Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)

МИХАЛИ АПОСТОЛОВ-ГРАНИТИ (1923-1948)

Од Ташко Мамуровски · Дел 11 од 42 · Околу 11 минути

Читај на English

МИХАЛИ АПОСТОЛОВ-ГРАНИТИ (1923-1948)

Во критичните моменти на борбата во својата единица Михали Апостолов покажуваше храброст, бесстрашност и решителност да го даде својот живот само за да ги спаси своите другари. Со својот пушкомитролез ги косеше непријателите и јуришаше на нив. Поради тоа неговите другари го нарекоа “Гранити”. И со право го споредија со цврстата, непробојна гранитна карпа.

Михали Апостолов-Гранити е роден на 25 ноември 1923 година во селото Крчишта, Костурско. Потекнува од земјоделско-работничко семејство. По завршувањето на основното училиште во родното село, односно по смртта на неговиот татко Илија, тој и помагаше на својата мајка во земјоделските работи. Подоцна, еден краток период престојуваше во градот Лариса каде што учеше и работеше шивачки занает.

196 По избувнувањето на грчко-италијанската војна, Михали, иако се уште млад, меѓу првите во родното село се вклучува во антифашистичкиот отпор. Заедно со своите соселани Лазо Порјазовски, Наум Порјазовски, Дафина Пановска, Донка Пурдовска и Коле Андоновски, тој го прибираше и складираше напуштеното оружје од грчката армија, која поради нападот на германските војски беше принудена да се повлече од Албанскиот фронт во внатрешноста на Грција.

197 По дефинитивното окупирање на Грција и Егејска Македонија од страна на германско-италијанските и бугарските фашистички војски, Михали и понатаму ја продолжува својата патриотска и антифашистичка дејност. Како член на младинската комунистичка организација ОКНЕ, тој активно учествува на разни илегални состаноци на кои се дискутираше за формите и методите на вооружената борба против окупаторот и домашните предавници. Ваквата илегална дејност на Михали трае се до почетокот на 1943 година кога тој заедно со својот соселанец Трпе Михајлов стапува во партизанските единици на ЕЛАС.

196 Според сеќавањата на Лефка Апостолова, од село Крчишта, сестра на Михали Апостолов; активен учесник во НОБ и ДАГ.

197 Истото.

Во август истата година, со претходни консултации на партиската организација на КПГ во селата Косинец и Лабаница, Михали, заедно со една група партизани на чело со Паскал Митревски, активно учествува во разоружувањето на контрачетниците во споменатите села. 198 Подоцна, во есента 1943 година, Михали Апостолов, заедно со други македонски борци се префрлува во македонскиот партизански одред “Лазо Трповски”.

199 Истата година во борбите на одредот со Германците на планината Бигла, Михали, иако беше ранет, склонет зад една карпа, со својот пушкомитралез успеал да го задржи непријателот и да го натера на повлекување. Тоа се прочуло меѓу борците и тие поради тоа нему му го дале прекарот “Гранити”.

Кон крајот на ноември истата година, Михали учествува во сите борби за разоружување на контрачетниците во селата Дреновени, Черновишта, Габреш, Поздивишта, Кономлати, Прекопана и други. Како борец во одредот “Лазо Трповски”, тој со својот пушкомитралез, во секоја битка, херојски јуришаше против непријателот во борбите на планините Вичо и Бигла.

Во пролетта 1944 година, Михали учествуваше и во борбите за разоружувањето на германските гарнизони во селата Псодери, Руља, Смрдеш и мостот на раскрсницата меѓу селата Габреш и Брезница. Голема активност покажа и за време на разоружувањето на една ерменска единица, која беше вооружена од Германците во селата Брезница и Руља.

200 Кон крајот на првата половина на мај исатата година, поради неправилниот став на раководството на КПГ и ЕЛАС во однос на македонското национално прашање, дојде до јавен расцеп помеѓу македонските и грчките партизани на ЕЛАС. Како што е 198 Според сеќавањата на Донка Филипова, од село Крчишта. Во НОБ активно се вклучува од пролетта 1943 година. За време на Граѓанската војна во Грција беше член на Окружниот одбор на НОФ-АФЖ за Костурско и член на Главниот одбор на АФЖ за Егејска Македонија.

199 Според сеќавањата на Васко Макриевски, од село Смрдеш...

200 Истото.

нагласено и во друга прилика, во знак на протест, една група македонски борци во која се наоѓаше и Михали Апостолов, се отцепи од составот на единиците на ЕЛАС и премина на територијата на Вардарска Македонија. Во составот на југословенските партизански единици на планината Караорман, ја продолжи борбата против окупаторот и домашните предавници. 201 Малку подоцна, кон крајот на јуни 1944 година од оваа група борци и од новодојдените партизани и активисти на организацијата СНОФ од Костурско, во составот на партизанските единици од Вадарска Македонија беше формирана прва посебна единица /баталјон/ од борци од делот на Македонија под Грција.

202 Командант на овој баталјон беше назначен Атанас Коровешов, а Михали Апостолов-Гранити беше именуван заменик политички комесар на Првата чета во баталјонот чиј командир беше Васко Макриевски. 203 Со борците на баталјонот, Михали учествуваше во борбите против Германците и балистите на теренот на планината Караорман и тоа во селата Елеваси, Коџаџин, во околината на градот Дебар, па дури до Охрид.

Во првата половина на јули 1944 година, по спогодбата на КПМ со КПГ, Михали, заедно со борците на баталјонот се враќа на теренот во Егејска Македонија и ја продолжува борбата против окупаторот.

Во почетокот на август истата година, со формирањето на Костурско-Леринскиот баталјон “Гоце”, Михали Апостолов, во својство на командир на вод во Третата чета чиј политички комесар беше Минчо Фотев, меѓу првите се вклучува во редовите на баталјонот “Гоце” и со уште поголема упорност и 201 Писмо од одредот на ЕЛАС - “Вичо” до единицата на НОВ на Македонија во Преспа од 18 мај 1944 година со кое бара да ги врати 30-те борци кои се отцепија од ЕЛАС и минале во редовите на НОВ на Македонија. “Егејска Македонија во НОБ, 1944-1945”, Т. I, док. 108, стр. 123.

202 Според сеќавањата на Евдокија Баљова-Вера и Васко Макриевски...

203 Истото.

пожртвуваност ја продолжува борбата против странските окупатори и домашните предавници. 204 Во текот на август и септември 1944 година, Михали Апостолов учествува во борбите за разоружувањето на контрашките села во Костурска околија. Заедно со борците на баталјонот “Гоце” тој поставува заседи на секторот Корча-Лерин против германските единици кои се повлекуваа од градот Корча кон Лерин. Посебно се истакна во борбата против една непријателска единица која имаше поставено заседа против баталјонот “Гоце”. Во оваа жестока битка Михали беше претходница. Непријателските војски се распрснаа во панично бегство.

205 На ова место потребно е да се нагласи дека Костурско-Леринскиот баталјон “Гоце”. /кој влегуваше во составот на 28-от полк на ЕЛАС, односно IX-та дивизија на ЕЛАС/ израсна во бригада, а постоеше можност да се формираат и други покрупни македонски единици. Но раководството на КПГ и ЕЛАС мошне се вознемири и не даде согласност баталјонот “Гоце” да прерасне во бригада или во друга поголема единица.

Малку подоцна, во октомври 1944 година пристигна и чудната наредба на КПГ и ЕЛАС. Имено, грчкото раководство на отпорот даде наредба да се префрлат борците на баталјонот “Гоце” во внатрешноста на Грција, наводно за да се зајакнат единиците на ЕЛАС на овој терен. Намерата беше откриена. Се работеше за расформирање на баталјонот. Се разбира, никој од македонските борци не сакаше да се согласи со оваа одлука на КПГ и ЕЛАС, и во знак на протест, тие повторно преминаа на територијата на Вардарска Македонија каде што ги продолжија борбите против германските единици кои отстапуваа од територијата на Грција кон Битола.

206 Вреди да се подвлече дека баталјонот “Гоце” претходно беше нападнат од една единица на ЕЛАС во моментот кога македонските борци имаа 204 Според сеќавањата на Минчо Фотев, од Рупишта и Васко Макриевски.

205 Според сеќавањата на Уранија Јурукова, од село Изглибе, Костурско;

командир на независен вод во баталјонот “Гоце”, составен исклучиво од девојки.

206 Христо Андоновски, Македонците под Грција во борбата против фашизмот /1940-1944/. ИНИ, Скопје, 1968, глава осма, стр. 190-197.

заземено борбени позиции на планината Врба против германските војски и нивните слуги кои се повлекуваа од Солун и Корча.

Како посебна македонска единица, борците на баталјонот “Гоце” ги продолжија борбите на територијата на Вардарска Македонија против балистите и контрачетниците, кои заедно со Германците се повлекуваа во Битола за да се спасат.

Во ноември истата година, со формирањето на Првата егејска ударна бригада во слободна Битола, Гранити беше назначен за заменик политички комесар на Првиот баталјон чиј командант беше Атанас Коровешов.

207 Во составот на Првата ударна бригада на Македонците од Грција, Михали учествува во сите борби кои беа водени против остатоците и балистичките банди во Тетовско, Кичевско, Гостиварско и Шарпланина. 208 По расформирањето на Првата ударна бригада на Македонците од Грција, нејзините борци и дел од командниот состав беа распоредени во југословенските единици на КНОЈ.

Во втората половина на мај 1945 година, неколку другари од командниот состав на бившата Прва ударна бригада на Македонците од Грција меѓу кои и Михали Апостолов, по предлог на Главното раководство на НОФ за Егејска Македонија, беа испратени на курс за политичко усовршување.

209 По завршувањето на овој курс, Михали и неговите другари, по директива на раководството на НОФ, беа испратени и распоредени како организатори и раководители на НОФ во разни околии на територијата на Егејска Македонија. Тој заедно со Михајло Керамитчиев и Борис Мусманов, беше испратен илегално во Серско со цел да воспостават основни организации 207 Според сеќавањата на Уранија Јурукова...

208 Според сеќавањата на Уранија Јурукова и Васко Макриевски...

209 Истото.

на НОФ и во овој окург. 210 И покрај тоа што владееше голем терор на овој терен од страна на грчката реакција, Михали и неговите другари успеале да воспостават врски и основи на организацијата НОФ во неколку села на овој округ. Треба да се нагласи дека тие неколку пати биле изложени на големи опасности и тешкотии, но благодарејќи на снаодливоста и присебноста на Михали, тие успеале да се исвлечат од опасноста.

Кон крајот на март 1946 година, по директива на Главното раководство на НОФ, Михали Апостолов беше вратен во Костурско каде веднаш беше избран за член на Окуржниот одбор на НОФ за Костурско /одговорен за НОМС/.

211 Во ноември 1946 година, врз основа на обединувањето на македонските партизански единици на НОФ со грчките единици на КПГ на планината Вичо, Гранити беше поставен како трети член во Штабот на оперативната зона “Вичо”, одговорен по интендантски служби.

212 Подоцна стана командант на баталјон во 14-та бригада на ДАГ.

Од крајот на 1946 година се до март 1948 година, Михали Апостолов активно учествува и се бори против владините војски во сите борби што ги водеше ДАГ на секторот на планината Вичо и Грамос, Малимади и Фалцата, Нестрамско и други места. Неговата храброст и неустрашливост беше прочуена насекаде. Како потврда за тоа може да ни послужи случајот кога со еден единствен пушкомитралез, тој цели два саати јуначки се борел со еден непријателски авион кој бил 210 Извештај од Михајло Керамитчиев /Егејски/ од 11 август 1945 година до Главното раководство на НОФ, за воено-политичката ситуација во Серскиот округ. “Егејска Македонија во НОБ, 1945”, Т. II, док. 120, стр. 229.

211 Извештај од Ѓроѓи Јаковски, инструктор во Главното раководство на НОФ од 28 мај 1946 година, до Главното раководство на НОФ, за организационата структура и активноста на НОФ во Костурско. “Егејска Македонија во НОБ, 1946”, Т. III, док. 132, стр. 294.

212 Хронологија на Народноослободителната борба во егејскиот дел на Македонија /1945-1949/. Скопје, 1973, стр. 130.

спуштен скоро до земјата. И покрај големата опасност, тој не го напуштил местото. 213 Покрај воените заслуги, Михали Апостолов-Гранити се истакна и како верен активист и организатор на организацијата НОФ за Егејска Македонија. Поради тоа на Првиот конгрес на НОФ тој беше избран за кандидат член во Главниот одбор на НОФ.

214 Во секојдневната своја патриотска дејност тој се одликуваше со голема скромност, чувство за одговорност, колективност и другарство. Беше голем револуционер, комунист и борец за слободата на Македонија.

Михали Апостолов загина на планината Грамос, во месноста Клепчево, на 31 март 1948 година, во моментот кога заедно со своите соборци како политички комесар на баталјон на ДАГ, јуначки се бореше и јуришаше во една од најтешките борби против грчките владини војски.

215 Беше погребан со сите воени почести пред голем број негови соборци и воени старешини на ДАГ. На неговиот закоп беа одржани проштални говори од повисоки воени и политички личности на КПГ и ДАГ.

Малку подоцна, Главниот штаб на ДАГ го прогласи за народен херој.

Вреди да се нагласи дека во редовите на ДАГ активно и пожртвувано се бореа и неговата сестра Лефка /ранета тешко на 27 јуни 1948 година/ и помалиот брат Апостол кој исто така херојски загина на 21 јуни 1948 година како истакнат борец во ДАГ.

216 Не можат да се заборават и заслугите на неговата мајка Јордана, која заедно со своите деца го жртвуваше својот живот за слободата на македонскиот народ.

213 Според сеќавањата на Сотир Љамов, од село Поздивишта, Костурско;

активен учесник во ДАГ; личен курир на Михали Апостолов. Истото:

Според сеќавањата на Евдокија Баљова-Вера...

214 Именичен список на членовите на Главниот одбор на НОФ избрани на Првиот конгрес на НОФ. “Егејска Македонија во НОБ, 1948”, Т. V, док. 16, стр. 45.

215 Според сеќавањата на Сотир Љамов...

216 Според сеќавањата на Лефка Апостолова...