Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)

ЈАНКО РУСЕВСКИ (1925-1949)

Од Ташко Мамуровски · Дел 38 од 42 · Околу 3 минути

Читај на English

ЈАНКО РУСЕВСКИ (1925-1949)

Борецот Јанко Русевски е роден во 1925 година, во селото Попадија, Леринско, во сиромашно земјоделско семејство, но со богати револуционерни традиции. 560 Младиот Јанко, иако живееше во многу сиромашни услови, во семејство кое постојано се наоѓаше под контрола од страна на грчките реакционерни власти, понесен од идејата за слободна Македонија, одејќи по стапките на својот дедо Ѓорѓи /кој загинал во бурните денови од Илинденското востание/, до крајот на својот живот си останал верен на својот народ. 561 Во 1942 година Јанко доброволно се вклучува во редовите на младинската организација ОКНЕ и активно се бори против окупаторот. Поради активноста во борбата за ослободувањето на земјата, подоцна тој беше избран за член на КПГ. Сите задачи кои му беа поставувани од раководството на отпорот, Јанко доследно и доверливо ги извршувал. Неговата куќа за време на антифашистичката борба служела како јавка за сместување на борците на ЕЛАС и на борците од Битолскиот партизански одред. Борците од Битолскиот одред за деновите поминати во куќата на Јанко испеаја и една убава песна за неговата мајка баба Ленка:

“Нашата баба Ленка, втора мила мајка, топло не нахранува, и кога не испратува, празната чутура, мед ја наполнува”.

562 На оваа песна и денес се сеќаваат борците на Битолскиот одред Петре Новачевски и Ѓорѓи Дрзовски.

На 18 јануари 1944 година Јанко, заедно со татко му Тодор, поради нивната активност во ослободувањето на македонскиот народ, беа уапсени од германско-бугарските фашистички војски и одведени во злогласниот концентрационен логор “Павлос Мелас” во Солун. Фашистичките окупатори темелно ја изгореа 560 Според сеќавањата на Атанас Русевски-Наце, од село Сетина, Леринско;

активен учесник во НОБ.

561 Хроника за селата Сетина и Попадија, Леринско. Се чува во ИНИ.

562 Монографија за селата Сетина и Попадија. Скопје, 1978, с. 35.

нивната куќа и го ограбија целокупниот имот. 563 По ослободувањето од логорот Јанко не ја прекинува својата активност и во редовите на селската партиска организација ја продолжува својата борба против окупаторот.

По прогонувањето на фашистичките окупатори од Грција и по дефинитивната ликвидација на ЕЛАС која дојде како резултат на познатиот договор во Варкиза, грчката реакција која стана господар во земјата, со сите сили се нафрли врз демократското движење, а пред се против Македонците за нивно физичко истребување. Под вакви тешки услови, во март 1945 година семејството на Јанко беше протерано од грчките фашистички банди и најде засолниште во Војводина ФНР Југославија.

564 Во текот на 1946 година Јанко активно учествува во обновата и изградбата на социјалистичката земја, т.е. во изградбата на младинската пруга “Брчко Бановиќ”.

Во август 1948 година заминува во родниот крај и доброволно се вклучува во редовите на ДАГ. Во составот на 108-та бригада на ДАГ, херојски и пожртвувано се бори во борбите на Грамос и на други места во родниот крај.

565 Во септември истата година, во една борба која беше водена на планината Малимади, беше ранет и заробен од непријателот заедно со својот соборец и соселанец Пандил Мучов, а потоа беше пренесен во болницата на непријателот во градот Кожани.

Во февруари 1949 година, односно по излекувањето на раните, Јанко беше натеран сам да си го ископа гробот, а потоа ѕверски убиен од монархофашистичките џелати.

566

563 Истото.

564 Според сеќавањата на Ване Ајтов, од село Сетина, Леринско; учесник во НОБ и ДАГ.

565 Монографија за селата Сетина и Попадија..., с. 35.

566 Атанас Русевски, Сеќавања за периодот 1941-1945 година. Се чуваат во ИНИ.