Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)

РИСТО ДОНЧЕВ (1921-1948)

Од Ташко Мамуровски · Дел 19 од 42 · Околу 6 минути

Читај на English

РИСТО ДОНЧЕВ (1921-1948)

Раководството на КПГ, ЕЛАС и ДАГ секогаш водеше сметка како Македонците јавно ја манифестираат својата национална свест, и поради тоа некои од нив беа дури подло ликвидирани како “опасни” елементи, прилепувајќи им ја етикетата на “автономисти”, “сепаратисти”, “дезертери”, “предавници” и што не друго. Таков беше случајот и со Ристо Дончев. 318 Ристо Дончев е роден во 1921 година, во убавото село Јаворјани, Воденско. Потекнува од сиромашна земјоделска фамилија, но со богати револуционерни традиции. Неговиот татко Ѓорѓи Дончев беше назначен како македонски учител во неговото родно село Пожарско, Мегленско. Но, со анексијата на Егејска Македонија од страна на Грција како резултат на Балканските војни, во 1912 година, Ѓорѓи Дончев, заедно со многу други соселани беше принуден да го напушти родното село Пожарско и да се пресели во селото Јаворјани каде почна да се занимава со земјоделска работа.

319 Во 1924 година, Ѓорѓи Дончев беше принуден да го напушти и селото Јаворјани и да се пресели во градот Воден, бидејќи неговата фамилија беше многубројна и сиромашна, без доволно имот-земја. Таму како земјоделски работник веднаш се поврзува со напредни работници од градот како на пример Перикли Паскалов, Таши Кордалов, Дини Папајанков, Туши Колкотронов, Кољо Проев и други македонски членови на партиската организација на КПГ во Воден и, под нивно влијание и тој се зачленува во Партијата.

320 Со текот на времето Ѓорѓи Дончев сите свои деца ќе ги воспитува со револуционерни идеи. Неговите четири синови и ќерка подоцна ќе станат вистински комунисти и активисти на партиската организација на КПГ во Воден, а истовремено ќе вршат низа 318 Овој прилог, од истиот автор е објавен и во спис. на Матицата на иселениците од Македонија “Иселенички календар”, Скопје, 1983, стр. 130.

Тука го даваме со некои мали измени и дополнувања.

319 Вангел Ајановски-Оче, Сеќавања и критички осврт за развојот на работничкото, комунистичкото и националноослободителното движење на Македонците во Воден и Воденско, II дел, стр. 374. Се чуваат во ИНИ.

320 Истото.

синдикални должности за која дејност често пати ќе бидат апсени и осудувани од страна на грчките реакционерни власти.

Во 1934 година, неговиот најмал син Ристо Дончев, иако малолетен се вработува како обичен работник во фабриката за јажиња во “Цицова фабрика”. Тука тој веднаш се вклучува во синдикалното движење на текстилните работници и се бори за правата и интересите на работниците.

321 Германската, италијанската и бугарската окупација на Грција и Егејска Македонија го затекнува како работник во текстилната фабрика “Естија” каде наскоро се зачленува во воденската младинска организација ОКНЕ и, како таков активно се вклучува во извршувањето на сите задачи што ги поставуваше организацијата против окупаторот. Ристо Дончев активно учествува во сите организирани политички манифестации, во разни штрајкови, митинзи итн. Поради неговата неуморна активност, кон крајот на 1941 година станува член на КПГ, а во наредната година и член на македонската ослободителна организација МАО. Тој неуморно работи за омасовувањето и проширувањето на МАО во градот Воден, а пред се во фабриките.

322 Во 1943 година Ристо Дончев беше избран во раководството на Сеработничкиот центар во Воден. Тој се солидаризира со другите македонски комунисти и антифашисти во барањата на своите национални и социјални права и истиот учествува на неколку илегални состаноци, кои без знаење на Окуржното раководство на КПГ се одржуваа во градот. На состаноците, македонските комунисти се до говараа за поставувањето на дневен ред пред градското раководство на КПГ на македонското национално прашање, односно за неговото позитивно решение.

Во текот на летото 1944 година, со формирањето на Воденскиот македонски баталјон на Кајмакчалан, Ристо Дончев постојано го агитираше македонското население, а особено македонската младина во Воден со цел што помасовно да стапува во 321 Според усните искажувања на Вангел Ајановски-Оче...

322 Вангел Ајановски-Оче, Егејски бури..., стр. 100.

македонската војска. Благодарејќи на неговата агитација голем број Македонци со голем ентузијазам стапуваа во редовите на првата македонска војска во Мегленско и Воденско. Вреди да се нагласи дека по кратко време и самиот беше назначен за командир на вод во Баталјонот. 323 Во октомври 1944 година, со отцепувањето на Воденскиот македонски баталјон од составот на единиците на ДАГ поради неправилниот став на раководството на КПГ и ЕЛАС во однос на македонското национално прашање, Ристо Дончев, заедно со Баталјонот преминува на територијата на Вардарска Македонија и во составот на македонските партизански единици од овој дел на Македонија, во својство на командир на вод ја продолжува борбата против окупаторот.

Во ноември истата година, со формирањето на Првата ударна бригада на Македонците од Грција, Ристо во својство на офицер во Третиот баталјон учествува во сите акции што ги вршеше Бригадата против балистите на Џемо и Мефаил во околината на Дебар, Кичево, Гостивар, Тетово итн.

Во мај 1945 година, по расформирањето на Првата ударна бригада на Македонците од Грција, Ристо Дончев, како офицер во ЈНА работи во пограничните сектори, а во почетокот на 1947 година по свое лично барање се вклучува во редовите на македонската ослободителна организација НОФ за Егејска Македонија. Веднаш потоа, односно со неговото враќање на теренот во родниот крај беш поставен за секретар на Градскиот одбор на НОФ за градот Воден.

324 Како што е нагласено и во друга прилика, во тоа време грчките реакционерни власти вршеа секојдневни злосторства не само против членството на НОФ, туку и против целото македонско население во градот Воден и во воденските села. Но Ристо Дончев како и другите функционери на НОФ, не потклекнува.

Тој во овие тешки услови и понатаму со голема одговорност и 323 Истото: стр. 416.

324 Вангел Ајановски-Оче, Сеќавања и критички осврт за развојот на работничкото, комунистичкото и националноослободителното движење на Македонците во Воден и Воденско..., стр. 375.

пожртвуваност ги исполнува сите задачи што ги поставуваше организацијата НОФ за Воденско.

Кон средината на 1947 година, согласно спогодбата постигната меѓу КПГ и НОФ на 20 мај истата година во месноста “Мишови колиби” на Кајмакчалан, Ристо Дончев беше мобилизиран од страна на ДАГ и беше даден на располагање на Штабот на ДАГ за Кајмакчалан. Тој во својство на командир на еден партизански одред на ДАГ дејствуваше во Западен Кајмакчалан, на секторот Баница-Сетина.

325 Покрај воените акции што ги вршеше на тој терен, Ристо никогаш не престануваше да ја шири македонската национална свест сред македонските партизани во ДАГ и македонското население од овој крај. Но, тоа не им се допаѓаше на некои раководители на ДАГ и на 26 март 1948 година Ристо мистериозно загина. Беше стрелан од непознато лице во моментот кога неговиот одред на сред село во Сетина се веселеше и играше македонско оро на чие чело стоеше Ристо.

326 Бидејќи раководството на ДАГ од тој терен до крај остана индиферентно за подлата смрт на Ристо Дончев, оттука можеме да заклучиме дека тоа злосторство беше дело на шовинистичките и националистичките елементи што беа присутни во ДАГ. Тие не можеа да трпат во нивните редови еден ваков храбар борец и пламенен Македонец.

325 Истото.

326 Истото.