Front Matter - Part 04
Го гризеше совеста што не зборуваше со неа сосем отворено. Се обидуваше сам да ја води борбата со своите. Многу често, кога се враќаше од работа, на- враќаше на долниот кат. Кај своите родители. Мајка му ќе го пречекаше со некој од нејзините специјали-тети, што му беа омилени. Тој ja насетуваше нејзина-та итрина. Да му угоди. Да го привлече, повеќе да ос- тане. Почесто да доаѓа. Понекогаш доаѓаше до иску- шение да и побара од некое од јадењата. Да однесе горе кај Марија. Но тоа не го правеше. Не сакаше да ја види нејзината негативна реакција. Со зборови и постапки. Со изразот на лицето. Тој израз, нему така познат. Што ги одбива луѓето. Што покажува колку таа, мајка му, некого не поднесува.
Како и да е, времето брзо течеше. Се наближуваа деновите на породувањето на Марија. Како ќе биде тоа? Каде ќе дојде тој нов човек? Несакан од најблис- ките. Од дедо му и баба му...
Доцна е што било да се враќа назад...
* XK Марија He можеше да го замисли породувањето како нешто толку нерадосно. За другите околу неа. И самата таа се чувствуваше, колку и да не сакаше, по-веќе тажна отколку среќна. Од моментот кога Хелвиг ја донесе дома со бебето од болница, со страв го оче-куваше доаѓањето на неговите баба и дедо. Мала бе-ше надежта, дека внучето ќе роди некакво чувство кај нив. За него. За неа. Макар толку, како кон мајка на нивниот наследник.
Со денови, од долниот кат, никаква трага на заин- тересираност. Девојка беше ангажирана да се грижи за неа и за детето. Хелвиг делуваше збунето. Несре- дено. Марија не беше сигурна дали не го уплаши но- вонастанатата ситуација. Синот.
Девојката си заминуваше во вечерните часови.
Никој не доаѓаше во собата. Само Хелвиг. Во вооби-чаеното време за легнување, ќе ја бакнеше и одеше да спие во друга соба.
— Така е подобро, — се обидуваше да и објасни. Ќе бидат поспокојни и таа и детето. И изгледаше како негово бегство. Зарем грижата за детето ќе биде само нејзина? Ништо не му велеше. Не плачеше пред не- го.
Одлуката за името на детето му ја препушти на Хелвиг. Потсвесно мислеше - тоа ќе го приближи таткото кон синот. Можеби и неговите родители кон внукот.
И во следните денови бабата и дедото не дојдоа.
Марија беше вчудовидена. Хелвиг и кажа дека уште истиот ден по породувањето испратил телеграма до нејзините. За синот. И оттаму - ништо. Никаков глас. Марија знаеше дека немаат пари. Но, си мисле- ше, за ваков момент нека позајмат. Нејзе, сега, теле-грама од домашните, со честитање за синот, и беше страшно многу потребна. Поради овие овде. Баба и дедо што не покажаа ништо. Никаков знак дека до-шол нов човек во куќата.
На крајот од втората недела, од нејзините дојде писмо. Тоа за неа не беше исто. Попријатно ќе и беше да добиеше телеграма. Поради овие долу. Но, сепак многу се израдува.
Тоа попладне почувствува дека Хелвиг е посебно вознемирен. Се шеташе од едниот крај на станот до другиот. Ги ставаше рацете во џебовите. Ги вадеше.
Само што сакаше да го праша за причината на него-вата вознемиреност, некој тропна. Хелвиг веднаш се најде крај вратата. Брзо отвори. Влегоа мајка му и татко му. Во рацете носеа цвеќиња и пакети.
Ќе беше прекрасно, иако задоцнето, ако не ги здо-гледаше тие здрвени насмевки на нивните лица. Ка-ко некој со сила да им ги растегнал усните и очите во форма што ја добива лицето кога ќе се насмее. Дури ни сега, дури ни во овој момент, ништо искрено и топло немаше во нивниот израз. Марија беше полу- легната. Се обиде да стане. Хелвиг ги позеде подаро- ците и цвеќето од нивните раце. Тие се ракуваа со неа. Со нивните студени раце. Оддалеку фрлија по еден поглед кон внукот. Потоа се оддалечија од кре-ветчето и приседнаа на двоседот до прозорецот.
Хелвиг на масичката пред нив стави чаши за пиво и ги наполни. Отвори и кутија чоколадни бонбони.
Татко му одмавна со раката, како да сакаше да каже
- не треба. Но, Хелвиг извади и солени и благи кек- CH.
Co чаша виски BO раката, ce приближи да наздра- ват. Тие ги кренаа чашите како по одредено сцена- рио. Се напија и малку пиво. Зедоа и по едно чоко- ладно бонбонче. Набргу потоа станаа, климнаа со главата и си отидоа. Хелвиг ги испрати. Беше задо- волен. Колку малку му требаше... Грошки внимание.
Кутриот Хелвиг. И стануваше јасно зошто тој се чув-ствуваше така весело, среќно кај нејзините дома, со сета нивна сиромаштија. Беше готов во секое време да донесе се и сешто. Да им подари на нејзините.
Знаеше колку тие го засакаа со целата душа и срце.
Не само поради подароците. Чувствуваа дека не е лош човек.
Будна долго во ноќта, се прашуваше: дали Хелвиг ги натера со притисок, со сила да дојдат? Можеби тие сепак сами одлучија. Како и да е, нивната посета не и донесе ни малку радост. Не ја успокои. Не се наде- ваше на ништо добро.
Од инает не можеше да плаче... Гогаш не заплака.
Но, утредента, кога се обиде да им напише писмо на мајка си и на сестрите, мораше повеќепати да го поч-нува писмото одново. Штом ќе ги напишеше првите редови, ги облеваше со солзи. Потоа го искинуваше.
Не сакаше тие да разберат што се случува со неа.
Колку се исполнети со горчина деновите што ги по-минуваше во оваа темна, невесела куќа. Наместо да бидат најрадосни, сега, со саканиот човек и со синот.
Зошто да им пишува за тоа? Зошто и нив да ги ната-жува? И така се далеку и со ништо не можат да и по- могнат. Таа, откако се беа доселиле во куќата со Хел- виг, речиси ништо не можеше да им испрати. Се по-малку им помагаше. За среќа, едната од сестрите се беше вработила, па некако преживуваа.
Мајката на Марија насетуваше дека животот на ќерка и тргнал на лошо. Можеби тоа повеќе беше не-кој инстинкт на мајка. Нешто ија притискаше душа- та. Затоа, во последното писмо, праша: како се свекр- вата и свекорот? Дали се навикнаа на неа? Таа на нив...
Што да и напише? - си мислеше Марија. Како да објасни кога и самата не можеше да ги разбере при-чините? Зошто не ја сакаат? Не е понеобразована од него. Може и да се вработи. Да заработува пари. Ако треба. Ете, и јазикот доста добро го научи. Нивниот.
Кон нив добро се однесува. Многу внимателно. Уште од почетокот... Тие ја оддалечија. Не и дозволија да им се приближи. Со сила никому не можеш да му се наметнеш. Да станеш близок... Понекогаш и доаѓаше да и се обрати на мајка му на Хелвиг, кога знаеше де-ка е сама долу во катот. Да ја замоли, ако треба нешто да и помогне. Или, ете таа, свекрва ми, нека и покаже некои работи во куќата. Да ја упати... Но, знаеше де-ка тоа е невозможно. Браната за контакти беше јасно ставена од денот кога им рекоа дека ќе се хранат од- делно. Ќе живеат одделно. На вториот кат. Тогаш Марија не мислеше дека тоа ќе значи толкава изола- ција. Нејзино игнорирање. Бришење од член на се- мејството.
Сега, откако се роди детето, таа изолација Марија ја чувствуваше како уште погруба, подрастична. Зна-чи, изолација и за нејзиниот син. Нивниот внук. Си-нот на нивниот син. Што може да се очекува полошо од тоа? Каде понатаму? Но, како навистина да имаше нешто што се навестуваше. Нешто уште полошо...
Хелвиг, се почесто, доаѓајќи си од работа, остану-ваше на долниот кат. Кај мајка му и татко му. И се по- долго и подолго. Во доцните часови, многупати таа ќе слушнеше дека ги повишуваат гласовите. Се рас- праваат. Тивко, на прсти, ќе дојдеше до скалите. Се обидуваше да разбере нешто од кавгите. Дали се по-врзани со неа? Со нив? Со нивниот брак? Кога ќе уло-веше зборови што се однесуваа на неа, против неа, и стануваше јасно дека тие веќе отворено го притиска- ат. Го силат да ја напушти. Да ја избрка. Не можеше да разбере дали сама. Или со синот.
Вслушувајќи се во се почестите нивни караници, се помалку го слушаше неговиот глас. Сфаќаше дека станува се понемоќен во таа борба со родителите.
Беспомошен. Каква глупост направија што дојдоа ту- ка! Кај овие луди старци. Каде и да живееја, ќе беше поинаку. Секаде. Само не тука... Во ова темнило...
* XK Bo писмото што ro доби од дома, сестра и подроб-но и пишуваше како мајка и правела питулици за со-седите и роднините. Честела за внукот. Каква радост била дома - прво внуче. Боже, колку е поинаку таму кај нив. И пишуваа дека се прерадувани што е маш-ко... Да сум дома, си мислеше, нема од раце да го ис- пуштат. Му го читаше писмото на Хелвиг. Чувству- ваше дека секој збор тешко го погодува... Дури и како да го нервира.
„Колку беа срдечни со него, кога за првпат почна да доаѓа дома кај нив. Не им пречеше што беше туѓи-нец... Германец. Иако, само пред неколку децении, Германците беа окупатори на нивната земја. Некол-ку децении беше и многу и малку време. Дел од ге-нерациите што ги преживеале тие мачни воени го-дини уште беа живи... Но, и покрај се, нејзините го прифатија. Речиси го засакаа. Иако воопшто не го разбираа неговиот јазик.
Да беше жив татко и, а посебно дедо и, можеби ќе се противеа. Дедо и, само што ќе слушнеше на радио некој да зборува на германски јазик, со лутина го ис-клучуваше радиото. Со пцост. Кој знае што стравови претрпеле постарите. А и нејзините родители, иако уште биле деца. Но, и тие ги осетиле стравотиите на бомбардирањата. Бегањето во скривниците. Затво- рањето и мачењето на блиските во затворите.
Еднаш, откако гледаа филм за фашистичката гер-манска и бугарска окупација, мајка и и раскажа страшна случка од своето детство... од војната. За ед-на нок... Страотна ноќ...
„Некаде по полноќ, од спиењето ги разбудиле пу-котници од пушки. Набргу потоа вивнал огромен пламен. Се издигнал како огнен столб од десетина метри. Горела куќа. Во третата улица до улицата каде живееле тие. Мајка и и татко и биле станати кога се разбудила таа и, со отвор колку око да се подаде од темната завеса, гледале кон куќата што горела. Се слушале викотници. Ужасни гласови на наш јазик.
Груби извикувања и пцости на туѓинските војници.
Тие де се губеле во пукотницата, де пак ја надјачува- ле. Одеднаш, од куќата, од пламенот, силно одекнала песна.
Утредента, мајка и разбрала дека неколкумина илегалци од отпорот против окупаторите, што имале состанок во таа куќа, биле предадени. Ги издала не-која жена. ЈБубовница на еден од нив. Сакала да го одврати да не соработува со илегалната организаци- ја. Кога војниците ја опколиле куќата, им викале да се предадат. Тие не одговарале. Потоа, војниците ја запалиле куќата. За да не излезат живи, пукале во нив, штом ќе се подаделе на прозорците. Иако поч-нале да горат и умирале во страшни маки, пееле пес-ни за слободата. Запалени, како факли на прозорци- те...
Како да се заборават тие стравотии?... Во кој скри-шен дел од мозокот ќе ги смести човекот за да може понатаму?...
Марија не еднаш се сеќаваше на предавањата на часовите по историја, за војната. Професорката им зборуваше: „Сите години по војната, трагите од ра-зорувањата, не лесно се покриваа. Тие што изгубија блиски луѓе, во затворите, во логорите, по планини-те, во борбите, живееја со нерадосен живот. Но, една од најнесфатливите и најчудесните особини на чове-кот е да го потиснува тоа мачното, страшното, неиз-држливото до жестока болка. Да го подзаборава тој тежок дел од својот живот. И, повторно да ја изора и да ја посее нивата. Градината. Да ја изгради срушена-та куќа. Да ги поправи разурнатите патишта. Да ги крене фабриките. И, да тргне напред. Да не се враќа, па и да не се свртува назад. Посебно, ако тоа што ос-танало таму е толку жално. Трагично.“ Марија многупати се прашуваше - како можело, макар и дел од тој народ, германскиот, кој тргнал по патот на фашизмот, да носи во себе нешто толку зверско. Иако кој знае колкумина од луѓето, посебно младите, присилно биле натерани во таа ужасна вој- на. По цена на нивниот сопствен живот...
А ете таа дојде тука, да живее во Германија... Гргна по човекот што го засака. Понекогаш, само понеко-гаш ретко, размислуваше за луѓето околу себе. Луѓе-то што живееја во градот. Поради сплетот на окол-ностите, никого не познаваше. Не можеше да збору-ва со нив, бидејќи не ја напушташе куќата. Некаде длабоко во себе, си мислеше: не направи ли непро-мислен чекор што влезе во оваа непозната средина?
Што одбра човек оддалеку со кој ќе го помине живо- TOT?
Од друга страна, Марија беше свесна дека поголе-миот број од злосторниците кои ја воделе војната, ве- ќе одамна ги нема. Освен тоа, и нивната професорка по историја често им зборуваше „само дел од таа, па и други нации, иако не мал дел, тргнале да вршат злосторства водени од идејата на нацизмот“. Колку прекрасен човек беше таа... Со сите свои мисли и 300-рови, како да сакаше да го намали злото на Земјата.
Од првиот ден кога го запозна Хелвиг, и на Мари-ја не и пречеше тоа што зборуваше на друг јазик.
Што е Германец. Иако, на сите филмови во кои се прикажуваа ужасите од втората светска војна, кога го слушаше тој јазик, косата и настрвнуваше. Трпки ја полазуваа по телото.
Во благоста на ликот на Хелвиг имаше нешто што освојуваше. Не те оставаше да го поврзуваш со злото што го нанесле нацистите - на земјата, на народите, во годините на војната. Со целото свое однесување кон луѓето, кон нејзините пријатели, кон нејзините роднини, Хелвиг придонесуваше да не се мисли на тоа, срамно за човештвото, време.
Некои од пријателите се обидуваа да и зборуваат на Марија, откако се сретна со Хелвиг - зошто да за-сака баш Германец? Се вчудовидуваа - зарем ќе трг-не во живот со него! Посебно постарите роднини. Не-кои што како повозрасни, во војната, доживеале по-големи трагедии, се обидуваа да ја одвратат од таа врска со него. Но, еве, се случи... Го засака. Човек ни-когаш не знае каде ќе го одведат животните патишта.
Во моментите на одлука, не мислеше дека неко-гаш ќе се враќа на прашањето - како го засака Хел-виг? Тој туѓинец, за кого ништо повеќе не знаеше од тоа што самата го откриваше за него со секоја нова средба. Во тие месеци на зближување со него, не по- мислуваше на тоа - какво е неговото семејство, кои се неговите родители? Што работат? Какви биле за време на војната неговите баба и дедо? На која стра- на биле? Сето тоа, во месеците на нејзината њубовна врска, па и во одлуката да тргне со него во животот, ни во еден момент не и значеше ништо. Поради тоа и никогаш не го распрашуваше за семејството, за ми- натото. Единствено сакаше да разбере дали тој има сестри и браќа. Па, во крајна линија, таа го сака него.
Ако се омажи, ќе се омажи за него. Не за неговите ро- дители. Тој е ситуиран, добро заработува. Нема да за- висат од никого.
* XK Елена повторно беше испратена службено во гра-дот каде што се наоѓаше болницата во која се леку-ваше Марија. Тоа ја израдува - еве уште една мож-ност да ја посети Марија, пред посетата што ја дого-вори со сестра и Наде. Застаната пред влезната порта на болницата, се колебаше. Дали нема да направи полошо? Пред се не знаеше во каква состојба е. Сепак се реши првин да го праша лекарот - дали ќе и одоб-ри да се сретне со неа?
Лекарот, кај кого беше најавена од портирницата, лично и излезе во пресрет. Ја препозна.
- Ke ja повикам Марија кај мене, во кабинетот, — и рече ија поведе со себе.
- Какое? - немаше трпение Клена.
- Состојбата и е постабилизирана, целосно. Оди на подобрување. Речиси секојдневно контактираме...
Разговараме... Сега сум поголем оптимист отколку кога дојдовте минатиот пат.
Елена не можеше да ја скрие радоста. Набрзо Ма-рија дојде придружувана од една од сестрите. Во пр-виот момент и се стори дека се почувствува незгод-но, непријатно, што еве и нејзината другарка ја гледа меѓу овие болни. Но Елена не и остави многу време за тоа чувство. Веднаш, како да се сретнале во сосем обични околности, почна да и кажува за тоа дека по-веќепати била кај нејзините. Дека ce договорила и со сестра и Наде, заедно да и дојдат на посета. Дека оваа нејзина работа заради која допатувала е службена.
Ненадејно тргнала, па немала време да им се јави на мајка и и сестрите.
Марија внимателно ја слушаше својата другарка и и беше необично некој што не е од болницата, со неа така да разговара за секојдневни работи. Како таа, Марија, да не е болна... да не е во болница. Таа почувствува потреба Елена постојано да зборува, да не прекинува... веќе беше заборавила на тој најоби- чен разговор...
- Благодарам што дојде... не ме заборави... Не оче- кував пак да дојдеш...
Целиот изглед на Марија, облечена во чисто, из-миена, убаво исчешлана, зборуваше за тоа колку и е подобрено здравјето.
- Како си можела да мислиш дека нема да дојдам!
Ајде уште некое време, па сигурно и дома ќе се гледа- ме.
Марија натажено се насмевна.
- Како се кај мене домашните? Мајка ми...
- Добри се. Ќе се израдуваат кога ќе им кажам де- ка сме се виделе... и дека добро се чувствуваш.
- Поздравиги од мене.
- Да не ти треба нешто да ти донесеме, кога ќе дојдеме со Наде?
- Не знам, сега не можам да се сетам.
Елена стана да си оди. Се извини дека мора да ја заврши и службената работа. Ја прегрна и замина, оставајќи ја Марија кај лекарот.
- Наскоро ќе дојдеме со сестра ти, - пак и повто- ри, за да ија олесни разделбата.
Иако и беше најтешко да се навраќа на судбонос-ните настани што следеа, додека беше во домот на родителите на Хелвиг, Марија намерно, свесно сака-ше да длаби по нив, да ги разглоби до најмала сит- ница.
Соочена со новонастанатата ситуација и се поголе-мата нетрпеливост од страна на неговите родители, Марија ја насетуваше опасноста од нивното негатив-но влијание на Хелвиг, и на нивните меѓусебни одно- си. Сфаќаше дека мрежата што ја плетат околу Хел- виг е се појака. Се повеќе остануваше кај нив. Подол- го. Како да се стопуваше со нив.
Слугинката Елза и натаму доаѓаше секој ден. Ма-рија, чувствувајќи се сосема осамена, почна да се зближува со неа. И даваше скапи подароци. Разгова-раше со неа како со рамноправен човек, не како со слугинка. Тоа ја плашеше Enza. Насетуваше дека Ма- рија сака да се зближи со неа со одредена цел. Тоа и беше вистината. Марија се обидуваше од Елза да раз-бере нешто што не знаеше за овие луѓе. Луѓе, кои се повеќе ја отфрлаа. Тоа и стануваше неподносливо. И се чинеше дека еден ден со неа, со нејзиното здравје, ќе се случи нешто страшно. Или ќе мора даја напуш-ти оваа куќа. Со Хелвиг или без него. Почна да мис-ли, во ретките моменти кога ќе се сретнеше со свекр-вата, дека таа смислува како да и нанесе некое голе-мо зло. Ваквата намера ја навираше во нејзиниот по- глед.
Можностите да разговара со слугинката беа многу мали. Свекрвата речиси воопшто не ја оставаше Елза сама со Марија во куќата. Таа како да ја насети на-мерата на Марија. Иако имаше доверба во долгого-дишната слугинка, не и веруваше сосем. Еден ден ко-га слушна дека надворешната врата се затвори и бе-ше сигурна дека свекрвата излезе од дома, Марија ја праша:
— Enza, од кога ми служите на госпоѓата?
По изразот на лицето од Елза, Марија сфати дека ја погодила во некое осетливо за неа прашање.
Елза малку помолче, и почна да раскажува.
- Татко ми уште од пред војната беше работник кај дедо му на Хелвиг. Во фабриката. Мајка ми речи-си целиот живот служеше во оваа куќа. Веројатно за-тоа, како во наследство, и сите мои браќа работат кај господинот. А јас еве, овде.
Марија одвај ја криеше возбудата. Значи, Елза многу работи знае за ова семејство. Нејзиното нетр-пение да разбере што било, беше големо. Се разби-ра, стана уште повнимателна. Се плашеше да не ја за-губи довербата кај Елза. Рече:
- Родителите на мојата свекрва и свекор, и пред војната биле многу богати. А како што ми кажуваше Хелвиг, и во време на војната.
Зборувајќи го ова, Марија гледаше тоа да изгледа како нешто не толку важно, но ете, колку да се разго- вара.
Елза на тоа рече:
- Господинот, дедо му на Хелвиг, таткото на татко му, имал голема фабрика пред војната. За време на војната, во фабриката почнал да произведува делови за тенкови, авиони и секаков вид оружје. Станал еден од најбогатите во градот. Пред крајот на војната, дел од неа бил разрушен во бомбардирањата. Тука, во фабриката, и загинал. И тој и неговиот помлад брат.
Неженет. Мајка му на Хелвиг не работела никогаш. А татко му е сосопственик на истата фабрика каде што работи тој, Хелвиг.
Марија се вкочани. Како можеше Хелвиг тоа да го скрие од неа? Никогаш не и кажал што работат не-говите родители. Ниту пак за дедо му и баба му. Но, и таа него распрашуваше. Можеби и поради тоа не ја носеше толку долго дома. За да не разбере.
И самиот тој можеби затоа бегаше од дома. Од нив. Тие, дедо му и баба му, биле злосторници.
Убијци. Кој знае колку луѓе биле убиени со оружјето што се произведувало во фабриката... Ужасно, до фи-зичка болка, ја стегаше во градите, во мозокот... Каде е таа? Кај кои луѓе? Нелуѓе.
- Страшно, - прошепоти. - Голема несреќа ги снашла, - и зборуваше на Елза.
Елза, без да може да разбере што се случуваше со младата госпоѓа, малку се оддалечи. Внимателно Ја бришеше прашината по мебелот. Но, и самата како да почувствува некаква потреба да раскажува, про- должи:
- A и братот Ha госпоѓата, загинал... Како рековте дека се вика вашата земја?
Марија двапати го повтори името: Македонија, и кога и се стори дека Елза нешто не разбира, и објас-ни: ние сме во Југославија.
- Е, таму - рече Елза, но не се реши даго повтори името. - Во вашата земја. Како млад, тој бил голем офицер. Јас сум го слушала татко ми да раскажува...
Како се викаа кај вас... тие... што се бореле против на- шата војска...
- Партизани... - промрморе Марија.
- Е токму тие! - извика Enza. - Го фатиле и ro убиле...
Марија не знаеше како да реагира пред Елза, за ова што го слушна од неа. Зеде еден послужавник и и го подаде да го избрише. Но таа, откако го избри- ша, пак продолжи:
- Кога Хелвиг ве донесе вас, татко ми рече дека тоа воопшто нема да и се допадне на госпоѓата. Па и на господинот. Тие не сакаа ни името да го слушнат на вашата земја. Ги мразеа и луѓето од вашата земја.
Кај мене дома, сите се зачудија кога разбраа дека Хелвиг се оженил со Bac. A госпоѓата и господинот живееја само со лекови. Речиси секој ден доаѓаше докторот. Од мака, не излегуваа од дома. Пред тоа се надеваа дека Хелвиг ќе се скара со вас... А најстрашно беше кога тој им јави дека ќе ве донесе дома. Едно време мислеа да му напишат да не доаѓа со вас, да му забранат да дојдете. Но, се премислија...
Марија сфати дека непријателството на родители-те на Хелвиг кон неа има многу длабоки корени.
Колку наивно таа мислеше дека има врска со нејзи-ното неумеење да се приспособи на нивниот начин на живот. И стана јасно - таа за нив е непријател. Од непријателска земја.
Навистина, тоа најлошото му припаѓа на минато-то - си мислеше Марија. Но, изгледа дека многу нешта, тие најстрашните, не се забораваат.
Одеднаш, нешто внатре, во Марија, се побуни. Зо-што тие неа да ја мразат? Сега, по толку години, по повеќе децении од војната?! Зошто таа да е неприја-тел? Непријатели биле тие. Тие што дошле во нејзи-ната земја да убиваат. Токму тие на кои припаѓал братот на госпоѓата мајка на Хелвиг, „големиот офи-цер“, предводник на убијците. Си го замисли. Еден од оние најозлогласени офицери на кои само надво-решниот облик им бил човечки. Се друго - зверско.
И мали бебиња, каков што сега беше нејзиниот не-вин Карл, стануваа жртви на нивниот садизам.
Поради сето тоа, што како бигор го собираше со месеци во душата, и дојде да им се назборува на двајцата. Да им каже дека сфатила со какви луѓе дошла да го живее својот живот. Да им каже навред-ливи зборови. Чувствуваше потреба да им се одмаз-ди за понижувачкиот однос кон неа. За отфрлањето од првиот момент кога го пречекори нивниот праг.
За тоа дека се однесуваа кон неа како кон некој што, ете, привремено е тука и чекаат секој момент да си оди. Да ја напушти куќата. Чувствуваше дека стану- ва злобна. Тоа беше некоја нова состојба што ја откри кај себе...
Тој ден, Марија постојано се бореше со немирот во себе, кој стануваше се посилен. Како да не беше таа истата. Се плашеше дека може да се изменат и неј- зините чувства кон Хелвиг. Се обидуваше мислите да ги насочува натаму дека Хелвиг е роден цели петна-есет години по војната и дека не може да биде вино-вен за тие ужасни однесувања на возрасните. Исто-времено, со самото тоа што ја засака неа, па еве таа стана и мајка на неговото дете, значи дека тој не е оп-седнат со сето што се наоѓало во тие мрачни умови.
Зарем досега тоа не би го покажал?.. И ете, тука, една скриена мисла, најскриена мисла ја пронижуваше, како струја, право во срцето - зошто толку долго вре-ме Хелвиг не сакаше таа да забремени? Можеби не мислеше... кога било... никогаш... Но, веднаш, како што го фрлаш запалениот предмет што го држиш во раката за да не те изгори, таа ја отфрли оваа тешка помисла. Ја закопа назад, таму од каде што беше из- легла.
Вечерта, Хелвиг дојде горе, откако сметаше дека Марија спие. Таа веќе не можеше да го издржи тоа исчекување на качувањето на Хелвиг од долниот на горниот кат. Беше свесна дека родителите секојднев-но и се повеќе и го одземаат. Таа порано ни оддалеку не можеше да си замисли дека Хелвиг така покорно ќе се однесува. И се чинеше толку независен од нив.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/hatred-deep-mc/4 на 29 октомври 2026