Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)
ТОДОРА АНАСТАСОВА-СКОРНА (1922-1948)
ТОДОРА АНАСТАСОВА-СКОРНА (1922-1948)
Една од видните Македонки од егејскиот дел на Македонија кои го положија својот живот во борбата за слободата на македонскиот народ е и Тодора Анастасова Паскалова-Скорна.
Таа е родена во 1922 година во с. Нестрам, Костурско, во сиромашно работничко семејство.
Во 1938 година Дорка, заедно со своите соселанки Евгенија Кирјакова, Тинка Филовска /Калојанова/, Махи Филовска /Папатерпова/ и Александра Кировска /Папатерпова/, поради нејзините напредни идеи, беше примена во младинската организација. ОКНЕ.
232 Под раководство на организацијата ОКНЕ Дорка, заедно со другите прогресивни младинки од родното село, собираше материјална помош за потребите на политичките затвореници.
Таа беше една од најактивните во извршувањето на оваа задача.
По окупирањето на земјата од страна на германско-италијанските фашистички војски партиската организација на КПГ во Нестрам на своите младинци им постави задача да го собираат и складираат напуштеното оружје од грчката армија по нејзиното повлекување од Албанскиот фронт. Дорка Анастасова-Скорна, Евгенија Кирјакова и Александра Кировска /Папатерпова/, под раководство на Махи Филовска /Папатерпова/, собрале 11 пушки, неколку рачни бомби и муниција. Собраното оружје младинките го предадоа на партиската организација во Нестрам за потребите на движењето. Тодорка една пушка задржа за себе.
233 Споменатите другарки, како организирана младинска група на ОКНЕ, често пати одржуваа илегални состаноци на кои се запознаваа со военополитичката ситуација во земјата. На овие состаноци тие добиваа разни задачи кои требаше да ги вршат во корист на движењето, како на пример вршење агитација за 232 Според сеќавањата на Александра Кировска /Папатерпова/, од село Нестрам; активен учесник во НОБ, член на селската партиска организација на КПГ во Нестрам.
233 Истото.
прием на нови членови во ОКНЕ; растурање на пропаганден материјал /летоци, повици/ итн.
На 22 март 1942 годниа еден италијански експедиционен баталјон, т.н. баталјон за претреси и прогонства на комунистите, го блокира селето Нестрам и со помошта на домашните предавници Ставро Ѓурѓушев, Кузе Кирјазовски, Ташо Калапутов и други ги собраа сите возрасни селани на средсело и со вперени митралези и пушки во нив бараа да го предадат сокриеното оружје. Меѓутоа, селаните по никоја цена не сакаа да го предадат сокриеното оружје. Тогаш споменатите шпиони почнаа да им ги поткажуваат на Италијанците лицата кои требало да бидат уапсени. Така италијанските војници уапсиле околу 100 лица /мажи и жени/ меѓу кои Хрисостомо Папатерков, Васил Маџаров, Харито Галов, Леонид Дувалевски, Пандо Дувалевски, Махи Папатерпова, Атина Калојанова, Александра Кировска /Папатерпова/, Тодора Анастасова-Скорна, Евгенија Кирјакова, Поликсена Калојанова и други.
234 Уапсените лица беа ужасно малтретирани и свирепо тепани, а најмногу настрадаа Тодора Анастасова-Скорна, Евгенија Кирјакова и Поликсена Калојанова. Но тие херојски се држеа и ништо не предадоа. Истиот ден 12-те лица /жени и девојки/ од селото Нестрам беа одведени во атинскиот затвор “Авероф”. Но бидејќи немаше конкретни податоци за нивната антифашистичка активност, окупаторските власти ја ослободија Тодора Анастасова-Скорна, заедно со својата другарка Евгенија Кирјакова. Подоцна беа ослободени и останатите соселаники.
По нивното враќање во родното село, веднаш се вклучија во антифашистичкото движење и ја продолжија борбата против окупаторот. 235 Во јануари 1943 година една група партизани од Првиот коструски одред на ЕЛАС се наоѓаше во непосредна близина на селото Нестрам, во месноста “Копанче”. Во самото село истовремено беше стационирана една италијанска чета со грчка квислиншка жандармерија. Партизаните откако се поврзаа со партиската организација во Нестрам, побараа од селаните да им дадат точни информации за движењето на непријателот и да ги 234 Според сеќавањата на Минчо Фотев и Александра Кировска...
235 Според сеќавањата на Александра Кировска...
снабдат со храна и топла облека. Во одредениот ден, во утринските часови, во месноста “Копанче” пристигнаа девојките Тодора Анастасова-Скорна и Евгенија Кирјакова. Тие беа пријатно изненадени и мошне воодушевени, бидејќи за прв пат се сретнаа со вооружена група партизани. Со групата борци раководеше Ѓорѓис Ризопулос, од селото Ланга, Грамос. Тој разговараше со девојките за животот на селаните, односно за теророт и грабежот на италијанскиот окупатор итн.
Партизаните дознале дека девојките уште од порано биле организирани во комунистичката партија и дека младината во Нестрам масовно се вклучила во младинската организација ОКНЕ и во нејзините редови се бори против окупаторот и домашните предавници. 236 На 4 март истата година Првиот партизански одред во Костурско, водејќи жестоки борби со окупаторот, го ослободи селото Нестрам. Селската младина, а и целото население, со нескриена радост, со солзи во очите, песни и ора ги пречекаа партизаните. Се разбира, тука беше и Тодора Скорнова, која целосно се ангажира во работата за сместување на борците по куќите. По неколку дена партизаните се повлекоа од селото Нестрам за да водат понатамошни акции против непријателот.
Тодора Скорнова ја искористува оваа прилика и заедно со своите другарки Евгенија Кирјакова, Поликсена Калојанова и Махи Папатерпова доброволно стапува во редовите на Првиот партизански одред од Костурско.
237 Кон крајот на март 1943 година речиси сите села од Нестрамскиот реон ги ослободија партизаните на ЕЛАС. Во истиот период беше извршена реорганизација на младинските организации во реонот. Врз основа на кадровската реорганизација, Тодора Скорнова беше избрана за член на Нестрамскиот реонски комитет на ЕПОН. Во својство на активен член на оваа организација, подоцна таа се истакна како неуморен агитатор и организатор на младината во борбата против окупаторот. 238 236 Според сеќавањата на Минчо Фотев...
237 Истото.
238 Според сеќавањата на Евдокија Баљова-Вера и Минчо Фотев...
Кон крајот на април истата година два италијански баталјони потпомогнати од околу 300 контрачетници и други воени единици ги нападнаа позициите на ЕЛАС во селата Нестрам, Стенско, Чука, Чивлик и други. Дорка меѓу првите со пушка в раце активно се вклучува во борбите на ЕЛАС против италијанските окупатори и домашните предавници. По четиридневни тешки борби кои се одвиваа под силен притисок на непријателот, партизаните беа принудени да се повлечат во правец кон Костенаријата, односно во реонот Ланга.
Во текот на летото 1943 година, Тодора Анастасова-Скорна служеше во редовите на младинскиот партизански вод при штабот на 28-та бригада на ЕЛАС. Кон крајот на есента истата година, по предлог на членот на Околискиот комитет на КПГ за Костурско, Христина Пупти, која истовремено беше и секретар на женската партиска организација на КПГ за Костурско, Тодорка беше префрлена во Околискиот комитет на КПГ и беше задолжена да работи по партиска линија за омасовувањето на женската партиска организација во Костурско. Привремено таа ја вршеше функцијата и како секретар на партиската организација на КПГ по прашања за жените во реоните Д’мбени, Нестрам и Брештени.
239 Сите задачи што и ги поставуваше Околискиот комитет на КПГ таа со задоволство ги прифаќаше и со успех ги извршуваше, а самата нејзина појава на состаноците со својот настап, влеваше доверба и ентузијазам кон жените и девојките. Така за прв пат се изрази рамноправноста на жените со мажите и нивниот придонес во заедничката борба.
Во ноември 1943 година, Тодорка која ја вршеше функцијата секретар на Нестрамскиот реонски комитет на КПГ по прашања за жените беше избрана за делегат на Првата партиска конференција на КПГ за Костурско, која се одржа во селското училиште во Сничени.
240 Во текот на 1944 година се до прогонувањето на фашистичките окупатори од земјата, Тодорка активно и пожртвувано се бори
239 Истото.
240 Според сеќавањата на Евдокија Баљова-Вера и Минчо Фотев.
за слободата на својот народ. Како политички организатор и раководител на движењето таа даде се за борбата: својот имот, својата куќа, своите најблиски. Но таа не губи надеж. И во втората фаза на Револуцијата ја продожува својата патриотска борба.
Во јануари 1945 година како делегатка на костурската младина Дорка учествува на Сегрчката конференција на ЕПОН во Солун.
241 Веднаш по договорот во Варкиза, Тодора Анастасова, како организатор на младината, учествува во сите протесни акции кои беа организирани од страна на КПГ и ЕАМ против теророт што го наметна грчката десница. Таа на чело на нестрамските жени ги водеше во Костур за да протестираат против теророт на грчките банди кои беснееа во Костурско. Поради ваквата нејзина активност, таа повеќе пати беше затворена и малтретирана во нестрамската жандармериска станица, Костур и Кожани.
242 Во март 1946 година, за секретар на Нестрамскиот реонски одбор на НОФ беше поставен истакнатиот првоборец и комунист од селото Нестрам Кузма Калојанев. Благодарејќи на неговата помош и со помошта на Тодора Анастасова /по нејзиното излегување од затворот/, во Нестрам беше формирана и женската организација АФЖ.
Во септември истата година Тодора меѓу првите жени во Костурско доброволно стапува во партизани. Таа заедно со своите другарки Афродита Дувалевска, Евгенија Кирјакова, Махи Пекарова, Василка Петлиганова и други се појавува на планината Грамос, во месноста “Котелските ливади”. Веднаш по нивното доаѓање сите до еден беа распоредени по партизанските одреди. Тодора Анастасова-Скорна, заедно со Афродита Дувалевска беше распоредена во одредот со кој раководеше Ахилеја Папајоану, од селото Калевишта, 241 Тодора Анастасова Паскалова /Скорна/. Нашите паднати борци. Глас на Егејците, 1951, октомври 6, II, 15.
242 Х. Скорну, Скорну Теодора, Во кн. “За света народна слобода”. Ликови на паднати народни борци..., с. 243.
Костурско. 243 Командант на сите заеднички одреди на планината Грамос беше Ѓорѓис Ѓанулис, од селото Борбоцко, Костурско.
Во периодот од втората половина на 1946 година се до почетокот на 1947 година, партизанските одреди на планината Грамос нападнаа голем број села каде стационираше жандармериска војска. Целта на овие акции беше да се прошири слободната територија на партизаните на тоа подрачје.
Меѓу најзначајните можат да се истакнат борбите за заземањето на селата Шак, Ревани, Омоцко и на пограничните караули со Албанија, близу до селото Калевишта. Исто така тие нападнаа и неколку села во други околии на Костурско како на пример Четирок, Добролишта, Крчишта и други.
Во сите горенаведени борби Дорка Анастасова покажа голема активност и херојство. На ова место вреди да се подвлече дека во борбата која се водеше меѓу селата Шак и Ревани, за прв пат во историјата на ДАГ на тоа подрачје беше заробена од страна на владините војски првата жена партизанка од Костурско по име Махи.
Во јануари 1947 година Тодора Анастасова-Скорна, заедно со други борци на ДАГ меѓу кои и Ана Мангова, од селото Жупаништа, Костурско, беше испратена во селото Сничени, со цел да ја апсолвира партизанската школа за десетари.
244 Во март истата година на планината Грамос пристигна комисија од Обединетите нации со цел да ја испита ситуацијата во врска со теророт што го вршеше грчката десница по македонските села. Членовите на Комисијата ја посетија и школата за десетари во која се обучуваше и Тодора Анастасова. Тие извршиле интервју со Дорка и Ана Мангова и подробно се запознале со причините што ги натерало да излезат партизанки.
Членовите на Анкетната комисија на Обединетите нации со помошта на слушателите на школата за десетари беа префрлени во месноста Кипурје, Гревенско, со цел да се сретнат лично со командантот на Главниот штаб на ДАГ, Маркос Вафијадис. По 243 Според сеќавањата на Ана Мангова, од село Жупаништа, Костурско...
244 Истото.
успешното извршување на оваа задача Тодора Анастасова и Ана Мангова, заедно со другите десетари се вратија во селата Калони и Дасилјо, Гревенско. 245 Тука заврши нивната обука.
Двете другарки беа вклучени во единиците на 588-от баталјон на ДАГ со кој раководеше Ахилеја Папајоану. 246Дорка беше распоредена како десетар во четата на Васил Христовски, од селото Добролишта, Костурско, а Ана Мангова во артилериската единица во водот на Сотир Аго, од село Јановени, Костурско, исто како десетар. Командир на нејзината чета беше Костандин Караиско /Караџа/, од Рупишта.
Тодора Анастасова, во својство на десетар во четата на Васил Христовски, активно се бори против владините војски за време на нивната прва непријателска офанзива која беше организирана во мај-јуни 1947 година на планината Грамос. Со операциите на Грамос против грчките владини војски раководеше командантот на Штабот на ДАГ за Грамос Ѓорѓис Ѓанулис.
Во оваа прва непријателска офанзива владините војски претрпеа голем пораз, а единиците на ДАГ постигнаа значаен успех. Се прошири слободната територија на ДАГ на тоа подрачје, а со тоа уште повеќе со подигна борбениот морал кај борците. Голем број доброволци стапија во редовите на ДАГ.
Веднаш по завршувањето на неуспешната офанзива на владините војски, единицата на Тодора Анастасова, која го држеше местото наречено “Праса”, при самата Котелска височина, беше префрлена на планината Вичо. На 14 јули истата година единицата на Дорка заедно со другите единици на ДАГ го нападнаа гратчето Сорович. Партизаните не успеале да го заземат градот. По завршувањето на борбата тие повторно се вратија на планината Грамос.
247 Во август 1947 година на предлог на Штабот на ДАГ за Грамос, Тодора Анастасова заедно со Ана Мангова беше испратена во селото Денско /Централен Грамос/ со цел да ја посетува 245 Според сеќавањата на Ахилеја Папајоану и Ана Мангова...
246 Истото.
247 Истото.
офицерската школа на ДАГ. Школувањето траеше 6 месеци. Но покрај секојдневното школување во офицерската школа, тие истовремено учетвуваа во голем број борби кои ги водеше ДАГ на тоа подрачје. 248 Во декември истата година слушачите на офицерската школа добија наредба од Главниот штаб на ДАГ да ја префрлат целокупната печатарска техника на ДАГ од селото Денско во селото Орово, Преспанско. Тука тие ги положија последните испити, и откако дадоа заклетва, веднаш беа префрлени во селото Кидониес, Гревенско, при Штабот на ДАГ за Западна Македонија, Другарките Дорка и Ана со писмо се јавија кај командантот на ДАГ за Западна Македонија, Никос Теохаропулос-Скотидас. Тодора беше распоредена како командир на вод во една единица на ДАГ која дејствуваше на тоа подрачје. Во понатамошните борби што ги водеше ДАГ во Епир, Грамос, Вичо итн., таа активно и пожртвувано се бори се до средината на јули 1948 година кога падна погодена од една мина кај месноста Копанче /Горуша/, на планината Грамос.
249 Така заврши животот на храбрата Македонка, Тодора Анастасова-Скорна.
248 Истото.
249 Тодора Анастасова Паскалова /Скорна/. Нашите паднати борци...
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/bright-figures-mac/13 на 29 октомври 2026