и ќе ти го растури животот со Марша.

Не велиме дека детето не е и твое. Но ете, ќе си имаш деца во новиот брак. Чисто наши.

При овие нејзини зборови, мајка му забележа дека остри брчки се појавија на челото на Хелвиг. Тој ја наведна главата. И дојде злобна помисла: „Не може да роди, госпоѓата. Затоа се согласила да го земат де-тето“. По чувството што ја исполни, самата сфати колку не ја поднесува Марша. Иако, и нејзиниот син е во прашање, и ќе остане без други деца, ја израду-ва ова сознание. Тогаш брзо и проработи мозокот:

„Ако, нека и го земе детето на Марија. Таа не е достој- на да чува нивно дете. Нека биде казнета уште еднаш што се замеша во нивната крв“. Од друга страна, си мислеше - Марша, можеби ќе побегне, не сакајќи да чува друго дете, што не го родила. На тој начин, Хел-виг ќе се ослободи и од неа. Можеби поради тоа и го смислил ова, да го бара детето. Ако сфатил дека Мар-ша нема да роди. Лесно е после да го врати назад, кај мајка му.

По извесно молчење, откако и проврвеа сите овие мисли низ главата, мајка му рече:

- Во крајна линија, тоа е твој син. Постапи како што мислиш дека е најдобро.

При овие зборови, татко му, кој за време на цели-от разговор молчеше, со вчудовиденост погледна кон жена си. Не им веруваше на зборовите што таа ги ка- жа. Но, ништо не рече. И Хелвиг беше изненаден.

Кои беа причините на тој пресврт кај мајка му? Не можеше да сфати. Но, побрза да излезе додека во воздухот се уште лебдеше таа реченица. Неверојатна и за самата негова мајка. Иако таа ја изговори.

Хелвиг се прашуваше дали можеби откако си за-мина Карл, се разбуди некое чувство во неа кон вну-кот? Или е во прашање нешто друго. Некоја нејзина скриена подмолност.

Откако се реши да го бара детето, тоа на Хелвиг му изгледаше сосема логично и оправдано. Се обиду-ваше да ги собере сите нешта на едно место: негово-то мислење, мислењето на Марша, па еве и на мајка My. A и татко му не се спротивстави. Колку повеќе на- ближуваше до канцеларијата на адвокатот, почна да се плаши тој да не му каже дека веќе е доцна за такво барање.

- Е, дојдовте, - го пресретна уште од врата адво- катот. Тој помисли дека Хелвиг е дојден заради из- вестувањето во врска со денот на расправата за раз-вод на бракот. - Нема што да се беспокоите. Работа-та е толку јасна. Сопругата ве напуштила. Таа е гра-ѓанин на друга држава. Се вратила во својата земја.

Кај родителите. Самоволно заминала. Дури и синот го зела со себе.

Адвокатот насети дека Хелвиг сака да каже нешто деликатно. Го охрабри.

- Зборувајте. Ако треба нешто да појасните. Затоа сум тука.

- Знаете, - почна Хелвиг бавно, тешко изговарај- ќи го секој збор. - Јас размислував доста во врска со синот. Дојдов до сознание дека нему сепак местото му е тука, покрај мене. Не би сакал друг да го воспи- тува. Неговата татковина е Германија. Неговото име и презиме е германско. Тука е роден. Тука припаѓа.

Адвокатот гледаше во Хелвиг, трпеливо оставајќи го да се искаже. Откако Хелвиг престана да зборува, адвокатот му рече:

— Сега сте на прав пат. Јас бев изненаден, кога при барањето да поднесеме тужба за развод, имавте дру-го мислење. Не бевте решителни. Во ред е. Претпо-ставувам, има кој да се грижи за детето додека вие сте на работа.

— Па, мислам да, се разбира, - рече Хелвиг, CO из- весна несигурност во гласот. Или на адвокатот така му се стори. - Сметате ли дека ќе има тешкотии да го добиеме назад детето?

— Ќе најдеме, ќе наведеме причини зошто детето не може да остане кај мајката. Кажете ми, каква е нејзината материјална положба?

- Лоша, сосема лоша, - рече Хелвиг и кој знае по кој пат му излегоа пред очи невеселите слики од пр-вите посети во домот на Марија.

— Тогаш, проблемот е решен! - извика адвокатот.

Тој немаше повеќе од четириесет години. Но, веќе беше со подбелена коса и носеше очила со доста го-лем диоптер. Задоволно ги протри рацете и веднаш стави бел лист во машината за пишување. Сакаше, уште додека е тука Хелвиг, да го направи докумен-тот за дополнување, односно проширување на тужбе-ното барање за развод.

На прашањата на адвокатот околу материјалната состојба на Марија, и кога ги даваше податоците за раѓањето и возраста на синот, на Хелвиг му беше тол-ку мачно, што му се чинеше дека не може да вдише воздух. Но, не се поколеба. Нешто однатре го тераше така да постапува, нешто за кое не беше свесен, што тлееше во самиот него. А ете, Марша го поттикна. Го разбуди.

Му доплати на адвокатот. Се поздрави со него. Си замина. Одејќи по улицата кон дома, ни во еден мо- мент не им дозволи на мислите за тоа како Марија ќе ја прими оваа вест, да му се наметнат и да го поко- лебаат. Тие излегуваа една по една, де пред него, де трчаа по него, му се пикаа во главата, му копаа по мо- зокот. Но, нивните обиди да изменат нешто во него- вата одлука да го земе назад синот, останаа без успех.

Сега, се повеќе мислеше, беше уверен во тоа, дека Карл ќе биде негов единствен наследник.

Марија уште не можеше да се соживее со мислата дека Хелвиг дефинитивно се разведува од неа. Дека Карл и таа остануваат сами. Таа, без саканиот човек.

Тој, без татко. Уште не го беше преболела тој страш-но болен факт, кога истиот тој необичен поштар, неј-зе непознат, едно утро повторно дојде кај нив. Со но-во известување. Марија се исплаши кога го виде.

Претчувствуваше дека носи нови лоши вести. Брзо се прибра: можеби е покана за суд, за разводот. За-рем толку брзо?! Што е - тоа е. Ја очекуваше таа по- кана. Сега веќе и не беше важно кога ќе дојде...

Разнесувачот на поштата од судот и го подаде пли- кото. Како што беше ред, побара од неа да се потпи- ше. И замина. Рацете и трепереа. Се обидуваше да се соочи со фактот кој веќе однапред и е познат. Не мо-жеше да очекува дека судот во Германија ќе го одбие барањето на Хелвиг, за развод.

Но, штом го отвори пликото, виде дека во рацете држи уште едно тужбено барање. Уште во првиот ред го прочита името на Карл. Исписка, како касната од најотровна змија. Леташе со очите по листот. Прочи-та дека тие подмолни луѓе, како причина за тоа зо-што го бараат детето, навеле дека е Германче, роде-но во Германија, од татко Германец. „Сега, по две го-дини, им текнало дека е Германче и дека е нивно“ -викаше по дворот Марија, самата несвесна за тоа. Ја збесна и втората причина што беше наведена во туж-бата: дека таа, мајка му, не може сама да се прехрани, а камоли детето. Дека ќе нема средства за негово нормално воспитување и образование. Марија беше целата во шок. Зошто го бараат детето? Што смисли-ле? Нели го отфрлија бидејќи во него не тече чиста германска крв, туку измешана со нејзината „нечис- та“.

Значи, сепак на крајот го испратија тој страшен документ... Ужасен за Марија и за детето... Toa беше чудовишно. Ете каков план беа скроиле тие двајца монструми. А го убедиле и него. Нејзиниот Хелвиг.

Сосем се фатил во нивната замка.

Марија разодуваше наваму-натаму низ дворот. Се чувствуваше како зверка, фатена во стапица. Каде да оди? Од кого да бара помош? Кој да и помогне да нај-де работа? Највалкана работа ќе работи, само да дој-де до средства за живот. Нека биде дури и работа опасна по здравјето. По животот.

Но, веднаш, пред очите и излегуваа рамнодушни-те лица на службениците од претпријатијата и ин-ституциите каде што молеше за работа. Во моментот и дојде спасоносна помисла: да оди кај претседателот на градот. Да му падне на колена. Да го моли. Да оди со детето в раце. И тој можеби има деца. Сигурно не е толку бесчувствителен. Кога ќе му раскаже дека ќе и го одземат детето поради тоа што не е вработена, што нема средства за живот, можеби ќе и се смилува.

Нејзиното единствено дете. Не, тој ќе мора да ја раз- бере...

Го скри ковертот со втората тужба. Никој од до-машните да не може да го најде. Се облече. Го разбу-ди иго облече Карл и се упати во Собранието на гра- дот. Цврсто решена да бара од претседателот да ја прими и да ја сослуша. Таа знаеше: има многу невра-ботени во градот. Но, нејзиниот случај беше посебен.

Најтежок...

Во канцеларијата пред онаа на претседателот, ja пречека насмеано лице на убава млада секретарка.

Облечена со вкус и нашминкана. По нејзиниот само-задоволен израз на лицето, се чинеше како се да ие средено. Како да нема никакви проблеми. Кога и ка- жа за што е дојдена, секретарката реагираше нервоз- но. Очигледно, не беше вообичаено во оваа нејзина просторија да доаѓаат луѓе со мали деца.

- Ве молам да бидам примена кај претседателот.

Многу ми е важно... - прошепоти Марија.

Секретарката уште еднаш ја изгледа од главата до петиците и и одговори дека претходно мора да се на- јави. Барем по телефон.

Марија се обиде накусо да и каже за својот проб- лем. Беше среќна што Карл беше многу мирен. Како да знаеше дека се зборува за нешто многу важно. За него и за мајка му. Марија се понадева дека секретар-ката, бидејќи беше толку млада, Ke ja сфати и Ke 1 по-могне да влезе кај претседателот. Но, забележа дека девојката ја слушаше рамнодушно, дури со здодев- ност. Одвај дочека Марија да заврши со зборувањето, и отсечно и рече:

- Претседателот сега има состанок, а веднаш по- тоа ќе замине на пат. За оваа ваша работа треба да одите во Заводот за вработување. Претседателот не се занимава со овие прашања.

— Но, сум била многупати... He Te ни сослушуваат како што треба, - Марија речиси ќе се расплачеше.

- Ќе бидете поупорни. Мораат да ве сослушаат.

Тоа е нивна должност.

Марија молчеше. Молчеше се уште и малиот Карл. Но, забележа дека девојката стана уште понер- возна. Почна да преместува, исто така нервозно, не- кои чаши од сокови и филџани од кафиња, кои веро-јатно штотуку ги беше изнесла од канцеларијата на претседателот. Марија сфати дека на тој начин и ста- ва до знаење дека треба да си замине.

Го крена в раце Карл и, без да се поздрави со де-војката, со молчење излезе.

Секретарката гледаше по Марија и нејзиното мало дете, кои си заминуваа, со големо олеснување. Таман работа секого да пушта кај претседателот. Што ќе ра-ботат другите служби? - си мислеше.

Марија беше во очај. Се нервираше зошто сосила не влезе кај претседателот. Не требаше да ја слуша оваа наконтена девојка. Очигледно, ништо од тоа што и зборуваше, не допре до неа. Одеше со детето по улицата без да знае каде оди. Во Заводот за врабо-тување знаеше дека ќе го слушне истиот одговор од несмасниот референт... Му беше здодеало од такви истории. Секоја му личеше на претходната. На не- колкуте обиди да го заинтересира за својот проблем, својата мака, секогаш и одговараше:

- Ќе чекаш на ред, бре другарке. Колку има пред тебе... И не со едно, со многу деца.

Марија не знаеше кај кого да оди и со кого да се советува. Не веруваше дека судот во Германија ќе од- лучи што било без да ја сослуша. Мора да ја повика- ат. Уште повеќе што има германско државјанство.

Тој мора да и го плати патот. Уште не се разведени...

А што се однесува до тоа дека таа нема средства да го издржува Карл - ќе го издржува тој. Зошто му е тат- ко!

Но Марија не беше повикана во Германија, туку во судот во градот каде живееше. На закажаниот ден се облече убаво. Детето го остави со мајка си и една од сестрите. Отиде сама во судот.

Судијата се обиде да ги разбере причините поради кои го напуштила мажот и неговиот дом. Марија ре-че дека се скарала со неговите родители. Невозмож-но е да се живее со нив. Тие се многу зли. Убијци...

Кога ги кажа тие зборови, судијата ја опомена - да не навредува никого.

- Овае суд, — м рече судијата, -а He улица.

Марија одвај се контролираше.

- Но вие сами, по ваша желба, сте го напуштиле сопругот, неговиот дом. Сте ја напуштиле државата во која тој живее и работи! Дури и детето сте му го зе- ле. Без претходен договор со него. Со сопругот.

На некој начин се изгледаше така како што збору-ваше судијата. Според наведеното во тужбата, кој и да е судија, па и друг, обичен човек, тоа ќе го заклучи.

Од каде можеше судијата да знае во какви услови бе-ше доведена во семејството на тој нејзин маж? Како би ја сфатил нејзината понижувачка состојба? Ужас-на изолација! Односот на неговите родители кон неа? Од тие двајца злобници. Дека од првиот ден ко-га стапна во нивната куќа ја пречекаа со омраза. Дека тоа го покажуваа отворено. Не го криеја.

Судијата само тоа го знаеше од тужбата - нејзи-ниот сопруг Хелвиг, Хели, како што го викаше таа, ја обвинува дека е виновна за раскинувањето на нивни-от брак. Без да спомене за што било, што се случува-ше таму... За сите ужасни работи што тој требаше да ги спречи, а не го стори тоа. Наместо таа него да го обвини, што ја повреди толку многу.

И се стори како гласот на судијата да го слуша од многу далеку... Го кажуваше нејзиното име со пови-сок тон... Но... пред нејзините очи се редеа неубавите настани... Сето мачно што и го зацрни животот овие последни години.

- Истотака Bo врска со детето, - допре до Hea гла- сот на судијата...

- Со детето, што со детето, со Карл ?! Тие се луди.

И тој, и мајка му, и татко му... Тие не ме сакаа ни ме-не, ни детето. Не сме германска крв, за нив, таа, про-славената... од војните... И што им значи сега тоа -го бараат детето... Измислиле - било Германче... А мојата крв... славјанската во детето, каде е, кај оти-де?... Или, едноставно, може да ја избришеме... Како што сакаат мене да ме избришат... Просто: не сум би-ла жена на Хелвиг, не ме сакал, не ме повел во Гер-манија бидејќи ме засакал... Го сакаат детето... нив- ното дете...

- Јас, госпоѓо Марија, не можам да навлегувам во подробностите на вашиот интимен живот, во бракот.

Јас се придржувам на наведените факти. Тука стои дека вашиот брачен другар бара да се разведе бракот.

Вие повеќе од година дена живеете одделно, а колку што можев да разберам од вашето кажување, и вие не сте биле задоволни од тој брак, од тоа семејство.

Значи бракот, логично, треба да се раскине.

- Сето оваго измислиле неговите родители... Ca- мо тие...

- Но, на тужбата за развод е потпишан тој... Ваши- от сопруг...

— Тие! Tue ro натерале! - Марија речиси плачеше.

— Да, нотој нее малолетен...

- И сега?!

— Cera, да дадете изјава дали сте согласни да се разведете по договор, спогодбено.

Колку сето тоа изгледа едноставно, просто... од ус-тата на судијата... Марија трепереше... Очекуваше на сличен начин тој да резонира во врска со детето...

- За разводот сум согласна, - одвај изусти Мари- ја. Зборовите, мачни, тешки, ќе ја задушеа.

Судијата како само на тоа да чекаше. Дури и се стори дека воздивна со олеснување. Веднаш продол- жи. Во меѓувреме извади шамиче и внимателно ја избриша потта од челото.

- Што се однесува до детето, вашиот сопруг навел дека не сте вработена. Дека сте без какви било сред-ства за живот... Гочно ли етоа? И дека поради тоа не-мате услови, барем за сега, да го одгледувате?

Марија рипна од столот, и тргна застрашувачки кон судијата. Потоа почна да му вика:

- Вие сте на нивна страна. На страната на тие не- луѓе! Со што ве поткупија?... Можеби со марки... Тие имаат многу марки... Наследиле од нивните родите-ли, кои добро заработиле во војната... правејќи оруж-је... убивајќи невини... Toa нивно семејство... Гочно е

- јас немам пари, не сум вработена, но ќе се врабо- там... ќе заработувам... Детето нема никогаш да им го дадам... Ќе ги убијам сите до еден... цело семејство, но детето ќе биде само мое... Тука ќе расте, кај нас...

кај луѓе... а не кај тие изроди... Со злато да го полеат...

нема да им го дадам!

— Но, додека не најдете работа, ќе морате да го да- дете детето на нега и издржување кај татко му... Де-тето не може да страда... Татко му, според докумен-тите што ги приложил, добро заработува, - одвај ус-пеа да ги каже овие зборови судијата, и додаде: - јас не сум виновен, таков е законот...

- Каков закон! Малку им е што ме уништија, са- каат и детето да ми го одземат. Тоа е се што имам...

Не смеете да донесете таква пресуда... Кој сте вие што ќе пресудите да ми се одземе детето?! Макар и на из-весно време... Верувам дека не сте до таа мера нечо-век... Тоа би било премногу жестоко од ваша страна...

Ве молам, немојте да им помагате докрај да ја оства-рат нивната цел... Тие ме убија мене... Во тоа успеа-ја... Не помагајте им да го убијат тоа малечко, тоа не-вино двегодишно дете... Да го остават без мајка...

- Нојас неја донесувам конечната одлука... туку судот во Германија... Вие, како што е наведено тука, сте германски државјанин...

- Не можам да си простам за тој чекор, непро- мислен, што го направив... Но, ни во најлош сон, ова што се случи не можев да го видам... А ете..

Солзи незапирливо и лиеја од очите. Лицето и се искриви од болка. Судијата сфати во каква состојба се наоѓа жената и ја остави да ја искаже целата своја мака.

Тој полека се повлече од судницата, одејќи чекор по чекор наназад. Дактилографката ја замоли Мари-ја да се потпише на записникот. Ете, само за да се знае дека била на расправата. Марија механички, не- свесно, го направи тоа. Потоа дактилографката ја ис-прати до излезната врата.

Марија се најде на улица. Надвор од судот... Сама со својата трагедија... Со својата болка.

Во заматената глава чувствуваше страшен прити- сок. И се чинеше дека сите возила доаѓаат накај неа.

Дека ќе ја прегазат. Наједноставно би било да се фр-ли под некое од нив... А потоа, што ќе биде со Карл?..

Тогаш уште полесно би го зеле... Одеше како низ не-пробојни магли, низ непроодни шуми...

Дома сите ја чекаа. На купче. Собрани како пред некоја голема несреќа... Од нејзиниот подгрбавен из-глед, од расплаканиот поглед во нејзините очи, се разбраа... Никој ништо не ја праша... Марија го граб-на Карл од рацете на сестра и Лиле и силно го при-тисна на градите. Лицето му го облеа со солзи.

Боже, зарем и детето ќе и го земат?!

Следеа денови на беспомошност. Стравови од се-кое тропнување на портата... Од доаѓањето на новиот поштар што ги носеше сите најлоши за неа вести.

Можеби требаше да му се закани на судијата дека ќе го убие, ако донесе пресуда со која ќе и го одземат си- нот...

Толку беше напрегната во исчекувањето на пресу-дата, што не беше во состојба што било да преземе во врска со вработувањето. Напнатоста и нервозата ја беа совладале... Постојано се караше и со домашни-те... Бараше од нив повеќе храна да остават за Карл.

Се да има за него, во секое време. Како да можеше некој невидлив постојано да набњудува во какви ус-лови живее нејзиното дете.

Почна се помалку да излегува. Речиси воопшто не даваше никоја од сестрите да го изнесува Карл на- двор од куќата. Домашните сфатија дека таа се пла-ши некој да не и го одземе насилно. Можеби се пла-ши да не го киднапира татко му. Тоа некако и го сфа-ќаа, иако не веруваа во таквата можност.

По извесно време, Марија почна преку цел ден да останува со Карл во собата. По многу часови. Излегу-ваше од таму, така да се каже, за најголеми потреби.

И мајка и и сестрите се обидуваа да разговараат со неа. Ја советуваа, ја караа. Не помагаше ништо. Карл, бидејќи се беше навикнал да си игра во дворот и мно-гу често да го шетаат надвор од куќата, затворен во собата нервозно плачеше.

Загриженоста кај сите беше се поголема. Затоа, кога на портата затропа судскиот поштар, сега веќе сите го препознаваа, страв им влезе во коските. Дури се плашеа, која било од нив да го земе известување- TO.

Марија повеќе ro насети, отколку што го слушна неговото присуство во дворот. Избезумена, истрча од собата. Го грабна пликото од рацете на поштарот од судот. Се потпиша на испратницата и пак се втурна во собата. Пред Карл да успее да избега однатре. Не можеше да си поверува на очите. Вистината од напи-шаното во пресудата, во мигот ја отфрли... Не сакаше да дозволи да допре до нејзиниот мозок, тоа, ужас-ното што го кажуваа буквите, зборовите... Не знаеше како не го искина... на ситни парченца... Требаше да го искине... И се стори дека од сите страни настрвна-ти зверови и се приближуваат... нејзе и на нејзиното дете. Го притисна Карл до градите, како волчица што го штити својот пород од посилни од неа... Карл за-спа... Почувствува дека и омлитавуваат рацете... Ста-нува немоќна... По инстинкт го стави заспаното дете во креветчето... Стравот и навлезе во душата. Во ср-цето... Ја поклопи... Темнина... Бесконечна темнина.

Мајка и и сестрите во претсобјето ништо не збору- ваа. Наслушуваа...

Од собата каде што беше Марија со синот, првин се слушна писок... Страшен... Потоа тишина... Мол- чеше и детето...

Што ли имаше во тоа проклето писмо?... Дали да и тропнат на вратата? Или да ја остават малку да се смири?... Да преболи...

Бидејќи и по еден час, скоро час и половина, ни-што не се слушаше од собата, мајка и тивко затропа...

Никој не одговори... Пак затропа.

- Марие, што правиш вакви глупости! Те молам, не измачувај го и детето... Toa е навикнато со нас.

Што си го затворила таму само?! Излегувајте нава-ка... Ајде, ручекот се излади... Од кога е готов. Глад-ни сме сите... Вас ве чекаме.

Додека мајка им зборуваше, девојчињата гледаа со страв кон собата, каде беше Марија со Карл. Не можеа да сфатат зошто молчи и Карл... Можеби е претерано изморен - си мислеа...

Никој не проба од ручекот. И не вечераа... И спие-њето повеќе личеше на дежурство во болничка соба, отколку на спиење...

Утредента рано, мајка и на Марија тивко, на прс-ти, се приближи до вратата. Ќерката и внукот се уште беа внатре во собата. Карл изнемоштено потплаку-ваше... Од Марија ни глас.

- Маре, - полека се обиде мајка и. - Ајде ќерко...

Како не ти е жал за детето?... Немој да го измачу-ваш... Ништо не јало... И водичка може не си му да-ла... Кутричкото... Те моли мајка, ајде послушај ме...

Тишината ништо не ја наруши. Само Карл малку посилно заплака.

Мајка и речиси шепотеше. Гледаше да не ги раз-буди другите ќерки. Но, кога се сврте - тие и двете стоеја зад неа. Го крена кон нив загрижениот поглед.

Полн со прашање: што да се прави?! Тогаш, во тој момент, се реши. Почна силно да тропа на вратата од собата. Сфати дека веќе не може да се биде претпаз- лив. Дека не смее да се чека. Најмногу заради дете- то... Претчувствуваше дека тоа веќе не е безбедно.

Сестрите на Марија направија чекор кон мајката. Да-ли постапува правилно?... Да не направи уште поло-шо... Но ништо не зборнаа.

Мајка им сфати и рече:

- Нема повеќе што да чекаме...

Почна уште посилно да удира по вратата. Да ви-ка... Марија не одговараше... На сите три им беше јас-но дека положбата е веќе критична...

Тогаш постарата сестра набрзина се облече и из- лезе. Мајка и не ја праша ништо. Ниту таа рече што било.