Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)

КОСТА КУЗЕВ-ДИНИ (1913-1950)

Од Ташко Мамуровски · Дел 25 од 42 · Околу 5 минути

Читај на English

КОСТА КУЗЕВ-ДИНИ (1913-1950)

Револуционерот Дини Кузев е роден во 1913 година во градот Воден, во сиромашно работничко семејство.

Во 1924 година, по ненадејната смрт на неговиот татко Туши Кузев, малиот Коста беше даден на школување во едно училиште за деца сирачиња во Воден. По завршувањето на основното училиште тој продолжи да се школува во военото училиште на островот Крв.

396 Уште од самиот почеток тој се истакна меѓу најдобрите ученици. По кратко време се поврзува со напредни младинци во училиштето и со нивната помош се зачленува во младинската организација ОКНЕ. Во редовите на ОКНЕ тој се воспитува во револуционерни идеи.

Во 1930 година Коста беше откриен од воените власти во училиштето поради неговата револуционерна дејност, а потоа уапсен и осуден на седум месеци строг затвор.

397 По завршувањето на казната тој се враќа во родниот град и како член на организацијата ОКНЕ продолжува да работи за омасовување на ОКНЕ во Воден.

Во периодот 1932-1933 година во Воден се одвиваа масовни синдикални манифестации. Коста како неуморен агитатор на ОКНЕ, со голем елан се вклучува во тие манифестации.

398 Во 1934 година Коста Кузев беше повикан на отслужување на воениот рок во Воден. Во воената касарна тој веднаш се зачленува во Комитетот на антифашистичката организација во 30-от пешадиски полк, кој се раководеше од Окружниот комитет на КПГ за Воденско. 399 Како искусен активист на ОКНЕ Коста по своја лична одговорност учествува во распространувањето на револуционерниот пропаганден 396 Вангел Ајановски-Оче, Сеќавања и критички осврт за развојот на работничкото, комунистичкото и национално-ослободителното движење на Македонците во Воден и Воденско, дел II, с. 371. Сеќавања, се чуваат во ИНИ.

397 Истото.

398 Според сеќавањата на Вангел Ајановски-Оче.

399 Според сеќавањата на Ангел Гацев.

материјал во воените касарни, во пишувањето на пропагандни пароли /летоци, повици/ итн.

Диктатурата на Јоанис Метаксас во Грција Дини ја дочека како член на Градскиот комитет на КПГ во Воден и како таков тој се бореше против злосторствата што ги вршеше грчкиот режим врз невиното македонско население.

Кон крајот на октомври 1940 година Коста беше мобилизиран во грчката армија, а потоа беше испратен на Албанскиот фронт за да се бори против италијанскиот агресор. Во пролетта наредната година тој се враќа од Албанскиот фронт во Воден и веднаш се вклучува во борбата против новите фашистички окупатори. Благодарејќи на неговата активност и верба во ослободувањето на македонскиот и грчкиот народ повторно беше избран за член на Градскиот комите на КПГ за градот Воден.

400 Подоцна, со формирањето на македонската ослободителна организација МАО, Коста стана член на Окуржниот комитет на МАО за Воденско.

401 Во тоа својство тој ја продолжи борбата против туѓите поробувачи и домашните слуги.

Кон крајот на пролетта 1943 година Коста Кузев беше избран за член на Окуржниот комитет на КПГ за Воденско и како таков беше задолжен да работи во финансискиот сектор.

Во средината на јули истата година германските окупатори, покрај источниот дел на Егејска Македонија, предадоа на управување на царска Бугарија и делови од Централна Егејска Македонија. Македонската земја уште еднаш се делеше.

Комунистите од Воденско веста ја примија со големо огорчување и револт. Во градот беше организиран општ штрајк кој траеше два дена . Кон крајот на истиот месец во градот беше организиран и протестен митинг на кој зедоа учество околу 1.000 манифестанти. Со митингот раководеше посебен одбор во 400 Вангел Ајановски-Оче, Сеќавања и критички осврт за развојот на работничкото, комунистичкото и национално-ослободителното движење во Воден и Воденско..., стр. 372.

401 Според сеќавањата на Ангел Гацев...

состав: Вани Мандев, Ташко Ајановски, Дини Папајанков, Дини Кузев и други. 402 По прогонувањето на германско-италијанските и бугарските окупатори од земјата Коста беше поставен за Окружен јавен обвинител во Воденско и како таков работеше се до капитулацијата на ЕЛАС, која дојде како резултат на познатиот договор во Варкиза.

Подоцна, со формирањето на македонската ослободителна организација ТОМО во Воденско, Коста меѓу првите се вклучува во нејзините редови и работи неуморно за нејзиното омасовување. Треба да се подвлече фактот дека во тоа време раководството на КПГ водеше националистичка политика спрема македонското ослободително движење и воопшто кон македонското национално прашање. Поради ваквата шовинистичка политика на КПГ во Воденско, организацијата ТОМО беше изложена на големи тешкотии за да може да го организира и омасовува македонскиот народ во борба против грчката реакција која беснееше низ цела Егејска Македонија.

Но и покрај заканите и клеветите од страна на националистичките елементи во КПГ, ТОМО успеала да привлече во своите редови еден голем дел македонски активисти и функционери на КПГ од Воден и Воденско, меѓу кои и Коста Кузев-Дини. Поради ваквата негова национална свест, тој беше принуден да се судри со раководството на КПГ во Воденско.

Во редовите на ТОМО Дини развива широка пропагандна дејност. Заедно со други видни Македонци тој го агитираше македонското население од Воденско во борба против грчкиот режим. Благодарејќи на ваквата негова активност, тој стана член на Градскиот одбор на ТОМО /одговорен по агитација и пропаганда/.

403 Подоцна, со формирањето на НОФ за Воденско, Дини Кузев ја продолжува својата патриотска борба се до крајот на својот живот.

402 Вангел Ајановски-Оче, Егејски бури..., стр. 159.

403 Истото: с. 161.

Кон крајот на декември 1945 година во Солун беше одржана конференција со претставници на КПГ. На неа присуствуваа и делегатите на КПГ од Воденско, Трифун Шиндев и Дини Кузев, кои бараа од КПГ да го признае НОФ како напредно и револуционерно движење и да прекине таа со клеветничката кампања против неговото членство. Неочекувано за присутните, генералниот секретар на КПГ Никос Захаријадис ја призна НОФ како народноослободителна организација на Македонците од Егејска Македонија. 404 Револуционерната активност на Дини Кузев во редовите на македонското народноослободително движење без прекин трае се до неговото апсење во втората половина на 1946 година. Тој беше ѕверски мачен во воденските затвори, а потоа интерниран во концентрациониот логор Макронисос. Таму беше држан се до 1950 година кога беше донесен во еден логор во Солун. Тука беше убиен на мистериозен начин, најверојатно отруен.

404 Според сеќавањата на Трифун Шиндев, од село Теово, Воденско; активен учесник во НОБ и ДАГ.