Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)

МИРКА ГИНОВА (1916-1946) - Part 02

Од Ташко Мамуровски · Дел 4 од 42 · Околу 7 минути

Читај на English

пиштол со фишеци без куршум. 71 Три дена и три ноќи, еден мотицикл постојано брмчеше под прозорецот на ќелијата каде била мачена Мирка за да не се слушаат надвор пискотниците од ставањето на игли под нокти, на железниот обрач околу главата, од ставањето на врели јајца под мишките и на другите ѕверски методи што ги измислија грчките џелати. Но ништо не ја клекна Мирка. Таа до крај остана цврста како гранит. 72 Неколку дена подоцна, односно на 23 јули 1946 година, затворениците биле одведени во Ениџе Вардар, каде што требало да се одржи нивното судење од воен суд по штотуку изгласаниот закон 509, според кој се осудуваа на смрт сите оние што пропагираа “отцепување на дел од татковината или се бават со поткопувачки акции против државата”.

73 Преку судењето на седумте раководители на НОФ, грчката реакција сакаше пред грчката и светската јавност да ја обвини македонската ослободително организација НОФ и македонското народноослободително движење во егејскиот дел на Македонија како автономистичко движење што наводно имало за цел да ја отцепи Егејска Македонија од Грција.

Судењето на Мирка Гинова и нејзините другари се одржало во Првото основно училиште во Ениџе Вардар, зад затворена врата. Во судницата, освен воени лица и жандарми не присуствувал никој друг. Записниците од овој процес не се познати. Но, незаборавена ќе остане за јавноста одбраната на Мирка, која пред воениот суд меѓу другото рече: “...Јас сум раководителка на НОФ. За време на окупацијата се борев против Германците и џелатите Калчев и Димчев кои се нафрлија како стрвници, особено против нас Македонците за да не заведат во канџите на фашистичката “Охрана”. Ги удривме со фанатизам охранитите, како што војувавме против германскиот окупатор. НОФ не е никаква воена организација.

Тоа е политичка демократска организација, која се бори за 71 Вангел Ајановски-Оче, Егејски бури..., стр.220.

72 Истото.

73 Христо Андоновски, Мирка Гинова, 25 години од нејзината смрт. јули 27, стр. 3.

рамноправност на нашиот народ во рамките на грчката држава.

Се бориме за слобода и демократија...” 74 Мирка Гинова, заедно со другарите Томе Михајлов, Димитар Лимбов, Ѓорѓи Пројов, Петре Попдимитров-Дирекот, Ристо Стојанов и Георгиос Мустакидис-Алеко, беше осудена на смрт со стрелање,

75додека сопругата на Георгиос Мустакидис, Хрисула и медицинската сестра Ирина беа осудени на долгогодишна робија. Три дена после пресудата, Мирка, заедно со своите другари беше доведена во ениџевардарските гробишта и ставена пред монархофашистичкиот егзекуционен одред. Смртта ја пречека со химната на Интернационалата. По повод двегодишнината од херојската смрт на Мирка Гинова, секретарот на Главниот одбор на АФЖ за Егејска Македонија, Евдокија Баљова-Николова /Вера/, во еден свој напис, меѓу другото го истакнува следното: “...Бесмртната и прославената Ирина Гинова /Мирка/ пред егзекуционата чета ја издигна нејзината снага и и го лепна по лицето на монархофашизмот првиот шамар. Падна пронижана од куршум оваа млада учителка викајќи: “Да живее КПГ!”, “Да крепне НОФ и АФЖ”!, “Да живее демократијата!”, “Долу фашизмот”!... Вера Балова, “Етап за нови и сјајни победи над монархофашизмот. Не умреа, но вечно ќе живеат меѓу нас”. 76 Херојското држење на Мирка Гинова и нејзините другари пред егзекуциониот одред мораше да го признае и самиот противник.

Во извештајот на Врховниот штаб на регуларната грчка армија меѓу другото се вели: “...Седумте егзекутирани ладнокрвно го пресретнаа егзекуциониот одред и одбија да им се врзат очите.

74 В. Ѓорчевска, Мирка Гинова загина храбро. Ликови на наши револуционери. Нова Македонија, Скопје, 1970, јули 26, XXVI, 8445, стр. 14.

Истото: Весник, Елиникос Ворас, од 27 јули 1946 година.

75 Меморандум од Окуржниот комитет на ЕАМ за Воденско од март 1947 година до Анкетната комисија на ООН, за теророт на монархофашистичката десница во Воденско. Прилог Бр. 4. Именичен список на демократски граѓани што се осудени на смрт и егзекутирани од прекиот воен суд во Ениџе Вардар, со применувањето на вонредните мерки за безбедност во истиот окург. “Егејска Македонија во НОБ, 1947”, Т. IV, Скопје, 1980, док.

25, стр. 120-121.

76 “Нова Македонка”, 1948, Бр. II, стр. 7. Списание на Главниот одбор на АФЖ за Егејска Македонија.

Најголема ладнокрвност покажа учителката Ирини Гини, која ја пееше Интернационалата и извикуваше пароли за Комунистичката партија...” 77 Со своето херојско држење пред воениот суд во Ениџе Вардар, кадрите на НОФ на чело со Мирка Гинова, и кадрите на КПГ на чело со Георгиос Мустакидис-Алеко, не само што ги потенцираа принципите на заедничката борба против грчкиот монархофашизам, туку со својата заедничка пролеана крв тие го цементираа борбеното братсво и единство меѓу грчкиот и македонскиот народ.

Смртната пресуда на Мирка Гинова и нејзините другари предизвика големо интересирање во светската јавност и доби широк публицитет во светскиот печат.

Агенцијата “Асошиетед прес”, истиот ден ја објави следната вест: “26 јули. Солун. Рано утринава беше извршена смртната пресуда над Ирини Гини и нејзините шестмина другари осудени од страна на воениот суд во Ениџе Вардар. Таа е прва жена стрелана во Грција за политичка вина.

78 Подоцна, радио-станицата “Слободна Грција” огорчена од свирепата постапка на монархофашистичките џелати кои се оглушија на многубројните апели од целиот свет, стрелањето на Мирка Гинова го нарече: “варваризам од хитлеровиот ков”.

79 Но најблескаво сведоштво за јуначката смрт на Мирка Гинова претставува анонимното писмо што на нејзиниот татко му го испратил еден воен дописник на грчките весници. Анонимниот автор под иницијалот “М” во писмото, меѓу другото, пишува:

Ениџе Вардар 26 јули 1946 година 77 Мирка Гинова. Во книга “За света народна слобода”. Ликови на паднати народни борци. Политички и литературни изданија. 1962, стр. 16-17. Истото:

Весн. Елиникос Ворас, од 26 јули 1946 година.

78 Вангел Ајановски-Оче, Егејската Јованка Орлеанка. Сеќавања... Август 5, стр. 8. Истото: Весн. Елиникос Ворас, од 27 јули 1946 година.

79 Истото.

Господине Коста,

“...Од шест часот денес за жал Ирина престана да живее. Ви честитам за ќерката што сте ја родиле. Ја сретна смртта со усмивка на устите, смело, пеејќи и сите присутни таму се зачудивме. Во пет и триесет часот и се доближив и ја прашав дали сака нешто да им напишам на нејзините родители. Таа ми рече: - Ако милувате, пишете му го на татко ми следното -“Умирам за нешто во кое наполно верувам како чесна, а не како нечесна, за поарен живот на другите, а не за мојот”. Беше чудесна, мажествена, ниту пред смртта не покажа малодушност. Исто така и другите шестмина, но повеќе таа. Не би ги пишувам овие зборови за да ја пофалам вашата ќерка, туку ја изложувам самата вистина како што ја видов. Ве поздравувам јас еден војник, кој случајно присуствувал на овој жалосен чин и имав желба да ви ги напишам последните зборови на незаборавената. Ирина, позната на секого со името Мирка... Во секој случај таа замина задоволна од овој суетен свет...”

80 Мирка Гинова со својата пролеана крв за слободата на Македонија стана синоним на заслужен народен борец и легенда што ги мина границите на родниот крај и стигна дури до Обединетите нации.

81 Во знак на признание за херојската смрт на Мирка Гинова, грчкиот писател Спилјос ги напиша следните стихови:

“За тебе ловров венец плете веков в век, и в борба канат твоите сетни песни!

По градови, села, бујно јачи нивниот ек...

На твојот гроб нашиот гнев ќе свети ко ламбада.

Ти беше скромна учителка во школо од леси Но од твојата школа денес се учи цела Елада”.

80 Цитирано од Христо Андоновски, Мирка Гинова во грчката литература.

Разгледи, спис. за уметност, култура и општествени прашања. Скопје, јануари 1959, I бр. 5, стр. 589.

81 Христо Андоновски, Мирка Гинова. 25 години од нејзината смрт. Јули 29, стр. 3.

82 Христо Андоновски, Мирка Гинова во грчката литература... стр. 589.

Македонскиот народен творец и ја испеа песната:

Тихо Мирка си заспала Насред ноќи пристигнале во Почепските планини, втората чета комесари.

во Почепските планини, Гласот Мирка му го слушна, таму долу во ливади. одма Мирка се разбуди.

В зората пристигнале Жива Мирка ја фатија клети шпиони фашисти, во град Воден ја носија, местото го заградија тешко Мирка ја мачија жива Мирка ја фатија. жива во гроб ја ставија.

83 Храброста и херојството на Мирка Гинова ќе им служат на идните македонски генерации како светол пример за тоа како се бореа и гинеа Македонците за слободата на својот народ.

83 “Сокол ми лета високо”. Збирка на изворни револуционерни и лирски народни песни од Егејска Македонија. Собрал и подготвил за печат Ѓорѓи Доневски. Културно-уметничко друштво “Гоце Делчев” – Скопје. Скопје,

1978, стр. 66.