Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

A One-Way Ticket

ЗАКОН 543 45 - Part 02

Par Стојан Кочов · Partie 8 sur 22 · Environ 20 minutes

Lire en English

р Наскоро се одржа Првата конференција на НОФ 17 во 20 мај 1947 година, и ја потврди новата линија и задачите на организацијата, односно на македонското национално -ослободително движење, произлезени од ставовите на КПЈ и од КПГ, а тие се: целосно вклучување на македонскиот народ во борбата што ја води ДАГ за победа на народната демократија во Грција. Се друго и беше подредено на таа цел. (Види:

Крјазовски 1998/232-233).

Тоа што го доживеа македонскиот народ беше од еуфорија до разочоравување и со јанѕа да живее низ ветриштата на војната.

Ете, такви беа нашите успеси кои дојдоа како резултат на исполнувањето на ставовите на КПЈ и КПГ.

Зарем не беше тоа опасна стратегија и итра тактика на тугинците кои не подготвуваа за поход во еден правец??!!

Интересно е и прашањето: дали НОФ знаеше каков е ставот на генералниот секретар на КПГ Никос Захаријадис.

(Види: Василис Барџиотас , 1987/91. ) “...Никос Захаријадис, уште од 2-от Пленум на ЦК во 1946 година сакаше воената борба, и тоа уште на почетокот да биде притисок за мирољубиво решение и за демократски развој, а не за ја земеме

(освоиме) власта.

Оваа идеја, не ја напушти и после септември 1947 година кога се одржа 3-от Пленум на ЦК, каде што одговорноста на Партијата беше посветена на борбата. Да, секако Захаријадис, ја поддржуваше таа идеа (став) се до 1948 - 1949 година, кога се водеа конкретни разговори во ООН, со предлог и подршка на 17 Пролетта 1947 година македонската организација НОФ постигна крупни политички и организациони успеси. Во редовите на НОФ, АФЖ и НОМС членуваа 16. 349 лица. Во регуларните единици на ДАГ се бореа повеќе од 6.

000 Македонци и Македонки. Слободната територија што беше создадена главно на територијата на Егејскиот дел на Македонија, беше претворена во работилница каде што стари и млади, жени и мажи, работеа за потребите на ДАГ.

Советскиот Сојуз, за мирољубиво решение на грчкото прашање...” Но, да видиме како ги дочекаа и се одозваа на нашите пароли:

“Уништување на англоамериканските окупатори”, - рак рана -во агитацијата на НОФ и АФЖ.

Американскиот министер за надворешни работи Г. Маршал, на 14 февруари 1947 година, изјави дека Владата на САД е задоволна од владината промена во Грција и дека во интерес на САД и на сите обединети нации е Грција да прими помош за да ги зачува својата независност и територијалниот суверенитет (Види: Стејт департмент, Билтен, 2. 2. 1947, 341.)

Предвидувањето на Американците за развојот на настаните во Егејскиот дел на Македонија во пролетта 1947 година, го искористија грчките власти уште повеќе да го зајакнат и да го омасоват прогонот против Македонците. За да му дадат правна основа на теророт, донесоа повеќе закони и други прописи.

Покрај другите, донесени следните закони и законски прописи:

ПЗ 511/47, “За органнизирање на концентрациони логори”, “Закон за присилно евакуирање на населението од внатрешноста во градските центри”, Декрет Л-3 “за лишување од грчко државјанство на лица кои дејствуваа антидржавно”, ПЗ 509/47, “За мерки за безбедност на државата, уставниот поредок и заштита на граѓаните”.

Но, и според таквите драконски мерки, ние и понатака верно обрзани спрема ставовите на КПЈ и КПГ, си ја исполнувавме туѓата задача…

ДЕМОКРАТСКА АРМИЈА НА ГРЦИЈА (ДАГ) - ЗАПОВЕД Главен штаб Штабно биро 1 Број на проток.722 Во врска со број 132/25.8.1947 година и А.П. 307/25.9.1947 година, заповед:

1. Ги повикуваме да служат под оружјево редовите на Демократската армија мажи и жени...

2. Погоре мобилизираните, каде и да се наоѓаат ќе треба да најдат начин да се јават во своето местожителство во нај-блиските во единиците на Демократската армија.Оние од мобилизираните кои не ќе се јават на оваа заповед во редовите на ДАГ, ќе се сметаат за непријавени.

3. Штабовите во областа да издадат соодветни наредби. Да се превземат мерки за навреме да се известат сите повикани.

Главен штаб, 30.9.1947 година.

Генерал Маркос.

Втора наредба, на 23. 11. 1947 година.

Главниот штаб на ДАГ нареди само за реонот на Вичо (Е.

Македонија) да се мобилизираат сите мажи и жени од 17 до 35 години; повеќе се однесува на мажите кои беа оставени за изградба на фортификациите или поради болест. Со оваа мобилизација, практично беа мобилизирани сите Македонци од костурскиот и леринскиот реон.

*** Таквата доверба, послужи како мобилизационен успешен фактор. Но, потоа, се случи она што не се очекуваше: илјадници наши Македонци се најдоа (беа испратени) по налог на Маркос во длабината на Грција, а каква им беше судбината, тоа е посебна прикаска, оти се знае дека тие исчезнаа како во жив песок. Само ќе наведам дека и јас сум едно од тие млади момчиња (сите бевме на возраст од 17 - 18 година), кога на 5 -10 октомври 1947 година, околу 350 деца бевме регрутирани (од селата Турје, Бапчор, Вишени, Кономлати и др.) од Македонија за штабовите во Епир и антихашија, за кои по борбите во Коница не останавме ниту една третина. Но, да видеме, како го има оценето таквиот зафат нашата историја:

“Македонските воени формации, сега единици на ДАГ беа испратени во внатрешноста на Грција со цел - да се омасови и таму партизанското движење. И НАВИСТНА МНОГУ ПРИДОНЕСОА ЗА РАЗВОЈОТ НА ВООРУЖНАТА БОРБА И ВО ТИЕ ПОДРАЧЈА. “(Види: Кирјазовски 1985 /166).

*** Ете зошто ние Македонците во Граѓанската војна не можевме да му наметнеме, ни политичка ориентација, ниту воена ориентација или некаква стратегија и требаше да сватиме дека татковина не се брани со уривање на домовите и искоренување на човекот.

А по таа војна што не снајде ние Македонците по војната за државата Грција не постоеме, ниту пак комунистите, пола век не не побараа и не не заштитија...

На 27 септември 1947 година, Главниот Штаб на партизанските единици на Маркос (бидејки уште не беше прогласена Демократската влада, а тоа е незаконито и недозволено) издава наредба да се изврши моболизација од 17 до 35 години. Но, и по оваа мобилизација, бидејќи се спроведе само во македонските села одвај ја достигна бројката од 15. 000 до 17. 000 борци учесници во ДАГ. Само за споредба: пролетта 1946 година кога почна Граѓанската војна, Владата на Грција располагаше со следните оружени сили:

Од 15 до 17 септември 1947 година е одржан ИИИ-от Пленум на КПГ, на кој се расправало за воените прашања. На пленумот е истакната паролата: “Сите на оружје, се за победата!” Решено е да се создаде слободна територија на Кожанската висорамнина, која е опкружена со планинските масиви на Пинд, Пиерија, Каракемен, Кајмакчилан и Вичо.

а. 27.000 милиционери од кои 14.000 имаше во Ворија Елада (Е.

Македонија);

б. Парадржавни организации околу 5.000;

в. Национални воени единци 17.000 (околу 40 баталјони);

г. Редовна војска од 75.000 војници (7 армии и 2 слободни бригади), (Види: “ДАГ - стратешките прашања и тактиката на раководењето”, од Г. Малтезос - Џумеркиотис стр.60). Тој понатаму пишува: “Познато е дека во 1947 година ДАГ, не само што го немаше решено прашањето за воените резерви, туку го немаше решено и прашањето на вооружувањето со обичните бојни пушкомитралези и други бојни средства, но и муниција и тоа останува необјаснето, зошто од една страна Захаријадис му даваше на Маркос наредба да го зголеми бројот на силите во единиците на ДАГ до 60.000, а Иоанидис на Маркос му даваше (обезбедуваше) вооружување само за 4.500 илјади борци, а пак тој Маркос се до крајот на 1947 година враќаше илјадници симпатизери-војници кои сакаа доброволно да стапат во редовите на ДАГ” ( стр.354). Се поставува прашањето: Зошто генерал Маркос само во Македонија вршеше незаконски мобилизации, од старо до младо и направи пустош од Македонците?

Проблем за грчките аналитичари е и решението на 3-от Пленум на ЦК на КПГ што се одржа во Белград, во септември 1947 година, и како што пишува Гусиас (стр. 251), на пленумот присуствуваа само шест членови на ЦК на КПГ и неколку воени лица, но ниту еден Македонец.

Пленумот реши и го задолжи Главниот Штаб на ДАГ да почне со мобилизација во целата земја и до март 1948 година наоружаните сили на ДАГ да нарасне на 60.000 борци. На истиот Пленум е донесено решение, од централното тежиште на самоодбрана да се премине во напад, во борба за власт. За постигнување на таа цел беше изработен воено-оперативен план “С”, односно познат како “Езеро”. На овој Пленум се истакна и паролата: “Сите на оружје, се за слободата!” Решено е да се создаде слободна територија на Кожанската висорамнина, окружена со планинските масиви на Пинд, планината Пиерија, Каракамен, Кајмакчалан и Вичо, и со тој план требаше да се ослободат градовите Лерин, Воден, Негуш, Соботско, Коница и други.Тоа би било како прва етапа за ослободување на Грција.

Ете, сето ова ни потврдува и е уште еден непобитен факт, дека се сакало Граѓанската војна да биде лоцирана во Егејскиот дел на Македонија, а тоабило решено во Белград на тој пленум, без никаков обѕир спрема македонскиот народ и неговата судбина, туку се во интерес на туѓите политички цели.

Мобилизации надвор од границите на Грција на сите луѓе кои имаа пребегано од теророт во Југослвија На 27. 09. 1947 година, Главниот штаб на ДАГ издаде наредба за мобилизација на сите мажи од 17 до 35 години. Со не помал интензитет, веќе за неколку месеци (од 4 - 9 месеци) се вршеше мобилизација на бегалците Македонци (политичката емиграција во Југославија) низ Скопје, Велес, Штип и Битола, од разни Ворјасовци и се испраќаа во единиците на ДАГ (Види:

Ф.М во ИНИ, СК. 4 - 271/60, стр. 73-76).

Во согласност со одлука на ПБ на ЦК на КПГ на 23 декември 1947 година, формирана е Привремената демократска Влада на Грција а се самораспушти на 15 отомври 1949 година.

Врз основа на решеијата на Третиот пленум на ЦК од 12 - 15 септември и на ПБ на ЦК на КПГ од 2. 12. 1947 година на 23.

12. 1947 година е формирана Привремената демократска влада на Грција (ПДВГ). Формирана е во Преспа, во Асамати (Н.Р.

Македонија-Југославија), во зградата на предвоената пристанишна капетанија. Седиштето на Владата требаше да биде во грчкиот град Коница (како што тврдеше генералниот секретар Захаријадис дека признавањето е обезбедено: “...Ќе ја заземеме Коница, ќе ја формираме владата и веројатно ќе не признаат”).

Единиците на ДАГ водеа тешки борби, со големи загуби, за да го освојат овој град, но безуспешно. Поради тоа, изостана формирањето на Владата во овој град. Доаѓањето на членовите на Владата во Преспа го обезбедуваше потполковникот на УДБ Слободан Крстиќ-Учо Југословен, офицер на ЈНА. Види на крај во книгата: прилози, негово интервју во списанието – Дуга -Игра око македонског живлја). Владата првобитно беше составена од осум членови и тоа: за претседател е поставен Маркос Вафијадис, а за членови: Јанис Јоанидис, Петрос Русос, Милтијадис Порфирогенис, Петрос Кокалис, Василис Барџиотас, Димитриос Вландас и Леонидас Стрингос. Исто така со декрет се унапредени 25 лица во чин полковници на ДАГ, но ни во владата, ни во овие офицери, кои претставуваа военополитички фактор на ДАГ, нема ниту еден Македонец.

Привремената демократска Влада на Грција (ПДВГ-во планина), беше еднопартиска и еднонационална, односно беше составена исклучиво од Грци комунисти. И покрај тоа што повеќе од 50% до 60% од слите на ДАГ беа составени од Македонци, а ги стретнуваме само во историјата за “Егејска Македонија” дека НОФ бил военополитички фактор. Зошто?

Реакции:

1. Грчката влада побара од САД и од Велика Британија да ги предупредат Советскиот Сојуз и источноевропските земји за последиците од нивното признавање на ПДВГ.

Свесна за последиците од признавањето на ПДВГ американската влада веднаш реагираше. На 30 декември 1947 година интервенираше кај источноевропските земји да не ја признаат ПДВГ, предупредувајќи ги дека ако го сторат тоа ќе имаат сериозни последици. Балканската комисија на ООН побара од државите членки на ООН, да не ја признаат ПДВГ.

2. Владата на Маркос нема… Ништо од основните карактеристики на една влада на која и даваат белег, барем нешто од типичните референции, кои се нужно потребни и дефинирани по меѓународното право. Уште нее ни застапена и ополномоштена, спрема воените нормативи и права и сите акциите и се нелегитимни. И уште нешто повеќе од тоа, таа нема ништо што може да дојде до признавање како политички субјект и легитимна влада.

Партизаните, кои се командовани од Маркос, немаат усвоено ништо конкретно и со тоа, легитимно да располагаат со право, а кое би претставувал грчки државан простор. Седиштето на нивната Главна команда, се уште не им е извесно, но и тоа го држат во многу тајност и самите се во постојано преселување.

Единствени такви центри им се наоѓат во областите кои понекогаш им припаѓаат под нивна контрола, а тие се во планинските предели во дивите ридски недостапни реони.

Немаат никакви суштински владини комуникации. Воглавно тие се организирани во групи и се во постојано движење, а кога се под притисок на воена потера, се повлекуваат во најнепроодните планински реони. Тоа го потврди и Комисијата на Обединените Нации, па дури, понекогаш и се повлекуваат во туѓа погранична територија.

КАДРОВИТЕ НА ДЕМОКРАТСКА АРМИЈА Наредбата на Привремената Демократска Влада за наименување на офицерскиот кадар на ДАГ.

По оформувањето на ДПВ на 23. 12. 1947 година, врз основа на Постапката со одредбата бр. 11 на главната команда и Законот бр 1 на Пвремената Демократска Влада го донесувам следното решение:

Именуваваме офицери на Демократската армија на Грција со чиновите во ги наведуваме по редоследото:

Генерали:

1. Вафијадис Маркос Генерал полковници:

1. Протопапас Сарандис-Кикицас Генерал мајори:

1. Вонтисиос Гиоргиос-Гусиас,

2. Гкениос Танасис-Ласанис,

3 Гканациос Василис-химарос,

4. Теохаропулос Никос,

5. Канакаридис Никос,

6. Бланас Гиоргиос.

Полковници - Пешадија:

1. Венецанопулос василис,

2. Калјанесис Гиоргиос,

3. капетаниос Еврипидис,

4. Катемис Гиоргиос,

5. Малтезос Герасимос,

6. Самаридис Гиоргос Артилерија:

1. Килисманис Гианис,

2. Папагиаснис Стефанос Кавалерија:

1. Скандалис Ираклис Авијација:

1. Макридис Савас,

2. Маниас Гианис Полит-комесари:

1. Вутусианос Мицос,

2. Еврипидис Георгиос,

3. Зографос Зисис,

4. Колигианис Костас,

5. Барџиотас Василис,

6. Стрингос Леонидас,

7. Хаџис Танасис.

Полковници – Пешадија:

1. Александру Гианис-Диамандис,

2. Георгијадис Георгиос,

3. Гиакоглу Никос,

4. Гианулис Георгиос,

5. Зигурас Димитрис,

6. Илијадис Софијанос,

7. Кукулидис Георгиос,

8. Калинос Теодорос,

9. Канелопулос Костас,

10. Кариофилис Гианис,

11. Коннталонис Георгиос,

12. Контаксис Анастасиос,

13. Киранѕопулос Димитрис,

14. Пападимитриу Илиас,

15. Папастергиу Левтерис,

16. Прекезес гиоргиос,

17. Рафтис Костас,

18. Росиос Алекос-Ипсилантис,

19. Спанос Томас,

20. Статакис Манолис,

21. Сфаќанос Георгиос,

22. Терзоглу Никос,

23. Тцелифис Томас,

24. Томбулидис Павлос,

25. Тријандафилу Никос,

26. Фолракис Харилаос Артилерија:

1. Иосифидис Костас Авијација:

1. Герогакопулос Георгиос,

2. Ндренас Леонидас.

Полит-комесари:

1. Васванас Вангелис,

2. Ветас Фокион,

3. Ѓузелис Стефанос,

4. Мандилас Нокос,

5. Рогакос Вангелис,

6. Тирумидис Киријакос Санитарци:

1. Сакелариу Епаминонтас Мајори - Пешадија:

1. Асурас гергиос,

2. Ваис Хронис,

3. Кардасис танасис,

4. Белогианис Никос,

5. Пападопулос вангелис,

6. Флору Архимидис Артилерија:

1. Маргас Костас Кавалерија:

1. Стилјанопулос Василис Саботер:

1. Агелулис Антонис-врацанос Полит-комесари:

1. Акритидис Никос,

2. Гриѕонас Костас,

3. Куцомаркос Георгиос,

4. Пектадис Михалис Санитарци:

1. Скуфис Такис Капетани: - Пешадија:

1. Адамис Алекос,

2. Гецос Панделис,

3. Захаријадис Аврам,

4. Зокас Зисис,

5. кавреѕис Костас,

6. каминарис Василис,

7. Кондорос димитриос,

8. Корологос гианис,

9. Кохлијадис Гианис,

10. Ламбракис Панос,

11. Мацис георгиос,

12 Бацис Одисеас,

13. Милонас георгиос,

14. Николакопулос Спирос,

15. Форфолиос вангелис.

Саботер:

1. Витулкас Никос.

Капетани прва класа - Пешадија:

1. Георгијадис Стелиос,

2. Ексархос леонидас,

3. Илјадис Костас,

4. Пападимитриу Томас,

5. Згуромалис Манолис,

6. Стефану Ставрос Саботер:

1. Самаракис Агисилаос,

2. Солјас Михалис,

3. Сиулас василис.

Потпоручници - Пешадија:

1. Витос Христос,

2. Влаху Димитриос,

3. Галацос Костас,

4. Калину Гергија,

5. Канакис димитрис,

6. карагианис пантелис,

7. карастатис Танасис,

8. Кацунис Димитрис,

9. кукумплјакос Клеантис,

10. Костопулос Христос,

11. Порлиарас Савас,

12. портокилидис Гианис,

13. тастанидис Ахилеас,

14. Терзопулос Теодорос Оделение за радио врски:

1. Караџас василис,

2. понирос Стелиос Санитарци:

1. Ктена Лефтерија Полит-комесари:

1. Михопулос Никос Во базата на Привремената демократска Влада, 28. декември

1947 година Претседател и воени министер на ДАГ - Генерал Маркос Напомена: Во военото раководство-офицерите на ДАГ, од горе именуваните офицери има само еден Македонец унапреден во потпоручник, а тоа уште еднаш се потврдува дека ние Македонците не бевме воено-политички фактор, како тоа што го тврди нашата историографија.

Се поставува прашањето: Како сме можеле да дозволиме ние Македонците да учествуваме повеќе од 60% од воените ресурси на ДАГ без свои такви штабови?

Преглед:

ХРОНОЛОГИЈА НА ПОВЖНИТЕ НАСТАНИ ВО 1947 ГОДИНА Датум Опис на настаните или документ

2.1947 Велика Британија ја извести владата на САД, дека од економски причини на 31 март 1947 година ќе прекине да ја помага Грција.Владата на САД, оцени дека долколку не ја наследи улогата на Велика Британиа Грција неминовно ќе падне под влијање на Русија.

20.02.1947 Во Атина меѓу Владата на САД и грчката влада, е потпишана спогодба за помош на Грција и САД и почнаа да ја остваруваат доминацијата во Грција, истиснувајќи ја Велика Британија.

До 01.01.1948 Воена опрема и помош дадена од Југолсавија на ДАГ. (Види: список на комплетна опрема во книгата “Македонците и односите на КПЈ и КПГ, 1945-1949”, стр.263 од д-р Ристо Кирјазовски), “Преглед на воената опрема и друга материјална помош за ДАГ.

24.02.1947 Кралот на грчката држава и грчката Влада јавно ги повикува борците на ДАГ да се предадат до 15 март 1947 година. Во повикот се вели, дека сите сторени дела против државата и народот ќе им се амнестираат, ако до одредениот рок се придржуваат на повикот и се вратат во своите домови.

01.03.1947 Претседателот на САД Хари Труман објави решение со кое се прокламира “Труманската доктрина” за ангажирањето на САД во Грција. На Грција и беше доделен кредит и современа воена опрема за опремување на владината војска.

Истовремено на грчката влада и беше ставен на располагање американскиот генерал, специјалист за борба против герила господинот Ван ФЛИТ.

Со неговата стратегија и применетата тактика во последните битки на фронтовите на Вичо и Грамос, беше ликвидирана ДАГ и исфрлена надвор од границите на Грција.

15.09.1947 Од 15 до 17 септември е одржан ИИИ-от Пленум на КПГ, на кој се расправаше за воените прашања. На пленумот е истакната паролата: “Сите на оружје, се за победата!” Решено е да се создаде слободна територија на Кожанската висорамнина, која е опкружена со планинските масиви на Пинд, Пиерија, Каракамен, Кајмакчалан и Вичо.

27.09.1947 Главниот штаб на ДАГ издаде наредба за мобилизација на сите мажи од 17 до 35години. Со не помал интензитет, за веќе неколку месеци (од 4-9 месеци) се вршеше мобилизација на бегалците Македонци (политичка емиграција во Југославија) низ Скопје, Велес, Штип и Битола, од разни Ворјасовци и се испраќаа во единиците на ДАГ (Види:Ф.М во ИНИ, СК.4-271/60, стр.73-76).

КОБНАТА 1948 ГОДИНА И РАЗВОЈОТ НА НАСТАНИТЕ До 1. 01. 1948 година, воена опрема и помош дадена од Југолсавија на ДАГ. (Види: список на комплетна опрема во книгата “Македонците и односите на КПЈ и КПГ, 1945 - 1949”, стр. 263 од д-р Ристо Кирјазовски), “Преглед на воената опрема и друга материјална помош за ДАГ.” НОФ и “историските” решенија, донесени на Првиот конгрес на НОФ На 13 јануари 1948 година во црквата на село В’мбел, Костурско, беше одржан Првиот конгрес на македонската националноослободителна организација НОФ. Беше речено:

“Првиот конгрес на НОФ претставува најсветла етапа на македонската поилинденска историја... и стои на интернационални позиции и со искрена намера да помогне во развитокот на грчкото двожење, НОФ се согласува три четвртини од македонските партизани да се борат во редовите на ДАГ јужно од Олимп, односно во сите краишта на Грција...”, и беше констатирано дека во единиците на ДАГ се мобилизирани повеќе од 20.000 Македонци. Во тоа време според податоците на ГШ на ДАГ, низ цела Грција немало повеќе од 25 - 28.000 борци на ДАГ.

Да ти се многу години генерале! Да живее генерал Маркос и мудрото раководство на КПГ!

*** Смислената стратегија на туѓинците, потпомогната со паролите на НОФ (несвсно, поданичко: преку синдромот на идеолошкото верување, се за Партијата, се комунистичките вождови, да се крене и старо и младо), имаше голем “емотивен набој”, но за интересите на нацијата беше од “секундарно значење”.

Кога се изарчија паролите, привршија значајните конгреси, луѓето станаа рамнодушни на тревогите. Бескрајна едноличност. Тежи и притиска сивилото, оловното небо над Македонија, за кое допринесовме токму тука (по препорака) да ја лоцираме војната. Се си има своја цена. Политичарите на НОФ и АФЖ, лесно како искусни (поучени) гимнастижари на разбој, се префрлуваа на другата страна, ја менуваа бојата.

Ѓулињата и бомбите фучеа, заканувачки, како диви ѕверки. Ги уриваа ѕидовите од куќите, во коишто се раѓале и живееле генерации. Луѓето бегаат, стегаат заби, збивтаат. Лицата им беа влажни, облеката натопена со крв, очаени и принудени да си ги дадат децата-родот македонски (и пак со измама)… и така во недоглед.

Се сеќава ли некој од ноф(итите) и афежитите што се се случуваше? Накусо, се се преобразува во својата спротивност, но НОФ и АФЖ (КПМ/КПЈ) и КПГ тврдеа(ат) дека тоа на Македонците само им се причинувало(ва)??!!

Навистина, по долгодишните истражувања, човек повеќе на знае(ше) кому во што да верува. Освен во една вистина:

Македонците беа терани да се борат за да ја изгубат Македонија под Грција, тоа го потврди и генералот Маркос по враќањето од СССР во Атина.

Зарем, нели е тоа деградација на човековото достоинство, кога се знае дека војската со која командуваше овој генерал (деклариран комунист), беше од илјадници Македонци и дека се дадени илјадници жртви. Таквиот став, спрема Македонците (НОФ, АФЖ и КПМ) не е само цинизам…

МОТИВИ ЗА ЧЕДОСОБИРСТВОТО КАКО ЗАШТИТАТА НА НЕБОРБЕНОТО НАСЕЛЕНИЕ И ДЕЦАТА СТАНАА ПРОПАГАДИСТИЧКИ ПОВОД СПРЕМА ПАРТИЗАНИТЕ?

1. Мотивите и програмата што ги имаше владата на Атина за отселувањето на децата.

Ѓоспоѓите на Кралицата, како што ги нарекуваа (72 атинејки) ги оставија своите семјства, и безбедни домови, за да ги спасат децата (во северните околии). Тие патуваа со саати качени на мазги, не гледајќи на опасностите од боиштата, само со цел да ги пронајдат децата по селата и да ги земат пред тоа да го сторат комунистите. Тоа претставуваше една разочарана и страшна борба, одејќи по тие патишта кои по некогаш и го губеа тој пат, но и поред сите тие стравотии битката ја добија.” Грчката Кралица Фредерики, “Мерки за постигнување разумност”, стр, 137.

*** Ете како ја објаснува програмата на владата на Атина за “Педомазома”, Кларс Барентзен:

“И двете завојувани страни во Граѓанската војна се базираа на тоа дека сите отселувања (миграции) на деца од воената зона, настануваа од нужност и причините за “одземњето” секоја страна го правела истото, како што го правела и другата страна.

Од сето иследување произлегува дека и за двете страни, многу е тешко да се откријат точните мотиви и да се каже: Кој, зошто и кога прв почнал.

За комунитичката страна, информациите што се присобрани од UNSCOB и од други извори, покажуваат дека масовните иселувања не биле почнати во март 1948 година, иаку неколку групи деца биле земени уште во јануари (Види: ЦЛарс Барентзен: Извештај на UNSCOB а/574. 30; “Се објави дека иселувањета почнале уште во јануари, но активно продолжија во март”.

За владината страна, во спомените на кралицата Фредерика се тврди и многу јасно е дека “борбениот пат”, за “одземание на децата пред да ги земат комунистите”, почна одма по создавањето на Кралското Здружење за Грижа на деца, во јуни 1947 година, но расположивите писма со поплаки, потврдуваат дека многу покасно се принудени на таква специјална програма за отселување на деца, приближно се совпаѓа со истиот период на време, кога и владината пропаганда почнала да ги обвинува комунистите дека вршеле “Педомазома”. Веројатно изјавата на кралицата се однесува на некоја збрка со општата преселба на села од воената зона и кога владината војска ја имаше почнато уште во 1947 година и што требаше, природно, да прими илјадници деца и немоќници.