Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Refugee Children from Aegean Macedonia in Yugoslavia

ЧЕТВРТИ ДЕЛ ДЕТСКИ ДОМОВИ И ПРИФАТИЛИШТА ВО НР ХРВАТСКА - Part 02

Par Мишо Китаноски и Ѓиорги Доневски · Partie 10 sur 20 · Environ 20 minutes

Lire en English

Најмногу внимание се посветува на воспитувањето и образованието на децата. Воспитувањето главно го спроведуваат учителите, а исто така, многу се залагаат неговалтелките во домот и самиот управител. Кај децата се создаваат потребните културни навики и се воспитуваат во духот на денешницата.

Во домот постои и работи основното училиште “Гоце Делчев”, во кое децата учат на својот мајчин јазик. Децата ги имаат сите услови за нормално учење – обезбедени се со учебници, училишен материјал и нагледни средства. Имаат своја библиотека, која брои 450 книги, и тие истата редовно ја користат.

Во минатата учебна година децата многу се залагаа во учењето и покажуваа многу добар успех. Тие му дадоа обврска на маршал Тито дека учебната година ќе ја завршат со многу добар успех, и навистина успехот на крајот на учебната година изнесуваше 3,83. По својот успех, училиштето е прво во Цриквенишка околија и е пофалено од страна на Поверенството за просвета како најдобро училиште.

Пионерската организација работи активно и пионерскиот одред доби две пофалби од Околскиот комитет на Народната младина на Цриквеница. Постои организација на подмладокот на Црвениот крст, која исто така е активна и доби диплома од Главниот одбор на НР Хрватска.

Многу внимание се посветува и се покажани задоволителни резултати во културно-просветната работа. Домот има свој пионерски хор, фолклорна, рецитаторска и пеачка група.

Културно-просветната работа ја водат учителите, а управата на домот многу помага да биде ова гранка што пожива и поразвиена. Пионерскиот хор и фолклор учестиваа во Цриквеница и добија пофалба, а исто така во мај оваа година учествуваа и на обласниот фестивал во Риека, каде ја добија првата пионерска награда за најдобри во Риечка област. Во текот на оваа година пионерите дадоа приредби во Риека, Цриквеница и околните места, а за време на летната сезона дадоа приредба за трудбениците, кои се одмораат во одморалиштето “Теранија” во Цриквеница.

Во домот постојат домаќински групи како: кујнска, шивачка, плетачка, перачка, градинарска и други. Преку овие групи поголемите деца се запознаваат со основните домаќински работи, и тие помагаат во некои домски работи, како и во уредувањето на паркот, двориштето и друго.

И на фискултурата ѝ се посветува големо внимание. Децата располагаат со доволно фискултурни реквизити, како за фудбал, одбојка, тенис и друго, што ги користат за своето развивање.

Целиот персонал што работи во домот, дава сè од себе за да им биде што поубав животот на децата. Од сето ова се гледа дека децата имаат добри услови за живеење и сестрано развивање, така што еден ден ќе станат вистински социјалистички луѓе.

За подобро да се отслика животот на децата бегалци во детските домови, ќе пренесеме уште еден дел од новинарски текст објавен во весникот “Глас на Егејците”, со што на најавтентичен начин ќе го доближиме тоа време до нашите дни, и за грижата што им била пружана, како што е тоа случај со нивното летување во Охрид. Во текстот “Среќавање...” е забележено:

- Часот е 19 и 30 минути. На железничката станица во Скопје се осеќа големо движење. Групи од деца и девојки, мажи и жени нервозно се движат и разговараат. Секаде се слуша истото прашање. Ќе дојдат ли вечер? и кажав дека имам писмо. На 8 август ќе поминат низ Скопје – вели една девојка. Во тој момент влегуваат во станицата група од 30 младинци и младинки. Сите се сончани. На нашето прашање, одговараат дека живеат во домот “11 Октомри” и дека минатиот ден се вратиле од Галичник, каде летувале еден месец. Тука дојдоа за да ги поздрават другите сонародници и да сменат мисли и искуства од учењето со Егејчињата што живеат во Осиек и Словенија. Ѓорѓи Наковски од село Крчишта ни вели дека кога дошол во ФРНЈ со својот другар Иљо Караџа и други егејчиња, бегалќи од монархофашистите кои ги гореа селата со авиони и артилерија, без да водат сметка за невиното население и децата, тука во нивната слободна татковина НР Македонија наишле на сестана помош од народната власт и Партијата, така што во рок од 18 месеци успеале да станат полуквалификувани мајстори и секој ден да ја надминуваат нормата. Овој момент разговорот ни го прекина свирењето на возот кој влегуваше во станицата.

Од два вагона се слушаат македонски борбени песни. Како незадржлив бран децата, што чекаа на станицата, се фрлија кон правецот на два вагона. Се слушаат гласови.

- Добро дојдовте, како поминавте на Охридско Езеро?

- Одлично. Никогаш нема да го заборавиме времето што го поминавме таму и грижата на Министерството за социјални грижи на НРМ за нас. Цана Домовска од село Крчиште ни вели дека во домот во Осиек – се наоѓаат 86 деца и девојки од Егејската Македонија. Сите се школуваат и учата занает. Кон средината на 1948 година го напуштивме нашето село зошто животот стана невозможен. Многу деца ја најдоа смртта играјќи во дворот на своите куќи. Монархофашистите беа немилосрдни.

Требаше да бегаме. Ја поминавме границата и дојдовме во нашата слободна Македонија. Тука Југословенскиот Црвен крст направи сè за да ги заборавиме маките и страдањата од војната.

Кога стигнавме во Осиек, кликата на предавникот Захаријадес ни постави грчко раководство во домот кој почна постепено да нè труе, да ни пропагира за да ја мразиме нашата татковина, ни говореа против интересите на нашиот народ, ги клеветеа југословенските народи и славното раководство на КПЈ на чело со саканиот Тито, не ни дозволуваа да учиме на мајчин јазик.

Од моментот кога на наше барање го сменивме раководството и избравме наше, сосем се смени начинот на животот.

Денеска ние со гордост можеме да се пофалиме дека во рамките на нашите возможности придонесуваме за побрзата изградба на социјализмот во нашата слободна и славна татковина – ОНРЈ.

Барањето на другарот Тито да учиме, го исполнуваме. Учиме неуморно во школите и фабриките за да станеме достојни граѓани и градители на нашата татковина какви не сака нашата Партија и другарот Тито. Во фабриката “Мара Трикотажа”, каде работиме 30 Егејки со песната за саканиот Тито ја почнуваме работата, а нашата песна ја следи ритмичкиот звук на машините што работат...

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ШКОЛУВАЊЕТО Во учебната 1949/50 година, за занаети се школувале во Самобор 27 ученици, а во Загреб 12 или вкупно 39 ученици во стопанството.

Во Загреб и во Самобор занает за автомеханичари, кројачи, радио техничари и друго учеле следните ученици:

Ѓорѓи Доневски од Бапчор Никола А. Афков Христо К. Баџов од Лудово Лазо Р. Гемишов од Старичино Васил Б. Дигалов од В’мбел Крсто Н. Димов од В’мбел Михаил П. Донев од Косинец Лазо П. Ѓорѓев од Мокрени Методи Р. Ѓурѓов од Долно Котори Танас М. Шалдаров од Саракиново Ристо М. Жугловски од Долно Котори Крсте Т. Запаренков од В’мбел Никига Зиков од Прокопана Миќо Т. Зољев од Езерец Вангел С. Јованчев од Долно Котори Танас В. Кулувеов од Бапчор Леко М. Корошовски Насе П. Костов од Смрдеш Насо К. Лазовски од Кономлати Лазо В. Лафазанов од Крчишта Васил Г. Мијов од Сребрено Мите С. Мишовски од Сребрено Ѓорѓе П. Мишовски од Трсје Ристо К. Нанчов од Трсје Доне П. Насков од Долно Котори Тимјо В. Насков од Лудово Филип П. Никовски од Лудово Александар П. Никовски од Герман Мите Н. Ошенски од Герман Васил Д. Павков од Жупаниште Насо Л. Раљов од Смрдеш Георгија С. Стерјов од Бапчор Јани Т. Стерјов од Бапчор Ираклије Л. Трепенов од Кондоропи Ѓорѓи К. Узунов од Долно Котори Зисо В. Хаџиев од В’мбел Пандо В. Чамовски од Блаца Васил Т. Шалдаров од Кономлати и Ташко Ѓ. Шутев од Кондороби.

Во 1950 година, со нив бил учителот Љубомир Галевски. Исто така, со учениците биле и учителите Страхил Трајчов и Ѓорѓи Манковски.

На почетокот од јануари 1951 година, дел од ученици што учеле занает ги посетила делегација, на чело со Динко Делевски, началник на управата за бегалци од Егејска Македонија во Скопје.

Исто така, делегација од овие ученици, составена од 10 младинци присуствувала на прославата на 11 Октомври – денот на востанието на македонскиот народ во Скопје. Летото 1950 година, овие ученици биле испратени на сметка на Црвениот крст на Југославија, на летување во Охрид, каде што се задржале 22 дена.

Во домот за учениците во стопанството во Самобор во 1950 година, покрај 27 ученици бегалци од Егејска Македонија уште биле сместени и 19 младинци од НР Хрватска.

По завршувањето на изучувањето на занаетот, сите ученици во 1952 година, дошле во Скопје и се вработиле.

ИЗУЧУВАЊЕТО НА ЗАНАЕТИ – ПРИОРИТЕТНА ЗАДАЧА Во почетокот на 1949 година, Централниот одбор на Југословенскиот Црвен крст, побарал 250 младинци и младинки да бидат примени на изучување занает во НР Хрватска. Овие младинци и младинки биле сместени во детскиот дом во Цриквеница, а барањето било исполнето, па така биле прифатени 104 младинки од детскиот дом во Цриквеница. Тие почнале да учат занает во фабриката “Јодип Краш” и во други претпријатија во градот Осиек. За таа цел, во Осиек бил организиран интернат, а младинките учеле за ткајачки, плетачки, кројачки, фризерки, цвеќарки и слаткарки.

Домот за ученици во стопанството во Осиек во септември 1949 година, исто така, го посетила делегација од НР Македонија во состав: петар Здравковски, секретар на Владата на НР Македонија, Ристо Јанкуловски претседател на Комитетот на Егејците и членовите на овој комитет: Василка Чосова, Филип Николовски, Василка Дивкова и Томе Крстовски. Освен домовите на Црвениот крст и домовите за ученици во стопанството во Осиек, во кои беа сместени децата бегалци, младинци и младинки од Егејска Македонија, оваа делегација ги посети и останатите домови. Исто така, штитениците во Осиек ги посетил и Благоја Кондарко, инспектор во Министерството за просвета на НР Македонија.

Во почетокот на септември 1949 година, во Осиек имало 116 ученички во стопанството од кои 93 биле Македонки, а 23 Гркинки. Од нив, во средината на септемри истата година, 18 ученички биле испратени на понатамошно школување во Скопје, така што во Осиек останале уште 93 ученички:

Митра Б. Аргирова од Бесфина Марика С. Бирончанова од Мокрени Тина Ј. Бирончанова од Мокрени Стерија Х. Василева од Света Недела Василка В. Галановска од Стена Софија К. Гелева од Мокрени Пареса П. Георгиова од Света Недела Мара В. Гушилова од Косинец Тонка Л. Дамановска од Чука Стојанка И. Димитрова од Кономлати Фата Т. Димитровска од Сничане Султана Ј. Димовска од Дробитишта Вана Т. Димова од Статица Софа И. Диова од Загоричани Гена Л. Доневска од Д’мбени Лефтера П. Доневска од Лобаница Цана Л. Дамовска од Крчиште Василка М. Ѓакова од Роби Севда Р. Ѓакова од Роби Гина Р. Зифиракова од Загоричани Дана К. Зунзурова од Смрдеж Тана П. Ицова од Мокрени Цвета Т. Јанчова од Трсје Мара П. Јефтимова од Косинец Софија М. Јовановска од Ошчима Лефтера Х. Калчова од Жужок Василка В. Калајанова од Стенско Олга Д. Калајанова од Марчиште Спаса М. Каралијова од Бапчор Динка М. Костадинова од Куманичево Константина А. Костова од Косинец Олга А. Костова од Штрково Олга Л. Костовска од Стенско Олга Т. Клунова од Статица Дита Ц. Кубурова од Коломлати Лена Х. Куфева од Арманско Хрисула Ј. Лавдина од Бесфина Дина Ц. Ламброва од Статица Цена С. Лавовска од Лудово Неда Х. Лафазанова од В’мбел Лена С. Лафазанова од В’мбел Лефтера М. Лорова од В’мбел Љаца С. Малеганова од Трсје Лена Т. Мандрушева од Роби Лефтерија К. Марнова од Блаце Сандра М. Мирчова од Нивици Трпена С. Младенкова од Жупаниште Спаса А. Михајловска од Рудари Тодора М. Михајловска од Рудари Хриса З. Нечовска од Марчиште Гена Д. Новачева од Лок Трајанка Л. Новачева од Лок Цана Н. Нолева од Д’мбени Донка С. Николовска од Лок Лена Ј. Палкова од В’мбел Марика П. Петковска од Медово Фана Ѓ. Петревска од Черешница Ната П. Петровска од Попли Коца К. Петковска од Бесфина Гена Х. Поповска од Скадар Цана В. Поповска од Косинец Лена С. Рајкова од Ошчима Германија С. Ристова од Штрково Ица П. Саријева од Колномлати Леца Л. Сарова од Кономлати Веса П. Сијова од Загоричани Софија М. Стефановска од Лок Олга Д. Стојчева од Куманичево Лена Д. Тамбоа од Косинец Кристина Д. Тамбова од Косинец Софија Т. Ташовска од Буковик Петра С. Ташовска од Лок Туља Х. Ташовска од Мокрени Викторија Р. Тодоровска од Д’мбени Ѓурѓа С. Фотевска од Рудари Тина Б. Цаловска од Д’мбени Ставрула Н. Цапанова од Косинец Лефтера С. Шандовска од Лобаница Тина Ј. Шонкина од Мокрени.

Младинките од Осиек, од средината на јули до 8 август 1950 година, престојувале, односно биле на летување во Охрид.

На страниците од весникот “Глас на Егејците” е објавено писмо од Тула Таневска и Митра Атровска, штитенички во домот во Осиек. Донесуваме мал исказ – дел од нивното писмо:

- Во домот сме 77 младинки од Егејска Македонија. Животот ни е добар. Ние сме задоволни од грижите на Југословенскиот Црвен крст и народната власт, кои нè спасија од рацете на монархофашистичките колачи и денеска сестрано се грижат за нас. Во домот учиме на македонски јазик. Исто така, учиме и занает. Ние се стремиме да станеме достојни ќерки на нашиот измачен народ. Учествуваме често пати во доброволни работни акции, а за народниот заем запишавме сума од 38.500 динари.

Така пишува во писмото на двете младинки, а според податоците со кои располагаме, на крајот од 1950 година во Осиек учеле занает 75 младинки, во Загреб 12, во Самобор 25 и во Скопје 134 ученици во стопанството, бегалци од Егејска Македонија под Грција во Југославија.

ВО ПОТРАГА ПО РОДИТЕЛИТЕ Треба да се каже дека во учебната 1951/52 година во Осиек, плетачкиот занает го изучувале 27 младинки, кројачкиот 19, ткајачкиот 10, слаткарскиот 2, а по 1 младинка го изучувале цвеќарскиот и фризерскиот занает, или вкупно 60 ученички.

И младинките – ученички во стопанството во Осиек на почетокот од јануари 1951 година ги посетила делегација од НР Македонија во состав: Динко Делевски, началник на управата за бегалци при Министерството за социјални грижи, Атанас Кировски од Главниот одбор на Црвениот крст на НР Македонија, Стерија Вангелова, член на Главниот одбор на Егејците и Спиро Мечкаров, секретар на Градскиот одбор на Здружението на Егејците за град Скопје.

Во мај 1952 година 52 ученички – младинки со успех го завршиле тригодишното стручно училиште со практична обука за занаети, по што Главниот одбор на Црвениот крст на НР Хрватска, истите ги испрати во Скопје со барање тие да бидат вработени.

Во август 1950 година, занает учеле 7 младинки од грчка националност во Панчево –НР Србија, а 26 младинци од македонска народност учеле занает во Самобор, НР Хрватска.

Тие биле сместени во посебен интернат кој бил отворен само за нив со еден воспитувач. Исто така, 78 ученици од македонска националност биле сместени во посебен интернат со два воспитувачи ов Осиек, НР Хрватска. И 12 ученици во стопанството престојувале и учеле во Загреб, НР Хрватска, а биле сместени во интернат во кој живееле и други ученици кои, исто така, учеле за занаети во стопанството.

Меѓутоа, треба да се истакне дека организацијата на Црвените крстови на НР Србија, НР Хрватска, НР Словенија и НР Македонија, во своите активности и конкретни зафатаи што ги правела за доброто на децата бегалци од Егејска Македонија сместени во детските домови и интернатите, им пружиле максимална помош и подготвеност нивниот престој да биде пријатен, да имаат добри услови за живот и за нивното понатамошно школување.

Во исто време, тогашните републички главни одбори на Црвениот крст вложувале максимални напори да ги пронајдат и родителите на децата бегалци сместени во детските домови во Југославија, за нивна репатријација, односно за спојување на семејствата и за продолжување на нивниот заеднички семеен живот. Во таа смисла, доаѓале и сите отпори што ги вршела грчката влада и Грчкиот Црвен крст со барање, децата бегалци да бидат вратени во Грција, односно да им се прекине гостопримството што го давал Југословенскиот Црвен крст во соработка со Главните одбори на Црвените крстови во НР Србија, НР Хрватска, НР Словенија и НР Македонија. Тоа бил невиден притисок, децата бегалци по секоја цена да се вратат во Грција...

СТРАНСКИ МЛАДИНЦИ ВО ПОСЕТА НА ДЕЦАТА ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ВО ЦРИКВЕНИЦА На крајот на август и во почетокот на септември 1949 година, домот за децата бегалци од Егејска Македонија, што биле сместени во Цриквеница, го посетиле странски младинци, кои учествувале во изградбата на студентскиот град во Загреб.

Домот го посетиле осум младински бригади, од кои повеќето биле француски, но во редовите на бригадите имало и неколку младинци од Виетнам.

Тие младинци им раскажувале на децата сместени во детскиот дом во Цриквеница, за животот и херојската борба на виетнамскиот народ за своја слобода, за што многу ги интересираше децата.

Особено ги привлече еден младинец – Индиец, студент во Франција, кој од 1946 година на повеќе пати бил на изградба во нашата земја, и за тоа време, тој прилично го научил македонскиот јазик и неколку народни песни и ора. Заедно со децата тој го поминал времето во пеење и играње народни песни и ора.

Исто така, во посета на децата бегалци од детскиот дом во Цриквеница беше и Егејската младинска бригада. Некој од бригадирите, ги нашле своите браќа и сестри или роднини, меѓу домските штитеници, така што времето поминало весело меѓу децата бегалци и младинците – ударници од Егејската младинска работна бригада.

За секоја бригада пионерите извеле приредба, а младинците гости, на лице место, виделе што знаат децата и колку грижа се посветува за нивното културно-просветно изградување. Притоа, тие виделе како живеат децата, и согледале дека децата имаат нормални услови за живеење, дека не е вистина тоа што го зборуваат неприталите на нашата земја за животот на тие деца, и дека ги имаат сите услови за учење и сестрано издигање на својот мајчин македонски јазик.

А, по повод манифестацијата “Недела на Црвениот крст”, одржана во Цриквеница, весникот “Глас на Егејците”, донесува специјален прилог за тоа. Во него, меѓу другото е истакнато дека во детскиот дом во кој се сместени, живеат и се школуваат децата бегалци од Егејска Македонија во Цриквеница, постои организација на подмладокот на Црвениот крст во кој членуваат сите деца.

Според правилата, главната задача на подмладокот е да се грижи за хигиената како општа така и лична кај членовите, истите да ги запознава со основните хигиенски правила, преку предавања да ги запознава со разни болести, а членовите да се допишуваат со други организации.

Покрај погоре споменатите должности, членовите на организацијата на подмладокот презеле обврска да учествуваат во прославата на “Неделата на Црвениот крст”. За врме на одбележувањето на манифестацијата, тие организираа и дадоа 4 доста успешни приредби.

Фолклорната група даде една приредба за учениците од градот, една за граѓанството, и две за народот од околните места Нови и Селце.

Со тоа децата бегалци сместени во домот во Цриквеница, ја изразија својата благодарност кон Црвениот крст на НР Хрватска и Југославија, за огромната грижа што им ја посветуваат и им овозможуваат да им биде што подобро.

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАЛЦИ ОД САМОБОР НА ЛЕТУВАЊЕ ВО ОХРИД Следењето на активностите и животот на децата бегалци во домовите во НР Хрватска, НР Словенија, НР Србија и АП Војводина, како и оние домови од НР Македонија, беа секогаш грижа на весникот “Глас на Егејците”. Така, може да се рече, дека немало новоизлезен број од гласилото, а во него да не се пишува за нив. Таков е случајот и со децата бегалци од Егејска Македонија, прифатени и сместени во детскиот дом во Самобор, НР Хрватска, кои допатувале на одмор во Охрид. Со тоа се гледа и грижата што ја полагала државата, што е можно повеќе да им создаде добри услови за нивниот развој. Во текстот се вели:

- Сите ученици од стопанскиот ученички дом во Самобор, Македонци од Егејска Македонија и Хрвати, го поминаа својот заеднички одмор на летување во Охрид. Тие беа сместени во летовалиштата “Горица” и “Св. Стефан”. На одмор останаа 22 дена, а времето го поминаа во капење, шетање и читање. За време на летувањето тие ги посетија околните места и се запознаа со културно-историските споменици, со кои изобилува овој крај. По завршувањето на одморот тие испратија писмо до редакцијата на “Глас на Егејците”, во кое изјавуваат дека се многу задоволни од одморот во Охрид и дека сега со нови сили ќе се зафатат со учење.

ЖИВОТ – СОБРАН ВО ВРЗУЛЧИЊА Сеќавањето за пристигнувањето и сместувањето на децата бегалци од Егејска Македонија во детскиот дом во Цриквеница, НР Хрватска, на Илинка Ољача, мажена Вуковиќ, е повеќе од драгоцена, од едноставна причина што можеме преку него да ја видиме и доживееме драмата што се случувала на “другата страна” од бегалската голгота. Имено, нејзиното сведоштво е точно тоа – како се гледало и постапувало со децата во тие драматични мигови, и како оние што биле задолжени им посветиле дел од животот на децата бегалци – да ги чуваат и одгледуваат. Еве го нејзиното сведоштво:

- Бев шеф на кујната во хотелот во Цриквеница, кога еден ден ме повика нашиот управник Тома и онака доверливо ми рече:

- Слушај мала, утре ни доаѓаат многу несекојдневни гости. Бев малку збунета, наразбрав, но тој само тивко рече: - Ќе видиш, подготви се.

Следуваа состаноци за соодветна подготовка. Така дознав, ни доаѓаа “деца бегалци од Егејска Македонија” кои треба да ги прифатиме за да закрепнат и да се соземат од сето што им се случувало. Нешто ме жегна во срцето, ми го стегна грлото и како да немаше доволно воздух за мене. Следуваа забрзани подготовки за прифаќање и сместување на децата. Во кујната мораше да биде, како никогаш дотогаш.

А, тие требаа да пристигнат со брод од Риека, па јас, одвреме-навреме, истрчував на терасата од хотелот за да го видам пристигнувањето на бродот. Најпосле се слушна бродската сирена. Истрчав на терасата. Таа глетка никогаш нема да ја заборавам: морето мирно, зајдисонце, а точно под него, колона деца фатени за рачиња се движи кон нашиот хотел. Нивните малечки тела, полека дисциплирано, во потполна тишина, се движеа како веќе сеедно да е што се случува со нив. Во мене како нешто да пукна, и како од душата да ми излезе крик, посилен и од најсилната грмотевица. Во тој миг почуствуав сосема јасно, дека навистина некого чекам, кој ми значи повеќе од сè. Се стрчав по скалите кон децата. Кога ги гледав децата кои ми доаѓаа во пресрет, како да се гледав себе си. Сликата беше потресна. Деца облечени речиси во парталчиња и секое носеше во своите слаби рачиња, по врзулче, со некакви дребулии, но тоа беше сето нивно богатство. Нешта што ги врзуваа за нивниот дом кој го немаа повеќе, за нивните родители за кои не знаеја каде се, или уште пострашно, кои можеби повеќе и ги немаат. Можеби затоа и така силно си ги стегаа своите врзулчиња, како во нив да го носат сиот свој живот и минатото и сегашноста, иднината и надежта. Кутрите беа толку исцрпени од долгиот пат, стравот од претрпеното и неизвесноста. Нивните очи беа некако безлични, како да гледаат во празно, но само навидум. Кога се загледав, видов неизмерна тага, болка, страдење, страв, очај и бескрајно чувство на немоќ. А јас и понатаму, пребарував по бледите и испиени детски лица. Децата влегуваа во хотелот, фатени за рачиња, двајца по двајца, нема слика за човечката тага, несреќа, страдење и болка. Ги сместивме по собите, по две деца во еден кревет или пак повеќе деца во споени кревети. Сè уште бев бескрајно тажна и страшна болка ми ги кинеше градите.

Но, кога почна вечерата и кога децата седнаа крај масите, се случи нешто многу убаво и навистина чудесно – се слушна детски џагор, отпрвин тивок, а потоа, сè погласен и погласен.

Го почуствував тоа, како да се вратил повторно животот. Како нешто повторно да се родило и тивка среќа го обзема моето срце. Почуствував дека животот е посилен од сè, ништо неможе да го сопре, да го победи.

Таа уште се сеќава:

- За неколку дена децата како да се привикнаа малку, па почнаа да се однесуваат сè повеќе како деца. Настојував секој слободен миг да им го посветам ним, да им пружам нешто што и самата го немав добиено како дете: љубов, барем малку љубов и разбирање. Честопати си играв, со децата на терасата од хотелот, која беше доволно голема за да не збере сите. Ги собирав околу себе, а тие кутрите како да ја пиеја мојата љубов, љубовта на мајката која беше кој знае каде?