Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)
ИВАН КОВАЧЕВ-ОРФЕАС (1922-1949)
ИВАН КОВАЧЕВ-ОРФЕАС (1922-1949)
Само еден месец пред ликвидацијата на ДАГ, во борбата за заземањето на стратегискиот врв Алевица кај месноста Грамушта на планината Грамос во јули 1949 година, загина Иван Ковачев-Орфеас како политички комесар на баталјон.
Пред него животите за слободата на Македонија ги дадоа и неговите двајца браќа Ѓорѓи и Димитар. Ѓорѓи во нападот на родниот град Гуменџе во август 1946 година /иако не беше директен учесник во нападот/ беше фатен од грчките владини војски, а потоа жив изгорен од нив. По една година, во 1947 година во нападот на градот Ениџе Вардар падна и Димитар.
Исто така многу настрадала и нивната мајка, која поради тешките маки, полуде. Смртта на двајцата негови браќа и страдањата на неговата мајка не го поколебаа. Напротив, тој беше се похрабар, цврсто верувајќи во победата на праведната борба.
Иван Ковачев-Орфеас е роден во 1922 година, во градот Гуменџе, во сиромашно работничко семејство. По завршувањето на основното училиште тој учел и работел берберски занает во Гуменџе.
Уште од првите денови на фашистичката окупација на Грција во 1941 година, Иван меѓу првите од Гуменџе се зачленува во младинската комунистичка организација ОКНЕ, а подоцна во организацијата ЕПОН за да се бори против туѓите поробвувачи.
383 Во март 1944 година Иван Ковачев доброволно стапува во редовите на ЕЛАС.
384 Брзо се издигнува како командир на примерната младинска чета на ЕПОН која влегуваше во 383 Кратки биографски карактеристики за активистите на НОФ во Гуменџиско и Ениџе-вардарско, поднесени од Иван Ничев до Главното раководство на НОФ. “Егејска Македонија во НОБ, 1946”, Т. III, док. 134, с.
298.
384 Програма за споменично одбележување на настаните и ликовите од револуционерното минато на македонскиот народ во Скопје. Скопје, 1973, дел III, /бисти/. Ракопис, се чува во ИНИ.
составот на 30-та бригада на ЕЛАС. 385 Во редовите на оваа бригада, со чин капетаниос, тој активно учествува во сите нејзини борби. Меѓу најглавните беа борбите за заземањето на градовите Гуменџе, Ениџе Вардар, рудникот на Бојмица, селото Сенделчево, Вртикопско, Постол /Пела/, Пласничево, Кукуш и други. 386 Подоцна, во декември 1944 година, Иван Ковачев со 30-та бригада на ЕЛАС пристигнува дури до Атина каде заедно со другите единици на ЕЛАС храбро се бори против грчките националистички владини единици и англиските интервенционисти кои дојдоа во Грција веднаш по прогонувањето на германските окупатори. Во една од тие борби тој беше ранет во главата.
387 Во втората половина на јануари 1945 година по примирјето кое беше склучено на 11 јануари истата година меѓу реакционерните владини единици и единиците на ЕЛАС, Иван заедно со 30-та бригада на ЕЛАС се враќа во Солун и оттаму оди во Ениџе Вардар каде го предава оружјето согласно спогодбата во Варкиза.
388 Во март 1945 година по какпитулацијата на ЕЛАС, Иван Ковачев-Орфеас преминува во илегалство, и за да го избегне своето апсење од страна на грчката реакција, заедно со други родољуби од родниот крај, преминува во слободниот дел на Македоднија. Тука веднаш се вклучува во редовите на Првата ударна бригада на Македонците под Грција и во нејзините редови активно и пожртвувано се бори против остатоците на балистичките банди во околината на Дебар, Кичево, Гостивар, Тетово итн.
385 Танасис Мицопулос /Капетан Ставрос/, Историјата на XXX-та бригада на ЕЛАС /Спомени и настани/, I дел. Превод од грчки јазик: Тодор Симовски, с.
240-244. Се чува во ИНИ.
386 Истото: Дел II, с. 208-212.
387 Истото: с. 452. Истото: “Егејска Македонија во НОБ, 1946”, Т. III, док.
134, с. 298.
388 Танасис Мицопулос, Историјата на XXX-та бригада на ЕЛАС..., с. 461-
472.
По кратко време кон крајот на пролетта 1945 година, Иван Ковачев по своја лична желба се демобилизира од ЈНА и доброволно се враќа во Гуменџиско со цел да ги организира Македонците од својата околија за општонародно востание против грчката реакција која беснееше низ цела Егејска Македонија. 389 Во едно свое писмо од ноември 1945 година што го испрати до Главното раководство на НОФ во врска со тешката положба на македонскиот народ во неговиот крај тој меѓу другото пишува:
“... Ситуацијата во нашата околија е неснослива. Теророт е голем. Освен 25-мината
390 што ги уапсија бурандарите, сега гонат и други... Народот е многу вознемирен... Воопшто во целата земја се врши голем терор... Во Баровица натепале двајца, бидејќи кај нив го нашле весникот “Лаики Фони”... 391 Иван Ковачев како член на Окружниот одбор на НОФ за Гуменџиско и Ениџе-вардарско /одговорен за НОМС/
392 деноноќно неуморно работи и со успех ги извршува своите задачи. На оваа должност тој останува до 20 мај 1947 година, кога на одржаниот Сенофитски актив на НОФ во месноста “Мишови Колиби”, на Кајмакчалан, беше донесена одлука еден дел од раководството на НОФ, кој од порано имал искуство во војување, да се вклучи во редовите на ДАГ и на тој начин да ги зајакне нејзините редови за побрза ликвидација на грчката реакција. Тој доброволно стапува во редовите на ДАГ и веднаш се истакнува како искусен командир во многубројни борби кои се водеа во Централна и Југозападна Македонија, во Епир и Тесалија итн. Подоцна раководството на ДАГ му довери една 389 Извештај од Иван Ничев, член на Окружното раководство на НОФ за Гуменџиско и Ениџе-вардарско, до Главното раководство на НОФ, за организационата и политичката ситуација во Гуменџиско. “Егејска Македонија во НОБ, 1946”, Т. III, док. 24, с. 59-60.
390 Во писмото е даден и список на уапсените антифашисти.
391 Писмо од Иван Ковачев-Орфеас, до Иван Ничев, во врска со теророт во Гуменџе. “Егејска Македонија во НОБ, 1945”, Т. II, док. 207, с. 390-391.
392 Годишен извештај од Главното раководство на НОФ, од 12 јануари 1946 година, за организационата структура и дејноста на НОФ во Егејска Македонија. “Егејска Македонија во НОБ, 1946”, Т. III, док. 9, с. 32.
релативно голема единица која како нејзин командант ја водеше во најтешките борби на Грамос, Вичо, Преспа, во Епир итн.
Во редовите на ДАГ, Иван Ковачев, со уште поголема пожртвуваност се вклучи во борбата против грчката реакција и поради неговата активност во ослободувањето на македонскиот народ, на Првиот
393 и Вториот 394 конгрес на НОФ беше избран за член кандидат во централното раководство на НОФ за Егејска Македонија.
Иван Ковачев-Орфеас, смелиот раководител на НОФ и примерниот борец во редовите на ДАГ, херојски загина во јули 1949 година во една тешка и нерамна борба со непријателот за заземањето на месноста “Грамушта”, на планината Грамос, во својство на политички комесар на баталјон.
395
393 Именичен список на членовите на Главниот одбор на НОФ на Македонците од егејскиот дел на Македонија избрани на Првиот конгрес на НОФ. “Егејска Македонија во НОБ, 1948”, Т. V, док 16. с. 45.
394 Список на членовите на Главниот одбор на НОФ од егејскиот дел на Македонија, предложени на Вториот конгрес на НОФ. “Егејска Македонија во НОБ, 1949”, Т. VI. Документи за учеството на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија во Граѓанската војна во Грција. Архив на Македонија, Скопје, 1983, док. 74, с. 155.
395 Според сеќавањата на Алеко Пулков...
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/bright-figures-mac/24 на 29 октомври 2026