Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)
СОТИР МИОВСКИ (1923-1949)
СОТИР МИОВСКИ (1923-1949)
Селаните од убавото Преспанско село Орово, како впрочем и стотици селани од другите македонски села од егејскиот дел на Македонија, заедно со демократските сили на Грција, најактивно учествуваа во Граѓанската војна во Грција и дадоа огромни жртви за слободата на својот народ. Меѓу најистакнатите Оровчани кои го положија својот живот за слободата на македонскиот народ е и Сотир Миовски. Тој е роден во 1923 година во сиромашно земјоделско семејсто. По завршувањето на основното училиште во родното село Сотир, жеден за наука, имал голема желба да го продолжи своето школување во Леринската гимназија, но иако бил одличен ученик, поради тешките економски услови, тој не бил во можност да ги исполни своите желби. Неговиот татко Лазо го напуштил уште во детските години и заминал на печалба во далечна Австралија. Поради тоа тој бил принуден од најмладите години да се занимава со земјоделски работи за да и обезбеди егзистенција на своето семејство. 454 Но и покрај тешките економски услови, Сотир наоѓал време сам да се самообразува. Во многу кратко време тој научил да чита и да пишува, и тоа на македонски јазик од македонскиот илегален печат којшто одвреме навреме беше пренесуван во неговиот роден крај со помош на партизанските единици од вардарскиот дел на Македонија. Подоцна тој веќе бил во состојба да чита прогресивна литература со револуционерна содржина.
455 Ваквата прогресивна литература правилно го ориентирала и го научила да ги согледува причините за националната и социјалната експлоатација на македонскиот народ. Преку неа тој дошол до сознание дека ослободувањето на македонскиот народ може да биде дело само на Македонците и дека тие само со сопствени сили ќе можат да ја извојуваат својата национална слобода.
Во времето на Втората светска војна Сотир Миовски, иако не беше директен учесник во настаните на антифашистичката 454 Според сеќавањата на Коста Миовски, брат на Сотир Миовски; активен учесник во НОБ и ДАГ.
455 Томе Миовски, Паднати за татковината. Скопје, 1968, стр. 21.
војна, неуморно им помагал со сите можни средства на партизанските единици на ЕЛАС и на единиците од вардарскиот дел на Македонија кои одвреме навреме престојуваа во Преспанско. 456 Благодарејќи на неговата неуморна активност во борбата за ослободување на македонскиот и грчкиот народ, во почетокот на 1943 година тој беше избран за член на младинската комунистичка организација ОКНЕ. Истата година Сотир станал раководител на организацијата ЕПОН во родното село. Малку подоцна беше избран за член на КПГ. Како таков, тој ја продолжи борбата против окупаторот и домашните предавници.
457 Кон крајот на истата година, односно со формирањето на македонската антифашистичка организација СНОФ во Леринско, Сотир Миовски станал нејзин пламенен пропагатор и го повикувал македонскиот народ во борба за своето ослободување.
Од средината на 1944 година Сотир со пушка в рака се бори за брзо прогонување на странските окупатори од земјата. Херојски и пожртвувано учествува скоро во сите борби што се водеа во неговата родно околија.
По прогонувањето на фашистичките окупатори од земјата Сотир, како искусен активист во движењето, и понатаму ја продолжува својата револуционерна дејност. Во својство на раководител на движењето во Преспанско, ги обиколува преспанските села и го агитира народот за борба против новиот режим во Грција. Поради ваквата активност, во август 1946 година, тој заедно со други раководители на движењето во Преспанско беше уапсен од грчката полиција и беше ставен во строг затвор. По ослободувањето од затворот, односно во ноември истата година, 458 повторно беше затворен во с. Папле.
Неговите мачења и малтретирања од страна на грчката 456 Истото: стр. 21-22.
457 Според сеќавањата на Димитар Јоновски, од село Орово, Преспанско;
учесник во НОБ и ДАГ.
458 Томе Миовски, Паднати за татковината..., стр. 22.
полиција и жандармерија беа страшни. Неколку дена по ред бил оставен без храна и вода. Но, и покрај ѕверските мачења, Сотир и неговите другари никого не предадоа. Тие докрај си останаа верни на своите македонски идеали. Жилаво се бореа за слободен и рамноправен живот на својот народ.
Кон крајот на 1946 година во Преспанско беше формиран Третиот преспански одред на чело со Лефтер Олевски од село Баница, Леринско, со цел да го заштитува македонското население од теророт на грчките терористички одреди кои беснееја по македонските села во Преспанско. Подоцна, во мај 1947 година, овој одред прерасна во чета на чело со Пандо Марковски, од село Желево, Леринско.
459 На 25 март 1947 година, Сотир Миовски, по неговото ослободување од затворот, заедно со други свои соселани, доброволно стапува во редовите на ДАГ. Во почетокот тој се вклучи во четата на Пандо Марковски во својство на негов курир. Истовремено во четата ја вршеше и функцијата одговорен по агитација и пропаганда.
460 Сотир беше уверен дека само со пушка в раце може да биде уништен непријателот. Поради тоа уште од првите денови во редовите на ДАГ тој храбро и јуначки се бори против непријателските единици на планината Грамос, Вичо, Л’к, Лерин и во ред други борби.
Ценејќи ја неговата храброст и решителност во борбата за ослободувањето на македонскиот и грчкиот народ, Главниот штаб на ДАГ го испратил во офицерската школа на планината Грамос. По успешното завршување на офицерската школа Сотир беше задржан во неа во својство на наставник како способен и искусен офицер.
459 Според сеќавањата на Пандо Марковски, од село Желево, Леринско;
учесник во НОБ од 1941 година, заменик командант на баталјон во Првата ударна бригада на Македонците од Грција. Во ДАГ командир на чета во 107- та бригада на ДАГ.
460 Ироес ќе мартирес /Херои и маченици/. Издание “Неа Елада” /Нова Грција/, 1954, стр. 172. Истото: Според сеќавањата на Пандо Марковски...
Сотир Миовски не беше само добар војник, туку и истакнат политички работник. Активно учествуваше во работата на македонските ослободителни организации: НОФ, НОМС и АФЖ. Исто така беше делегат на Конгресот на НОФ и на многу други конференции. 461 Беше примерен борец и политички раководител.
Согледувајќи ја борбената активност и храброст на Сотир Миовски, Главниот штаб на ДАГ на 23 јануари 1949 година го унапредува во чин потпоручник, а на 29 јули истата година во чин поручник.
462 Во почетокот на август 1949 година Сотир со 670-та единица на офицерската школа на ДАГ, бранејќи ја позицијата на височината Лисец, за да им даде можност да отстапат другите единици на ДАГ, беше нападната од многубројна непријателска војска од сите страни. Настана крвава и нерамна борба.
Согледувајќи дека непријателот се повеќе го стега обрачот околу неговите позиции, Сотир тргна во последниот напад во името на слободата. Во таа тешка борба, на 11 август 1949 година, тој го положува својот живот за слободата на својот народ.
463 Посмртно Главниот штаб на ДАГ му доделува чин мајор и го прогласува за почесен херој.
461 Според сеќавањата на Герман Нелковски, од село Орово, Преспанско;
учесник во ДАГ.
462 Ироес ќе мартирес /Херои и маченици/..., стр. 172. Истото: “За света народна слобода”..., с. 160.
463 Томе Миовски, Паднати за татковината..., стр. 23. Истото: “За света народна слобода”..., с. 160 и Ироес ќе мартирес /Херои и маченици/..., стр.
172.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/bright-figures-mac/30 на 29 октомври 2026