Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)

ПЕНО КАРАМУТКИН (1920-1945)

Од Ташко Мамуровски · Дел 22 од 42 · Околу 4 минути

Читај на English

ПЕНО КАРАМУТКИН (1920-1945)

Пено Карамуткин е борец на Народноослободителното движење во егејскиот дел на Македонија кој рано го даде својот живот за слободата на својата татковина. Тој е еден од деветте активисти на НОФ од Гуменџиска околија кои на Пајак планина останаа на вечна стража.

Роден е во 1920 година, во убавото македонско село Крива, Гуменска околија, во сиромашно земјоделско семејство.

Детството и својата младост ја помина во родното село каде што заврши шестогодишно основно училиште.

366 Пено имаше голема желба да го продолжи своето школување во кукушката гимназија, но поради немање материјални средства за живеење, тој не беше во состојба да ги реализира своите желби. По отслужувањето на воената обврска, каде што се здоби со чин водник, им помага на своите родители во земјоделските работи.

367 Кога фашистичка Германија ја нападна Грција и Егејска Македонија, Пено, како и многу други Македонци од родното село со голема љубов и пожртвуваност се вклучува во борбата против фашистичките поробувачи.

Во 1942 година, Пено Карамуткин, заедно со своите соселани Атанас Јанаков, Димитар Лититаров, Дино Бинчев и Пано Митков, во селото Крива формираат основна организација на ЕАМ.

368 Во наредната година, Пено формира во родното село и основна организација на ЕПОН, и како нејзин раководител ужива голем авторитет меѓу младината. Заедно со членовите на ЕПОН тој 366 Овој прилог, од истиот автор е објавен и во спис. на Матицата на иселениците од Македонија “Иселенички календар”, Скопје, 1982, с. 94-95.

Тука го даваме со некои мали измени и дополнувања.

367 Според сеќавањата на Димитар Лититаров, од село Крива, Гуменџиско;

учесник во НОБ и ДАГ.

368 Сеќавања на Димитар Лититаров, за неговата револуционерна дејност во периодот 1942-1948 година. Се чуваат во ИНИ.

поставуваше стража во сите опасни места и ја одржуваше врската помеѓу илегалците во родното село и градот Гуменџе.

Исто така ги посетуваше и околните села како Петгас, Баровица, Рамна итн. и агитираше меѓу младинците за борба против окупаторот и домашните предавници.

Во февруари 1944 година, Пено се реши доброволно да стапи во редовите на партизанските единици на ЕЛАС, но бидејќи во позадината неговиот придонес за движењето беше од посебно значење, раководството на отпорот не му дозволи да замине тој во партизани.

369 Пено работеше во Народноослободителното движење во Крива и околните села се до декември 1944 година, до прогонувањето на германскиот и бугарскиот окупатор од земјата. Веднаш потоа беше избран за член на Народниот суд во Гуменџе.

370 Кон крајот на декември истата година, Пено Карамуткин беше ангажиран за собирање и складирање на оружјето кое остана по повлекувањето на окупаторот од Грција. Тој заедно со други лица од родното село, пренесе од Солун на планината Пајак неколку товари оружје.

371 Со доаѓањето на англиските интервенционисти во Грција и со воведувањето на десничарската власт како резултат на споменатиот договор во Варкиза, Пено, заедно со други прогресивни Македонци од родното село, беше принуден да премине во илегалство.

Согледувајќи ја мошне тешката положба на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија, по претходни консултации со Главното раководство на НОФ за Егејска Македонија, во мај 1945 година, Пено, заедно со други македонски родољуби од родниот крај, од илегалство се враќа на планината Пајак и ја продолжува борбата против новите

369 Истото.

370 Според сеќавањата на Иван Ничев, од градот Гуменџе...

371 Според сеќавањата на Димитар Лититаров...

реакционерни власти во Грција. 372 Тој веднаш се поврзува со младинците од родното село, а потоа ја формира во селото Крива македонската ослободителна организација НОФ.

Од овој момент Пено Карамуткин се здобива со уште поголем авторитет, пред се кај македонската младина. Во редовите на НОФ тој агитираше кај младинците од родното село и околијата во борба против новиот ненароден режим во Грција. Таа негова активност траеше се до 17 ноември 1945 година, кога поради предавство на планината Пајак во месноста “Шеова” беше откриен, а потоа ѕверски убиен заедно со 8 други раководители и активисти на НОФ од Гуменџиско.

373 Смртта на Пено Карамуткин и на неговите другари претставуваше голема загуба не само за НОФ, туку и за македонскиот народ. Иако тој не беше крупна и водечка фигура во движењето во Егејска Македонија, сепак одигра значајна улога особено во поставувањето на основите на организацијата НОФ во својата околија, како и во привлекувањето, односно вклучувањето на младината во Народноослободителното движење.

372 Според сеќавањата на Вангел Ничев-Ориватис, на Димитар Лититаров и на Иван Ничев...

373 За трагедијата на дветте активисти на НОФ од Гуменџиска околија, поопширно види на с. 262-268 од овој труд.