Refugee Children from Aegean Macedonia in Yugoslavia
КОНСУЛТИРАНА И ЦИТИРАНА ЛИТЕРАТУРА
КОНСУЛТИРАНА И ЦИТИРАНА ЛИТЕРАТУРА
1. Книги
- Д-р. Фана Буцкова:И ние сме деца на мајката земја, Скопје,
1998 година,
- Д-р. Милан Ристовиќ: Дуг повратак куħи, Белград, 2000 година,
- Лазар Колишевски: Аспекти на македонското прашање, Скопје, 1982 година,
- Ден на разделените, Скопје, 1998 година.
2. Ракописи
- Станое Обренов: Состојби во детските домови во Југославија,
- Сеќавања од повеќе деца бегалци од детските домови во Југославија (депонирани кај авторите на книгата),
- Сеќавања на “мајка” Стоја Јанковска,
- Спомени на Динко Козинаков и Атанас Кировски.
3. Весници
- Глас на Егејците, Скопје, 1950-1954 година,
- Нова Македонија, Скопје, 1948-1958 година,
- Борба, Белград, 1946-1950 година.
4. Фељтон
- Каде сте Македончиња, Вечер, Скопје, 1988 година.
Мишо Китаноски е роден во Вевчани, 1941 година. Основно и средно образование завршил во Кавадарци, а високо (факултет)
во Скопје.
Со новинарство почнал да се занимава во 1963 година, во весникот “Студентски збор”, а како професионален новинар продолжил да работи во весниците “Трудбеник”, “Комунист” и во ревијата “Млад борец”, а бил главен и одговорен уредник на весникот на просветните, научните и културните работници на Македонија - “Просветен работник” и на првиот македонски политички магазин “21”. Уредувал повеќе весници и ревии, а од број 2, е уредник на весникот “Незаборав” – гласило на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Објавува во сите весници, ревии и списанија што излегуваат во Република Македонија.
Автор е на книгите: “Сите деца се исти”, и “Џамлии и лифтови” (песни за деца), изданијата “Информатор и инструктор – дваесет и пет години на “Просветен работник”, “30 години на детската градинка “Кочо Рацин” и (коавтор) на Монографијата “50 години на Организацијата на РВС на Македонија”. Ги објавил уште и книгите “Бела книга – црно писмо”, “македонски индекс на забранети дела” и “Летописи за македонските села”. Негови творби и прилози се објавувани на англиски, албански, турски, словенечки, српски, руски, бугарски, хрватски и други јазици. Застапен е во две антологии на македонската и југословенската поезија за деца: на српски и руски јазик, и во повеќе читанки за основно образование на македонски, албански и турски јазик.
Ѓорѓи Доневски е роден во 1934 година, во селото Бапчор, Егејска Македонија. Син е на Доста и Митре Доневи. Во 1948 година, во разгорот на Граѓанската војна во Грција, заедно со многу други деца, пребегна во СФРЈ.
Детството го минал во детските домови во Цриквеница и Самобор кај Загреб, во Хрватска.
Беше мошне активен младинец, а близу четири децении е на разни раководни функции во општествено-политичкиот живот во Република Македонија. За својата долгогодишна општествена активност бил повеќепати одликуван и наградуван.
По негова иницијатива беа формирани: Ансамблот за народни песни и ора “Гоце Делчев” од Скопје, Пејачките групи “Бапчорки”, “Воденки” и “Сирма”, организатор беше на културно-историската манифестација “Песна за Гоце”, која прерасна во меѓународна манифестација.
Особен придонес има во организирањето на Првата светска средба на некогашните деца бегалци, одржана во 1988 година во Скопје, и на Втората во 1998 година, во Скопје.
Од основањето на Здружението на децата бегалци во Република Македонија во 1989 година до денес е еден од најактовните членови. Бил секретар и претседател на Здружението.
Иницијатор е за основање на клубот “Незаборав” на Здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/refugee-detsa-begaltsi-e-book-macedonian/20 le 29 octobre 2026