Front Matter - Part 07
Не помина многу време до денот кога Хелвиг на- кусо им кажа на своите родители за новата жена. Се вика Марша. Ќе живее со него. Кога таа сосема се пресели на горниот кат, тогаш ги запозна со неа. Им кажа исто така дека Марша знае се за Марија и за де-тето, и дека не и пречи што не е разведен.
И навистина, за Марша работите во животот беа толку едноставни. Нејзе и требаше маж. И тоа ситу- иран. Кој има свој дом. Кој ја прифаќа да живее со него. Таков беше Хелвиг. Тоа што и раскажа за него- вата поранешна жена и синот - е решена ситуација.
Тие се разделиле. Таа си отишла во својата земја. Де-тето е со неа. И сосема нормално, детето може да го одгледа само неговата мајка. Веруваше дека нема ни-когаш да ги запознае.
Марша, интимно во себе, не можеше да сфати ка-ко Хелвиг се согласил, се помирил, воспитувањето на својот син да и го препушти на таа туѓинка. Но, кој ќе ги разбере докрај мажите? Се разбира, најчудно беше што се оженил со неа. Очигледно тоа не успеа- ло...
Марша му постави на Хелвиг услов, за да се пресе-ли кај него, и да живеат заедно, сосем да се одделени од неговите родители. Во секој поглед. Таа беше по-себен тип жена. Сакаше чисти ситуации. И уште по-чисти сметки. Најмногу се грижеше за своите инте- реси. За своите удобности. Се требаше да им биде подредено.
...Родителите на Хелвиг постојат како непобитен факт. Куќата е нивна. Му даваат на Хелвиг да живее во неа. Сам. Сега, заедно со неа. Родителите постојат додека ќе постојат. Хелвиг е нивни единствен на- следник. По смртта на старците, се ќе биде негово.
Ако тој се разведе и ja земе за законска жена - и неј- зино. Колку Хелвиг ја сака, не знае. Ја викна да жи- веат заедно - значи, ја сака... Или барем му се допаѓа.
А и тој нејзе и е близок. Изгледа дека ќе можат да се поврзат за подолго. Можеби засекогаш. Тој добро за- работува. Но, и таа.
Односите на Марша со мајка му и татко му на Хел-виг, таа ги беше свела на најлаконски реченици. Ги посетуваше само заедно со Хелвиг. Ако беа офици-јално поканети. Кон нив се однесуваше како станар-ка кон станодавци. Целиот заеднички живот со Хел-виг, така го организираше, што нему му остануваше се помалку време за посети на долниот кат. Кај роди- телите. Марша секогаш имаше задачи за него. Набр- гу стана човек во нејзина власт.
Мајка му и татко му на Хелвиг брзо се разочараа во новата снаа. Се разбира, тоа не сакаа да му го по- кажат. Уште помалку, да му го кажат на нивниот син.
Ќе испаднеше дека, ете, ни една жена што Ke ja избе-ре нивниот Хелвиг, не им се допаѓа. Си мислеа - мо-жеби работите понатаму ќе се изменат. Ќе се зближи со нив. Или барем ќе има поголемо почитување. Ка-ков било контакт. Ќе слушнат нешто повеќе од неа. И нешто друго освен: „Добар ден. Како сте? Имаме многу обврски.“ И кога ќе дојдеа на посета, повикани од нив, Марша никогаш не си заминуваше сама. Са-мо заедно со XeJIBUT. A, и двајцата остануваа кратко време. Таа постојано брзаше. Мајка му на Хелвиг не можеше да поверува дека Марша сосем го зеде под своја команда. Таа одвај чекаше да отиде некаде, за да поразговара со синот насамо. Ако така се однесу-ва кон Хелвиг уште сега, што ќе биде со него поната-му? - си мислеше таа.
Тоа што не доби ниедно писмо од Марија, на Хел-виг му беше чудно. Не очекуваше дека таа толку брзо ќе се откаже од него. Ако не заради себе, требаше да му се јавува заради синот. Тој ништо не знаеше за не-го откако заминаа. Не еднаш си го поставуваше исто-то прашање: дали тој можеше нешто да измени во се што се случи и што ги раздели? Помислуваше да оди кај нив, да ги посети, да види дали Марија нашла ра-бота и затоа не му се јавува за пари. Но, беше сигурен дека многу неубаво ќе биде пречекан од нејзините. A и од Марија. Ако сакаше да се видат - таа ќе му сеја- веше. Немаше право да го држи во таква неизвесност за Карл. Тој не е само нејзин. Доаѓаше во искушение да ја побара.
Не беше сигурен дали, ако Марија му напишала писмо, мајка му не го скрила. Но, тоа никогаш не би му го признала. А од Марија не можеше да разбере.
Со целата своја нерешителност, а и поради новата ситуација, откако кај него се пресели Марша, сфаќа-ше дека да ги посети Марија и детето, ќе биде се по- неостварливо. И кој знае по кој пат, Хелвиг се обиду- ваше, во мислите, да ја обвини Марија. Всушност, таа ја искомплицира ситуацијата... Ако си помолчеше, ако не гледаше со таква преосетливост на работите, па и на постапките на неговите родители, немаше да дојде до сето ова. Можеби како мајка на тукушто ро-дено дете, требаше да биде подготвена за поголеми жртви.
Не и требаше да копа во минатото на неговите ро- дители. Тука секако имаше и негова вина, што нико- гаш ништо не и раскажа за нив. Не ја подготви. Не веруваше дека ќе дојде до толку голем конфликт, кој не ќе може да се надмине. Инаку, не би ни помислил да ја доведе дома. Се се одвиваше толку брзо, што и самиот тој се изгуби. Не се снајде. Во моментите кога во главата му доаѓаа вакви размисли, чувствуваше дека сака да сија намали вината пред себеси самиот.
И, некаде длабоко од потсвеста, излегуваше праша-њето - ако навистина ја сакаше толку многу, како што му се чинеше во почетокот, кога ја убеди да трг-не со него - дали немаше да најде некој друг излез?!
Но... бегаше од ваквото прашање.
Тоа што Марија молчи, што не се јавува, секако е побезболно за неа. Сигурно не го сака веќе. И како би можела да го сака? Сепак... Не му се веруваше де-ка така одеднаш... Дека сосем ќе го избрише. И зо-што да не? Не се обиде да ја спречи да замине. Со де- тето. Да ја врати, исто така не се обиде. Марија, не са- мо што разбра кои се неговите родители, па и него-вите баба и дедо, туку продре во неговата суштина.
Во тој другиот Хелвиг, кој и самиот сакаше да го скрие од себеси. Марија тој другиот Хелвиг нема да може да го сака...
Се обидуваше да се теши дека, колку ќе поминува времето, раните ќе се залечуваат... Можеби ќе може и даго посети синот. А и малиот повеќе ќе разбира...
ќе можат да се запознаат. Истовремено мислеше де-ка Марија тоа никогаш нема да му го дозволи. И со право. Таа сама ќе се измачува околу неговото подиг- нување...
Сите овие размислувања, кога во ретките момен-ти ќе останеше сам, му беа страшно потребни на Хел-виг, во неговите обиди да си ја смири совеста.
Марија беше изгубила секаква надеж дека Хелвиг ќе се Јави. Веќе и пари не чекаше од него. На един-ственото писмо што му го испрати, немаше никаков одговор. Можеби и таа е виновна што толку долго време не му се јави. Сега, кога и на тоа единствено писмо не одговори, Марија се покаја што го напиша.
Треба да биде поупорна во барањето работа. Ни-когаш повеќе нема да му се јави. Да му бара пари за издржување... Зошто да не? Синот е и негов. И тоје должен да испраќа средства за издржување. Веќе на-вистина треба да го тужи. Судот да му каже кои се не-говите должности кон детето... Но и за сето тоа, за поведување судска постапка, преку меѓународен суд, кој знае колку пари се потребни. Мора прво да најде работа. Колку повеќе одеше на вратите, на местата каде што се надеваше да најде работа, се помалку ве-руваше дека ќе успее во тоа.
Марија сфаќаше дека најголема грешка и беше што го смени државјанството. Што и требаше да земе туѓо државјанство? А зарем можеше да претпостави, во тие први години со Хелвиг, кога навистина заед-ничкиот живот им одеше добро, дека работите ќе зе-мат ваков тек? Тоа е свршена работа. Нема зошто да се враќа назад. Но штом ќе и ги видеа документите, разните секретари на претпријатијата, кадровските службеници каде што бараше работа, веднаш ја ис-праќаа со негативен одговор. Дури имаше и недобро-намерни префрлања од стари белокоси службеници, како на пример: „Е мори моме, што ти требало да се излажеш по Германец, ние одвај куртуливме од нив, а ти...“ Некој пак поинаку, но со иста содржина:
„Малку Македончиња имаме, дури Германија треба-ше да одиш за мажење“ или „Ге излага, и дете ти на-прави како што кажуваш, па ти ги удри клоците. Ти, што очекуваше од тој сој? Не ти кажуваа татко ти и мајка ти дека го сотреа половина свет?“... или „Ај се друго, па и Германка си се направила, сега Германи-ја нека ти даде работа. Што бараш овде!...“ И така, од навреда до навреда. Не ретко, со солзи излегуваше од канцелариите. Се чувствуваше беспомошна што било да им одговори. Само еднаш се осмели, на еден помлад референт за вработување, во фабриката за чевли, да му свика:
- Јас не дојдов да те прашам како да си го редам личниот живот, туку да барам работа. Тебе за тоа те поставиле овде, а не да држиш политички или мора-листички предавања, - и брзо излезе.
Ги испродаде сите работи. Накитот што и го пода-руваше Хелвиг во изминатите години. Веќе ги тро-шеше последните пари што ги зеде за нив. Луѓето, кога ќе те начекаат на тесно, гледаат се да ти купат под реалната цена.
Со месеци веќе немаше пари. Немаше писмо. Се помали беа надежите да се вработи. Речиси никакви.
Тоа што го заработуваше нејзината сестра, и мини-малната пензија на мајката, He стигнуваше ни 3a ос-новни потреби. Зарем и тоа малку да им го троши?!
Никој ништо не и велеше. Не ја потсетуваше на тоа.
Но, таа беше свесна дека немаштијата се повеќе ќе ја зголемува нервозата. Па, може да дојде и до неубави односи. На моменти ја фаќаше таков очај, што поса- куваше некаде да бега, но каде?
Како да провери дали писмото што му го напиша на Хелвиг е дојдено до неговите раце? Сигурно го има земено таа вештерка, мајка му. Поштарот доаѓа во претпладневните часови, кога тој е на работа. Не можеше да верува дека Хелвиг нема да испрати пари, барем заради синот, ако веќе не сака да напише пис- мо. Дали е уште дома кај неговите, или пак заминал во друга земја? Се обвинуваше себеси, зошто не беше поупорна да се запознае и да се зближи со некои лу-ѓе, таму, во градот. Па сега, преку нив да разбере што се случува со Хелвиг. Но, од друга страна, тоа беше невозможно. Откако отидоа да живеат кај неговите, таа веќе беше во напредната бременост. Не можеше многу да излегува. А и мајка му и татко му ја ставија во изолација... На моменти се лутеше самата на себе- си. Зошто сега постојано да се враќа на тоа што по- мина? Треба да мисли што понатаму...
Како и секоја вечер кога легнуваше да спие, и таа, сонот не и доаѓаше. Без да сака, го слушна разгово-рот меѓу мајка и и една од сестрите. Тие спиеја во со- седната соба.
— Мене jaHsa ме изеде уште Kora така дојде, нена- дејно. Сама, со детето. Без Хелвиг. Лицето нејзино ми кажа се. Само што ја видов, - зборуваше мајка и со шепотење.
- Странец cu е странец, - воздивна сестра и. По гласот, изгледа беше Наде.
— Море, ako ja остави, за сите ќе биде потешко!
Што е должна таа сама да го гледа детето?! Ila уште ако не најде работа. Тој ќе мора да и испраќа пари!
- Мене мие жал за Карл... - рече сестра i1. - Ke туркаме некако. Можеби и Марија ќе најде работа...
Мајка и молчеше...
Марија безгласно плачеше. Беше свесна за безиз-лезноста на ситуацијата. Работите сосем се изменија.
Таа, со се што можеше, го помагаше своето семејство во изминатите неколку години. Па и пред мажењето.
Се обидуваше, и во овие најневозможни услови, да не ја изгуби надежта.
Утредента, со солзи во очите, продаде едни нови панталони од Карл. Во близина, на пазарот, каде што се продаваат детски работи. Со тие пари, иако на-спроти својата волја, испрати телеграма до Хелвиг:
„Хелвиг, итно јави се“ - му напиша во телеграмата.
Се надеваше дека телеграмата ќе мора лично да му биде предадена од поштарот.
... И пак, мачно исчекување. Ги броеше деновите.
Секој ден го пречекуваше поштарот, штом ќе се за-дадеше од крајот на улицата. Тој сфаќаше колку и е потребно да и го донесе тоа писмо што го чека. Речи-си со виновен израз на лицето и очите, одречно од-мавнуваше со главата, и заминуваше.
Сигурно отпатувал некаде, да работи. Во друга др- жава. Ја нема добиено и телеграмата. Или и таа завр- шила во рацете на мајка му. Покрај неа ништо не мо-же да помине. Со таквото размислување, Марија са-каше да го оправда Хелвиг. Да не биде тој виновни- кот...
Марша, уште од првите денови откако се пресели во куќата на Хелвиг и се реши да живее со него, се постави како негова сопруга. Не беше оптоварена со тоа што тој не е разведен. Тие работи за неа беа само формални. Секако дека, едно по едно, прашањата ќе се средуваат. Па, дури и тој да треба да испраќа пари за издржување на синот. Сосема е нормално. Важно, тие се далеку од Хелвиг.
Таа уште од првите денови му кажа на својот иден сопруг дека сака да има дете. Раѓањето дете за Мар-ша беше итна работа. Така најбрзо ќе ја зацврсти оваа врска со Хелвиг. А и за Хелвиг ќе биде подобро.
Полесно ќе го преболи заминувањето на малиот Карл од неговиот живот.
Тоа што Марша сака да има дете, Хелвиг го смета-ше за нормално. Го прифати. Уште повеќе штом, формалностите околу неговиот развод со Марија, бе-ше очигледно не и пречат. Но, минуваа месеци, и Марша не забремени. Тој почна да ја чувствува неј-зината се поголема нервоза. Се правеше дека не ја за- бележува. Не се ни обидуваше да разговара со неа на таа тема. Чувствуваше дека таквиот разговор ќе биде многу непријатен за Марша. Хелвиг за ова прашање не сакаше да зборува ни со мајка му. Се плашеше де-ка таа ќе добие адут против оваа негова врска со Мар- ша. Уште од првите денови му беше јасно дека меѓу нив двете никогаш нема да се создаде никаква блис- кост. Дури ни пријателство. Имаше во самите нив не- што што ги одвраќаше една од друга. Тоа Хелвиг не се обидуваше да го решава. Знаеше дека ништо нема да измени. Одбојноста една кон друга беше во нив-ните карактери. Во нивната болна потреба за посе- дување. За надмок. Во нивниот драстичен егоизам.
- Марша, знам дека те измачува што не забреме- нуваш, - се обиде сепак еден ден да разговара со неа Хелвиг. - Треба да се советуваш со лекар-специја- лист.
— Веќе бев, - му одговори Марша раздразнето. - Лекарот мисли дека е на психолошка основа. Пред се поради тоа што не ни е среден односот. Ми совету-ваше да ти сугерирам што побрзо да се разведеш.
Во првиот момент, Хелвиг се разбесне. Каква ли е оваа лукавост на жената со која почна нов живот?
Каква врска може да има тоа формално прашање со забременувањето? Чисти измислици! Но, сепак се воздржа.
- Секако, - рече. - И без кој било да советува, ед- наш ќе мора и таа работа да се заврши. Но, не веру-вам дека тоа има врска со бременоста. Не е лошо ти да отидеш и кај друг лекар. Немој погрешно да ме разбереш! Јас тоа, за детето... не настојувам веднаш...
да...
— Секако, - cera Марша се налути, — ти и не мораш воопшто да имаш други деца. Си имаш син! Не е важно што не е тука!
Хелвиг почувствува потреба да ја удри. И тоа ќе значеше крај. Се воздржа и излезе од дома. Одејќи без да знае каде, по улицата, размислуваше поспо- којно. Логично е Марша да сака да го направи озако- нето ова живеење заедно. Нормално е, да сака да има свое дете. Компликациите се од негова страна. Иако на моменти мислеше дека треба да постапи обратно
- да не брза со разводот. Па и со влегувањето во брак со Марша. Да има повеќе време да ја запознае.
Сепак, Хелвиг по неколку дена отиде кај својот ад-вокат и му го предаде, како на свој полномошник, це-лиот предмет за разводот. Некои работи и усно му ги објасни. Адвокатот беше релативно млад човек, и многу комуникативен.
- А детето, нема да го барате?
Ова прашање на адвокатот го збуни Хелвиг. Го уп- лаши. Тој молчеше подолго време.
- Ако сакате размислете, па наминете друг ден.
Тогаш ќе ми кажете што сте одлучиле. Не мораме веднаш да ја напишеме тужбата. А, исто така знаете, ова нема да оди така брзо. Се работи за луѓе од две различни земји.
На Хелвиг му беше јасно дека во овие нови окол-ности во неговиот живот, поради оваа жена со која веќе живее заедно, не би можел сам, без нејзина со-гласност, да одлучи да го бара детето. Исто така по-ради, или најмногу поради неговите родители. Но, фактот што и законски на некој начин како да Ce OT-кажува од него, му изгледаше страшен. Ужасно пре-давство кон синот. Кон самиот себеси, како негов тат- ко. Татко на толку малечкиот Карл. Во тој момент му се стори дека не смее да излезе од канцеларијата на адвокатот, без да го даде одговорот во врска со синот.
Само сега, во овој момент, може да каже дека нема да го бара синот. И веднаш да излезе. Му беше срам од таквата своја одлука, дури и пред адвокатот.
- Синоте многу мал, мора да остане кај мајка му,
- рече. Само толку. Остави пари, аванс, колку што му побара адвокатот, и со брзи чекори, излезе.
Целиот пат кон дома ги разгледуваше работите кои го принудија на таквата одлука. Се обидуваше да си ја смири совеста... Но, тоа не одеше така лесно. Се до тој момент, до таа одлука, сите случувања во врска со заминувањето на Марија со детето, како да беа привремени. Нешто што ќе помине. Па, и ова со Марша. Дури и нејзиното преселување кај него. Но, неговата одлука да се откаже од веќе родениот и пот-пораснат син, поради раѓањето на друго дете, со оваа друга жена, како да го порази. Него самиот. Од него-вите сопствени постапки. И неопходноста од нивно- то озаконување.
Што ako Марша не роди дете? Во тој нов нивни озаконет брак? Синот, единствениот, ќе расте и ќе живее некаде далеку. Ќе знае дека татко му се отка-жал од него... Тоа никогаш нема да му го прости. А можеби Марија ќе му зборува дека нема татко. Дека е умрен. Тоа ќе биде исто како тој да нема син... Toa размислување беше пеколно. Копање во сопствена- та совест.
Кога вечерта Хелвиг се врати дома, Марша мисле-ше дека прегазил некого со кола. Толку изгледаше несреден. Несреќен. Не и рече ништо. Се изми. Набр- зина облече пижама и си легна.
Марша си помисли дека одлучил да го прекинат заедничкиот живот. Можеби поради тоа што му рече дека треба да се разведе од претходната жена. Зар тоа не беше нормално? Не би требало ни да го потсетува на таа негова обврска... Штом почна нов живот. Не требаше да се налути кога таа го поврза разводот со забременувањето. Таа не е виновна што така и рече лекарот... А да биде искрена кон себе, и самата сака-ше да верува во тоа. Положбата во која беше доведе-на со тоа што, од засега нејасни причини, не можеше да забремени, и стануваше полесна. Камо среќа ако се реши со разводот! И за Хелвиг ќе биде значајно да има уште едно дете. Токму поради сите нешта што се случиле со неговото несреќно женење, и тоа негово дете, таму, некаде далеку... Но, тоа за неа и не беше толку важно. Желбата да има дете, во неа беше толку голема, што не сакаше да верува дека тоа нема да се случи.
По неколку дена, Хелвиг и кажа на Марша дека ополномоштил адвокат да поведе бракоразводна по- стапка. Тоа неа многу ја израдува. Но, не покажа. Ис- то така, не го праша дали ќе го бара и детето... Иако, ја интересираше најмногу од се. Хелвиг насети дека таа би го прашала за детето, но не се осмелува. Сами- от и кажа.
- За синот, размислував дали да го барам или не.
Сепак решив да го оставам кај мајка му. Мал е уште.
Тоа би било ужасно и за мајка му. Да и го земам.
Марша го привлече кон себе и го бакнуваше, ве- лејќи му:
- Знаев јас дека ти си хуман човек. Дека имаш добро срце. Инаку не би те засакала, - му шепотеше таа.
На Хелвиг тоа во моментот му се стори многу не- искрено. Затоа се ослободи од нејзината прегратка.
Отиде да си земе нешто за пиење.
- Ако решев поинаку 3a синот, ти, ќе Ce противеше ли? Ќе сакаше ли да го чуваш и да го гледаш? - Тоа прашање се осмели да и го постави откако го испи третото шише со пиво.
Марша се збуни. Прашањето дојде толку ненадеј- но. Ја начека неподготвена. Едноставно, како со кам- шик да ја удри преку лицето. Знаеше дека од тој од-говор многу зависеше нивниот натамошен однос. Со Хелвиг. Но, истовремено, беше свесна дека ако таа сега каже нешто лажно, тој веднаш ќе осети. Молче- ше.
— Јас, Хелвиг, сега најмногу би сакала свое дете, — рече, не одговарајќи директно на неговото прашање.
- За твојот син не сум размислувала... Навистина мислам дека многу правилно си постапил што не си го побарал по судски пат, при жива мајка... Јас нико-гаш не би можела да застанам на нејзино место...
Хелвиг почувствува дека е време да ја сменат те- мата на разговорот. Додаде само уште тоа, дека ад-вокатот му рекол оти разводот нема да оди така брзо.
Но, тоа за Марша не беше битно. Најважно е дека Хелвиг се реши на тој чекор. Сепак ќе биде посигур-на ако ја озакони својата врска со него. Уште повеќе...
ако не може да има дете. Таа помисла и беше нај- страшна. Од неа не ќе може да побегне...
* XK Токму ce беше разочарала од сознанието дека ce прекинати сите врски со нејзиниот сопруг, со Хелвиг, по подолго време влезе поштар во дворот. Марија се зачуди што не е истиот, оној кој повеќе години им носи пошта. Беше април. Топли априлски денови.
Таа срипа кога го слушна поштарот како го кажува нејзиното име и презиме. Но, не само што поштарот не беше истиот, туку и пликото што и го даде, откако побара да се потпише на дел од него, не беше вооби- чаено. Срцето и затрепери. Јасно и беше дека тоа не е писмо, ниту пак се пари од Хелвиг. Со рацете што незадржливо и се тресеа, се обидуваше да го отвори.
„Тужба за разведување на бракот“ - најпосле успеа да ги среди разиграните букви. Пред исплашените очи. Тоа значи е крајот! Солзите сами и потекоа. Но, зошто да плаче? Уште кога го напушти Хелвиг и си дојде дома со детето, можеше тоа да го очекува. Не, уште порано. Веднаш по тој разговор. Долу на катот кај неговите родители... Уште тогаш се беше јасно.
Но, изгледа човек, во вакви безизлезни ситуации каква што беше нејзината, се надева на најневозмож-ното... Напразно... Дефинитивно го изгуби...
Марија влезе во собата каде што спиеше Карл. И стана многу жал за него. Зарем таа очекуваше да рас-те дете без татко? Зарем сакаше нејзиното дете да не ја почувствува таа закрила, таа сигурност, што во пресудните моменти во животот ја дава само татко-то? Ете, и тоа се случи...
Дали ќе дојде сам на судењето, или ќе се разведу-ва преку застапник, ополномоштеник, не знаеше.
Уште еднаш ја разгледуваше тужбата, немајќи сме-лост да ја прочита. Сепак се реши да види кои причи-ни ги навел за разводот. Грлото и се исуши. И снема плунка. Воздух не можеше да вдише. Зарем Хелвиг?
Ја остава засекогаш? Веројатно нашол некоја Гер-манка, штом бара судски развод. Сигурно ќе се жени.
Нозете и се потсекоа. Седна на скалите. Куќата и се сврте наопаку. Хелвиг се откажува не само од неа. И од својот син!
Колку што читаше понатаму во образложението, за причините за развод, за раскинување на бракот, толку стануваше пореволтирана... Читаше: „самовол-но го напушти бракот, брачните обврски...“ Заремти тоа си го кажал, Хелвиг?! — си мислеше и бес ja опфа- ќаше. „Ти многу добро знаеш во каква состојба бев доведена во домот на твоите родители. Во каква страшна изолација! Какво понижување! Дури ни тоа, новороденото, прво и единствено внуче не ги измени и He ги омекна закоравените маски на злоба на нив-ните лица. Што требаше да чекам? На што да се на- девам?!“ Што направи тој, нејзиниот Хелвиг, нејзиниот са-кан во таа ситуација? Ја зеде ли во заштита? Застана ли на нејзина страна?
Значи, тој решил. Па, и нека се разведат. Можеби тоа ќе биде најдобро и за двајцата... И за синот. Одед-наш, кога си помисли на детето, почна со очите брзо да прелетува по редовите од тужбата: да не има не-што и за Карл?! Да не го бара?!... Не знаеше што е пострашно. Ако го бара - значи сепак, жал му е за не- го. Го чувствува како свое дете. Како свој син. Своја крв.
Марија знаеше дека, ни по цена да го убие Хелвиг, нема да му го даде Карл. Истовремено ја порази што во тужбата пишуваше дека тој смета оти синот треба да остане покрај својата мајка. Не го бара! Не му тре-ба! Се откажува од него! Ужасно контрадикторни чувства и го раскинуваа целото тело. Ја жежеа во мо- зокот. Како целата крв да и се беше истурила, да пливнала во него.
И така значи?! Тој, добродушниот Хелвиг, тој бла-городниот, кого го запозна како таков... во заеднич-киот живот што го поминаа сами двајцата... во земји-те каде што работеше тој... одеднаш ја прогласува за виновна што се растури нивниот заеднички живот!
Нивниот брак! Нивната њубов!
Тој многу добро знае зошто бев „виновна“... Но...
сето тоа е неповратно... Од неа веќе ништо не зависи.
* XK bea поминале речиси три месеци од првите разго-вори на Хелвиг со адвокатот. Тој и кажа на Марша дека терминот за развод е закажан. Ќе биде по десе-тина дена. Хелвиг очекуваше дека тоа ќе ја ораспо-ложи Марша. Но по нејзиниот израз на лицето виде дека не е така... Тој не и покажа дека го забележа тоа.
Сепак го тиштеше причината... Не сакаше отворено да ја праша...
Хелвиг не знаеше за последните гинеколошки прегледи, кои сосем ја обесхрабрија Марша. Нема да може да забремени. Страшна борба се водеше во нејзината душа. Не се испушта ли сега шансата Хел-виг да сиго побара детето?... И дојде таква идеја... Та-ка нивниот брак ќе има поголема смисла. Во спро-тивно, поради детето, ако тоа, како што изгледа, му остане единствено, ќе контактира со неа. Со првата жена. Можеби еден ден ќе посака и да им се врати.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/hatred-deep-mc/7 на 29 октомври 2026