Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)
АПОСТОЛ СИМОВСКИ (1922-1947)
АПОСТОЛ СИМОВСКИ (1922-1947)
Револуционерот Апостол Симовски им припаѓа на плејадата македонски борци кои рано го положија својот живот за слободата на Македонија. Тој е роден во 1922 година, во селото Извор, Гуменџиска околија во напредно земјоделско семејство.
567 Израсна под мошне тешки економски услови. По завршувањето на основното училиште тој им помагаше на своите родители во земјоделските работи. Беше добро граден и убаво момче. Трудољубив, искрен, друштвен и многу весел, поради што беше омилен и сакан од своите врсници.
Грчко-италијанската војна Апостол го затекна како 18-годишен младинец, поради што и не беше мобилизиран во грчката армија.
Напреден во своите идеи и симпатизер а организацијата ОКНЕ уште од пред војната, веднаш по германско-италијанската и бугарската окупација на земјата тој се активира во борбата против туѓите поробувачи. Првите негови заслуги се собирање заедно со своите другари оружје и друга воена опрема на 9 април 1941 година, оставена од една грчка двочета при судирот со една германска претходница во ноќта на 8 спроти 9 април во близина на гратчето Бојмица. Во истата пролет Апостол учествува активно како припадник на ОКНЕ во акцијата за саботирањето на одгледувањето свилени буби во родното село, за да не станат суровина за германските падобрани.
567 Поголемиот дел во врска со револуционерната активност на Апостол Симовски е напишан врз основа на сеќавањата на неговиот брат Тодор Симовски, стручен советник при Институтот за национална историја во Скопје. За времето на НОБ беше организиран во ОКНЕ од април 1941 година. Од мај 1942 година беше секретар на ОКНЕ за Гуменџиска околија, а од мај 1943 година до крајот на јануари 1946 година работеше како активист на ЕПОН во повеќе окрузи на Егејска Македонија. Еден краток период беше организационен секретар на Окуржниот комитет на ЕПОН за Кукушки округ. Во февруари 1946 година се приклучи во редовите на НОФ.
Види: Кратки биографски карактеристики за активистите на НОФ во Гуменџиско и Ениџе-вардарско, поднесени од Иван Ничев до Главното раководство на НОФ. “Егејска Македонија во НОБ, 1946”, Т. III, док. 134, фусн. 6, 7, 8, с. 299.
Во август 1941 година Апостол Симовски се пријавува како доброволец за партизански акции кои почна да ги организира раководството на отпорот. Во почетокот на септември истата година во селото Извор беше формирана и првата партизанска група од седум членови во која и тој учествуваше. Закопаното оружје од грчката двочета, се најде во рацете на оваа партизанска група, меѓу кое и два пушкомитралези. Групата требало да послужи како езгро за поголема единица во која требало да се приклучат и други борци од околните села.
Меѓутоа поради настаните во источна Егејска Македонија каде востанието било загушено во крв и репресалиите на Германците во Кукушко и Кајларско, каде непријателот изгоре неколку села и уби неколку стотици невино население, по директива на Партијата групата била расформирана /во тоа време сите партизански групи во Грција биле со истата директива расформирани/. Апостол Симовски се враќа дома заедно со другите партизани од групата.
Речиси целата 1942 година Апостол повторно им се посветува на домашните работи, но не заборава да биде секогаш активен во месната младинска и партиска работа која повеќе се состоеше во одржување на конференции, во изградување на идејно-политичкото ниво и во доставување на материјална помош на единствената партизанска група во околијата и целокупното пошироко подрачје која претежно се состоеше од борци на растурените партизански групи од Кукушко и Драмско на чело со капетан Христос Мосхос-Петрос. Оваа партизанска група од летото 1942 година логоруваше на планината Кожув, над селото Ноти. Апостол Симовски притоа помагаше и во префрлувањето на оружје и друга опрема од Кукушко за Кожув. Бил од малобројните организирани другари кој знаел за присуството на оваа група партизани која имаше потреба од информации, храна и облека.
Во акцијата на оваа партизанска група во декември 1942 година на железничката станица на Бојмица и обидот да се минира железничкиот мост /прва акција од овој вид дотогаш во Егејска Македонија/, а по неколку дена и саботажите врз рудникот за олово во реонот на Извор-Мајдаг, Апостол Симовски им припаѓа на групата помошници при изведувањето на овие акции.
Во првата половина на 1943 година, Апостол Симовски поради неговата активност во борбата против окупаторот беше избран за член на Околискиот комитет на ОКНЕ-ЕПОН за Гуменџиска околија. Во средината на јули истата година тој стана еден од првите организатори на подготвуваните демонстрации во гратчето Бојмица против ширењето на бугарската окупација и врз останатите делови на Егејска Македонија. Неколку денови потоа, на повик на Партијата на чело со група младинци од родното село заминува како партизан во планината Пајак, каде требало да се формира XXX полк на ЕЛАС. Како партизан тој усчествува во сите акции на овој полк. Зема активно учество во заедничката акција што ја воделе македонски единици од Вардарска Македонија и единица на XXX полк на ЕЛАС на 12 јануари 1944 година во близината на селото Лесково во која цела една непријателска единица била буквално десеткувана.
Апостол често пати се истакнуваше со својата храброст при изведувањето на смели акции и саботажи што ги изведуваше XXX полк на ЕЛАС, поради што бил многу почитуван и ценет од командата на полкот.
Во летото 1944 година Апостол Симовски беше поставен како одговорен на една десетина составена од Македонци при полкот, која требало да послужи како езгро за формирање на поголема македонска единица при самиот полк, слична како и веќе формираниот Воденски македонски баталјон.
Отцепувањето на Воденскиот македонски баталјон од составот на единиците на ЕЛАС и неговото заминување за вардарскиот дел на Македонија на 12 октомври 1944 година имаше за последица оваа група да биде расформирана, а Апостол Симовски да падне под сомнение да не и тој одржувал врски со “Србите”, како што ги нарекувале Грците македонските партизани. Меѓутоа без последици остана како обичен борец во единицата.
Со декемвриските настани во 1944 година, Апостол Симовски, заедно со XXX полк на ЕЛАС заминува за Атина за укажување помош на борците во градот во војната против Англичаните и домашните слуги. Надвор од Аталанда се судриле со Англичаните. Меѓутоа уследи примирјето и полкот мораше повторно пешки да се враќа од далечната Атика за својата база во Ениџе Вардар. Борците патувале долго под неповолни временски услови. Тие кога стигнале во Ениџе Вардар, веќе спогодбата на Варкиза била потпишана. ЕЛАС го предаде оружјето и борците со најбична отпусна листа како бивши борци на ЕЛАС се вратија дома со болка на срцето за изгубената победа која уследи не по нивна вина. По кратко време уследи неразузданиот терор против припадниците на антифашистичкото движење, а пред се против активистите и Македонците. Апостол Симовски и како борец и како Македонец се најде на удар на ова прогонство поради што беше принуден да мине веднаш во илегалство, а во септември истата 1945 година да ја мине веднаш грчко-југословенската граница со група илегалци кои организирано биле префрлени во Булкес.
568 На повик од неговиот брат Тодор Симовски, во март 1946 година го напушта Булкес. Со група Македонци од Гуменџиска околија се враќа во родниот крај и веднаш му се приклучува во НОФ. На планината Пајак како искусен борец од ЕЛАС, раководството на НОФ му го доверува раководството на една партизанска единица на НОФ заедно со неговиот верен другар Алеко Пишутев, исто така првоборец од Градот Гуменџе. 569 Со оваа единица се истакнува во изведување на смели акции пред се во градот Гуменџе. Апостол тешко го поднесува шиканирањето од страна на грчкото раководство кое поради околностите го имаше приматот на планината Пајак, а по начинот како што беше изведено обединувањето на македонските и грчките единици од страна на грчкото раководство тој најмалку го одобрува, за што веднаш го известува својот брат. Своето незадоволство јавно го манифестира на состанокот, која манифестација не останала незабележана од страна на грчкото раководство.
Апостол Симовски тешко го поднесе загинувањето на својот татко Ристо кој во септември 1946 година бил буквално заклан од грчките монархофашисти, а желбата да се сретне со својата 568 Според сеќавањата на Иван Ничев, од градот Гуменџе...
569 Според сеќавањата на Вангел Ничев, од градот Гуменџе...
мајка до крајот на својот живот не му се исполнила. Во декември истата година му пишува на својот брат: “Драги брате, направи се што ти минува од твојата рака, да дојдам да си ја видам својата мајка, па потоа нека умрам”.
Во зимата 1947 година од митралирање на авион загина неговиот другар Алеко Пишутов.
570 Наскоро потоа во раната пролет 1947 година, зголемената и составена од прекалени борци единица во Пајак планина по наредба на Главниот штаб на ДАГ замина за Јужна Грција со цел да го зајакнат таму вооруженото движење и да им укажат помош на тамошните единици. По пат тие се судрувале неколку пати со противникот, но прекалените борци не ги напушти ниту за момент храброста и нивниот борбен морал.
Апостол Симовски за целото време на борбата останал командир на вод. Грчките раководители на КПГ и ДАГ не испуштиле од предвид дека тој верно им служеше на македонската национална кауза и дека неговото учество во заедничката борба претставува долг и за национално ослободување на својот народ.
Во една тешка борба на 21 јуни 1947 година во далечна јужна Грција, во областа Евританија и во близина на селото Кастанула, Апостол Симовски го положи својот живот за слободата на својот народ.
Две години подоцна, во сосема други прилики кога македонските борци биле потребни како неопходна суровина на ДАГ, по предлог на Втората дивизија на ДАГ, Главниот штаб на ДАГ, со наредба од 7 мај 1949 година посмртно го унапредува во чин потпоручник.
570 Според сеќавањата на Алеко Пулков, од градот Гуменџе...
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/bright-figures-mac/39 на 29 октомври 2026